Не постои такво нешто. Со диета т.е правилна исхрана и ограничување на храната т.е калорски дефицит се поттикнува слабеењето а физичката активност дополнително го забрзуба процесот или доколку се вежба се става и мускулна маса. За 30кг секому е различно, некој побрзо некој побавно и зависи како сe применува горе наведенотo. Но најмалце една до до една ипол година ако се има дисциплина.
Тешко без никаква диета да ослабееш, немораш нешто престрога диета, доволно е да сведеш благо на минимум, сокови, алхохол, бели пецива исто, внесувајт повеќе протеини, јади повеќе овошје и зеленчук. Исто така и физичката активност е битна. Таблети за слабеење не ти препорачувам пошто не ниту здраво, ниту долготрајно. Ако сакаш да ослабееш и да имаш долготрајни резултати треба да си го промениш начинот на живот..
Откако се породив пред 3 години се мачев, т.е. се залажував со разни диети, ун, ана стојанова, ваква таква онаква но се имаше ефект 1 месец 1.5 месец и ми здосадуваше и пак се враќав на старо, со исхраната, и си се вртев 65 -68кг се дур не ставов точка и не почнав со броење калории. Јадев секаква храна и сеуште јадам, само одредував количина спрема тоа колку калории имам тој ден дозволени. И верувајте подобар начин од тоа нема плус комбинирано со вежбање за 1 година и помалку намалив на 54 кг и еве долго време одржувам веќе а пак си дозволувам да јадам што сакам, секако имам денови кога јадам глупости и повеќе од што треба ама затоа наредниот ден балансирам ќе изедам помалку од тие за одржување и ми функционира топ без ограничувања и ,,лоша'' храна. Верувајте без калориски дефицит и начин на исхрана кој не е пререстриктивен нема долго да се издржи ниту ќе има резултати долгорочно, не постои магично стапче со кое ќе ослабееме и ќе одржуваме ако сакаме да јадеме обилно и нездраво.
тенкс и на поддршката и на сите искрени зборови. За викенд кога сум дома верувајте цело време сум на овошје и зеленчук ама преку недела само на работа ми е поздрав оброкот плус и без леб. @Snowflake92 мислам дека броењето калории е многу добра опција. На факс додека бев имав листа на намирници за тоа што колку калории содржи, ми ја даде цимерката ама сега врска немам како да бројам калории. Додека сум тука сакам да прашам околу кето начин на исхрана. Кој може да сподели повеќе информации,дали има штета и колку има корист и општо за тој начин на исхрана И уште нешто. Дали витамините б1 б6 и б12 влијаат на зголемување/намалување на тежина? Ги пијам во моментов поради здравствени причини и во недоумица сум бидејќи слушам дека б витамините дебелееле
Имаш апликации со намирници и си внесуваш, јас лично chronometer ја користам и сум презадоволна ти проценува колку калории треба да внесуваш според физичка активност тежина висина години и што сакаш да постигнеш. Ако знаеш англиски мн лесна е за користење, дополнително на секоја намирница имаш колку калории е па пресметуваш колку има во грамажата што си ја изела, малку на некои им изгледа замарање да мерат ама мене ми е рутина.
Кето начинот на исхрана е еден од најздравите начини со оглед на тоа во денешницава што сме преокупирани со секаква храна полна со јаглехидрати. На кето диета се рестриктира целосно до максиум внесот на јаглехидрати без разлика дали е тоа чист бел шеќер, фруктоза или друго. Некои кето диети се толку рестриктивни што дозволуваат само 20гр внес на јгх во денот а додека некои само 40гр. Кога телото е во кетоза, се активира процесот на топење масти т.е почнува да ги троши резервите на складирани масти и сало со оглед на тоа дека на организмот муе потребно гориво да работи. Бидејќи јгх се примарни за енергија за телото, кога се на ниско ниво односно се применува кето, телото се префрла на режим енергијата да ја добива од складираните масти и сало. Процесот нее едноставен, рестрикцијата на јаглехидрати е висока но се зголемува и е дозволен внесот на поголеми количини здрави масти и протеини бидејќи во кетоза телото како примарна енергија ги користи мастите наместо шеќерите. За кето диета можеш подетално да прочиташ на сајтот мускулатура.мк Со калориски дефицит и броење калории се поттикнува и започнува процесот на слабеење. Витамините не дебелат. Б12 витаминот можно е само да го зголеми апетитот, но нее на одмет бидејќи кај секого различно делува.
