Можно е од вчера до денеска вагата +3 кг да покаже? Треба да ми дојде менструацијата каде и да е, ама се уплашив од вагата. Денеска: пченка, кајсии, една банана, грозје.
Можно е се додека конзумираш многу јаглехидрати, на пример денешниов оброк тие 99% јаглехидрати, немаш масти, немаш протеини.. и затоа така. Да, овошје е, фруктоза, содржи влакна, но сепак факт е дека овошјето содржи јаглехидрати кои во телото се претвораат во шеќери. Покаченото ниво на шеќер во крвта го намалува хормонот за раст а го покачува инсулинот и се успорува и се прекинува топењето вишок масти и зависно од внесените количини предизвикува и дебелеење. Здрава храна и правилна исхрана нее исто. Една излупена банана тежи околу 100 грама. Содржи 20 гр јаглехидрати од кои 12 гр чист шеќер. Грозјето и бананата имаат висок гликемиски индекс, пченката среден кон висок. Пченката има: 19гр јаглехидрати и 95калории. Баната: 20гр хидрати и 90 калории. Грозјето: 104 калории и 27.3 хидрати. Кајсиите приближно. А башка од кои чисти шеќери. Влакната може да се примат од зеленчукот наместо од големи количини овошје. Зголеми го зеленчукот а овошјето во умерени количини. Денот не треба да ти е само со јаглехидрати како денешниот што тие, треба да бидат содржани сите нутриенти а најмногу масти (здрави масти и масла) и протеини. Јхг пример овошјето или житариците конзумирај ги на утро за доручек во умерени количини, не 1кг грозје и 5-6 банани, јаболка итн.. Остатокот од денот нека бидат масти и протеини, месо, зелени салати итн, сирење, итн. Мастите не дебелат, туку јаглехидратите особено белиот шеќер т.е брзите шеќери а потоа и спорите т.е фруктозата од овошјето која подоцна завршува во шеќер, разликата е во тоа што овошјето не го крева брзо инсулинот како белиот шеќер. Често јадење хидрати значи покачен инсулин, кога ќе се заситат резервите во црниот дроб, мускулите, вишокот се претвара во сало и предизвикува дебелеење, тоа е исто како да се прелие чаша со вода, збира збира и потоа се прелива. Се додека се внесуваат јаглехидрати во големи количини телото ќе ги користи за енергија нив, наместо да се стави во режим на согорување на масти и мастите да го . Ако се зголеме внесот на масти и протеини а се намалат хидратите, тогаш телото како примарна енергија ќе ги користи мастите и тогаш започнува процесот на согорување масти и слабеење. 100 калории од јаглехидрати (шеќер, овошје, засладувачи) телото не ги третира исто како 100 калории од масти и протеини. Инсулинот не прашува кога е покачен, се додека е вивнат ќе складира сало, и по некое време уште повеќе и повеќе ќе чуствуваш глад и потреба за јадење за повторно да се крени инсулинот бидејќи претходно бил висок а потоа низок, зошто така е навикнато телото енергијата да ја добива од хидратите. Битно е и дали си во калориски дефицит или суфицит. Ако си во дефицит, ќе слабееш, ако си во суфицит ќе се поправаш. Но пак ќе речам, телото не реагира исто на калориите од јаглехидратите и мастите и протеините. Денот нека ти биде 20% по можност и помалце јаглехидрати (неколку овошки или житарици на утро) а 80% масти и протеини (месо и салати, здрави апетисани во нормална количина).
Можно е, и нормално е тежината на телото да варира 2-3 килограми. Тоа не се масти. Има улога внесот на вода, што си јадела, менструација и тн.
Освен ако јаде месо и јајца со секој оброк, стварно не знам како ќе одржува исхрана со помалце од 20% јх. И сум имала вака денови кај што доручекот ми бил јајца, ручекот месо со салата и пак јх ми биле минимум 30 во денот.
