Се додека индексот на телесна маса (бми) тие во нормала и не преминуваш во прекумерна тежина, нема за што да се чувствуваш депримирано и лошо. Не слабејте за изглед и фигура, слабејте за здравјето пред се, зошто тоа е побитно од се, зошто ако е човек со прекумерна тежина му требаат х4 пати повеќе на срцето да работи, изгледот се средува со текот на периодот. 67кг воопшто нее страшна килажа, е сега зависи и колку си висока, односно тоа бми индексот на телесна маса. Здрава и природнa и правилна исхрана нее исто. Шеќерната репка е природна, ама предизвилува дебелеење, и овошјето е здраво, ама дебелее ако се зема во големи количини. А кашквалот иако е калоричен ама не дебелее како овие, скоро ич. Тешко е да се врви само со здрава и правилна храна, тоа е затоа што мозокот знае дека има друга алтернатива, поубава, послатка што ќе ги задоволи мозочните барања и хормоните за среќа и затоа секогаш здравото и правилното се става во втор план, се додека не се искорени лошата навика, а за искоренување на лоши навики треба дисциплина и време. Подготви се психички а после и телесно, се е до умот како ќе го прилагодиш и во кој правец ќе го носиш. Дај си време и постави си цел, еве како погоре што се договорија до НГ да симнат по 5кг. Без цел и дисциплина нема успех. Ако не од денеска, почни од утре, отвори нова страница и почни да ги пишуваш успесите. Биди посветена и ќе симниш. Ако се чувстуваш депримирано, така уште полошо ќе тие, така го активираш хормонот за стрес и уште повеќе храна ќе ти бара телото кога е под стрес. Елиминирај ги сите негативни мисли. - Правилна исхрана - Физичка активност - 2л вода на ден - Комплетен сон и одмор од 7 до 8 часа, зошто кога спиеме најмногу и топиме калории и сало а со тоа биолошкиот систем и хормони се средуваат. Со лесно на сите!
И јас да споделам резултат џа една недела кето и автофагија 18:6 и еден ден имав 24 часа пост.Намалив 2 кг и по 3 см во обем гради колкови и 2 см струк. Сеуште осеќам глад гледам да сум до 1500 кцал бројам калории. Мака мачам со оброци што да јадам.Вежбам домаHIIT по 30 мин 5 дена неделно. Задоволна сум се на се. Бавно ама славно
Симнав бми на 23.5 Кој сака нека честита. Последниов месец само 4 кила симнав, ама оправдано, си бев на одмор, си јадев, пиев, релакс оуштено на најјако . Да не почнев теретана уште повеќе ќе симнев, ама јбг, мускул треба да се билда Новата јакна S size ми е комотна Фармерките 10ка ми се точни, 12ка ми стануваат широки, треба пак во шопинг да се пуштам
Д овесни со овошје и јогурт и л.мед У 1 протеинско барче и 1 јаболко Р 2 ќофтиња во сос и кришка црн леб. Од гревови 2 кафиња со шеќер (ама и едно без)и чаша газиран сок.
@malerozna честитам супер резултат сега одржувај килажа и уживај @DoubleK супер резултати, браво.. Гладна сум посабајле..вчера супер ден помина ама сега сум гладна ама че издржам до 10.. За денес Д јајце варено и урда малку со кришка интегрален леб У банана Р пилешко со салата (оризот за децата ) В кисело млеко со сусам
Здраво до сега послушна @andrejko82 моето мени денес, слично на твоето турско кафе јас без шеќер пијам, овесни со пола-пола млеко и вода - со банана, боровинки, кокос и малку мед. само 1 чаша вода- на ова мора да работам. Веќе сум активна скоро 8 саати а само 1 чаша вода. Си знам дека ми е лошо, ќе се трудам на ова. Еве сега ќе одам да се напијам чаша вода. Една шака и тоа не полна- апетисани. За ручек предвидено ќофте и многу зелена салата. За вечера немам појма. Мора да кажам дека одолевам вчера и денес на куп благца околу мене- се некој за нешто има да подаде и части. А утре ќе е слично. Ајмо напред згодни женски Честитки на сите за добрите резултати.
