Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.623
    П. Тортиља овес, јајца, сланина, домат
    Р. Мелено мисиркино со грилувани зеленчуци
    В. Ќе видиме

    Стабилно.
     
    На hermosa и penelope10 им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Оваа е поактивна тема па ај тука да пишам.

    Не знам што е проблемот, не сум на некоја конкретна диета, онака малце внимавам да речам, избегавам мрсно, пржено, месено, теста, е благо знам да каснам ама каде - каде помалку од претходно и вака терам да речеме можеби скоро месец дена, ај може нема месец ама тука негде.
    На вага нема ни грам разлика, варира уствари де кило или пола кило минус па пак ќе се врати на претходната бројка, а и ми касни циклусот, сигурно и од него е, пак ме заебава.:|

    И вежбам веќе некое време, почнав пак.
    Вака обемно нема некоја разлика, не глеам, по облеката ќе приметев, нема, а само се зацврстувам, тоа го имам приметено и тоа баш видливо, кај стомачните мускули поготово па и нозе и раце.
    Се зацврстува и тонира телото, а не слабее..

    Дали можеби и не сум у калориски дефицит, а само си мислам. :?:
    Или пак треба време. Зашто претходно коа слабеев почнав со поголема килажа и идеше релативно ептен брзо па можеби затоа сеа вака иде поспоро ама ме фрустрира малку ова.:|

    Убаво што се затегнувам ама сакам и да стопам тоа што ми е вишок.
    А калории колку внесувам искрено појма неам, зашто неам навика да бројам калории и да пресметувам, изглеа ќе треба.
    Страв ми е да не иам пак проблеми со хормони па тоа го кочи слабеењето.:|
    Иам закажано контрола па ќе видиме што ќе кажат резултатите.

    Некоја препорака, што мислите за ова?
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    Веројатно не си во дефицит. И ако си 100% сигурна дека зголемуваш маса, значи не само дека не си во дефицит, туку си во сурплус дефинитивно, затоа што вишокот на калории ти ја градат масата бидејќи вежбаш (претпоставувам тежински).
    Ако сакаш да се осигураш дека си во дефицит, ќе мораш да пратиш калории.
    Исто би те советувала да се фокусираш на кардио, зошто полесно ќе трошиш калории (а со тоа и ќе топиш вишок). Ама би продолжила и со тежински, само би зголемила кардио. Можеби можеш да вметнеш повеќе пешачење, возење велосипед, по некое качување до Средно во месецот, можеби некоја партија спорт со друштво.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Па ваљда не сум во дефицит ко што си мислев ама чудно е што сеа многу помалку јадам отколку претходно, и ја не знам што е работава. Значи претходно којзнае колку калории сум внесувала..:x
    Изглеа ќе мора уште да се ограничам со храна.
    Во суфицит мислам не сум туку изглеа само ја одржувам тежинава за жал.

    А што викаш за тежини, па не е некоја тежина ова, дома вежбам, не у теретана и мислам дека ги зацврстив мускулите само, не дека раст иам, бар сеа за сеа, а брзо ставам мускул тоа ненормално е значи.
    Со месеци не вежбав, па почнав и за релативно брзо време се врати мускулната маса и тоа од обично вежбање, без форсирање без ништо.
    Супер што зацврстени се, тоа и сакав ама целта ми беше слабеење и затегање.

    Да, кардио мора, а слаба страна ми е тоа. :|
    Ова за качување на Водно убаво звучи, не ми е проблем, би идела. Таман залади сеа, може да се пешачи и онака одамна неам отидено.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    21.215
    Ако треба друштво, викај:bandit:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Може со тебе, ти ко шо си по планините и пуна со енергија супер би било. :sun:
    Таа енергија мора да се истроши. :muscle:
    За пешачење, би пешачела и 20 км нека се и нека има успони, ама ако треба да трчам ми е заебано некако, за тоа неам баш кондиција. :whew:
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    21.215
    И за Водно треба кондиција :D
    А за трчање секогаш полека се почнува и постепено напредува зашто инаку лесно настануваат повреди. Не ни треба да се форсираш за трчање одеднаш.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Иам, иам, не се секирај, гарантирам. ;)

