Многу е едноставно. Исхраната треба да е претежно месо, јајца и салати ако сакаш да топиш сало. Со таква исхрана, првите недела две е ептен болно, главоболки, глад, студ, недостаток на електролити си го прави своето. После телото се навикнува, глад скоро и да не осеќаш, инсулинот се нормализира и се додека не јадеш јаглехидрати или благо, глад тешко ќе осетиш. Јас повеќето од деновите јадам само еднаш и во наредните 20тина часа глад не осеќам. Телото ми е во кетоза и го топи салото за енергија. Со колешка во исто време почнавме "диета" јас без јаглехидрати, таа демек ке намалила килажа со вежбање. 9 недели подоцна, јас симнав 16 кила, таа мака мачи со нејзината диета. Огладнува, јаде торти, јаде благо, си каснува леб секое сабајле. Е сега кога вежбаме заедно, таа има повеќе енергија од мене, ама на мене униформата ми е преголема а кај неа пука
А негативните последици од тие 50% јгх што ги внесуваш? Те фаќа ли поспаност, дремка, умор после оброк? Ти значи внесуваш 50% јгх, 25% масти еве и 25% протеини пример. А да го пренамениш обратно, да примениш кето начин на исхрана? Со 50% јгх, го потиснуваш хормонот за раст и го успоруваш слабеењето, ништо повеќе. Затоа и мака мачиш.
После јадење месо да. Ама не претерано. Инаку постојано не. Аа тука не се разбравме. Моментално сум 56кг. Дури и паѓам под тоа. Симнав скоро 10 кила пред и после операција вкупно и еве се трудам да ги накачам ама не иде нешто мајко му.
А грешка си. Не сум начитан, од кај сега тука муабети ми вадиш. Кажувам за нештото за кое некој работел и се посветил на оваа тема, кето начинот на исхрана, простудирал, испитувал, тоа се доста познати доктори, тренери, нутриционисти итн. А баш за тоа минималниот внес на јгх, имаме и членка тука,@malerozna го применила тоа, и ете посакуван резултат. Членката е жив пример за кето начин на исхрана и минимален внес на јгх. За крај, шеќерот е тивок убиец и тој што дебели и тој што складира сало @malerozna Секоја чест за истрајноста и упорноста. Кето културата и начинот на живот е чист пример за правилна исхрана и здравје
Опа те сецнав нели кога кажав дека не можам со толку јх да накачам тежина А и крај крајова, не ми била целта да ослабам ама притоа од едни скали во несвест да паѓам Ниска енергија имала. Е ќе има. Ае, толку од мене.
Мастите неможат да се претворат во мускули... Инаку кето диетата е доста ефективна за брзо слабеење, ама не е здрав начин на диета.. Здраво губење килограми е да се изгубат 1-2 килограми неделно. Кето диетата е добра за губење килограми единствено ако се одлучите цел живот да ја држите, ако сакате да ја држите додека ослабнете па пак да си се вратите на стар режим на јадење многу брзо ќе ви се вратат килограмите, дури и ќе се дуплираат. Ако некој е истраен и упорен во оваа диета секоја чест, јас диета тешко издржувам и затоа избегнувам престроги диети.
@Munchmallow20 грешиш нешто изглеа штом не качуваш ни грам, ти си знаеш убаво, искусна си и во поглед на исхраната и во поглед на вежбањето ама очигледно нешто не е ко што треба. Протеини доволно внесуваш, колку калории дневно ти се собираат, а и не знам сеа дали почна да вежбаш со тежини? Полека ај, со труд и упорност пак ќе си се доведеш во топ форма ко што сакаш. А јаглехидрати колку грама отприлика јадеш во денот, уствари 50% рече. @quattro ама не на секого му одговара кето, да не забораваме на тој момент, дека има резултати има, одлични но тој начин на исхрана е многу ригорозен и знам дека не се препорачува на долг рок, ваљда цел живот на кето не си, или си? И еве ко некој што се разбира, кажи кето би одговарало да терам, имав инсулинска резистенција порано, сеа во ред сум, инсулинот дури иде и накај долна граница, не е најдоле ама релативно понизок, а пред некоја година беше енормно висок. Ја би сакала да пробам ама да не отиде уште подоле, за тоа не ми се ризикува, а иначе ми треба вакво нешто, ко шо сум по благото таман да се одвикнам, а шеќерот во ред ми е, неам проблем со него.
