Преку цел ден имав некаква одбивност кон храната, веројатно од жешкото! Цел ден само вода пиев и кафиња (се разбира без шеќер) Станав доста рано ама за јадење не ми ни текна, до 15 часот, а тогаш јадев салата од компир! Го чувствував стомакот некако подуен а и имам доста бавен метаболизам па пиев од јогуртот Баланс + и тоа ми беше вкупното јадење до 21 часот! Само салата и јогурт Вечерата како по ,,правило,, ми е најголема, јадев туна и салата од краставица а подоцна грицнав и некоја пуканка! Завршив за денес со јадењето! И стомакот многу ме загрижува, некако подуван ми е, имам чувство дека ми тежи
Денес за појадок 3-4 кифлички, не можев да им одолеам, баба Нацка ги правела , за ручек грашок со мелено месо и тоа. Ми кркорат цревцава ама се трпи! I'm on fire деновиве, сакам кога ќе стапнам во Охрид да бидам згодна.
Си ја најдов темата а и куќава богати. Еднаш трендафилка мислам дека пиша, доброто во спорите диети е што можеш од време на време да си дадеш слободен ден без поголема грижа. Ако не пишала Трендито, се извињавам, ама некој пиша. Затоа јас да не ве лажам, денес се препуштив на пороци. Порок до порок, кока-кола со вино( и тоа во асолни количини), кифли, руска, месо и качкавал. И два залака благо. Па утре ќе држам строг ден, а од задутре јово наново со режимот каков таков, мој, и функционален до сега. е така.
Tеди, утре те дружам ако си за воден ден и јас проблеми си направив со чајна фудов! море нити облека нити сандала нити храна нити ништо не им чини
Морам да се пофалам,ослабена сум и тоа забележително.Ми треба сепак уште некое килце,но сега е далеку подобро од што бев.Што да ви кажам,се движам многу и на тој начин трошам калории.Исто така,ако одите на одмор пливајте колку што е можно повеќе,барем тоа не е тешко,а се троши многу енергија. Денес планирам да сум само на шопска,и нешто благо,и многу леден чај и вода. Поздравче и со среќа.
Можеби не е здраво, али ја си јадам еднаш на ден. (што да правам, кога си имам резерва ) И за од прилика 4 дена имам ослабено околу 2 кила.. (незнам колку точно дена). Доручекот ми е шумеч, и мнооогу ретко ако каснам пар праски, или лубеница (ама тоа мн ретко се дешава). Ручекот ми е тоа што има дома за ручек, или ќе си направам пица од патлиџан и сирење. Или јуфки.. било што.. ама не јадам сувомеснати, и онака е топло.. Вечерата ја немам, и толку. Си се чудам колку имам помалце апетит.
Лошо е кога е мама на одмор. ЛОШООО!!! Ми го тестира карактеров или што? Епа храбрата девојка на мама, и ја остави пицата нејадена, се повлече во своите одаи и моментот на депресија го истури врз најблиското чоколадо. Ха! Таа мене... Важно или неважно, вчера горенаведената моја мајка, ми соопшти дека сум ослабела, ама не е за верување, секое доаѓање од Скопје дома, ми вели, „Јао, јадеш ли ти таму, ребрата ти се гледаат!“ А тоа Цацко да може да ми позавиди. И така. Мама знае дека сум совршена. Нови цели: Вишок кг - 100 Расположливи денови - 30 Расположливи средства - да се скарам со мама.
Девојки јас сакам да прашам нешто Како е можно да сум ослабена во обем а не на вага? На што се должи тоа? Се приметувам и во раце и во газ сум намалена, а на вагата ни грам И вежбам по дома, и гледам секој ден да пешачам најмалку саат време и не и не. Што ми е со организмов :/ Ми се иде да ја фрлам у комшии Не се мерам веќе.