    Па знам бе ама не ме привлекува некако трчањето шо знам, може треба да покушам.:?:
    Брзо одење да, без проблем ама онака баш трчање. :shake:
     
  9. Кларчи272

    Кларчи272 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Луѓе помагајте цел живот на диети и некако бев во ред си се допагав сама себеси но од тогаш поминаа 7 год прво останав трудна и поради премногу стрес пошо го изгубив бебето се појави проблем со тироидна почнав таблети во три месеци бременост накачив 15 кг од кога почнав со таблети ослабев од 90 на 77 за 3 месеци и останав повторно трудна во оваа бременост накачив 35+ кг на порагај до 114 отидов после порагај еве бебето скоро 8 месеци јас јадам еднаш на ден ослабев до 90 не дојам но отидовме на одмор 2 месеци припазував но кога се вративме пак 90 ни горе ни долу еве сега ме јаде совест што каднав благо после 7 месеци луѓе пагам во депресија вел живот мака мачам предходно како девојче ослабев од 120 кг на 60 и бев 5 год 60/65 сега никако да ослабам неможам да се гледам пагам во депресија помагајте како да регулирам се мислам и на операција на желудник како опција пошо незнам што да правам јадам еднаш во денот пијам лимон навечер насабајле и пак нема ефект
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Ко прво лошо си праиш што само еднаш на ден јадеш. Знаеш колку го успоруваш метаболизмот така?
    Премногу. :| И после зошто не слабееш, ете.

    Ако сама не знаеш или не можеш да си ја регулираш исхраната, најубаво е да консултираш стручно лице, нутриционист па и фитнес тренер кој ќе ти напраи персонализиран план на исхрана, зашто си имаш и здравствени проблеми со тироидата па подобро да не експериментираш со разни диети.

    Исто провери хормонален статус, ако немаш проверено во скоро, да видиш како си со хормоните.

    Друга битна ствар, е да почнеш доколку не си, со практикување на редовна физичка активност, макар и пешачење или некои полесни вежби.
    Па во комбинација со средена исхрана би го постигнала посакуваниот резултат но треба време, го знаеш тоа и сама, зашто си слабеела и порано и секако упорност и решителност, без тоа - ништо.

    Ова со операцијата тргни го од памет, уште не си ни почнала ко шо треба да припазуваш, одма операција.
    Последна опција тоа нека ти биде, не е шала тоа, а и шо и да напраиш операција, пак ќе мораш да пазиш цел живот. Немојте да мислите дека не се враќаат килограмите и покрај операција.
    Затоа реши се, распрашај се и најди добар нутриционист и почни полека, не се откажувај и ќе биде се во ред.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  11. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    7.117
    Пол:
    Машки
    Прво мора да имаш решителност, истрајност и трпеливост за нештото кое го правиш, ова е најбитно, се другото се постигнува со труд.

    Нема потреба да паѓаш во депресија, сите што биле со вишои кг го почуствувале тоа. Еве јас пред месец имав бми од 18.5, сега поправен сум 5кг скоро оти почнав да внесувам повеќе калории, повеќе јаглехидрати, помала активност и бми мие 19.6, а правилно е од 18.5 до 24, знам дека сум крив самиот и го погазив тоа што го имав, ама пак ќе воведам дисциплина за да го имам најниското бми. Си каснала благо, во ред океј, нема што да се трауматизираш, нека помине денот. Од утре ќе си поставиш цел и амбиција, ќе си ветиш самата дека мора нештото да се постигне, ќе си воведиш дисциплина и цел за да дојде успехот. Порано си била слаба, си држела диетиз, значи сепк функционира нештото и можеш пак да го направиш, само треба да го направиш првин тоа горе, психички да се подготвиш а потоа и телесно.

    Постојат секакви видови на диети, ќе си одбериш ти која ќе ја тераш, но сепак гледај јаглехидратите да ти се на минус, воведи балансиранс исхрана, масти и протеини повеќе, пијај течности особено вода.

