Сакам, не се противам. Сакам 60 ка, после 59. Само чудно ми стана што јадам ко дупната овие два дена. Ама ќе стегнам газ да вежбам.
Не се многу стварно, 20мин во денот се, на врат на нос ќе поминат. Мене многу ме болеше убодот од спиналната и кичмата, не ме боли откако почнав да вежбам. Ма ништо не ме боли, освен ако бебе претера со спиење кај мене па да се искичмам на ќош. Мене денес ручекот ептен ми беше по ќеиф, ама ме фати криза, баткото ми го снема во парк и од стрес ме фркна стомак лошо, се тресев, јадев а се осеќав ко да је сум јадела. Фукнав 2 мерси чоколатца и пола мала лименка кока кола зеро. На роденден ми се фати за вечера да отидам и таму јадев некои мевца, тортиља имаше виткана со марула и стек, козји кашкавал и пиев кисела вода и еспресо. Е торта јадев, додуша на роденден детски колку сечат, минијатурни парчиња.
Ден бр 11 П-овошната салата од вчера шо ми остана киноа мед кокос и овошје во неа Р-риба и салата В-ваљда ништо
Појадок две јајца, патлиџан крставица, малку сирење, печена тиквичка, една печена пиперка. Требаше да јадам и кислео млеко, ама нема место. Е сега... ке имам гости после ручен и за нив имам и порачано и ќе готвам и се си мислам дека ке ме фати криза да каснам. Ама веројстно само таратур и пилешко ке јадам. Синоќа имав криза за благо, ама фатив да читам и преживеав. Многу ми се јаде благо. Знам дека е навика и зависност, ама тешко е упм. Сега да направам 10000 чекори. Чао
Вчера само со џин тоници и текила надминав предвидени калории, храната само плус. Денес ќе биде сендвич со пилешко и салата, па вежбање, па пилешко во сос од мед и лук + интегрален ориз. Утре може ќе направам детокс ден, со овошје и зеленчук и мноу течности. Може и не, зависи на која нога ќе станам.
Мојот план за денес: Д: грчки со лажица гранола, праска и цреши У: капучино Р: 50 гр. интегрални макарони со суви домати и урда У2: една рака индиски В: тиквица и печурки на грил тава.
Денес пак појадував кашата од вчера со корнфлекс, праски, грчки и растително млеко и малку мед. И нормално останал уште еден сладолед и мораше да го изедам. Инаку оваа криза е поради пмс. Пред добивање сум била, плус утре одам на испит за јазикот и тоа не еден, туку два, па кризирам со благо. Потоа се ставам во ред. Морам. Ќе ручам јајца и колбаси, а за вечера планирам сендвич со димен лосос.
Одлична здрава и нискокалорична замена за кризата за благо. Превкусни се и високо протеински. Одличен избор на ужина, ти препорачувам најдругарски.
Го утнав доручеков.А и утре ќе е слично. Частовка на работа па каснав сувоменато и руска салата.Но одолеав на кифли и благо. Р ќе биде ќофте во сос и салата В грчки јогурт со краставица Протеинскиве пудинзи се стварно супер и ви се на акција во Жито
Тој од кокос и бадем ми е најубав мене порано имаше минт и црно чоколадо, го немам одамна најдено, преубав ми беше.
Алал да ти е како слабееш вака. Јас мислам 1 сладолед да изедам на стомакот ќе ми се познава. Досега ова мени е најдобрата работа од Ана извадена. И појадокот и ручекот засега, врв. Вчера имав таква криза на идентитетот, абе на раб да изедам бомбоњера мерси. И не изедов фала богу, се справив, ама денес работата била до добивање циклус прв пат после породување. Ми олесна. Тоа какаото ми иде 3 пати на ден да го пијам колку е вкусно, уф... Среќа денес вежбаме раце, па ќе можам да издржам.
П. Бг пица Р. Не ми се јадеше, па бадеми 100 грама. В. Мевце некое со салата -1 доле денес Екхм... кога стагнирав зошо стагнирав, кога симнувам зошо симнувам.
Јас денес направив боди скен пред вежбање, нова цел - да стигнам до масти под 25%. Планирам на секои 2 недели да мерам за споредба. За утре детокс денот е откажан, свекрва ми пратила сарми.
Д: Кафе, сок од цитрон и портокал разреден У: Веге сладолед Р: Варен компир со шопска В: Тиквица, брокула и кришка леб од зрно До вечер ќе има уште нешто ама ќе гледам да е зеленчук некој, можда супа од проќељ
Јас додека бев на Мама фит, речиси три месеци бев без грешка и стигнав до 65 кг. Потоа еве вака правам, недела две се ставам на режим, и ќе ослабнам до 63 кг. Со првото дете бев прасе кога доев, сега па слабеам оти реално и бев на режим. Најмногу сега качив 67, ама една недела внимавам и пак 64/5. Ти си во фаза на симнување но многу грешеш, и тоа е поради доењето. Некако во мама фит имаше повеќе јадење. Кажи ми што ќе те држи еден сендвич за ручек? Плус јас си зголемував количина и пак може ја имав најдобрата трансформација. И нема врска дека нема да има резултати. Има, а има и без вежбање. Грешка е парчето торта, а не двете лажици плус гранола. Менито е добро да, какаото не знам уште кој инфлуенсер не го објави. Мораше комплет да менува мени оти цела година се шлепаше со исти оброци. Мој совет ти е ако треба изеди два сендвича, јас јадев по два, тој со туна што беше, место парче торта или пица. Барем додека си во фаза на слабеење. Одржување е полесно и верувај дека после ќе си јадеш сладолед слободно.
Абе супер си, ама ти одиш изгледа на фит предизвик, не слабеење. Не збуни. Каква вага користиш? Мене ме збунивте и со БМИ пред некој ден. Не знам како сметате, ама на смарт вага најдобро се одредува.
Можно е да има инсулентна резистентност, или пак на глутен нетолеранција. А каснам нешто нездраво макар и касав ми се дуе стомакот што се вика. Па сега експериментирам со безглутенска исхрана т.е. предизвиков го приспособувам. Ако не е глутенот, ќе испитувам другото. Инаку денес: Д. Домашен безглутенски леб со намаз од авокадо и грчки, шунка, У. Мала праска Р. Ориз со стек и печурки В. Треба некоја салата, ама дали ќе ме мрзи ќе видиме.