баш ќе ја побарам. Ја симнав my fitness pal ама не се снајдов. Не е замарање да броиш и пресметуваш калории доколку сакаш да постигнеш некаков резултат. Ќе почнам дури и ручекот готвен да си го пресметувам @quattro благодарам на одговорот. За витамините не ми отвараат апетит. Во упатството за б12 пишува дека ја зголемува енергијата покрај тоа што дејствува на нервниот систем.
Внес на сите видови на месо, исклучиво месо а не и месни индустриски преработки како паштети, колбаси, салами, виршли итн. Месо - пилешко, телешко, свинско. Рибата исто било кој вид. Јајца, сирење, кашкавал. Зелени салати особено крставица, марула, итн.. Сите видови здрави масла како маслиновото масло, бадеми, лешници, ореви, путер од кикирики итн, авокадо. И секако пиење на доста вода.
Da mislev na kaloriski deficit ili zdrava ishrana samo da ne e nekoja dieta kako keto poso posle gi vrakjas duplo kilata
Нема да ги вратиш ако се има дисциплина. Не мора да си во калориски дефицит, ако имаш правилна исхрана оти телото различно ги третира калориите, но не претеран калориски суфуцит. Со дефицит побрзо ќе ослабеш сепак. 500 калории од чоколадо и 500 калории од пилешки стек не се исто, телото не реагира исто. Треба телото да го ставиш во режим на согорување масти а тоа се доведува само со правилна исхрана. Здрава и правилна исхрана нее исто. Кето диета е ригорозна и строга диета каде се исфлраат шеќерите и јаглехидратите на минимум. Наместо телото да ги користи јаглехидратите како гориво за енергија, на кето главното гориво се мастите. Кога се будиме на утро, свежи, после 8 часа не внесување на јаглехидрати, телото ги искористува резервите шеќери и јаглехидрати и почнува да ги користи складираните масти за енергија и на тој начин се губат масните наслаги. Кога се внесуваат јаглехидратите, тој процес се запира бидејќи телото веќе добива нов извор на примарна енергија - шеќерите и јгх. Прво се полнат резервите, во црниот дроб и мускулите а вишокот јаглехидрати се складира во сало и масни наслаги.
П. Бг тортиља полнета со дозволено сувомеснато, путер, моцарела. Р. Динстано мисиркино со брокула и пиперка и салата В. Протеин чист... не треба, ама не ми се јадеше и немав ни кога.
13 недели диета, заокружувам на 20 кила тргнати од мене Толку имам да кажам Ајде девојки, и вие на рапорт. Има некоја што држи диета? Кхм кхм, начин на живот де
Што да пишеме девојче, растури, значи најозбилна си Јас тука некаде, на одмор, сега сум во оние помалку озбилните ама се држам да се разбереме, вежбам и така...два напред три назад А гледам и други диеталки се собрале ако ако да живне темава не за друго Нова Година иде сега се слабее за предновогодишните прослави За денес Д салата од патлиџан и 2 варени јајва со парче леб У бадеми Р гравче В кисело млеко со сусам
Точно пред една година влегов во темава со скорк 70кг, еден месец по пораѓај. Само со поддршка тука, вежбање и регулирана исхрана без диети успеав да стигнам до 56кг. Сега варирам од 56-58 ама пак не сум среќна, телото не е тоа што беше. Порано со 61 изгледав подобро. Ми треба поддршка од жени што намалиле килажа, за колку време се собира кожата на стомакот и како? Значи кога сум исправена е ок, ама кога се наведнам ужасно виси. Не дека е којзнае колку ама ми ја убива желбата за секс кога ќе се видам таква. Успеала ли некоја да се справи со ова без операција?
Ke se naviknes na toa,koga ke rodis vtoro ,nema da gledas koza ,samo kilogrami.Ne e uteha, toa,ama koza ne se sobira nikako,mnogu zeni go imaat istoto ,ama toa e majka priroda.Taa sto rodila dete sekako nema da bide ista kako devojka sto bila.Nisto strasno.
Мене не ми се врати, а поминати се 17 години. Реално, не дека сум запнала многу а вежбам, не знам дали тоа би имало ефект. Среќна сум што барем кога сум исправена не се познава ништо, на многу жени и исправени им се гледа. Едно време ми беше криво градите што не ми се исти после доењето, ама научив да си го сакам телото такво какво што е. Мажите најчесто не забележуваат, сами си создаваме притисок. Ама важно е човек да се чувстува удобно во сопствената кожа, многу влијае на самодовербата.