Месо (пилешко, телешко риба), наут, киноа, мешунки, не само јајца. Јас сум интолерантна на лактоза, грчки јогурт не ми прави проблеми за разлика од класичен јогурт. Пробај еднаш, ќе видиш како ти е.
Мислам дека пишав дека јадам само месо и зеленчук, со по некоја овошка. И јајца кои заборавив да ги наведам.
Појадок - овесно лепче од цело зрно и семенки со путер и шунка, свеж зеленчук. Ручек - шакшука само со белки Вечера - блек ангус плескавица само без кромид и салата. Вода испив денес не знам колку. Од жед. Денес ќе се прават залихи на јх за цела недела. БГ леб, крекери и проја.
И мене не ми прави проблем грчкиот, го заменив целосно обичниот јогурт и павлаката, ем повкусен е и со овошје одговара, ем поздрав. Во врска со млекото на тетрапак мислев, дека така пишува за 3-4 дена го фрлам. Штом трае повеќе ќе си го користам. Овесното не ми е пробано, ќе побарам во Дм баш. Кокосово имам пробано од таму за во какао, ама чуден вкус ми имаше.
Ја енес завршувам прва недела и утре ми паѓа ден за мерење Само бидејки добив циклус денес незнам дали да се мерам утре или да оставам за нареден понеденик И да се мерам сега нема да е реална таа тежина па не сум паметна шо да правам
Да се пофалам конечно успешен домашен бг леб од цело овесно зрно, он вика дека има рајски вкус. Не можев веќе да се мачам со прескапион од ДМ па уште и смрди на оцет.
Д 1 варено јајце пола краставица со 1лајче павлак и 1 домашно кифле. Р Мораше од нога па 1 интегрално пециво со маслинки и чаша јогурт. В печурки пржени со јајца и салата Денес пивнав и малу вино
А зошто не пробаш? Секој има различна перцепција. И не може ни да е слично како кравјото. Мене не ми е вкусно на пример кравјото.
@MilaSs12 мене ми е поблаго од кравјо (без шеќер купувам ама самото млеко ми има таков вкус) и се осеќа малце на бадем, што велат nutty вкус не знам да опишам подобро. Пробај, мислам ќе те бендиса.
Ги има многу опции. Сите се над 100 ден за литар, некои и по 160 се. Ако се никакви да не земам воопшто. Ако имаш сликај ми како изгледа, ке му дадам шанса.
@MilaSs12 мене ми е вкусно зошто ме ставам шеќер па му дава некој убав шмек, да не ми е скроз горко горко. Го правам и како макијато, и со Нес ладен е врв, и најбитно не ме боли стомак 2 дена како со кравјото. Јас го зимам од Кам тоа, Berief е брендот и сите се океј. Денес: Д: Две кришки Био леб со 2 лажици ајвар (да, криза за ајвар ме дрма) У: По некој бадем, афогато со 1 лажица домашен сладолед Р: Брокула, малку шопска без сирење, 2 печени компири У: Сладолед корнет 80мл, не баш паметно ама… В: Печурки, пола компир
Многу активна темава ви последно. @MilaSs12 јас користам растителни млека во смути. Соино, кокосово, овесно, бадемово. Добро е соиното, ама кокосовото и овесното ми се фаворит, а бадемовото ми е многу водесто. Решив да почнам да си правам домашно бадемово и овесно.. Правам и домашен путер од кикиритки, од индиски и од бадеми и домашен ерукрем. Путерите и ерукремот ги јадам за ужина со парче ржан леб, ама од утре планирам, ужината да ми биде овошје, ми останаа уште неколку килца па сакам да го забрзам процесот на слабеење, а путерите ми се многу калорични. До сега севкупно имам -16кг. До средината на следниот месец да имам уште 3-4кг намалено, топ ќе биди. Вежбам скоро секој ден, мотивација ми е што гледам разлика и затоа несакам да пропуштам ден без вежбање.
Од растителниве млека најслично на млеко(кравјо) ми е овесното. Сум ги пробала сите ама најсискрено не ми се по ќеф. А користам само во млеко сосем малце.
Мене реално инстант капучиното ми е поголем проблем од било кое млеко, ама тоа задоволство не го откажувам гледав на страната на Франк некои plant based капучина, дали имате видено негде кај нас? Сигурно и тие ќе имаат шеќер, ама немам подобра замена, а кафе не пијам никакво.
Мене ми е превкусно парено нес со млеко во прав. Ама доста калории има и се откажав. Сега турско само.
Како се зезнав. Го утнав зачинот, ставив во шакшуката, се убив од повраќање. И вечера и све баталив. Пијам чај и каснав крекери во погрешно време, ама оваа киселина мораше да се сузбие. Сега гладна до утре, ама тоа е.
АА што друштво сме се собрале, таман за Јули тип топ на плажа Јас викендов еден куп грешки, еден куп...ама продолжуваме понатаму За денес Д јајце варено со урда У крушка Р ќофтиња од тиквица со салата В салата само