Здраво девојки. Имам проблем што сакам да го споделам со вас. Буквално не јадам толку многу за да не ослабам. Не сум дебела, имам висина 170. Но проблемот е во тоа што секогаш сум 67-68кг, е веќе година дена сум 75 и никако да ослабам. 25 сум, не вежбам ама не јадам толку многу, порано јадев за 3 и бев пак истата килажа, а пример вчера правев детоксикација на телото со сол лимон во литар топла вода. Топли препораки кој сака да се ослободи од токсините. Имам проблем со слаткото, но го намалувам пополека, сведувам што повеќе на природен шеќер, овошје. Но ете година дена не се подместувам од вагата. Дали може некој да ми каже во што е проблемот и на што треба да обрнам внимание. Не изгледам дебело, исто како сум 70. Наутро немам стомак, ама а се напијам вода или јадам нешто одма стомачето се надувува. Гушки многуу
Е па сега бурек си е бурек не зезај..опростено е се..сега на ново пак ама супер си не си отишла предалеку тука си близу 6ката
Провери си ја тироидната. Може да биде тоа проблем. Исто така многу често луѓето мислат дека не јадат многу, а всушност јадат. Би ти препорачала да броиш калории и ќе видиш дали грешиш во исхраната, или се работи за здравствен проблем. Исто така ако имаш подуеност, треба да следиш каква храна внесуваш и дел по дел да исклучуваш за да видиш што го предизвикува тоа. Се надевам ќе ти користи напишаново. Поздрав.
Дали кога се слабее и вежба треба да се внесува путер од кикирики? Дали е воопшто здрав? И колкава количина може да се јаде?
Богат е со протеини и здрави масти од јатките. Но, за жал е доста калоричен. Така да, лично не го препорачувам за слабеење освен ако немаш ОГРОМНА самоконтрола. Отприлика има 600 калории во 100г, така да без да приметиш можеш 200 калории да внесеш, што не се малку. Ако сигурно нема да ја изедеш цела тегла за една недела, тогаш е супер.
Кога се оди на диета,хидратите одат долу а мастите и протеините одат горе така да дали мастите ќе бидат внесени од фстак,кикири,лешници или путер од кикири е исто. Збораме за добри масти.
За путерот од кикирики имам намногу позитивни работи читано, ама битно е и кој го произведува за да си сигурна дека е во здрави услови произведено. Јас јадам после вежбање путер од кикирики по една кришка леб, дека има протеини. Обично јадам пред вежбање, па после вежбање повеќе се заситувам со вода
Јас дојде Минаа 3 месеци скоро после породување, е сега ќе се дружиме пак долго време , иако не качив многу за време на бременост, дома после тоа си качив од немање време и сила за готвење па јадев што ќе ми дојде при рака овие 3 месеци И еве ме со цели 93кг 20кг за слабеење, машала Почнав од понеделникот да пазам на исхрана, поточно од нутриционист си земав оти сама не можам и немам време да бројам калории итн. Ќе ви пишам извештај секој понеделник како ќе движам Овој пат ќе се трудам да бидам потрпелива и да не барам преку ноќ да ослабам, и да не се демотивирам од еден ден стагнирање. Ќе си дадам рок за овие 20кг 6 месеци, мислам е ок, да се стабилизираат и хормони после породување и се, да не си го форсирам и телото Со две деца и сама по скоро цел ден, во движење сум цело време, ама ако имам вишок време и енергија ќе гледам да почнам и со вежбите на Клои Ако не, ќе остане движење по дома и пешачењето со количка и кенгур, да не сум без ич Се читаме в понеделник девојкии
истиот проблем го имам. Со две бремености и во двете качив максимум 7 кила после породување се враќав на килажа. Сега (скоро 4 год од пораѓајот) имам стомак како да сум 6ти мес трудна, уствари ми е кожата, имам дебела кожа но ме прави да изгледам дебело. Инаку ако може нешто повеќе за детоксикацијата со лимонот која ја спомна. Јас пијам чај детокс на franch (се надевам дека точно го пишав името) има добар состав на билки плус селен и уште некој минерал, не се сеќавам.
Јас не пишувам оти ова моево е само обиди за одржување. Не јадам количински ама пак почнав повеќе да сум на јаглехидрати одколку на протеини. Почнав повеќе салати периодов па ќе балансиран некако белким.
Здраво женски. Прв пат пишам го групата, да си најдам друштво да си слабееме заедно. Години во круг, ослаби пак врати се, сега сум решена да се средам. Можеби ќе пробам и со нутриционист. Посериозно од утре, сега се качив на вага 75, сакам до 65 да стигнам до септември. И обавезно калории ќе си бројам. Мачно е ама најмногу имам успех со тоа. Ќе пишам секојдневно. И да падне мотивација се надевам на дисциплина. За вежбање тешко, ама пешачење ако дојди конечно пролет. Убав неделен ден
Јас да прашам, дали некој од вас користел програма од Ице Ббф,така е пишан на инста,и има предобри трамсформации
Мама ис бек! И јас како погоре Ванила, не качив многу во бременост и излегов од болница со минус 10 кила, ама од тогаш навака качив сигурно исто толку со нередовна исхрана и тоа што го јадам се јх и заситени масти, многу снекс и тоа од нездраво понездраво. Вчера се држев до програмата, си вметнав уште една ужинка бидејќи дојам, вечерата ми беше многу, можев комотно да ја поделам ама немаше со кого. Али вистински намирници си се вистински намирници, не се осеќав тешко после јадење ниту еден оброк. За вежбање ќе почекам да ми се исушат патиките, ама ќе вежбам, не се оставам. Може нема да биде многу, ама ќе биде редовно, ветувам! До септември да симнам бар тоа што качив во бременост и таман сум, после ќе досимнеме тоа што остана пред бременост несимнато.
14 дена чиста исхрана. Намалени 6 кг. Појадок - овесни палачинки со сувомеснато, домашен ајвар, маслинки, свеж зреленчук. Ручек - турлитава со мисиркино Вечера - протеински ќофтенца од тиквичка и зелена салата.
Висока, не ми се споделува во моментов. Не сум репер и не бев пренајадена, искрено. А за жал, ни па е за изглед...