Јас намалив 13-14 кг. во 3 месеци, последниов месец почнав да стагнирам и изгубив волја, а сакав уште 4-5 кг. да ослабам. И сега најтешко ми е да ја одржувам килажата, се плашам да не ги вратам сите за краток период.
@christinnn внимавам на калории поточно намалив количински на оброците и исфрлив бело брашно целосно, благо на минимум (коцка две црно чоколадо и протеински пудинг некогаш јадев, сега веќе не пазам толку строго). Јадам 3 оброци и две здрави ужинки (овошје со кафето, една рака јатки, свеж зеленчук). Пример насабајле јадам овесна каша со овошје и малку путер од кикирики или тост со тонус леб, интегрална тортилја со фета и лажичка песто, итн. Гледам во доручекот да ги јадам јаглените хидрати најмногу, а ручекот ми е класичен готвен само јадам без леб. Ако за домашните правам ориз за мене накиснувам претходно интегрален и јадам таков, или тестенини интегрални и намалувам на количина, а зголемувам зеленчук, или ако за нив имам компир за мене печам или варам зеленчук плус. Вечерата ми е најлесен оброк, пример домашен Цезар со марула (прелив од сенф и лимон или од грчки), салати со семиња плус, корнфлекс (без шеќер) со јогурт, варено јајце со галети и некаков намаз. Смислувам секој ден мени за да не ми е досадно, не можам класично диета да држам Фала ти
Појадок - печени панцеорти од овесно со куч и мисиркини гради. Ручек - свински стек со салата од домат, краставица и целер Вечера - ќе мислам што... ама ќе биде изгледа само таратур, некако не ми се јаде...
После 1 недела на режим да речам, без вежбање уште, симнав 2 кила ама што е најважно сега после јадење не се дувам. После породување многу се дував, сабајле се будам со малку стомак, до вечер сум 6ти месец. Задржана вода е, ама ете ми помогна. Од утре ќе вежбам, сабајлечки ќе почнам со тотал боди тренинг.
Здраво на сите! Во последно време се изнаслушав дека јаболков оцет и топла/млака вода е корисно за намалување на килограмите. Ме интересира како се конзумира, на кој начин.. Ако знае некој може ли да ми каже..
Здраво на сите Бидејќи ненамерно порачав фустан еден број помал, а свадбата на која треба да присуствувам е за 10 дена, морам да ослабнам 5 килограми за да ми биде точен. Споделете испробани начини како можам тоа да го направам. Знам дека не е здраво, но друг избор немам.
Се зависи дали треба од 95 да симнеш 5 или од 65, оти не е исто. Ама во секој случај за 10 дена 5 кила ќе симнеш само бидеш на вода и воздух.
Со среќа! Која висина си? Важно е и колку од тие 63 е сало, колку мускул така да баш со среќа и се надевам нема да има големи проблеми потоа
Не знам со броење калории колку можеш да симнеш. Наместо 1200 калории пробај да внесуваш пример 800-900.. здраво секако не е, ама мислам дека не е страшно за 10тина дена, а можеш оброци за толку калории
Не можиш за 10 дена да ослабиш 5кг посебно не на ниска килажа. Туку смени го фустанот со големината што ти одговара и не се оптеретувај толку.
Како прво мора да отстраниш од мени бел леб тестенини шеќери да пешачиш да вежбаш да пиеш многу течности поготово вода да трчаш да немаш стрес ,јас еднаш гладував со денови и слабеев оти внесував малку храна не јади многу тоа секако пуши цигари сум чула кој пуши не се дебелее
@hermosa да, се што си навела помага за слабеење ама не за 10 дена. За 10 дена само 500 калории на ден да внесува можи да изгуби кило максимум две, а на вага можеби ќе покажи -5 ама сало нема да биди во никој случај, туку вода. Во врска со цигарите незнам од каде ти е дезинформацијата дека се слабее, ама нема смисла непушач да почне да пуши или пак пушач да се труе уште повеќе за да изгуби неколку килограми. Еве јас не сум пушач повеќе, ама кога најмногу пушев имав најмногу килограми. Чувајте си го здравјето ќе ви треба, не е се во бројката што ја покажува вагата.
Има зашто е тоа така пронајди ја причината и повторно ке продолжиш со исто темпо мило ке ми биде да ти помогнам во утврдување на причината.
Така ми кажале повеќе луѓе за цигарите ,секако тоа не и го препорачувам да на тоа мислев да изгуби неколку кила ако не јаде масно калорично за десет дена чуда нема да се случат но е добар почеток да го навикне организмот на друга исхрана и правилно слабеење
Ајде пак со моето мени да си почнам... Сега има зацртана цел до 01Јули пак 6ка да видам напред на вага... Д банана и јајце варено У јаболка Р стек со салата В кисело млеко со сусам Водата ја стокмив, еве до сега сигурно испив едно 1.5 л...
@mareane @ALISA0000 Ве читнав, пројавувате интерес да се дружиме Идам, еве сум Старо друштво мора мотивација, и поддршка Би ја читнала @Lilit што практикува, оти ми изгледат добри резултатите Ама некако како да сум решена на фастинг со обид за броење калории до 1.200 и физичка активност. На жешково кое следи, ова ќе биде тешко ама мора да се испотиме. Ќе видам дали ќе е фитнес, аредобик, тератана или пешачење Значи веќе се осеќам дека сум комплекисрана заради килажава, а некако како лесно да си ја прифаќам. А тоа е лошо. дајте по некоја идеја и мотивација Ајмо ОЗБИЛНО Денес појадок овесни покиснати со малку млеко и вода, банана, боровинки и сува брусница + кокос шишето вода ми е на бирото. Ме гледа...ама ваљда ќе го рефил бар 2 пати денес. за ручек предвидено леќа и салата= 1-2 парче леб. Е после леќа со лук и салата со кромид страшно оди благо....Ќе се трудам да го прескокнам или малку да каснам. Со оброк да завршам до 19 часот Па....ајде аирлија да ми .е Се туфкав од први од следна недела.... и денес одлучив дека од денес ќе почнам
Леле што убаво друштво за диета се собрало. Еве сум и јас.Јас морам пак 5 да видам на вагава .Денес и утре менито нема да ми е баш диетално со оглед на слави и прослави ама сепак ќе се трудам. Д :интегрално ѓеврече со лапа јогурт Р: грашак салата и 1 кривче црн леб. В: ќе биде останатата овесна каша од ќерка ми Инаку со видеово ми почна денов https://www.facebook.com/reel/646564400672396?s=yWDuG2&fs=e&mibextid=Nif5oz Таа сум
Тогаш да се придружам и јас. 3 недели терам режим, со броење калории и секојдневна физичка активност. Симнав 2кг, неколку дена сум на исто, некако не оди надолу. Имам уште 3кг за симнување, одиме полека но сигурно.