    Лимонот скоро речиси и не помага во процесот на слабеење, особено на вечер ако се пија, може да има и контраефект. Лимонот служи за детоксикација на организмот од штетните материи, но не предизвикува и топење на сало и согорување на калории. Можеш да го пиеш на сабајле, навечер не, бидејќи содржи јаглехидрати т.е фруктозни шеќери и на вечер немаш можност да ги потрошиш тие јгх особено ако е и пред спиење и да имаш контраефект и сабајлето на вага да имаш плус кг или пак исто, а факт е дека со спиењето се топи сало, но правилно спиење од 8 или 7 часа. Сонот е битен во процесот на слабеење

    Калорискиот дефицит исто помага, но не мора да се гладува за да се ослаби, потребно е да воведиш правилна исхрана а со тоа и да ги средиш и насочиш хормоните во правилна насока. За тироидната само со доктор, но може да се среди со правилна исхрана.

    Воведи и физичка активност, пример пешачење од 15мин може да согори околу 60калории. Покрај исхраната, физичката активност е второ нешто кое клучно во процесот на слабеење.

    И за целово ова мора да бидеш трпелива, без трпение нема успех зошто преку ноќ не доаѓаат успесите.

    Мора трпение, мора работа, работа и работа на себе си. :muscle:
     
    На Mrs. right и penelope10 им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    Убаво све пиша, се согласувам со тебе ама зашо мора да го имаш најниското бми? :?:
    Знам дека секој за себе си знае и фала Богу, така е, само малку љубопитна сум.
    Очигледно си се свиѓаш со малку килограми.

    Иначе ја, многу не глеам на тоа бми, секако да не иде во екстрем, а да се придржувам строго и да бркам бми или пак уште полошо најниското да се стремам да го достигнам, ноуп.:shake:
    Реално тешко и да можам, речиси невозможно, мислам и да гладувам, нема шанси да паднам на толку малце кг, за да го иам најниското, друга работа шо не сакам.

    Муабетот ми е, не се фокусирајте толку на бми, на бројка на вага, мерете поише обем и гледајте се на огледало како напредувате.

    Некако тешко мрдам на вага ама почнав да се топам помалку, споро за разлика од пред 2 год, ама има напредок.

    Со бми не се замарам више, бми ми кажува дека иам прекумерна тежина, а уоште не изглеам така. :|

    И мускулната маса е тука, и градбата и формата на телото, а бми сето тоа не го зима у предвид, туку само висина и тежина и толку.
     
    Последна измена: 22 октомври 2023
    На quattro и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    7.117
    Пол:
    Машки
    Па, искрено не знам ни јас хаха, си експериментирам хаха, едноставно имав првин цел да одржувам тоа бми што си го имав нормалното, колку висина толку тежина, ама почнав да рестриктирам храна кон крајот на зимата негде месец февруари беше, особено белиот шеќер, најголем хејтер му станав на хидратите и шеќерот, тивок убиец е е тоа шеќерот, навлегов во таа област да проучувам, читам ова она, се консултирав со фитнес тренери, здравствени тренери итн, кога ќе почни човек со нешто на почеток муе интересно тоа нештото, научив многу нешта за храната, организмот, калории, макронутриенти итн. Внесував повеќе масти и протеини, нискокалорична храна и бев речиси нон стоп и во калориски дефицит а јадев само еднаш, не чувстував глад ради мастите, јадев повеќе риба, месо итн. И почнав да слегувам надолу со кг, по енергично чувство, ни умор ни замор ни дремка после јадење, а секош после јадење ме фаќало умор и поспаност а тоа е стандард и докажано е дека после ручек, ради тоа што јадев и леб и други хидрати. И по 2 месеци хранење со масти и протеини ајде направив крвна слика, моиве мислеја сум упропастил ова она, а крвната слика испадна највисока до тогаш, претходно никогаш не ми била толку висока а сум јадел се и сешто и преку 2000 калории а таков резултат немав никогаш. Хемоглобинот ми беше 171.1 а референтна вредност за машки е 165, кај мене беше фазла, железото 22 а 25 беше макс мислам, не се сеќавам точно, го чував резултатот ама да не барам. Отидов кај матичнава да видам како е можно, калориски дефицит, јадење еднаш а крвна слика висока, ми рече тоа се зависи од храната, а јас риба најмногу јадев и јадам, особено туна, а маснотиите ми беа во ред, холесторолот исто во ред, креатининот исто океј.
    По неколку месеци пак направив слика, август беше сега, намалив со масти и протеини, помалце месо и риба, повеќе хидрати особено пченка итн. и крвната слика ми беше подолу, овај пат 153 хемоглобинот, 19 железото а креатенинот на граница, а обично се крева од месо и риба, а кај мене ко јадев повеќе месо и риба ми беше океј а сега ко намалив, на граница, па уште ми вика матичната скроз да намалам со масти и протеини, повеќе хидрати, житарки бла бла а тоа всушност прави insulin spikes и дебелее, и ај ја послушав неа и сега сум 5кг поправен, умор, замор од хидратите, дремка. Ќе правам пак крвна слика од што ме интересира исхрана како шо ми велеше таа со повеќе хидрати бла бла иако сега во август се покажа помалце за разлика од април.

