Морковот свеж ти е за џабе, и јас обожавам свежи моркови, ама ете не требало свежи да се јадат. Свежи моркови телото не ги преработува, а со тоа во комбинација со храна друга знае да создаде проблем да не се свари и останатата храна добро. Јас не знаев зошто кога јадам мешана салата и месо ми е потешко отколку кога јадам пример шопска и месо, прашав технолог за храна и ми објасни вака.
Јас јадам само свеж морков или морков и цвекло како оброк. Тоа ми е појадак. Ручек месо со краставица или домат. Ок е така? И мене ми е, верувај. Ама имам уште 20 да симнам.
Од фастинг се слабее само ако си на фастинг цел живот. Имам пријателка ослабе 35 кила, за година дена, беше на 20/4 и реши да почне полека на 18/6 па да си држи 16/8 континуирано, ахам, за 3м ги врати и плус од тоа. Бенефитот на фастингот е неверојатен, ама само ако континуирано си на фастинг. Тетка ми се колне во овој начин на живот, вика Јас со години имам мака од желудник, со фастинг се средив. Морков свеж не јади, ем е тежок за желудник ем нема никаков бенефит.
Не ми треба бенефити, сакам да сум слаба. Пример како терам: Д: 2 моркови свежи Р: стек В: шопска без сирење.
Чај. Фастингот не е успешен кај секој. Луѓе со проблеми со тироида и хормони не смеат ни да помислат.
Ако ти е битно да си слаба а не здрава, терај, вака на долг рок не можеш. Кога ќе те фати криза и ќе почнеш да јадеш ќе вратиш се до грам. За слабеење не е потребно гладување, потребен е баланс.
Прв момент што ме занима е зошто морковот е нездраво да се јаде свеж. Мене вака не ми звучи нездраво да јадам салата од мроков цвекло и краставица. Ако има некоја конкретна причина зошто морков не е ок свеж, објасни. Втор момент е муабетот за кризи. Тоа е работа на психа. Од прв ден диета ме маваат кризи. Ама јадам краставица на секоја криза. Така и ке продолжам. Во мојава килажа нема ништо здраво. Да ослабнам морам. И со овие 9 кг помалку ми е далеку полесно. Тек со 20 како ке биде, ке летам. Јас не сум гладна за јадење. Криза ако имам земам салата или краставица. И глад нема веќе ама психички ми се јаде чоколада иако сум сита. Плус поентата ми е да ослабнам побрзо а потоа да се одржувам. А не да ги губам тие 25-30 кг една година. Каков чај и што бенефити има од него? Зошто? Ме интересира објаснување.
Ја едвај чекам понеделник да се измерам вече и циклусот ми заврши па ке биде реално мерењето Сама со себе си разговарам и со минус 3 4 би била задоволна Вие што мислите по колку кг е реално ок да се симнат месечно
Јас го гуглав сега. Најбитно ми е што нема кофеин и е дозволен во доење. Кофеин не трпам, па ни во зелен чај. Друго полн со антиоксиданси и регулира шеќер во крвта. Добар бил за срцето и го намалувал холестеролот. Ќе барам утре јас, ќе го пијам ладен.
Зависи на каков режим си, дали имаш многу чит дејс, колку кг имаш да спуштиш, физички активна ли си итн. Јас за неполни три недели сум -9. Ке видиме до крај за 4 полни како ке биде. За некоја можеби 4 кг за месец се ок, јас очекувам да сум до 11-12 во минус. Ама строго терам целосно. Заборавив да кажам дека ни алкохол не пијам, сокови, газирано.
не не си ме разбрала нормално дека некоја ке симне 3 кг у месец а некоја 15 јас имам симнато 16 максимум и си заебав тироидна тогаш ама тоа не е ок знаеме значи колку кг да симнеш месечно е ок и здраво слабеење
Гледам на good nature има, ама е во комбинација со рибизла. Ако најдам утре чист ќе пишам или @Lilit да ни каже кој е добар.
Било кој, има на алкалоид, само да не е мешан со друго, а ич па со овошје. Тоа дебел па многу губиш е делумно. Повеќе е ако го погодиш менито кое зависи од тон фактори што треба, а што не.
Мислам дека до 8 ... Ама не ме држи за збор не сум 100% сигурна... Нешто осумкава ми се врти во глава ко да ја имам прочитано некогаш...
Мила, не ти солам памет, ти ја разбирам желбата. Ама брзото слабеење ќе те остави со висната кожа. Истото ми се случи после првиот порагај, за 2 месеци 14 кг со ун и еден куп кожа. Внимавај на тоа, земај нешто за еластичност на кожата, масирај итн