Лудо и Теди, немојте бе со водениот ден на + 40, каснете барем овошје, немојте да се казнувате толку строго ако вчера сте јаделе многу. Па луѓе сме . Јас се обидувам да останам на режимот, еден ден јадам помалку, друг ден повеќе. Има резултати повеќе од порано, кога внимавав колку точно калории има секоја храна. Вчера за вечера каснав една кифла, едено парче солен ролат и 3-4 слатки, а легнав во 5 сабајле. И не мислам дека многу сум изедела вчера, си мислам дека е малку. Се е до психата.
Јас не држам воден ден, Лудово фикс идеи ми дава на вакво време Денес јадев месо со сирење, ориз со кришка леб, салата, лубеница, и две кафиња. Тоа би било тоа ако до вечер не додадам уште некоја намирница на списокот
Јадам благо.... Вчера не јадев, ич не ми се јадеше, а денеска вол ќе изедам. Не знам што ми стана. А таман почнав да слабеам.........
Денес јадев 1 кришка леб со салата од патлиџани и краставици и 1 топка сладолед.До вечер ќе каснам можеби пуканки или некоја си салатка.Инаку од утре сум на одмор,ве напуштам 12 дена,и се надевам ќе се вратам ослабната барем 2 кг
Сабајлево една банана, после 4 саати на базен само неколку залаци хамбургер(морав, во тоа скапаната сендвичара не прават ништо друго, а и тоа што го прават е тиња), за вечера сега ќе си ставам скуша да се пече и тоа би било тоа Си го сакам организмов зошто ич не ми бара јадење во последно време! Срце ми е
Појадок: кафе и компот од вишни Ручек: Половина најмал геврек и јогурт Баланс+ Вечера: Секој ден иста грешка, пак вечерата ко за инат ми е најобилна! Преку цел ден можам да имам контрола врз храната па дури и без многу мака успевам да јадам помалку но навечер мислам дека се ми е малку! Денес вечерав малку грав , две мали ќофтиња и салата! И сега си велам џабе цел ден внимавав кога вечерта пак ја укакав работата (како и секоја вечер) Сега планирам да скокам малце јаже и вечер да пешачам, па и да го дуплирам сексот вечерва со моја доминација , белким ќе согорам некоја калорија од вечерата!
Јас да ви кажам право сега со брат ми си седнавме, и уз муабет отиде повеќе од половина огромна лубеница. Кога викам огромна не лажам, можам две мои глави да спојам и ќе ја добијам големината на лубеницата. Мајка ми ни ја исече и што убаво ни ја сервираше, па јас на една страна брат ми на друга, и грабај се за средните парчиња, али небитно и крајните отидоа во желудец. И на крај заклучивме, додека се тепавме за лубеницата се тепавме. А ноќеска или утре ќе се тепаме кој ќе оди прв во вц. Ќе си ги трпиме последиците И такој.
Вечерва зае*ав све.Цела дена држам некаков режим али вечерва Сабајлво на работа јадев еден мн мал тост,попчадне само сладолет.Али вечерва од што беф премногу гладна изедов четврт пица,и една палачинка со крем ех пуста дрчнотија Иначе пешачев денеска малце,и вежбав дома едно пола сат,и пола сат вртев на хулахоп.Со Господ напред утре планирам да го издржам цел овошен ден,па ке видиме
диета држев од 20 јуни па се до денес... очекував да ослабам од 3-5 килограми.. сега се вагав и останав ваква сум изгубила цели 8 килограми скокам од радост, пресреќна сум... ми доаѓа на сите да ве изгушкам од што сум хепииииииииии маката и трудот ми се исплатија.. моето гладно стомачиште (сега нормален стомак) издржа до крај фармерките и шорцот што не ме собираа сега ми се точни.. единствено овие мои огромни ц**ки никако да ослабнат .. сега спремна сум за одмор, се надевам дека нема да ги вратам килограмите.. си ветив дека пак ќе пазам што јадам и никогаш нема да вечерам.. и секако ќе продолжам да бидам што е можно повеќе физички активна и ќе продолжам да правам стомачни, да трчам и секако цело лето да пливам.. збогум спојлери, збогум салце, збогум целулит.. се надевам дека никогаш повеќе нема да се дружиме и да тргам маки со вас ве поздравувам феминки.. ви посакувам сите брзо да стигнете до посакуваните килограми..