    А тоа најниско бми што го имав, тогаш се чувствував најлесно, најенергично, крвна слика над референтна вредност него сега со зголемен бми и +5кг, калориски суфицит, хидрати итн.

    И со 24 бми и со 18.5 бми, телото мие исто мене, таква градба имам, по широк во рамењата, не изгубив на мускулна маса, разликата беше само што околу половината и колковите се истанчив а нагоре исто како и претходно.

    Сакам ниско бми бидејќи еве во вакви ситуации кога ќе се опуштам со храната, да имам толеранција а не да сум во граница на прекумерна тежина па да се искушувам како претходно, го имав стандардното бми од 23-24, 25 веќе е гојазност и сега ајде ќе фатат празници, прослави ова она и ќе ставиш некое кило, а јас иам спор метаболизам, шо и да јадам се лепи, и од нормала 23-24, ќе дојди НГ и Божиќ ќе преминам во 25, а вака од 18.5 до 25 има многу разлика хахах, ќе се поправиш вака како сега, ќе имам 19.6 а не од 23 па на 25 па искушителни и депримирани мисли да ми се вртат низ глава. А башка многу подобро ми беше тогаш со тој режим него ли со овај стандардниов. А и сите мислеја дека ме фатило некоја болест оти сум ослабел, сега ако се попраам ќе речат ете оздраве се врати во нормала :rofl: На факултет од колеги до асистенти, се чудат, викам кулирајте, си иам начин на исхрана и режим, они делкаат сва и свашта и се чудат, чудете се :D
     
    Последна измена: 22 октомври 2023
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.120
    Многу мотивација ми даде. Сакам да почнам до кето незнам од каде. Од опасен вежбач, после две бремености и тешки проблеми со вториот (пред 6 месеци и) стигнав до 20 кг плус. Незнам какво мени да комбинирам, дали фастинг и колку.... Се отепав читање незнам да склопам мени. Некој совет?висока сум 180 цм
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    7.117
    Пол:
    Машки
    Кето исхраната според многу а и според мене со оглед и на резултати и се, мислам дека е најдобро нешто и често се смета и за правилна исхрана а е погодна и за слабеење зошто нема insulin spikes а инсулинот е тој што дебелее и башка хормоните се насочуваст кон правилен редослед. И таа има свои негативни ефекти, кај некои креатенинот е доста висок, со ваква исхрана повеќе бубрезите се оптеретени, а кај мене па беше обратно, со масти и протеини океј ми беше креатенинот а со повеќе хидрати висок на граница. Ама затоа се препорачува и 2л дневно вода пиење, подобро тоа него ли да се има вивнување на инсулинот и дебелење преку хидратите. Башка за кето се вели дека и не мора да се гладува за да се ослабни, бидејќи телото на тие калории и другиве од хидрато не реагира исто, доволно е да биде во правилен сооднос и правилна исхрана, секако да не се претерува со многу калории, базален метаболизам е океј

