Ставено е и тоа во план. На масажи ке почнам после одмор. Ама фала за совет. Сега ја среди работата со кожата? Знам дека и вежбање ке е ок ама искрено ме мрзи. Пробав некој месец ама не сум тој тип.
Роибос има во LaSoy во Веро и онлајн, единствен квалитетен овде. Топол мене ми е бљак ама ладен не е лош. Според моиве кризи 200л чај треба да пијам Верувајте секој напредок ви е напредок, замислете константно ова да го правите и да тапкате во место, грам немам симнато, пазете да не си заебете здравје пошто тек после почнува тешкото. Денес немам појма што ќе се јаде, апдејт вечер
И вчерашниот ден супер ми помина, се плашам од викендов што иде зашто за викенд многу грешки правам.. За денес Д 2јајца варени со патлиџан У јаболка Р гравче со салата В само салата
Вчера појадок тостирано лепче со намаз авокадо + 1-2 маслинки, домат и краставица (овие ептен малку имаше од нив) ужина шака индиски ореви 2 турски кафиња и 1 макијато (безкофеинско) ручек леќа, 1 парче леб (обичен бел ) и салата 1 ред чоколадо обично започнав во 11 завршив во 18 часот со јадење- прозорецот за јадење ми бил 7 саата. Планирам да ми е 8 часа генерално. Активност немав. Не знам дали има веза ако ја менувам саатницата, некогаш да е 8 некогаш 10, некогаш порано некогаш подоцна? Идеално ми 10-18, најдоцна 12-20 часот За денес во план вода, ВОДА, ВОДА... појадок овесни со банана и шумско и 2 парчиња гранола ручек компир манџа, сигурно со нешто салата за вечер предвидена физичка активност и мене за викенд ме фаќа страв, а и треба вечерта да излегувам имам настан. Не можам да дремам на масата со ништо во чинијата АЈмо ОЗБИЛНО
Само уште ова ќе ти го пишам па терај ти како сакаш, твое си е. Нашиот желудник не може да свари свеж морков, а со тоа да се искористат бенефитите. Не сум го кажала јас тоа, не ни го знаев а гризе по 3 по 4 моркова на ден, стручњак за храна, биотехнолог ми го кажа. Со тоа што е тежок за варење ја ослабнува работата и потешко се вари и останатата храна. Толку.
Иста килажа денес 53.2кг Вчера утнав со пола парче торта и едно и пол парче пица За денес: Д банана, млеко Р туна, чоколадо В парче леб со мед У кафе, бисквити 1 час вежбање
Тој момент е ок, со објаснување. Иако ми е доста чудно, не велам дека тој што ти кажал не знае, општо никаде не е споменато дека морковот така функционира и не се вари. Не сум сретнала дека не се препорачува. Во врска со враќање кг има улога само психата и прејадување. Ништо друго.
Ден бр 12 П-банана кафе турско горко Р-јајца 4 варени плус патлиџан со кромид салата В-туна со кромид и лимон Вака калориски гледано дури и малце калории имам ама па,доволно ми е количински најадена сум и се шо е плус ми е вишок Мораме да се туриме у ред не бива веќе ептен ми забега вагата а шо убаво зимото минус 12 дојдов Вечер имам роденден Грицки и торта нема за мене мада шо не ме ни стрве
Вчера прерипав ручек, вечера салата и кифлички две, пола пирошка и некоја компир салата. Ја утнав работата, ама со гости така е. Денеска појадок, лосос две парчиња и патиџан, ручек салата, цезар веројатно вечера не знам, некако не ми се планира.
Поддршка за сите нас што се трудиме да симнеме некое килце! Јас лани летото ослабев 10кг буквално се преполовив и сакам ова лето уште 10. Чекам да завршам со испити за да се посветам целосно бидејќи кога имам стресни ситуации за жал мојот binge eating е пуштен на најјако до степен каде што не можам да се запрам. Дали некој имал искуство со ова бидејќи во план ми е да посетам психолог дури, станува неподносливо и тешко ми е психички
Дефинитвно се зависи од решителноста. И јас ослабев, па се здебелив малку пак, но мислам дека никој и ништо нема да ми помогне додека јас во главава не си донесам одлука дека ќе се хранам здраво и нормално. Почни со подготвување оброци, не си крати драстично од тоа што јадеш, само јади поздрава верзија.
Видов дека прашуваш за морковот, па сакав да ти објаснам. Не дека е шетно свеж да се јаде, но и имам читано дека тој е зеленчук кој најмногу бенефити имаме ако го јадеме термички обработен. Подобро се искористуваат каротеноидите (антиоксиданси) од зготвениот морков зошто со готвењето се разградуваат клеточните ѕидови на морковот и телото полесно може да ги искористи, подостапни се. Инаку кризирањето за храна, особено за благо, се јавува кога телото претходно не добило добро избалансиран оброк во кој освен јаглехидрати имало и протеини (а и масти). Растителните влакна даваат чувство на ситост и треба да се вклучуваат почесто во оброците. Протеините пак даваат долготрајна енергија, за разлика од јаглехидратите кои даваат повеќе ама инстант енергија. Па после оброк кој немал никакви протеини, само јаглехидрати, пак ќе се осеќаш поисцрпена, погладна за брзо време. Инаку краставицата е добра грицка. За лето е добар начин за хидратација. Исто и патлиџаните.
П.Сендвич од две бг американски палачинки со зеленчук и пршут, голем и богато полн, таман за на поладно од сабајле убаво да се кркне Р. Бадеми пак, топло Вечера... да олади, не знам дали ќе се јаде Денес еден грев, кока кола зеро, ама морав да испијам нешто такво, притисокот ми падна, а морав да сум будна.
Ја денес јајцата ги заменив со туна и кромид еден стрв кога ме фати за туна со лимон и кромид 3 големи главици црвен кромид едвај чекав петок да биде да бидам дома да не испаѓам и да го јадам ова
Ручав Таратур, една кифличка, пиперки, патлиџан. Не вечерав. Саат време вежбав кревање 15 кила вреќи Чекори само 5000, белки изгорев доволно калории со вреќите. Утре планирам појадок зеленчук и јајца, ручек ќофтиња и салата, вечера не знам. Морков у животот сум изела бескрајно многу. Братучетка ми еднаш стана портокалова, по кило на ден јадеше. Не сум чула дека е штетен ако не е варен. За домати имам чуено дека се поздрави ако се готвени, ама не и дека се штетни неготвени. Последниов месец у секоја манџа ставам ловоров лист. Тик ток така вика.
Денес: Д: Овес со овесно млеко, путер од кикирики и чиа Р: Две кришки дија леб, фалафел и салата У: Сладолед еден В: Некој микс од ручекот