Ме заинтргира тоа што многу се фокусираш на бми што донекаде е најнебитната работа кога веќе почнуваш да вежбаш. Можеш да имаш ниско бми а да си полн со масти, односно skinny fat што во мој поглед ти е многу бескорисна работа бидејќи секој знае дека мускулот го забрзува метаболизмот. Вежбам веќе со години и од моја гледна точка кетогенската диета ти прави еден трик, не складираш вишок на вода толку колку јаглехидрати и реално би ја препорачала повеќе на луѓе што не се толку физички активни бидејќи промовира еден вид на ситос. Која и диета да ја одбереш ако ја ПРЕЈАДЕШ ќе добиеш на килажа. И многу сол, и многу шеќер и многу масно не чини , балансот е единствено решение секако доколку немате никаков здравствен проблем па ви треба да отфрлате некоја храна. Гладувањето е и до некаде корисно, и не е штетно, се доколку не отидеш во екстремност, му прави шок на телото а и реално можам да кажам дека е и идеално за одржување на килажа доколку некој го практикува 2 до 3 пати во неделата, дали како вид на интермитент фастинг или слично. Едно нешто што можете да направите пред да почнете со било каква диета е да пробате разновидност барем 2 недели, јадете се и видите која храна ве прави да се чувствувате добро која не, пример авокадото е здраво ама можеби кај некои луѓе предизвикува потешкотии при варење киселина и слично, испитувањето на алергија на некоја храна исто така би ви било од корист, и во зависност од каде живеете би ви препорачала да си го испитате нивото на масти во телото и колку одприлика калории согорува вашето тело , не на интернет туку кај доктор, за понатаму да знаете на што да се фокусирате. За оние што вежбаат тежински тренинг кардио и се со низок процент на масти, carb cycling повеќе ќе ви одговара него кето, бидејќи јаглехидратите се одговорни и за мотивацијата и за силата на твоето тело. Од мое искуство кето ме оставаше многу пати без енергија, и ја изгубив менструацијата и од низок процент на масти отидов во нула. Внимавајте како експериментирате со се, бидејќи телото знае и негативно да одговори. Инаку точно за она горе што наведе, потребна е дисциплина, хормонски баланс и спиење, но пак ќе кажам доколку некој помалце спие повеќе и јаде во најголем дел од случаевите, и затоа се случува дебелењее калориски суфицит. Вагата исто е од корист ама не и во најголем бидејќи во текот на денот исто така килажата варира, така да мој совет мерете се секое утро, и на крајот на неделата заокружувајте ја вашата килажа. И да не ја должам многу ќе завршам со тоа белиот шеќер е штетен, се е штетно доколку се прејаде и нема каде тоа да се троши и само се складира, физичката активност игра многу голема улога а многу тоа го фрлаат низ прозор, некој што денес вежба 3 саати а друг 20 минути, не е исто, и на едниот му требаат помалце шеќери помалце масти и калории.
Секогаш Алиске моја Баш сакав да те поканам ...ама па можда си витка па да не те увредам... Значи екипица се збира
терам мојот режим веке некој ден ,резултати некои многу и не очекувам пошто хормонте на тироидната ми се крш ,изместени јас отоци по раце нози прсти Ама ке си терам некое време
Вчера бев поозбилна ама ќе се оправам.Морам. Денес немав ни време ни намирници прибрано па бев повеќе на јаглехидрати но во поздрава варијанта де.(црн леб овесни колачиња...)
Денес смислувам мени за сабота/недела, имаме роденден па да средам мисли пред време.. За денес Д јајце со урда У банана Р гравче со салата В салата или кисело млеко Иначе гладна сум, ама трпам... и сега се фаќам себе си дека многу ужинки претходно сум фаќала..сега нема..две недели е маката после ќе се навикнам..
Д овесни со јогурт мед и овошје У 2 јаболка и многу кафе Р-црн леб со намаз и сирење и домат. Соленки и 1 крем банана Немам воља и сила да бидам озбилна
Јас денес бев 5 ден јадев р пилешко со салата планирам да не се мерам цел месец ке видам дали ке успеам или ке терам како предходно на недела да се мерам Инаку циклус имам моментално па и да се мерам ке се разочарам така да подобро не Незнам дали ви се пофалив оти хормоните на тироидната ми се крш и отоци имам низ цело тело дури и подочњаци имам иако сум ги немала никогаш до сеа
-2 варени јајца парче сирење парле колбас и маслинки -домашна тортиља со урда ,малку сланина и маслинки Се огрешив со мало блакце пак(домашна обланда)
Jас од пред една недела сум на нова терапија за жлезава И сега се ова шо пијам сега ке има ефект и ке се гледа после два месеци Така да и ако слабеам ке слабеам после два месеци Сега не верувам нешто да делува Може да симнам кг ама тоа ке биде отоци вода и мислам дека имам десет кила отоци на себе
нешто слабо активни не сте како порано Ден бр 7 п банана зелено јаболко и мед р мусака од модар патлиџан у средина морков кромид пропржен и одозгоре пак модар и црвен патлиџан в исто од ручекот