изнагуглав и секаде најдов информации дека е здраво. Посебно за слабеење. И тек тук читав на фб по групине дека го користеле за мали деца демек по малку во смути. Ама едно нешто ми одеше очи - информацијата декa содржи заситени масти кои штетат т.е влијаат на покачување на лошиот холестерол. Па затоа решив тука да пишам да прашам. Може па и не е прашањето за во оваа тема ама....
П. Проја од јачмен со месо и фета Р. Динстано мисиркино со пиперка и тиквичка В. Белки со краставица, колку да се пикне нешто -20 кг анд каунтинг. Оди сега споро, ама јас не брзам... Важно е што обувки ми стануваат големи, еден број помали веќе... отоци сигурно, зошто сало на табан сигурно нема.
Нема сало на табан, ама тежината го шири стапалото. Мислам. Јас само на поминување овде, само разгледувам, ништо немам да пријавам. Од потфати за слабеење, сеуште само желба. Ама сега, ако ми бидат големи чевлите, па можда и не ми се исплати да слабеам
Девојки ви честитам на постигнатите успеси! Секој ден се спремам психички да почнам, имам 7 кг вишок ама многу тешко симнувам (ама и тешко качувам за воља на вистината) Последниве 15 години варирам од 55 до 60 освен лани кога се запнав и пред да останам бремена видов 52.5 на вага, што за моја висина од 154/155 е баш приметливо ... Ве молам некој совет,нешто поттик, мотивација, чаре, бајачка , нутриционист... имам искуство со Надица Илиевска, според хашимото да ми состави режим, ама тотален промашај беше за мене, со глутенски намирници, со премногу лен и пилешко, нешто што влијае многу на естрогенот и воопшто не бев задоволна. Башка што и потенцирав дека наутро сум мртва гладна имам "дупка" во желудник и низок шеќер ми треба саглам доручек,а сепак ми даде смути од целер и краставица со лимон и баш ми беше измачување. Лани кога ослабнав имав време и да вежбам, нешто што сега со бебе ми е луксуз пред се поради неспиењето кое многу ме изморува... и така... си ги пишав маките Молам за совет (кето, УН и ана стојанова не би практикувала) и препорака за нутриционист..
15 недели на диета, скоро 23 килца симнав Многу протеини и малку јаглехидрати е тајната, барем за мене. Такозвано кето диета И нормално, многу пешачење. Јас и вежбам, 3 до 5 пати неделно, повеќето од деновите имам над 15 000 чекори. Приметив и јас дека некои патики ми се троа поголеми од порано. Засега само нови алишта прикупувам. Ама по малку. Иако сум на 2 кила од посакуваната тежина, со тешко срце решив уште да слабеам. Барем уште 7 да симнам
П. Белки, авокадо, јачменови крекери, свеж зеленчук Р. Ништо, немав време В. Кафе со путер (не прашувајте), парче месо и салата, лажица мед со лажица путер од кикирики, пола манго Ден - бучкуруш Без концепт, вечера со макроси тука некаде, можеше помалце јагле, ама ај. Утре планот е: П.крекери, рикота, мисиркина шунка, свеж зеленчук Р. Свинско со салата (свекрва вети, ќе видиме што ќе исполни) В. Шо дал господ, може мисиркиното денес што немаше среќа да го направам
Вчера. П. Шејк од банана бисквити малку овесни снегулки и млеко 1.6 масленост. Р. Стек со пире и салата без леб В. Кашкавал Денес за појадок овошен јогурт - банана, вишна замрзната и јогурт баланс масленост 1 За ручек зависи што ќе има на работа тоа сигурно ќе е ориз за вечера ќе си направам салата домат со краставица. Сакам да прашам нешто околу броењето калории. На апликацијата која ја имам на телефон healthy Huawei има нов апдејт каде си пишуваш калории колку си внесол и колку треба да истрошиш. Е сега прашањето ми е како ќе измерам на пр една чинија манџа колку калории има? Како ручекот би си го "измерила" ? Симнав листа на калории за секоја намирница ама како оди математиката? Конкретно ручекот ми е како да си го прерачунам
Јас дури готвам запишувам точна количина од се што ставам (со кујнска вага и мерилица мерам се'). Кога е готово јадењето го делам на еднакви порции и така пресметувам колку сум внела. Пример ако манџата ми е 2400 калории вкупно и има количина за 4 чинии, а јас изедам 1 чинија, значи сум внела 2400/4 = 600 калории.
Некој нутриционист да ми пише ако има и ако може да го прашам нешто или некој што се занимава со исхрана или фитнес тренер.
јас претежно на работа ручам. Во прва смена оброкот е уствари поручек - во 10 саат а во втора во 18 секој ден има месо ама јас не јадам секој ден месо туку повеќе кон салата сум. Секогаш земам 2 тањирчиња. Е сега тука иде по околу 150 гр салата. Месото го рачунам како 150 гр (не е големо парче) леб не јадам а ориз варен зеленчук компир и сл и тоа го рачунам како околу 100г па по тие пресметки тоа јадење ми иде околу 400-500 калории. Што сметам дека е доволно. Во денот најчесто 2 пати јадам а 3тиот е ужинка, салата или овошје....
Јас дојде, периодот не бев на режим, ама ајде стартував од вчера, се надевам поупорно овој пат Вчера; - чиа пудинг - пченка и семки печени (една рака отприлика семки) - тавче селско месо и салата за денес: - овесна каша - пченка, крушка или семки, ќе видам што за ужинка - посна грашок манџа и салата
Да се самоцитирам за денес и што се огрешив вчера ужинка имав урми 4-5, и две велнес колачиња ама се тешам подобрп тоа него да изедов којзнае што За денес; - јајца варени и салата - макарони со печурки - за ужинките ќе видам, што ми фати око За утре; - грчки јогурт со овес, спанаќ и мешано ситно овошје - риба и компир - ужинка исто што ми фати око Ако нешто значи, праам по скоро 10к чекори дневно, планирам да почнам повеќе, барем одење на трака, за трчање уште не сум
Оти никого нема ? Вчера бевме по гости, па што имаше по маса тоа, гледав да е салата и мевце и да не надминам калорски внес и успеав, вагата и сабајлево помалце ми покажа За денес: - овесна каша - ручекот ќе е јајца/туна или стек, ќе видиме колку ќе имам време за готвење - ужинки: јатки/јаболко/портокал или оризова галета со путер од кикирики и црно чоколадо, во пмс сум, па може и ред црно чоколадо ако ми се пријаде до вечер Се надевам ќе почнам вечер и да вежбам од програмите на Клои
Јас сум тука. Еве веќе две недели ми стагнира слабеањето со едно кило идам +/- Ме фати пмс, малку се огрешив, одморив снага и од вечер пак на теретаната и се враќам. Сега се потешко и потешко ќе иде намалувањето Најтешкиот дел е симнување последните 5кг сало и правење мускули. Се на се, презадоволна сум од сама себе и горда. Конечно, успеав
П. Тортиља од овес, конопно брашно и конопен протеин (мхм), со моцарела и сланина потпечена Р. Бадеми В. Белки со сланина и салата Килажа стои, не мрда, 6ка напред, трпение - спасение.