Фино сте се собрале сите пак, само јас доаѓам да се одјавам. Без гладување, само со калориски дефицит и менување здрави навики стигнав до посакуваната тежина, сабајлево бев 59 кг. Има уште некое килце за симнување, ама ќе се насочам кон фитнес и оформување, доста е слабеење. Ко што си ветив, ако ослабам ќе си уплатам одмор на егзотична дестинација и заслужено веќе гледам понуди Сумирано, од 1 септември до 1 јуни отидоа 13 килограми останати од бременоста, без гладувања и строги диети. Ви благодарам на сите за поддршката
Не сум меродавна ама сепак да си кажам, не се лути. Муслите имаат многу шеќери (прочитај на опаковката), смени ги со овесни снегулки на пример во кој ќе додадеш овошје, путер од кикирики или лешник малку нешто такво. А сакав да те прашам, а зошто за ручек мусли?? замени со туна салата или пилешко со салата... ОООО девојче браво...супер за тебе и за постигнатиот резултат уживај на егзотичната дестинација
Успеваш да ослабеш ? Јас денес доручек овесни со јогурт и вишна ( 3лаж овес, 1 ленено, 1 путер од кикирики, 1 л.мед, 5 бадемчиња исецкани, вишни), Р. Пилешки прсти во овесно брашно и печени В.таратур Една ужинка ќе јадам, највероватно сега
План за денес: Д: интегрална тортиља со песто, Фета и домат. У: капучино, праска, коцка црно чоколадо. Р: планирам печен стек со зелена боранија. У: една рака лешници. В: марула салата.
Lele alal da vi e na site sto se pridrzuvate na sekoja mozna dieta.Bravo jas nemozam ji da se potsdam.Sramota.BRAVO BAREM MORALNA PODRSKA DAVAM I toa e nesto
Не ти се обраќам директно тебе ама општо на вакви коментари Често гледам низ темава за кило две или грами што некоја симнала или качила се збори. Дечки у текот на денот и секојдневно не ни е иста тежината до грам. Што се вели, да се искакаш ќе симнеш 300 грама Или да јадеш денес три пати до вечер можеш кило плус да си. А уствари да не се имаш ич здебелено. Порелевантни се визуелни промени
Да додадам пред циклус не се мерите,гарантирам дека плус 2 кг минимум сте потешки. Јас еве утре треба да добијам а ке ми касне 5 6 дена секако. Ден за мерење ке ми е понеделник. Шо да се мерам коа унапред знам дека може и у плус да бидам. Зато па на второто мерење ке биде релевантно. Али, ас сам дужен да проверам па ке си се мерам понеделник сабајле добила или не.
Денес на службен пат бев. Д: кисело млеко 200мл У:лешници 1 шака грицкав во кола Е: кинеско јадев (ориз со пилешко со соја сос) од најмалата порција 2/3 (требаше рижото со морски плодови да имам за ручек ама бевме во мол и тоа ми се виде најблиску) У: пак неколку лешничиња грицнав во кола В: дома коа стигнав имав пола парче стек, така го изедов без ништо, салата ме мрзеше да правам. Вода испив литар и пол, не можам по пат многу да пијам.
Не бев умна денес. Д мал ладен сендвич Р пилешко со ориз В парче проја Тешко ми оди да се навистина одлучам построго да терам. Уствари тешко ми е за мене посебно да готвам. И набрзински лапни нешто. Морам овесот на сто начини да го вклучам
ja мислам полесно е многу повеке кога имаш унапред план за цела недела шо ке јадиш Коа не знаеш шо денес тогаш буткаш се пробај така
Леле Еспадрило Секоја среда реферирање +/- килажа, прва среда во месецот БМИ и списоци. Цела среќа што ме имаш мене како десна рака, да не речам извршен асистент Тука сум и јас да не ме мислите, ни угоре ни удолу периодов. До кај септември би сакала уште 3-4 кг во минус, ама не се преоптретувам нешто многу. Почнав од минатата недела и со вежбање па вагата не очекувам многу надолу да оди, ама има фит да се напраам Денес мени: Салата со пилешко и кускус; Интегрални шпагети карбонара; Утре: Варено јајце и авокадо + интегрален леб; Пилешко во сос од мед и лук; До наредното чиитање - САМО ОЗБИЛНО!
Мене ова не ми делува страшно. Ок, доста е на јаглехидрати, ама немаш ни благо, ни алкохол, ниту големи порции.