Кај сте екипо? Добив, се дишам. Ама месецов ништо не ме болеше како што знае... Се згреши еднаш деновиве, ама килажа стабилна. Стрес ме дуе. П. Бг крекери, белки, чери Т. Бадеми В. Туна Денес три пати ми рекоа девојче. Ееее од кога се нема десено тоаааа...
Грлс Само јас и Андрејко тука рапортиравме...Сакате листа или не? Озбилни сте или не? Ќе се манекеносуваме или не? Ајмоооо ОЗБИЛНО
Јас ептен сериозно затерав со гладувањето, ама синоќа ме натераа да каснам од вечерата. Да не ми се вртеше свест ќе одбиев, ама турбо сум неделава, па се огрешив Нема откажување дури не ја видам безобразната 69ка на вага
Пак јас Ден за мерење Ајде сите на рапорт кој што јадел, како се огрешил. Денов го почнав со јаболко и кафе. За ручек, месо и зеленчуци. Вечерата ќе ја дадам на колешките
Ме нема, дете болно, маж болен, јас болна и се отиде у . Немав екстра калории ама имав пар лоши избори, стагнирам на вага. Денес: Д: Бум бокс гранола со оризово млеко Р: Ќе има некоја салата со наут или грав В: Веројатно таратур
Д банана, млеко Р чија пудинг, ред чоколадо В јаболко У бисквити, бадеми, 2 кафиња Трчање и денес. Cношти јадев надвор ама не претерав, не ми беше ни на стомак тешко ни имав нагон за binge. Ова ми се случува првпат по долго време ако јадам надвор, или јадам непромислено на маса или доаѓам дома и го јадам сето благо што можам да го најдам. Овојпат немав нагон за ништо, ова многу ми значи во мојот напредок.
Ден бр 26 Јајца сирење и патлиџан салата Од физичка активност Потење 3 саати у кола без клима Се важи?
Здраво девојки .Тука сум ве читам постојано ,но шта речи а не заплакати ,тоа што симнав вратив назад .Знам ,знам треба да преземам нешто ама волја и мотивација ич.Секој ден е од утре е кое утре ќе биде баш да видам .Абе еден стап за мене само и патент на устата.Браво за вас упорни и издржливи ,ај може скоро ќе се опаметам па ќе ве дружам ,а сега само ке посматрам од страна .Се надевам дека од вас ќе добијам побрзо мотивација и борба со килограмите.
Д банана, млеко Р пилешки стек со салата на страна В ред чоколадо, цреши У кафе, бисквити, бадеми 1 час вежбање
Здраво пред се на сите, па бргу да почнам и со мојата мака. Ве следам подолго време, ама решив сега да се зачленам и да се опишам. Како да си помогнам? Некој што цел живот има мака со килограмите и никако не научив како да се ставам во ред. Два пати достигната убава килажа ама пак ги враќам од тоа што се прејадувам. Храната веќе ми прави преголем стрес и нервоза, а посебно оваа последна година. Скоро 30 години сум, а моментално ситуацијата е многу лоша и излезена од контрола Цели 115 килограми сум, имам едно детенце и највеќе за него ми е. Се затварам во себе и сакам само дома да бидам, кога одам во народ мислам сите во мене гледаат колку сум дебела и грозна и избегавм. Килажава ме сопира во се. Знам од прилика како да се хранам, ама некако не си верувам веќе дека со мој начин на исхрана ќе успејам. Се пријавувам на некои програми една недела држам и пак се откажувам. Сакам брзи резултати, а свесна сум дека си треба време и нерви па сето тоа пак ме демотивира и веќе неможам сама да се сватам. Дури размислувам и за кратење на желудник, ама ако главата не ми е средена џабе ми е се! Како да почнам? Како да ја исфрлам оваа опседнатост со храната? Хелп
Добре дојде За почеток изфрли леб бел благо и газирано Не почнувај многу ригорозно оти ке се демотивираш скоро Не се мери често и тоа демотивира многу Пишувај вака со нас која ден шо јадиш па мери се споделувај резултати и ке ти биде полесно верувај Ја до денес завршувам 4 недели Утре ке се мерам иако знам дека слабо ми оде
@Marsi* Јас би ти препорачала одење на психолог плус личен тренер (доколку ти дозволува буџетот). Првото со цел да дојдеш до коренот на проблемот, што го предизвикува твојот нездрав однос со храната и како правилно да се справиш со емоциите и опседнатоста. А личен тренер колку да ти всади почетна самодисциплина. И не се разочарувај, се се средува, за се има решение. Времето и така брзо минува и брзо ќе стасаш до целта. Само еднаш да почнеш, да создадеш здрави навики и натаму ќе ти биде полесно. Можеш и тука секојдневно да пишуваш, ако ти е полесно. Со среќа!
