Д парче лубеница Р 1 полнета пиперка 2 парчиња тонус и салата У:2 праски В 2 коцки проја и грчки јогурт Малку кикиритки уз пешачењето
Уп-уууп! Уште 1кг надоле. Ме мрзи често да пишувам. П. Фета и печеница погача со павлака Р. Туна со дозволен мајонез пропатуван преку седум мориња и планини со салата. В. Ќе видиме, ама знам дека вино ќе пијам.
@malerozna Јас сакам твојата диета да ми ја кажеш. Молчи а слабее. А не ко мене... тргни, застани...лапни си Тинтири пинтири, вака било ,така било. Со дело!
Месо и зеленчуци. По некоја овошка, тоа е. Нема леб, нема тестенини, нема благо, само вода и црно кафе. 12 кила за 6 недели, ич не се жалам Значи сум можела и вака да живеам
Без благо и леб е битното!! А бе не дека не знам, ама ај уште некој да ме потсетеше.... Денес добив. 2-3лажички еурокрем ми е екстра бонус грев. Инаку Цеден лимон, 2 турски кафиња. Овесни, малку гранола, грчко јогурт, банана и шумско овошје. Грав и микс зелена салата и краставица Лубеница и диња Шака апетисани Последен залак во 18и 30(лажичките крем....) Вистина се размислувам да се обратам на стручно лице. Мора некој да ми биде шеф за со храната, за да ме строи. Физичка активност немам проблем претежно, ама па и оваа маса во мускул нејќам да ја направам....послаба да сум, па тогаш да се стегнам.... Шузнам Со др Митов имал некој искуство?
Јас зимото уплатив онлајн, симнав 12 кила, каснав еднаш леб и се вратив на старите навики. Вратив 7-8 од тие 12, и пред месец ипол пак почнав без леб. Џабе ми е и стручно лице и личен тренер, кога знам што ми е проблемот. ЛЕБОТ. Е затоа сега ќе си "гладувам" А баш се осеќам супер со оваа исхрана. Благо веќе не ми се ни јаде, само со овошје се огрешувам. И свит чили сос. Ама не купувам веќе, доста беше. Метаболизмот ми се врати во некоја нормала, кожата и косата ми изгледаат подобро, јас се чувствувам далеку подобро од порано. На ум сум до октомври да терам вака, ќе видиме колку ќе издржи малерот во мене Дури и се напив алкохол една вечер Значи можам пак
У, Малерозна, браво и јас за таа се спремам. И баш реков да видам, кај е и до кај е друштвото, да се мотивирам... сите пред одмор држат диета, јас за време на одморот ќе слабеам. иначе, не можам да се сконцентрирам. И од стресови, само грицкам ствари од кои се дебелам, само што ќе ги погледнам. Напред наши
Се спрема телово за забрзување пак. Го осеќам, "смекната" сум ептен, ама ај да видиме, може си замислувам. Денес п.овесна тортиља полнета со грчки јогурт и сланина. Р.Домашни колбаси без додатоци со салата В.Ќе видиме, ама изгледа мисиркино со брокула. Внесов периодов хлорела, спирулина, јачменова и пченична трева, глоу ап на лицево ми се деси и коса почна да ми расте... -18, 9 недели... Коментарите ми пријаат, ама периодов ме нервираат... колку сме за луѓето само физички тела.
И јас да се пријавам после многу долго време. Си внимавам во глобала, имам намерни свесни грешки ама се држам уште. Почнав на работа и таму имам оброк, готвено од ресторан ама не е исто ко дома здраво нормално. Со благо забегувам некогаш многу, па неколку дена се држам строго, тоа ми е најголемиот проблем секогаш. -18 кг до сега, стигнав до 64 и максимум до 60 би одела, после не се бендисувам ко ќе сум толку слаба. Е после ми е најголемиот проблем за одржување, ама во доста долг период ги намалувам и полека постепено, па се надевам нема в зима да си вратам поголем дел од изгубените кг.
Изгледа си во право. Ми помина одморот, немав физичка активност, немав некое пазење, но немав ни претерување. Маалку, сосем малку се вратив на редот со фастингот и не секој ден благо и денес сум - 3.... Значи утрово сум премотивирана ептен. Се израдував особено што на една бројка бев заглавена, и никако да паднеше под неа...месец дена 1+, 1-.... Од вчера се вратив на физичка активност и ќе продолжам. За денес планирано Турско (обично пред тоа пијам лимон и вода, ама утрово се успав и изумив) овесни со банана, лажица мед и боровница и кокос За ручек предвидено леќа, летен пинџур и салата (да си држам уста да не набутам многу леб со пинџурот ) шака апетисани и некоја овошка и повеќе вода
Денот вчера Појадок пржени јајца со парче црн леб и краставица Ручек мусака (без јајце само мелено месо и компир) со патлиџан салата и летен пинџур (уште малку остана од овој пинџуров па ќе здивнам ) Ужинка печени тиква семки - една шака, топче сладолед две турски кафиња Вода, вода, вода Вечера нема Физичка активност од кое апликацијата ми покажа согорени 470 калории за саат и пол Последен оброк во 17 часот. За денес во план Турско кафе вода, вода Појадок Овесни со банана и шумско овошје предиднеи за најрано во 10 часот шака апетисани за ручек нема ништо предвидено домаќинкава, ама ај до после ќе видиме Битно планирана физичка активност
Шта је девојчици, кај ве снема бе 8ма недела од диетата, 14 килца симнав Почнав дури и дома да вежбам, не ми се чека в теретана да појдам Кој би рекол дека малерозна може да вежба Ајдете на рапорт, да видиме кој до кај е
Јас сум кај што ме оставивте пред 2 месеци. Нит угоре нит удолу Троа позатегната и јас од вежбањето, ама не одам толку ентузијастично како ти.
Полека, само што почнав јас Изгледа и јас имав инсулинска резистенција. Сега мора да вежбам да се затегнам. Уште 12 килца до целта
Браво за резултатот Вака читајќи ти го напишаното ми личи како да си на хроно, или некоја друга диета или начин на исхрана е? Те молам може ли да пишеш како се храниш за ваков екстра резултат,морам под итно да ослабнам?
Аууу срам ме фаќа од вашиве резултати ама сте ми мотивација да си знаете.. Бев на продолжен викенд и така уживав во се што можев иако веќе бирам здрава варијанта и не се прејадувам Ама од денес сум ептен сериозна и озбилна... Д овесни со оризово млеко и 3 урми У јајце варено со патлиџан Р леќа манџа и салата В салата