@Cka @Estranged списокот на првата среда во месецот ќе го правиме, шо би му дошло на 06.07. ДО тогаш, следните среди , денес 21 и 28.06 само ќе си реферираме колку сме +- во кг,,,,гр... Секако можеме и стартни да си кажеме и се шо си сакаме Среќно и аирлија Едит моја цел е прво - 5кг, па -10, и ако сум издржлива - 15... Па ајде да видиме.... рок- да кажам првите 5 до 01.08 за следните килограми дополнително ќе измислам рок
Денес Д: Интегрални макарони од крупник, сос томатело и несолени маслинки У: 2-3 јагоди, турско и бадеми Р: Супа од тиквици, 1 кришка леб без брашно В: Исто како ручекот, без леб За мерење депресии живи, веќе некое време сум на исхрана, едвај едно кг. Се надевам метформинот ќе даде резултат. БМИ 26.0 Цел 22.0
Од 100 дојдов до 75 со Ана Стојанова и летните предизвици. Останав трудна на пораѓај бев 90, после породување за 5м бев 85, пошто симнав ама и си качив пај од јадење многу. За 4 недели симнав 5 сега, па продолжувам уште натака. Целта ми е 70 искрено, не помалку, пошто моите 70 ќе изгледаат таман зошто јас имам мускулна маса, вежбам, цврста сум. Ако запнам да одам под 70 ќе треба ептен да гладувам и да бидам 65 и ништо работа.
Ден бр 10 П-салата од варена киноа мед кокос праска и цреши Р-лубеница В-некоа салата Тоа БМИ и кг не кажувам срамота е Мене ми е цел минус 10 прво а ако ми се посреќе и минус 15 не е лошо Сега наредно се мерам понеделник таман ке ми заврше и ке имам реална бројка на симнато Ама за да се дружам до вас резултати ке пријавувам у среда пошто среда ви е ден за мерење Добро разбрав друштво??? Неделно минус 1кг е премија да симнуваме тоа е здраво слабеење
Вкусна ли е киноата така? Д.Гранола со грчки јогурт и овошје Р. Тонус+авокадо+јајце В. Не знам дали да јадам, не осеќам глад а и не ми се готви на жешково. Може да лапнам парче стек до 100 гр или чаша јогурт.
Денес на мени: Д-интегрална тортиља со павлака патлиџан и пиперка У: лешници 1 грст Р: салата марула и краставица, грчки јогурт со таратур микс зачин и плескавици од тиквичка и компир печени во рерна без масло Наместо вечера/ужина-дојадов од ќерка ми сендвичот со плескавица од тиквичка што ѝ остана од ручек, ептен малку и мал cheat- мнооогу мало (колку прст дебело) парче тарт со домашен џем. Плус денес многу се движев и испотев ама бааш убаво на топлото
Не е лоша имаше и цимет у рецептот ама немав дома и не ставив Мене киноа ос кисело млеко спанак и печурки ми е многу убава Од нутриоцинист ми е тој рецепт и коа не сум на реќим си го јадам од шо ми се бендисува И многу е добро за тое шо неможат да одам у вц редовно
Вечера - Таратур, печена тиквичка, печени пиперки. Чаша вино у моментов, маж ми ставиш вино, свеќи, средил у двор да нема комарци и срамота е да речам не.
Појадок - леб цело зрно, урда, мисиркини гради Ручек - шитаке, лук и салата, не се дојадов некако, па протеин бар земав Вечера - тешко, не сум гладна, ќе спикам некоја белка од нога Шеќерот - солза! Мислам дека едино нешто што ми беше важно и ништо друго. Не за да се фалам или да ми речат како изгледам... ко ја видов кс и апаратчето дома солзи ми дојдоа. Мислам кг не ми се драги колку ова. Официјални - 12 кг за месец, мускулна маса задржана, иако сакам и неа да ја намалам. Генетска предиспозиција и вежбањето од минатото, ама ... ај не сум па растресена. Панталони нови ми требаат асап. Извежбано за денес, иако стомачните ме болат од неделата. @AngelOfArh јас сега сакам да вежбам. Не сакав кога требаше да трчам, да скокам, да правам кардио, табата и слично и не мрдав на вага... и само се дуев и одеше се преспоро. Сега веќе друго е. П.С. патики облакам без задишивање. Јееј
Д не стигнав ништо освен кафе Р туна со малку макарони и златна мешавина В грчки јогурт со краставица и 2 мали домашни кифлиња.
Сега се мерам 63 кг. А вчера 64. А денес јадев една каша ама јас ставив корнфлекс, ручв ориз и копани и изедов два сладоледа и еден протеински пудинг. И доење во меѓувреме. Мислам дека ми е премал калорискиот внес, а и намален ми е апетитот. Леле ќе гуглам болести пак јас
Леле Јулеее.... ај дој таму и ќути. Не ти е мал калорискиот внес според ова што пиша, туку немаш доволно протеини, си исфрлила поише течности денес, а и црева можда си испразнила.
не беснеј сеа па и ти да отидиш у вц еднаш и ете ти го кило доле дој и немај гајле а коа ке престаниш ке пазиш
ај вака со кисело кравјо млеко пчурка стави и пробај и сите шо имате проблем со нередовно одење у вц ова е спасот да знаете
Како бе мал, ич не ти е мал. Сладоледот ич да не е еден има 200кал, зависи колкав е, ти 2 си изела. Мислам и пудинзите се по 200. Ориз и копани не е шала, и јх и протеин имаш. Јх секако си внела утрото со коенфлексот. Се губат калории со доењето до 50кал на 10мин, некаде читав, или 500 дневно. Сега му дошло килцето да се симне, тоа е. Ти нејќеш да идеш веќе надоле или што е?