Вчера: Д банана, млеко Р грчки јогурт, ред чоколадо В праска У бисквити, 2 кафиња Не вежбав Денес: Д банана, млеко Р пециво некое У бисквити, кафе, чоколадо В нема Трчав денес и пилатес. Се мерев ама страшно колку отишла нагоре наеднаш, не знам зошто.
Да не треба да ти иди за брзо? Или тоа или па евентуално го имаш прегладнето организмот со ваква исхрана па добиваш контра ефект, нешто ќе да е од тоа. Да не ме сфатиш погрешно, и јас мака мачам со неколку вишок кила, ама со толку малку храна и само јх, нема далеку да дотуркаш. Кога читам што јадиш во денот, само чоколадно млеко и бисквити читам, пециво некое и толку. Ем премалку калории внесваш, ем 0 протеини. Си правиш само лошо.
Многу јадеш благо. Ако ти треба совет. Месо, јајца, јогурт, (интегрален) леб, зеленчук, зошто не јадеш?
Јх задржуваат вода во организмот и тоа се одразува на скалата. Зошто се изгладнуваш, јади протеини и масти и количински тродупло и ќе ослабеш. Вака ништо не правиш. Ја на кафе и бисквита паѓам во несвест.
Не ми излегуваат нотификации, не е фер. На вага се немам качено од мај месец. Ама... алиштата што пукаа на мене на крај на мај, сега ми се големи. Моја диета, месо, зеленчуци и овошје, поточно круши и јаболки. Црно кафе пијам, нема шеќер, нема млеко. Благо ни под разно, само еден сладолед имам изедено последните 3 недели. Јаглехидрати веќе не планирам да јадам, може во наредниот живот. Не се откажувам дури не ја видам безобразната бројка на вага. 69
Треба, ми доцни. Фала ви на советите, ќе пробам да имплементирам. Проблем е што немам баш време за готвење а живеам сама.
Да се пријавам и јас. Конечо 6 ка напред. 68 моментално и баш ми е мотив да продолжам вака.Повеќе протеини, зеленчук и овошје.
Не ти треба многу време за да зготвиш здрав и вкусен оброк. И јас немам време со бебе, куче и мм на две работи. Најмногу ми требаат 15мин за да припремам цел оброк со додаток и салата. Со сецкање. Ќе ти дадам некој пример. Купувам месо и лосос на парчиња. Ако не е на парчиња го сечам по 200-250гр. и замрзнувам. После само вадам од замрнувач и го печам со маслиново масло и зачини по желба. Секогаш со главното јадење имам и додаток печен зеленчук (тиквички, црни домати, пиперки, спанаќ, брокула, карфиол, моркови...) Ако немам време или желба за сецкање печам замрзнат зеленчук во ќеса од маркет. А и си замрзнувам зеленчук ако видам дека е прикрај а знам дека нема да го изедеме. Зошто да го фрлам. Исто и салата имаш сецкана и пакована во ќеси во маркет. Манџите како грашок, леќа, ориз, боранија обавезно ги готвам со динстан зеленчук (морков, пиперка, патлиџан, кромид.) Исто и со морковот ако видам дека е прикрај го рендам и замрнувам, па кога ми треба имам спремен морков. Имаш и пиперки и патлиџан во тегла. Со текот на времето ќе се научиш и како да си олеснуваш. Инаку 66кг сум. Од 84 за 5 месеци.
Д банана, млеко Р салата со туна и јајце, ред чоколадо У кафе, бисквити, бадеми В ништо Трчање и пилатес за денес.
Денес тежок ден за издржување, утре очекувам да добијам... Криза цел ден... П. Триаголник лубеница и вода, неисправно скроз Р. Мисиркин стек и салата В. Домашни ќебапи од говедско и салата Ама најтежок ден до сега во цел месец и пол. Вагата покажува намалени масти и зголемени мускули. Кг исти биле сепак, ама мускулите оправдуваат, а салцето помало...затоа подобро ми стоела облеката. Се би дала сега за помфрит ... ништо друго.
Јас само дојдов да си поплачам.Вагата ме шокира во плус сум .Ама џабе внимавам на храна кога за викенд си пијам алкохол, газирано ..
Дојдов да се пофалам, сум намалила 6-7 кила за 3 недели Уште многу имам за симнување, ама денес сум пресреќна Вечер ќе пробавам старите фармерки, да видам до кај сум Денес на мени, 2 јаболки за појадок. Ручек, месо и салата. Вечера ништо не ми треба, може малку варен зеленчук ако припаднам за јадење. Ама планирам во 8 да си легнам
Д банана, млеко Р чиа пудинг со грчки јогурт, protein bar В праска Трчање за денес Вчера купував облека, дефинитивно сум намалила еден број
Недела ден бр 21 Појадокот беше 1 банана Р-плескавица и шопска В-зелка манџа,со мелено Денес ден бр 22 П-ништо Р-зелка манџа В-јајца или пола од ручекот ако ми остане Не се мерев сабајлето знам дека ќе се разочарам Ке се метам некој нареден ден или у среда со вас
Абе добро си терам, колку е толку е, него ова другово ме нервира и се осеќам гадно. Ми покажува вагата дека имам вишок течности. Аман веќе.
Да не е вагата се осекаш по нешто со тоа вишокот течности? инаку гладна сум касно е а ми се плаче од шо ми се јаде само со ручек останав денес незнам дали да си правам туна со зелка салата а тоа за утре ми е менито