Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.910
    Допаѓања:
    272.629
    Пол:
    Женски
    Д овес со грчки јогурт капинки и банана
    Р гравче со 1 кришка интегрален леб
    В хумус на 2 кришки леб краставица и парче печеница
    Грев :кафиња со шеќер и чаша к. кола.
    Јас поарно да не се мерам оти осеќам во плус сум како сум отечена.
     
    На sani99, andrejko82, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.227
    Д: Две кришки тостиран дијалеб со домат
    У: Чоколадна торта, да не се фрли:D
    Р: Мало парче пица
    В: Глупости, малце чипс, едно колаче, лажица мед пошто ме искина грло
    Измеѓу пак на роденден и едно мааааало парче торта

    Со водава мизерна сум, треба изгледа некое фенси шише да купам :smirk:
     
    На Espadrila, sani99, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.406
    Допаѓања:
    171.735
    Ден бр 15
    Минус 4кг
    За храна покасно ке пишам
     
    На H.VAGA, sani99 и andrejko82 им се допаѓа ова.
  4. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.666
    Допаѓања:
    57.364
    Пол:
    Женски
    Добро утро!
    Мерена -1.5кг..не очекував ама ок ми е резултатот.
    Викендов не се згрешив со ништо плус вежбав и работев по дома..

    За денес
    Д јајце варено со патлиџан
    У банана
    Р незнам, не испланирав, најверојатно туна салата
    В ништо
     
    На Калатеа, penelope10, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.257
    Пол:
    Женски
    Д банана, млеко
    Р туна, киндер јајце
    У кафе, бисквити

    Денес нема да имам време да вежбам.
    Викендов беше тотален ужас
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.406
    Допаѓања:
    171.735
    ден бе 15
    п-о
    р-пилешко и парлиџан салата
    в- пола од ручекот
    Мислев повеке ке симнам некако така се осекав намалено ама ништо минус 4 кг за 15 дена
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Јас до сега имав внес на скоро 1200 калории од кои 600 калории се чоколадо и сладолед.:?:
    Значи болна сум за благо, болна!
    Сеа за вечера мала чинија манџа грашок со едно мевце и ќе излегувам вечер и ќе пијам или макијато или кола зеро. До 1600 калории се надевам ќе останам, нема да ги надминам. Плус и ќе пешачам, 10000 чекори ќе ги направам така да нема да е лошо.:yawn:
     
    На H.VAGA, Espadrila, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.910
    Допаѓања:
    272.629
    Пол:
    Женски
    -Кафе и праска
    -Инт.тортиља со пилешко и краставица
    -Протеински пудинг
    -2 варени јајца печеница хумус краставица..
     
    На ALISA0000, penelope10, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.656
    П.бг крекери со шунка и зеленчук
    Р. Плескавица
    В. Белки со салата
     
    На ALISA0000, penelope10, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.227
    Д: 2 кришки дија леб со домат и маслинки
    У: Недојадени овошни каши од бебе
    Р: Леќа 1 тањир
    У: Остаток од мало бебешко пудингче :yawn:
    В: Некоја салата микс што имам низ дома, евентуално со кришка леб

    Мерена -1кг ама ќе видиме дали и утре ќе биде исто.
     
    На ALISA0000, penelope10, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    Д: две печени тонус лепчиња со кајмак и 2 парчиња пилешко чадено
    У: капучино и кајсии
    Р: пилешко со печурки, тиквици и морков, во тава на коцки со капка масло динстано/ пржено.
    У2: мини Марс чоколатце :tmi:
    В: пола грчки јогурт со 0% масленост, корнфлекс без шеќер, боровинки и лажичка путер од кикирики.
     
    На Калатеа, ALISA0000, penelope10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.227
    Кај сте денес? 8-|

    Д: Интегрални макарони од крупник, томатело и маслинки сос
    Р: Интегрален ориз со печурки
    В: Немам одлучено :sweat:

    Измеѓу еден ред чоколадо, едно мало колаче и кафе :tmi:
     
    На ALISA0000 и penelope10 им се допаѓа ова.
  13. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.257
    Пол:
    Женски
    Д банана, млеко
    Р овесна каша, чоколадо
    В можда парче леб со мед

    1 час вежбање.
    Мислам дека имам многу задршка на вода, не се мерам неколку дена
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.406
    Допаѓања:
    171.735
    Ден бр 16
    П-кафе 2 праски
    Р-пилешко плус патлиџан кромид салата
    В-ништо
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    7.119
    Пол:
    Машки
    Ти можеби си во калориски дефицит главно со внесување само на јаглехидрати но телото не ги третира исто калориите од исхраната.

