еве ме пак дојдов Од кога се канам да почнам и никако И така се шо си симнав есента си качив пак назад И така се у круг Одиме до минус десет кг со режим од нутриоцинист Денес Ден бр 1 П-овошје кафе Р-пилешко месо и зелка салата В- ке пробам да е салата зелка
Стагнирам, не оди со иста динамика. -10 за скоро месец. Појадок - овесни крекери, белки, домат, авокадо и маслинки. Ручек - шитаке на путер и лук со салата. Вечера - не ми се јаде, ме боли стомак... ќе видиме уште пола саат дали ќе се смири па нешто ќе се јаде, ќе видиме што.
Леле Лили па ти си била топ бреее Бравооо Очекувам и јас да симнам многу овој пат Само течности сум ,отечена како балон па и чекам да добијам на 16ти Да ми заврше и ке се мерам Уствари пак ке одам неделно мерење Секој понеделник за мене за вас незнам кој како ке се мерите и која ден Ако сака некој групно понеделник наутро да ни е ден за мерење бујрум
И јас ќе ви се придружам од утре пак Стигнав до -16 кг. па оваа недела многу стресни ситуации и си вратив едно. Најголемиот проблем ми е јадење без контрола ко ќе сум под стрес. И долга рестрикција ми прави се почесто да имам бинџ епизоди со благо. Не јадам количински многу, не јадам леб, не грицкам, ама благо помини замини цел ден можам да мелам. Не знам да најдам средина. Уште 5 барем да ослабам, ќе почнам да пешачам до работа наредна недела и се надевам полесно ќе оди.
Здраво дечки. Пред 1 недела почнав на режим кој ми беше даден од нутриционист минатата година истиов период, ама решив овој пат да не уплаќам пак и да го правам истиот. Првата недела тогаш веднаш симнав 3кг, а сега само 500грама. Но во обем сум помалку за 1-2 цм отколку минатата недела и се чувствувам полесно. Како е можно да ми стагнира килажата а во обем да слабеам? Некогаш знам да ја скокнам вечерата ако ручам покасно во денот, пијам вода минимум 2 литри во денот, и единствена разлика во исхраната од минатиот пат и сега (тогаш се придржував, сега не) е што салатата ја јадев без сол и масло, а сега ставам. И тогаш салатата секој ден ми беше марула, краставица, морков, а сега знам да ставам и патлиџан или да си направам патлиџан пиперка и кромид салата, наместо марула. Не можам да ја јадам марулата незачинета, како трева ми е.
План за денес Д: грчки јогурт 0% масленост, една рака гранола, пола јаболко, неколку јагоди и цреши, лажичка путер од кикирики. У: капучино и 2 мали кајсии. Р: печен млад компир, моркови и ќофте од јунешко мелено плус краставица салата. У2: една рака индиски ореви. В: марула салата со печурки, прелив од сенф и лимон, парче двопек (како кубети) и лажичка пармезан. Да видам колку ќе е успешен планот
Решив да се мерам секој ден и да го запишувам тука менито. Неколку дена сум премногу надуена, осеќам многу задршка на вода, можно е да добијам не сум сигурна што е работата. Дали некој можда знае зошто или како да се спасам од ова? Целта ми е 50.0кг, пред 1 недела бев 53.2кг и нагло качив 700г а не јадам ништо Денес 53.9кг. Мени: Д банана Р овес со грчки јогурт, чиа, ред чоколадо В ќе јадам надвор, најверојатно салата и зеленчук на скара У кугла сладолед, неколку бисквити За денес истрчани 6км и ќе пешачам.
Појадок денед, БГ пица со моцарела, томато сос и сланина, омилен појадок ми е. Ручек ќе е салата од цвекло со мисиркино на грил, можда и брокула, ама ќе видам. Вечера ќе биде или туна или ќе печам риба со салата.
Мени за денес: Д: кајгана од 2 јајца со 1 патлиџан и 1/3 краставица голема У:шака индиски и лешници микс Р: салата марула краставица морков со макарони В: ќе биде салата или парче месо со салата, зависи колку ќе ми се јаде.
Ден бр 2 П-банана.кафе Р-боранија манџа со пиперка кромид и патлиџан плус салата од 2 краставици В-ке гледам да нема или да е само салата Супер ми е ни осеќам глад ни па имам време да мислам на јадење Ајде кој ке ми праве друштво за мерење секој понеделник?
Јас се мерев денес, почнувам сега со 66 кг. Во среда ќе се мерам. Цел ми е 60-62 да стигнам, па после постепено уште 5 кг без брзање. План за денес: Д: имам overnight oats со јагоди. Р: кајгана плус домашни колбаси и салата. У: капучино и овошје. В: марула салата со наут и Фета.
Среда ми е ден за мерки. Истиот режим од минатата година, тогаш првата недела минус 3,5 кг, сега само 1 кг. Во обем секаде по минус 1 цм, само околу стомак минус 2,5 цм. Не сум баш задоволна, очекував барем 2кг минус, ама со оглед на тоа дека направив неколку мали отстапки, не е лошо. Ќе видиме вторава недела како ќе е. За денес имам: Д: двопек со путер и џем и 1 шолја зелен чај Р: месо со салата В: салата Ужинки ќе ми бидат лешници или индиски, 1 шака, и едно кафе без шеќер.
Ден бр 3 П-1банана 2 турски кафиња до 14ч Р-зелка салата со лимон и плус една туна В-исто од ручекот ако сум гладна
Како издржуваш со толку малку јадење? Јас ќе се влечам по земја ако јадам толку калории Немаш вртоглавици, не ти паѓа притисок или шеќер?
Тоа плус, телото ќе си земе тоа што му треба кога и да е, затоа вечно сме на режими. Многу пати така дупло сум вратила после голема рестрикција.
Се надокнадува ако се вратиш на старите навики. Јас ослабев, ама еден период пак се вратив на бинџање чоколадо под стрес и пак се здебелив. Затоа сега ќе ве дружам . Ама од утре, денес не сум баш некој пример.