Се додека се користат јгх како примарна енергија, процесот на топење сало е на минимум, бидејќи не му се дозволува на телото да ги користи мастите за енергија туку упорно се форсира примарната енергија да е од шеќерите. Се додека мозокот е насочен да бара јгх и телото да ги користи како примарен извор на енергија, тешко е да се одвикне човек лесно, бидејќи шеќерот и јгх се зависност а зависноста тешко се одвикнува. Колку повеќе внесуваш јгх, се повеќе и повеќе инсулинот ќе биде покачен и кога ќе опадне по неколку часа, гладот се зголемува и ќе побара 3х пати уште повеќе јаглехидрати од претходно за да се задоволат потребите од зависноста. Кога се јади калорична junk food или полна со јаглехидрати, во мозокот се активираат хормоните за среќа допаминот и сератонинот и кога се јади благо се чувствуваме среќно, задоволни и исполнети не обвнувајќи внимание на последиците во тој момент, а една од тие последици е складирањето сало, дебелеењето, успорување топење сало. Со правилна исхрана се одржува потребното ниво на енергија и тоа не мора да е 100% од јаглехидратите како и што мислат сите дека јгх се најбитни, да најбитни се за дебелеење и за ништо друго. Океј е да се јадат хидрати но во умерени количини, се што е вишок, се претвора во сало, оти телото не ги третира исто јгх, мастите и протеините. Тоа е исто како да речеш, не газиран сок т.е густи, газиран сок и вода е исто а нее исто. Разликата е видлива.
Ако за храна богата со јх пример даваш само со џанк фуд, знам све што треба да знам за тебе. А покачување на глукозата и инсулинот после оброк е неизбежно. Разликата според макрос е дали тоа покачување е нагло или постепено. И мастите се секогаш секундарен извор на енергија, а не примарен, без разлика дали буташ кило говедско секој ден.
Нее не избежно. 100гр пилешко и 100гр чоколадо телото не ги третира исто. Инсулинот секогаш ќе биде покачен се додека се внесуваат огромни количини на јгх. Точно, се додека јгх се користат за примарна енергија, мастите ќе бидат секундарни, затоа постои и дебелеењето и вишокот сало, бидејќи јгх се оние кои дебелат а не мастите. Кога ќе се заситат резервите за јгх, вишокот се претвора во сало. А резервите за јгх брзо и лесно се заситуваат, инсулинот брзо се крева, какви се тие шокови за телото. Но тоа нее и случај кај мастите. Тоа е исто како да речеш, не газиран сок т.е густи, газиран сок и вода е исто а нее исто. Разликата е видлива. Се додека мозокот и телото се зависни од јгх, процесот за слабеење е во мал процент, и во дефицит да си, нема да е исто како со другиве, оти телото и организмот нее машина, калоријата е ознака за топлина, а телото не реагира на се исто. Не давам пример само за џанк фуд, храна богата со јгх е и овошјето, иако е фруктоза и спаѓа во сложени јгх, на крајот се претвора во шеќери во телото, нема разлика. Природно и правилно нее исто. И нафтата е природна како и овошјето, и змискиот отров е природен, и ураниумот, но сепак си имаат свое "јас" со свои последици.
Ахам. Сакаш да ми кажеш дека ако идам и трчам а цел ден секој ден јадам месишта и јајца и потрошам рецимо 300 калории со трчањето, дека тие 300 калории се стопено сало? Јер нели само од масти викаш можеме енергија да црпиме. И фруктоза не е сложен шеќер
Фала многу за советите. Реално,моментално сум на пост на вода, и искрено живеам на овошје и зеленчук уште оваа недела. Кога ќе престанат постите полека се враќам и на месо, јајца итн.
300 калории од јгх и 300 калории од масти и протеини телото не ги третира исто. 300 калории чисто само од јгх е тоа што го вивнува инсулинот. Инсулинот ќе го собира шеќерот од крвта. Дел од тој шеќер ќе се потроши за моментални потреби за енергија. Дел ќе се складира во мускулите и црниот дроб (доколку има место). Остатокот ќе го претвори во масти и ќе го складира како сало. Можно е во моментот покачување на енергијата но потоа со пад на пониско ниво од пред да се изеде чоколадото па дури и умор и дремка. Тоа значи паѓање на шеќерот по неколку часа и глад за јаглехидрати кое всушност не е глад како "гладен/а" туку значи паднат шеќер. Шеќерот паѓа кога претходно бил нагло покачен. 