@Mrs. right не играј играчки со измислени диети. Метформинот е за инсулинска резистнеција препишан и така и функционира. Затоа инсулинот ти е во граници на нормала. Јас пиев заради инсулинска резистенција пред бременост. Со метформинот треба да се внесуваат јаглехидрати зашто инаку ијма нус-појави. Не си играј со телото без потреба. Јас кога прекинав метформин нагло се здебелив. Сега се враќам во нормала со помош на исхрана прилагодена за ПЦОС (со балансирање сложени јаглехидрати и протеини ама не вештачки туку од месо/јајца и секако масти). Како замена за метоформин користам цимет (помага за инсулинска резистенција) ама се тоа во консуилтација со лекар, никако на своја рака. Сите што сте се запнале дека кето е ОК диета не знаете метаболизам и што телото користи како главен двигател на енергија (особено мозокот). Престанав да пишувам тука зашто некако се одржувам со режимот мој смислен. Не знам ни дали сакам да оди вагата надолу. Битно ми е да сум стегната (а сум) и здрава.
Даа, знам затоа и не се осудувам да почнам, свесна сум дека не треба да експериментирам поради мојата состојба. И со тебе имам пишувано за ПЦОС, ти благодарам за сите совети до сега. Само љубопитна сум и интересна и ефикасна ми се виде кето ама не, не си играм играчки со здравје па уште и на своја рака без консултација со доктор.
Кето е ок и ефективно ако најзаморна активност во денот ти е одење до веце. Затоа и секогаш ќе приметиш дека највеќе промовираат кето тие што велат да не вежбаш кардио оти само хипертрофија е битна.
@Angie1432 Ха, што ќе се случеше? Епа ќе се случи за некоја недела кога ќе се вратам на нормалната килажа. Ќе си почнам со нормална исхрана, секако нема да јадам леб заради целијаклија. Теретана, пешачење, животот што си го имав пред ковидот. Сега ми е средена инсулинската резистенција, и да јадам ориз и компир, не е страшно. Благо секако не планирам да јадам, евентуално сладолед од време на време. Ако вегани можат со години да живеат без здравствени проблеми, ќе можам и јас.
П. Пица со дозволени намирници Р. Белки со салата В. Плескавички само од телешко и салата. Имав и ужинка овошје затоа што планинарев денес, па ми фалеше.
Од вчера Доручек: кафе чај смути и тост само со кашкавал Ручек: компир со похован стек и многу салата без леб Вечера: ништо, едно крем бананче после работа
Јас сум пример за кето, каде килограмите не се вратија како пред диетата. Вратив некои 3-4 кг, ама не 15. И воопшто не се ни забележуваат. Кето е одлична за симнување повеќе килограми, над 15 да кажеме. Штом се постигне целта, се враќаш пополека на балансирана исхрана со јаглени хидрати. Ќе бидеш супер Малерозна, само напреТ Некој спомна дека и енергијата се намалува, ама не е точно. Баш напротив, јас интензивно вежбав тоа време и се чувствував одлично.
Оче грешев. Свесно. Ме покани на вечера, не можев да одбијам. Сирна даска (сирењето повкусно не било), крутони и малку помфрит влезе во игра. Другото беше дозволено, па ајде се вадам. Деновиве мислам претерав со овошје, ама утре друга песна.
Кај мене има пад на енергија заради помал внес на калории. Свесна сум за тоа, ама засега ми е поважно да симнам уште некој килограм, па после ќе зголемам калории и поинтензивно ќе вежбам. Додека јадев повеќе протеини и калории, си имав и отповеќе енергија. Сега малку оскудација, паре су скупе данас. 11 недели кето, скоро 18 килца во минус. И да нагласам дека не бев на строга диета, каснував и сосови уз месото, по некој компир, морков... што ли уште не. Двапати и сладолед јадев, што нормално те исфрла од кетоза и треба некој ден телото да се врати назад. Се на се, презадоволна сум. Штета што кога почнав во јануари, ја прекинав. Досега ќе бев манИкенка.
сигурна сум дека на 90% членови од темава ни се случува да имаме такви "огрешени" денови. Некогаш навистина сакам да нарачам пица и да си седнам со чаша вино. Арно ама веќе ми го затворија тој ланч бар и на некој начин ме спасија да не се огрешувам веќе
Не ми доаѓа веќе така, пу, пу, пу да не се подречам, ама таква беше вечерта, а и месечината. Денес у нормала.
Дојдов на рапорт. Скоро 12 недели на диета, не си знам официјална дата на старт, онака бројам. 18 килца избришав од мене, уште некое до целта Се собрав во фармерки 12ка, кошула 12ка, додуша и една 10ка порачав, и таа ме собра Можев и другите 10ки да ги порачам, ама си викам да не се преценувам. Сега собирам стари партали, дека се ми е преголемо, купив 3 пара 12ки да имам што да носам дури да спаднам на 10ка Ме чека голем шопинг во наредните недели
Мислам дека се ќе ти е преголемо Ги гледам фармерките и блузите колкави се, си викам машала, си знаев дека бев голема, ама не сум била свесна дека до толку сум била Време е да се вратам на Ѕ големина
П. Пица со дозволени намирници, со екстра мисиркина и моцарела. Р. Мисиркин стек со салата В. Исто, само со сила напикан Немам апетит ич.
Од утре стартувам, чиа пудинг спремен во фриз за на работа, намирници купени, куќа исчистена од благо и грицки.. 15кг ми се цел да ги симнам
Пишував пред извесен период дека во килажа сум исто а во обем намалено. Сега па е обратно. во килажа сум - а во обем.... Ко свиња бадијала исхрана ако не се запнам со вежби. Бадијала и бројката на килажа ако изгледот е за нигде
Со правилна исхрана и физичка активност, нема да имаш падови и разочарувања. Резултатите сами по себе не идат, треба време и трпение. Океј е и да имаш "грешни денови" кои ете ќе испадни нешто, ќе внесиш повеќе храна и калории па ќе качиш некое кило наместо да симнуваш, но од наредниот ден или период продолжуваш исто темпо и резултатите ќе се вратат. Многу е важна самодовербата, потребно е да го имаш тоа, психички да се подготвиш за овај процес. И.. калориски дефицит = слабееш. Калориски суфицит = се дебелееш. Плус, телото секоја храна и калории не ја третира исто, пример калориите од благо, тестенини и риба, месо, зеленчук, млечни производи итн. Внесот на храна да ти ги содржи сите макронутриенти (протеини, масти, јгх), во денот без внес на протеинска храна да не бидеш, можеш да поминеш без јаглехидрати, но не и без протеини и масти, за да не ја топиш мускулната маса. Со голем внес на јгх иако си во дефицит, потешко ќе слабееш. Мора да го ставиш телото да согорува масти а не да складира. Со лесно до крај!