Апликацијата е од фитнес клубот кај што одам, податоците се влечат од вагата за мерење на композиција на тело што ја имаат таму. Јас големото слабеење го завршив лани, околу 25 кила симнав, сега доаѓам по потреба за мотивација (и друштво) кога ќе се подзаборавам со јадење и ќе накачам некое кило, за да не отидам пак до 90+ Вежбањето ми е тазе, само 2-3 недели и претежно кардио, постепено планирам да вметнувам и вежби за тонирање, ама засега уште сум фокусирана најпрво да се вратам на 66-67кг колку што имав до пред 5-6 месеци. Мерењето е со Boditrax иначе. БМИ во темата мериме старомодно со висина и тежина, дека не сите имаат на располагање смарт вага. Повеќе ни е за да следиме прогрес отколку за реални мерки. @Espadrila ни е капитен на тимот
Не бе срце не ти пишав со лоша намера стварно. А и во право си, лани кога ослабев 25 кила си правев и излети со поховано и торта па не качував. 3м не мрднав од вага, 75 и крај. Сега добро се држам, ете каснав парче торта, али реално ми беше мачно зошто ете сум требало да добијам. Главоболка страшна. Ама јас го извежбав тоа парче торта денес ко ништо, 2 тренинга правев за раце. Со оглед на тоа што вежбам си дозволувам и благо кое многу ми го бара организмот со доењево. Добив и сите апетити се стишија.
Не те сфатив лошо. Сеедно дали си извежбала, направи некои од здравите десерти и тоа лапкај. Знам каква е таа потреба, пред пмс сум и јас, можам цел фрижидер да изедам со благо. Доење и пмс е убиствена комбинација. Пиј и цедени сокови, лето е плус.
Одамна решив да не солам памет на вакви теми. Само ќе кажам дека се согласувам со Јуле, но јас ќе ја критикувам Ана, јбг. Лекција научена на тежок начин кој чинеше време, здравје и пари. Кризи, се има... нормално. Ама...има начин кога е правиот начин. Инаку мене преокретот ми беше ланската програма на Ана... никогаш веќе да не дадам пари на лажови кои после ќе речат - ама за здрави луѓе е. А ја гледам Кике Цветче како се дуе па се дише и уште неколку што не се така јавни да ги напоменам и очигледно е, но Ана толку знае или така и одговара да им посочи. Нема да делам ум што кој треба да прави, само ќе кажам - не верувајте на неедуцирани луѓе кои не ви виделе ни крвна слика. Ланската криза со шеќерот благодарение на нејзината избалансирана исхрана никад нема да ја заборавам. Ама со здравствени проблеми сум била - затоа така. Да, да... пошо јас мерев шеќер па знаев, а другите може си мислат рандом е, желевцето паднало од диетката и така ќе си помине и се така во круг. Ана инспирацијата си ја црпеше од ланскиот прашалник - си ги препознав моите сугестии. Толку е паметна и толку знае што е здраво. Финти има еден куп, ама ќе ги задржам за себе, не од себичност, туку зошто и од тука читаат па си стрижат овци после. Ама еве една, мислам ја имам пишано - пијте роибос, помалку кризи за благо ќе имате. Пијте го наутро, а не кога ќе дојде кризата. Мислам не може да ми инфлуенса некој кој отече со маж и за кој кур фактор е на пич арми објавите да ми е да знам. Па бар да е лепотан, па да речам ах очи да поплакнам... А за себе... јас сеа се учам како се јаде. Теорија еден куп знаев, ама пракса јок... беза немав. Не ни знаев да џвакам ко шо треба.
Кике се дуе зошто јаде благо и џанк фуд со недели, па ќе удри кочница. Бар од тоа колку што гледам. Сигурно во Шпанија не јадеа киноа и овес, туку кркаа локал фуд и тоа е. Сепак на Кике резултатот е за поздравување иако не е резултат на програмата на Ана само, вежбаше и ЕМС и одеше на масажи и триста работи, така да браво за неа и сега да се одржи само.
Па знаеш ли зошто е така? Не е дека е џанк. Ако на Ана програмата е нормална, нема да се случи и со џанк 5 недели, ќе качи некое кг, ама не многу и нема да има дуење. Масажите немаат врска. Ангел, дај си кредитс и знај дека калорискиот дефицит си го прави своето. Не ги гледај резултатите во кг. Јадам по 1800 калории дневно, некогаш повеќе. Ко ќе речам пица, кадам пициште. Салатата е чорбалок, месото е 300 грама... Не би да те оптеретувам, терај си како мислиш... ама држи си резерва.
Иван ајнштајн песна напиша за пичарми со кике цветче во спотот Ајнштајн. Ќе се фрлам во Вардар. Во Дунав бе кој Вардар... Куку ноне
А дали е точно дека со премалку калории побавно се слабее? Стално се мислам за ова. Различно читам на интернет, повеќе теории има.
Пребавен ми е мене, сите симптоми на бавен метаболизам ги имам цел живот. Не знам ова како да го решам.
Сестра ми се дуе од летен, а се дуеше и од инста фит. Не знае зошто. Јас пак ќе кажам Мама фит и консултациите со Марија ми дадоа долгорочен ефект. За железото не коментирам оти мене ми паѓа често. Ама јас приметив и дека со плус количина се слбее. Еве јас ретко мерам месо или ручек кога правам. Она нека јаде 10 макарони. И пази не јадам интегрални, моиве се оклу 7 евра. Следи си го планот ама доеш и зголеми количините.
И да и не. Бројот на калории не значи премногу колку квалитетот на храната, тајмингот и други работи кои се уникатни за поединец. Не сум експерт, имам слабеено со свашта. Не е дека се опаметив, само многу се изначитав за да си помогнам...
Не не, не е до Ана, ако јас сама не сум ресетирала мозок, остај ти Ана. Дека се праи опасен дисбаланс и проблем со метаболизам со ниски калории, ехеее, ама треба да се запази многу повеќе од калории, шеќерот, протеинот, мастите, водата, тајмингот... Ќе јадеш по малку почесто, да не му дадеш на телото време да се стресе, да знае дека ќе добива редовно храна за редовно да оди кривата, да врти во исти интервали, а не да има скокови големо. Според тоа што пишуваш ок јадеш, држи се до тоа и на долго рокови ќе имаш супер резултати.
сеа кога ја прочитав Лили решив да пишам она спомна чорбарлк ја коа јадам салата обавезно е огроооомнааа баш чорбарлк или коа имам месо и по 400 500 гр ми се фака у денот и пак се слабее А баш тука видов многу мали порции не памтам кој ги стави па си помислив да не грешам со тоа шо имам поголеми порции и друго под бавен метаболизам шо подразбирате?
Така што се водам по тоа да јадам 8 часа а 16 не. А во тие 8 часа јадам исклучиво здрава храна со протеини. Значи зеленчук само зелен, плус морков цвекло, печурки ама свежи. Јадам месо за ручек. Или месо и салата. Јадам и јајца. Неделно неколку пати овошје. Списокот на тоа што не јадам е долг: компири, јаткасти, млеко и млечни производи, леб, благи работи и чипсови од кои стигнав до овде, се разбира не. Плус пешачам. Вода мин 2 л. Што е тоа?