300гр од масти и протеини е тоа што ќе го поттикнат хормонот глукагон кој во отсуство на јаглехидрати ќе мора да почне да ги празни складиштата шеќер од црниот дроб и мускулите. Доколку продолжи исхраната на ваков начин потоа кога ќе се испразнат складиштата шеќер, телото ќе мора да ги користи мастите од исхраната и од вишокот сало за енергија. Тоа значи префрлање на телото во режим на согорување масти, наместо согорување шеќери. Мастите од исхраната сами по себе не поттикнуваат зголемено излачување на инсулин. Јаглехидратите да. Протеините поттикнуваат излачување на инсулин но во нормална мерка. Ако внесиш 200 калории од јаглехидрати, инсулинот драстично ќе се покачи. Ако внесип 200 калории само протеини без масти, инсулинот ќе се покачи но не драстично. Ако внесиш 200 калории само од масти, инсулинот нема да се покачи. Инсулинот нема да почека за да направи пресметка на крајот на денот дали сме биле во суфицит или дефицит, туку веднаш дејствува. Ако имаме добар внес на протеини и масти во текот на денот (минимален внес јаглехидрати, до 40 гр пример кето диета) телото ќе функционира на друг начин и на друг начин ќе ги искористува внесените калории. Дури и да не вежбаш. Ваквиот начин на исхрана е сто пати поздрав отколку исхрана со јаглехидрати и за некој што воопшто не вежба. Меѓутоа вежбањето се надополнува со исхраната и обратно, и резултатите врз телото и здравјето се многукратно поголеми. Пример човек со преголема тежина што нема воопшто никаква физоичка активност. Ако тој внесе 3000 калории во денот преку многу јаглехидрати, нешто протеини и нешто масти, неговото тело ќе продолжи да складира сало, нема да има енергија. Ќе се чувствува уморен и поcпан. Ако истиот тој човек внесува 3000 калории преку масти, умерено протеини и многу малку јаглехидрати, неговото тело ќе ги третира калориите на сосема друг начин. Ќе има повеќе енергија, телото ќе согорува енергија наместо да собира, ќе чувствуца будност него поспаност. Неговото тело ќе биде насочено кон топење на вишокот сало. Самото ова може да придонесе за драстична разлика во нивото на енергија. Што се јади е многу поважно и од тоа колку јадеш некогаш.
Тие 300 потрошени калории се согорени калории преку вежбање кои претходно биле внесени, а топењето на сало не зависи само од физичката активност и вежбањето туку од начинот на исхрана.
Ама од каде тие калории? Биле внесени да ама не ја трошиш ти храната од желудник одма. Значи си извежбал, си потрошил 300 или колку и да се калории. Од каде си потрошил? Гликоген, сало, мускул, од каде?
Од каде тие калории??? И да не вежбаш, телото пак ќе согорува и троши калории. За самата нормална функција и работа на организмот и органите, телото ќе троши за истите да функционираат. И преку спиење се трошат и горат калории. Не значи дека само со вежбање се трошат. Луѓето не се дебелат само поради физичка не активност. Ако тоа беше причината, тогаш доволно е само да се вежба и нема да постојат вишок масни наслаги. За жал или за среќа, вежбањето не е доволно. Факт е дека исхраната е главен фактор во дебелеењето и слабеењето. Односно, возможно е да се ослабе само преку исхрана без милиметар промена во физичката активност. Факт е што со правилна исхрана и без физичка активност, човек нема да се здебели. Факт е што со правилна исхрана телото ќе топи вишок масти во текот на денот за да живее/работи на нив. Вежбањето топи минимални количини, 300-400 калории, и тоа е дарежливо кажано. Тие калории се помалку од четвртина бурек, помалку од 100 гр чоколадо, помалку од 100 гр тестенини. Ги трошиме/елиминираме калориите, но дејството на хормоните не. Дејството дебелее, а не калориите. Вежбањето активира процес на слабеење и градење мускулна маса, преку хормоните, но погрешната исхрана активира обратни процеси. Едното дејство против другото дејство, дава измачување.
1 килограм сало се 7000 калории. Ако внесуваш помалку калории од вообичаено, без јаглехидрати, салото се топи. Јас за 9 недели симнав 16 кила сало Е сега, без јаглехидрати е тешко, ама јбг. Со други диети топиш и сало и мускули. Со високопротеинска диета, се топи салото. Плус ако вежбаш, мастите се претвораат во мускули, килажата си стои, ама волуменот на телото се намалува.
Ај ќе го соџвакам пак оти очигледно сакаш само да се покажеш колку знаеш, иако сосем едноставно прашање ти поставувам. Извежбуваш за денес Дали потрошените калории за енергија во тој еден саат идат од глукозата или масти? Ако не ни треба гликоза за енергија логично би иделе директно од сало така? Или не? А еве имаш исхрана богата со масти.
Пак да се повторувам? Ако денеска имаш внесено 100% калории од јгх и 0% калории масти? Од кај ќе идат? Кога си презаситен со калории од јгх, ги трошиш калориите од шеќерите. Кога ќе се потрошат шеќерите, телото се става на режим да ги троши мастите и вишокот сало. Ако е обратно, низок внес на јгх висок на масти, телото по директива се става на трошење на калориите од мастите.
Не јадам САМО јх ама најдобри резултати во слабеење и ставање мускул и плус кондиција и тоа замисли во домашни услови без тренер сум имала со внесување на отприлика 40-50% јх. И моментално ми е тој процент и маки мачам да се вратам на претходните 60 кг.