Лелеее Леси се враќа дома? А баш си мислев Ариел веќе згодница, нема да не дружи.... Јас 2 дена терам фастинг,калории не броев, ама не е спектакуларно....Но едно од два критериума исполнувам-фастинг... Видеќемо...
Еве и јас ќе ве дружам ако не заборавам. Доручек чиа пудинг, Ручек кришка црн леб, авокадо, печурки, сиренце и кисели краставички, Ужина рака цреши и Вечера тостирано лепче со грчки јогурт, краставичка и шунка.
На секое идење на темава се морам да слушам нешто шо е да се изнасмееш Може вие сте различни ама јас сум иста па ми е преку тииитттт Ај демек со мојов режим малце јадам и се ке вратам назад А вие со вашите режими што? Не враќате? Затоа се едни исти сме тукаврти сучи Последен пат ке објаснам Режимот ми е од нутриоцинист Со испитани хормони крвна слика дијагнози шо си имам Дојдов за дружба и мотивација и дај така да тераме Ништо лично спрема никој Да не се накострежите оти а ебавмама ви
Таман работа, да ве оставам, другарка сум јас . Овие се тие 5кг секоја година што ги качувам и симнувам. Инаку тие што ми беа голем вишок ги баталив уште 2015-16 некаде.
А јас па викам да се накострежиме ...и конечно да ослабнеме.... Од инат Ама пуста јас ич не сум инаетчика
@ALISA0000 ништо лошо не мислев, само ме интересираше како издржуваш физички. Може дека дојам уште јас сум нонстоп гладна.
Јас доаѓам по 3546677743468 пат. Од понеделник 12ти сум на диета. Прва недела -4 кг. Се мерам пак во недела. Проблем имам со кумпулсивно прејадување навечер, преку ден немам кога.
Не бре не реков дека рече лошо него стално со години наназад муабетот е тој Сеа ти, лани петкана, пред тоа ристенка, и мене ме нервозира да се објаснувам стално дека за мене и тоа е многу храна Ме разбираш шо ми беше муабетот Извини ако звучев накурчено Тие сме си Добредојде Инаку вечерав пред 1 саат 1главица црвен кромид ситно преситно изсецкана 1 туна и 2 цедени лимони Убавини Ој нека ме бакне некој швалер сеа Каков ручек имам за утре ауууу А тек за прексутра Абе си слабееме ама стрвен газ три кура јаде знаеш ли?
Не вечерав. Гладна сум. Ама држам дупла диета. 8 часа јадам, а во тие 8 часа само зеленчук ама не се, месо, јајца и овошје. Толку. Млеко и млечни производи не. Компири не. Чипс и чоколади јасно не. Леб не. Се што ми е задоволство и ме дебелее е исфрлено. Вака до 1 јули. Потоа ке внесам и сирење во шопска, ручек малку понормален, јаткасти. Ке се држам до 8-16 и без леб. Чоколадо еднаш во две недели ке си дозволам. На одмор ке се држам само до 8 часа јадење иако и тоа е тешко со оглед дека ке сме цел ден на плажа. Мојов газ повеќе изел. Имам килажа како кога бев 9 месец бремена.
Значи работава:Леле што си бевме големото друштво сите "со стрвни газови" А бре циркузи сме Д ѓеврек куван Р манџа грашак со кришка црн леб В виноо Плус сто кафиња со шеќер
И јас ноќе имам мака. Станувам и јадам. Ако пишувам се што можам да изедам ноќе. Еве пример ноќеска изедов 3 мачмалоу и едно мало сникерс. Не сум ни гладна, ама да лапнам нешо. Обично имам некој тригер, ненаспаност, стрес, болест на децава, ама се почесто е тоа. Ебати диетата. Инаку за еден месец намалив скоро 4кг и влегов во помал пар фармерки. Па гледам да се прифатам наместо да се осудувам со итинг дисордеров.
Друштво убаво се збрало!!! познато Вчера што да пишам цел ден се прегладнев , вечерта вино се напив и кашкавал јадев... Ама денес построго Д урда со патлиџан У јајце варено Р туна салата В ќе видам
Морав да ве собарам сите на купче. Ми фалевте, ви фалев, колективно си недостигавме. Едино килата не ни фалат, туку ни се вишок. Ајде сега ОЗБИЛНО СЛедна среда мерење, секоја среда БМИ, така беше нели? Јас како еден од основоположниците на оваа пракса, и редовен пултиплај корисник, сум подзаборавила
Кој ти даде за право да пишуваш во мое име, а По 3492590 пат пак да почнам, ама некако не иде. Што убаво лани ова време со Ана симнав 6 кг за еден месец и тоа без вежбање... Мислев денеска да фатам, ама времево ме мава у мозок. Мозоков само седмица ќе ми го опраВи и без двоумење, немам намера да си ја мачам душата. Ај, со арно со убаво на сите
Ја мислам да фатиме да мериме неш друго а? Ден бр 4 П-кафе и банана Р- Spoiler: РучОк Полнети модри со кромид пиперка морков патлиџан Вишокот месо оде горе разбира се Ова е1кг месо и 4 модри за ручек и вечера за 3 особи плус краставица салата В-исто од ручекот ако сум гладна ако не ништо
Ја ќе се мерам секој ден и ќе запишувам тука, полесно ми е. Никако да спуштам надолу а на мусли егзистирам 3 дена, имам страшна задршка на вода. Денес 54.0кг Д банана, чоколадно млеко Р мусли со млеко, ред црно чоколадо В овошен пудинг У бисквити, кришка леб евентуално Ќе вежбам 40 минути денес.