    Има многу рецепти на нет. Има групи на фб Keto Recipes, гледам американците постираат секој ден. За правилни информации и поголема мотивација, на сајтот muskultura.mk има интересни работи, тие повеќе се интегрирани кон кето културата, имаат и некои кето производи продаваат како брашно, путер бла бла итн.. И на фб и на инста објавуваат доста интересни и правилни работи.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.289
    Пол:
    Женски
    И ја сакам да експериментирам и кето да пробам ама за жал го неам тој луксуз, :| ради хормонален дисбаланс и нејќам да испробувам, од инсулинот највише страв ми е, последениот пат беше доста паднат, во граници ама накај долна, и тоа при гнетење се и свашта калорично и храна полна со јаглехидрати но и под терапија сум се уште, така да не можам, а многу ме влече кето, си си мислам дека највише резултати би имала со тој режим.
    Е како еднаш само на ден, тоа ме чуди што си јадел? :| И ова баш не тие у ред.
    Мислам дека си знаеш и сам дека треба почесто да се јаде, а во помали количини, и покрај главните оброци и ужинки да имаш.
    Ако се внимава што и како се јаде и количински колку, не би се поправил, би задржил или смалил килажа, зависи што ти е целта.

    Супер што си се чувствувал одлично па и крвната слика ти била во ред, тогаш продолжи си со тој режим штом ти одговара ама поише јади, не еднаш дневно, премалку е тоа.
    А ме интересира колку калории внесуваше? Не беше ваљда под 1000? :^)

    И ај за машки е друго, за женски друго, кај нас не се препорачува под 1200 калории да сме.

    Мене умор да ме фаќа после јадење, што знам, не сум имала некој проблем, е само знам да се подујам у стомак и така тешко да ми е малце, што е нормално ако јадеш количински многу и се прејадеш.

    Сеа ко демек пазам, не се држам престрого, ограничувам количина, пробувам у калориски дефицит да сум и поспоро иде, ама битно иде. Поише ко да се зацвртив од вежбање одошто ослабев ама ај, не се брзам, ја па сакам чуда да се десат. Дремев пасивно и си гнетев со месеци, сакам одма да се стопам, е не може, треба време.

    Да си намалел скроз со масти и протеини? :^) Ете видиш колку се разбираат и тие.
    Абе умерено све треба да се внесува. И без воопшти јаглехидрати не чини, не знам ни дали има храна без јаглехидрати, се ми се чини дека у све ги има. Да се ограничи внесот но да не се исфрлаат целосно.

    Ја ко за женско океј хемоглобин и железо иам при секаква исхрана, и коа пазам и коа не, ретко коа да ми е намалено, тоа обично само при вироза некоја.
    Абе си сакаш очигледно сикс пек ти да ти се познаваат и да си со ептен низок процент на масти, за да се највидиливи нели и тонирано атлетско тело.:D

    Леле ќути, ми се темни, идат убави празници ама и сезона на дебелеење иде,:| а ја место коа беше топло да се стегнам и пазам, ја сеа почнав па затоа идиот би била голем, доколку постигнам некој посакуван резултат и да се опуштам пак и у вода да пропадне трудот.
    Ќе пробам да не сум лаком газ, не да се лишам ама не и да претерам, умерено да биде, зашо инат ме има фатено и се надевам нема да си го погазам зборот.

    Е не е 25 гојазност, прекумерна тежина ја рачунаат, гојазност т. е. обезност е веќе над 30.

    Само ти викам не секад мерило совршено е бми - то па до толку да го зимаш здраво за готово.
     
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам јас што јадам деновиве, па може ќе ти помогнам за старт.
    На гладно пешачам брзо, па јадам белки кога ќе се вратам. Кратко после тоа јадам овесни со шумско овошје, за ручек туна салата/друга риба со салата/пилешко со салата и некогаш плус ориз, за вечера протеин и една рака јаткасти. Вежбам во текот на денот зависи кога имам време.
    Во меѓувреме ако ми се грицка нешто јадам галети.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.120
    Фала ти. Што вежбаш? Јас кога можам кога не.... Галети и овес смее дека се јгх? Дали правиш автофагија? И дали може млеко?
     
  19. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Млечно не внесувам освен јогурт со овесните. Лаик сум ама знам дека мора да се внесуваат јаглехидрати само да ги контролираш. Овесни ставам 5-6 лажички, ориз 2 пати неделно и тоа е тоа. Галети исто јадам 1-2 пати неделно.
    Вежбам дома засега да видам колку ќе ме држи мотивацијата ама се мислам за теретана. Засега jumping jacks, squats, склекови, стомачни вежби различни.
    Автофагија што знам, внимавам само минимум 12 саати да имам помеѓу вечерата и доручекот.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.120
    A резултат?