И варени и пржени јадам. Плус разновидно месо и риба. Ти девојче треба повеќе протеини да јадеш, ко те читам колку малку јадеш глад ме фаќа. Лошо се изразив. Килажата си стои, значи салото се топи ама со протеинската исхрана се билдаат мускули. Без вежбање, вагата ќе оди надолу заради губитокот на сало. Со вежбање, се намала салото и гради мускул, вагата стагнира. Тоа ми се случува сега на мене. Не реков дека кето е здрав начин на исхрана. Ама во секој случај е далеку поздрав од јадење куп јаглехидрати и благо и живеење со висок инсулин во телото.
Ја пак колку се изнајадов јаглехидрати изминативе месеци, све на јаглехидрати бев, да не претерам ама 90% може внесував и инсулинот понизок не ми бил никогаш, добро и метформин пијам ама и претходно пиев, затоа се плашам ако се ставам на режимов да не се поремети пак.
Блиску си, ама не функционира баш така телото. Ако внесуваш помалку калории од вообичаеното, салото секако се топи. Она што се постигнува со протеините е да се задржи веќе постоечката мускулна маса (и тоа ако вежбаш), да не ја изгубиш и таа во процесот на слабеење. Салото се топи од калориски дефицит. Мастите не може да се претворат во мускул, бидејќи на молекуларно ниво се две комплетно различни работи со различен хемиски состав. Ова е најсмешниот мит за слабеење што постои. За 9 недели можеби си симнала 19кг, што е нездраво премногу, и затоа дефинитивно не е сето тоа сало. Со исфрлањето на јаглехидратите од исхраната имаш изгубено 4-5 литри вода, а и некое кило мускул. Овие не се согласуваат со тебе. Просечен маратонец на ден јаде 4-6 грама јаглехидрати по килограм тежина. Односно 300-600 грама јаглехидрати. Односно околу 2000 калории дневно му се од јаглехидрати. Тоа е така бидејќи со правилна комбинација на храна, јаглехидратите не мора да предизвикаат инсулински скокови. Или имаш добра диета, или случајно си погодила шо и како да јадеш. Во секој случај, браво.
Хмм, една правилна шо да ти кажам, глупости јадам и пак се прејадувам, се чудам и ја шо е работава, и добро се осеќам, не е лошо, замисли па да внимавам. Сакам кето ама да не заебам работа со хормоните, кето топ би било да стопам све шо треба.
Океј него муабетот ми беше да кажам дека и порано и сега со толку јаглехидрати сум одржувала здрава тежина и притоа сум имала и кондиција и сила и све. Спротивно на теориите на типичните gym bros. А што не можам да накачам тежина сега имам претпоставки зашто е така. Прво масти секако помалку дигестирам (кога нешто не се дигестира, се исфрла скрос несварено нели) второ секако јадам помали оброци, трето не вежбам со тежини уште.
Зашто се расправате? Не може да е до различен организам кога телото има свои процеси кои кај сите се исти. Друго нешто е во прашање, ама некако инает ме има фатено за споделување зошто на форумов и факти се извртуваат само да им одговара. Само не ја кварете темава со глупи расправања. П. Овесна тортиња полнета со дозволени намирници. Р. Сендвичи од кашкавал и месо, со салата В. Кременадли со салата Јадев денес и овошје, а бога ми и ред чоколадо дека "ептен било добро, ќе се каеш", стварно беше добро и ќе се каев. Ол ис гуд, теленце лесничко.
Имам пропуштено доста страници за читање ама ова ми падна во очи па би сакала некој (посебно вие двајца бидејќи гледам сте позасегнати со поголемо знаење) малку повеќе да ме упати во лето исхраната, што е тоа и каде може да се информирам подлабоко?
Што убаво си терав...А викендов сѐ од можни глупости ставив во уста и тоа количински...Сеа за ова ќе ми треба една недела да се оправам шо се вика. Интересна работа.Килажата е тука некаде, а алиштата ми стојат многу пофино. Присобрана сум во телото. Неделава шо помина само еднаш физичка активност имав, немав време ич, ама затоа прошлата 6/7дена бев баш актив. Се надевам оваа недела ќе се вратам во шема. Поздрав со турско кафе и лимонче.