@Marsi* ако имаш можност најпаметна опција ти е да се консултираш со некој добар нутриционист, да направиш анализи кај матичен од тоа што ќе ти побара (јас и хормони испитував покрај крвна слика), да ти направат режим на исхрана специјално за тебе и да почнеш со некаква физичка активност умерена пак во консултација со стручно лице. Друго, и многу важно според мене, штом имаш проблем со прејадување и стрес во врска со храна да бараш психолог и да работите на постигнување на здрав однос кон храната.
Е добро што се стресираш, почни пополека. Прва ствар е дека сакаш да воведеш здрави навики, и се со усул да јадеш значи не треба да рипнеш во гладување и да исфлирш се!, туку да намалиш но и да јадеш, доручек,ручек, ужина, вечера ужина како што поминува време така мозокот се навикнува дека ништо нема да ти избега и полека ќе почнеш да губиш килограми. Значи секогаш де почнува со мали промени, кај мене лично првиот пат (120 кг имав) брзо летнав до 70 за некои 7 месеци , не ги вратив сите но ете сега веќе гладување и рестрикци не палат, напротив бинџам повеќе. Откако почнав со каснување на она што би избинџала за ден( помалку секој ден) не ја осеќам таа потреба све да здрпам. Доручек ако ми е јуфки , ручек леќа , ужина чипс и два реда чоколадо, вечера јајца , ќе изгубиш кила верувај, не знам колку висока али генерално повеќе троши поголем човек плус не си правиш стрес. И не е све скрати, гладувај и издржи. Калориски дефицит не глеа дал си гладувал ил не мање калори, мање килца. Нормално не за 2 недели , конзистентост, мали чекорчиња, успат 2838481919371 “грешки”, пак напред и победа. Нема лоша храна , умереноста е клуч на се. Ова 15 и више години искусен бинџер ти збори.
80/20 правилото е одлично за намалување на бинџови. 80% од времето здрава храна, 20% храна за уживање. На долг период многу ми помогна мене, инаку нема никакви шанси со целосно откажување од се.
Се согласувам,ама не е страшно некогаш и тие 20 да се 50. Не си на маратон кога слабееш, а и секој си е различен, запознавање на моментот кога си навистина гладен и “ фиктивно гладен” да не кажам алчен е клучно. Денес пола бурек до цел цел ќе ме најде, порано закуска ми било, на тоа сум ептен горда, колку и смешно да звучи, тешко е …
Ви благодарам на сите, еве од денес почнав. Ама како што кажав се борам сама со себе, моментално не сум гладна, а цело време како да барам изговори што диета да почнам бидејќи како што реков сама на себе не си верувам дека со мој начин на исхрана би постигнала резултат(а сум постигнала претходно). Има доста работа со мене, почнав да си ставам во глава дека ќе ми треба цела година за да изгледам добро и на здрав начин да ги изгубам килограмите, како што кажа погоре членката дека ова не е маратон и си треба време. Сакам да створам добри и здрави навики, само така би имала резултат на долго време. @Hisha И моето искуство е толку некаде од 17 години наваму каде што првпат ослабев со нејадење на леб, благо и газирано. Килажата си ја одржував доста време до пред да се омажам. Ама и тоа време јас се' си бев опседната, јадев многу малце па потоа еден ден јадев што треба и што нетреба и така почнав во круг се прегладнував па прејадував. Имав доста стресен период, ама сега веќе не се поднесувам. Инаку висока сум 1.75, последно за свадбата имав 75кг и изгледав добро, плус и да вежбам да се затегнам малце би било идеално. Па нека ми е со лесно.