    Инаку не би имало разлика дали сме внеле 2000 калории или помалце преку торти, овес и сокови или преку месо и здрави масла.
    Дали ефектот ќе биде ист од:
    100 грама чоколадо (580 калории), во споредба со 200 грама пилешко (400 калории) + 20 грама масло (180 калории). Ефектот од чоколадото: Го вивнува инсулинот. Инсулинот го собира шеќерот од крвта. Дел од тој шеќер ќе се потроши за моментални потреби за енергија. Дел ќе се складира во мускулите и црниот дроб (доколку има место). Остатокот ќе го претвори во масти и ќе го складира како сало. Со задоволство ќе ги собере и мастите за да ги складира (но мастите не го поттикнуваат).

    Можеби во моментот ќе осетиш покачување на енергијата а потоа огромен пад на пониско ниво од пред да се изеде чоколадото, умор и омалаксаност. Тоа значи паѓање на шеќерот по неколку часа и глад за јаглехидрати, кое всушност не е глад како да си гладен, туку паднат шеќер. Шеќерот паѓа кога претходно бил нагло покачен - главно од јаглехидратите т.е белиот шеќер. Плус ќе го потисне излачувањето на хормонот глукагон. Со тоа ќе спречи топење на вишокот телесни масти и го става телото во режим на складирање масти и затоа не се случуваат резултати бидејќи инсулинот не прашува кога е вивнат. За разлика од шеќерите, ефектот од месото и мастите, ќе го поттикнат хормонот глукагон кој во отсуство на јаглехидрати ќе мора да почне да ги празни складиштата шеќер од црниот дроб и мускулите. Доколку продолжи исхраната со овај начин, потоа кога ќе се испразнат складиштата шеќер, телото ќе мора да ги користи мастите од исхраната и вишокот сало за енергија и на тој начин се префрлува телото во режим на согорување масти и сало, наместо да се мачи во согорување шеќери кои само се претвораат во сало.

    За топење сало, клучна е исхрната а потоа физичката активност, вежбањето кое е само еден плус кон остварување на резултатите. Но исхраната е најклучна. Можеби некој нее премногу физички активен а сепак слабее, но исхраната муе правилна, со минимален внес на јаглехидрати и правилно распоредени масти, протеини. За разлика од некој кој можеби физичката активност муе висока, тренира, но исхраната муе погрешна, ако внесуваш јаглехидрати и на тоа додадеш тренинг, на тој начин само го малтретираш телото, за едни 500 калории во 100гр чоколадо ти се потребни 2-3 часа висока активност за да телото ги елеминира тие калории, буквално измачување. А кога во телото ќе се внесат 500калории од пилешкото, инсулинот нема да се вивне и нема да ги засити резервите и остатокот нема да го складира во масти.

    Кола Кола Зеро, Пепси Макс и останати производи "без шеќер" го креваат инсулинот на ист начин како и обичниот шеќер. Да, шеќер нема, но затоа има вештачки засладувачи како аспартам, малтодекстрин, итн.

    Многу е важно од што и како се внесуваат тие калории. И да не си во калориски дефицит, ако внесуваш минимален број на јаглехидрати, и правилно распоредени масти и протеини, пак ќе слабееш, бидејќи калорија и калорија нее исто, на производот покрај Kcal има и други референтни вредности на кои треба да се обрати внимание, секако и на составот.
     
    Последна измена: 27 јуни 2023
    На Gosh, MikicaBt, mareane и 10 други им се допаѓа ова.
  16. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Се трудам да се хранам здраво плус вежбам дома со помала тежина. Но потребата за благо не ми минува
    Секако избегнувам и си правам нешто пример со банана кокос и путер од кикирики па така се залажувам.Може не е за овде прашањево па ако има соодветна тема нека го преместат. Дали можам да јадам пр палачинка американска со протеински пудинг пример како ужина или сепак е премногу.Јас не би секој ден но еве некогаш бидејки ми се највкусни
    Еве ке го тагнам @quattro гледам дека навистина добро се разбираш во овие работи
    Извинете на долгиот пост
     
    На H.VAGA, christinnn, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Што бидна сега, моркови да продолжам да јадам или не?

    Почнувам четврта недела.

    П: 2 праски (немав моркови)
    Р: полнета пиперка
    В: краставица, домат, кромид (нешто како шопска ама без сирење)
     
    На christinnn, andrejko82, Калатеа и 2 други им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    7.119
    Пол:
    Машки
    Потребата за благо, нее потреба, него проблем. Со мозокот постојано размислуваш за благо, те фаќаат кризи, затоа и мозокот постојано дава наредби дека нешто е "потребно" дека благото е "потребно". Прво мора да го разграничиш ова, да си ставиш до знаење дека главниот виновник за дебелината се јаглехидратите особено белиот шеќер кога се внесува во големи количини.

    Кога јадеме убава храна, благо, се активира хормонот за среќа т.е допаминот и сератонинот, и тогаш се чувствуваме "исполнето, среќно" и му даваме инструкции на мозокот дека се чувствуваме среќно и мозокот тоа сето го регистрира, типичен компјутер и за нареден пат кога нивото на хормоните е под ниво, шеќерот во крвта е под ниво и бара повторно да биде покачен како претходно што бил, па чувствуваме глад и стрв, мозокот се активира и ни праќа сигнали дека нешто ние потребно во тој момент и не фаќа криза, всушност за благо, калорична храна итн. Тогаш настанува главниот проблем. Не размислуваме за последиците кои ги има тоа благо, дека покасно ќе ни се одрази врз килограмите, ама битно во тој момент кога не фатило криза за благо, сме биле среќни и задоволни, демек ние нешто потребно, мозокот го ставаме во алфа режим, бум. И после лоши резултати или не постигната цел.. Затоа прво треба психолошки да се раздели од шеќерите а потоа самото ќе се примени и во пракса.

    Во ред е да се земе благо, чоколадо, колач но тоа да биде минимално, еднаш месечно пример итоа не да се претера цела чоколада милка 200-300г или океј е и една палачинка, ама тоа не смее да стане навика и секојдневие.

    За таа американска палачинка која сигурно има 300-400 и фазла калории, која содржи бел шеќер а сигурно и брашно бидејќи и брашното кое се прави лебот и тестените го креваат инсулинот. И за таа изедена палачинка ќе ти требаат 2 часа тренинг со тежини пример еве. Зарем за една палачинка ќе си го жртвуваш и измачуваш телото додека ги согориш тие калории од палачинката? И пак нема да се согорат во целост, бидејќи тоа се брзи шеќери кои во момент го креваат инсулинот, а инсулинот не не прашува кога е кренат и тогаш настанува дебелеењето.

    Зарем нее подобро во ужината таа палачинка да ја замениш со фруктоза, ако веќе не можеш без благо во денот. Земи една праска пример, јаболко, сега ќе има и лубеници, диња, блага пченка, користиго сезонското овошје. Секако дека и со овошјето не треба да се претерува бидејќи овошјето содржи шеќер, фруктоза, можеби не го крева брзо нивото на инсулин, спаѓа во спори јаглехидрати, но ако се претера и со него, ефектот ќе биде ист како и со обичниот шеќер

    Јаглехидратите особено белиот шеќер т.н тивок убиец е главниот виновник за многу работи кои му се дешаваат на телото и организмот. Дури во кетодиетите се препорачува дневниот внес на јаглехидрати да е само 40гр дневно, но кето веќе е друга приказна.

    Но сепак кога веќе си на диета, било која, ако веќе имаш постигнато резултат, вежбаш, нека не ти биде залудно и пропаднато сето ова постигнато, да си ја продадеш душата за само заради палачинка или друго благо. Избегнувајте благо и јаглехидрати колку што можете повеќе кога сте на диета, а и да не сте избегнувајте го, шеќерот е тивок убиец.
     
    Последна измена: 27 јуни 2023
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    7.227
    Ај бе не ја расипувајте темава:D
    Си знаеме што како ама не ни се сака, нејќам да читам дека може да умрам од 200 грама чоколада:D
     
    На H.VAGA, Ugly Duckling, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    18.367
    Пол:
    Женски
    Не се умира од 200 гр чоколадо. Еднаш да изедеш. Ама секој ден со години, опасно е.
     
    На Калатеа, ALISA0000 и quattro им се допаѓа ова.