Слабеење до лето Како што гледам нема потреба да кажувам вие се знаете , освен како да ги симнете кгр. Знаете има разлика јас симнав 9кгр. и не ги вратив, а вие и понатаму се измачувате. Понудив најпријателски решение, но гледам сум згрешила простете. И понатаму останувам на располагање на секој кој е навистина решен да смени нешто кај себе поззз
Слабеење до лето Да знам дека магични ствари не постојат, а ние ти рековме дека сме заинтересирани да ни кажеш на што мислиш па кој сака ќе го прифати твојот совет. Не знам зошто е оваа тајност. Треба да кажам "да јас навистина заинтересирана те молам пиши" .
Слабеење до лето Нема никаква тајност , во тоа успеав со посебно направена индивидуална програма со која се израчунати моите калориски потреби во текот на денот, мојот протеински коефициент и како потребните протеините да се распоредени во оброци, предлог околу ужинките кои се доста важни во процесот на слабеење.Со еден збор ја поправив мојата мускулна маса која почна да ги топи масните наслаги.Тоа е работа на долги стази и нема јо-јо ефект. Дали ова е интересно? Ако е интересно можам да ти договорам една ваква комплетна анализа да си ја видиш твојата моментална состојба , а после останува на тебе Во целата работа по мој избор јас земав хербалајф како здрав доручек бидејки имав голем проблем со столицата и желудникот, сега е тоа ок. инаку изборот околу оброците е по сопствена одлука, се нудат неколку опции ти бираш што ти одговара Ако треба нешто тука сум чао
Слабеење до лето Ми ги правеа тие некои мерења, и го купив и јас шејкот, и можам да кажам дека уште веднаш приметив резултати, и ми се подобри столицата бидејќи и јас го имам тој проблем. Додуша не е толку дека нема да си гладна без него, да заситува но не колку нормален оброк но ок е. Е сега за мене лично многу ми е да давам секој месец по толку пари за него, а би давала доколку сум финансиски по моќна. Кога престанав да го пијам се се врати на старо, и проблемот со столицата и кг. Значи хербалајфот треба да ти стане начин на живот. Ми дадоа и програма по која треба да се придржуваш додека го користиш, така да ако можеш да следиш некоја програма ќе ослабеш секако и без него само побавно.
Слабеење до лето Луѓе како ви оди слабеењето ? Јас да се пофалам имам резултати, се вратив во нормала . Не сум се мерела но бројките на вагата не ми се толку битни, битно ми е како изгледам кога ќе се погледнам во огледало. Имам од диетата уште некој ден, па после почнувам со вежбање. Сега не сакав додека сум на диета да си ја трошам енергијата што секако ја немав доволно, но после тоа ќе треба Орбитрекот да го вратам во употреба.
Слабеење - предизвик!!! http://caloriecount.about.com/power-within-oneself-b324938 Кога некој може да успее да намали толку зошто не би можеле ние со неколку кг.плус да го постигнеме тоа што го сакаме.
Слабеење до лето Оди некако Ми се јаде цело време, ама сега почнувам 17ти ден, ослабена сум сигурно 2-3 кила, ама продолжувам !! Енергија малку губам во последно време, претходно имав повеке. Ај уште 15 дена
Слабеење до лето Каунт ми ин јас применувам режим од вита диет... одев порано, а сега само ги повторувам старите ливчиња... јадам овошје до ручек, пијам многу вода, за ручек никако мешање на јаглехидрати и протеини... со многу, многу салата.... за вечера, ако сте ептен гладни... супа и салата... повремено си дозволувам по еден бејк ролс, или житарици со млеко... ама гледам да го сведам тоа на миниимум.... многу мои другарки и соученички почнаа, као со мене, заедно до матура( до лето ).... после 5 дена беа паднатите борци со по еден хамбургер во рака п.с. веќе почнува да ми се ЈАДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ и тоа многууууу многу многу.... и ме фаќаат живци.... ама досега сум ослабена околу 5-6кг, ( за еден месец и пол ) па некако се буткам.... ех лелее.... п.п.с. планирам и да го вртам орбитрекот барем 3 пати неделно по 30 мин....
Слабеење до лето Kolku poveke mislam na drzenje dieti ,poveke mi se jadi ! [mod-kirilica:3juprozs][/mod-kirilica:3juprozs]
Слабеење до лето Еден совет од мене за сите диетодржачки ...кога ептен неможете да издржите, не земајте друго, изгрицкајте едно пакетче од 5 ден. соленки вики....ништо нема да ви поремети....верувајте, а заситува горе доле...ич не му се мислете, ова ми го кажа доктор нутриционист од државна, и на малите дечиња кои се со инфекции и на диети, во болниците надвор од пропишаната исхрана само ова им се препорачува...јас секогаш си имам, за навечер, за зорт заман...иако нели не држам диета, ама внимавам...........
Слабеење - предизвик!!! јас до крај на март сакам еве бар 5 кила.....а кажете ми дали смеам насабајле да јадам млеко и житарици ( нормално од оние интегралните без шекери).....за да не купувам во школо сендвичи и такви работи ова од сабајле....а отфрлив веке леб освен некогаш црн кога ептен ме фака криза за сендвич или со манџи , па незнам што друго освен млеко и житарици на сабајле
Слабеење - предизвик!!! Jas imam sega 61kg. a imam 13 godini mislam deka e mnogu za moite godini .. pa bi sakala da probam so nekoja dieta zada naprvam 52kg.pomognete mi sto da jadam . . ? zada stignam do taa posakana pezina
Слабеење - предизвик!!! Девојче немој толку да се оптеретуваш, ти се уште се развиваш сега, јас те советувам да не се изложуваш на строги диети, многу си млада и не ти е регулиран ни циклус ни ништо се уште, а со диетите можеш се да си пореметиш...Настојувај да јадеш што е можно повеќе овошје и зеленчук и преостанатата здрава храна како житарици, соја, домашно приготвена храна итн, избегнувај брза храна, не мора да се откажеш ама поретко практикувај и што е најважно биди физички активна најмногу што можеш. Ова би ти го кажал секој, со повеќе труд за вежбање а со помалку одрекување од храна ќе ја постигнеш посакуваната тежина, а верувај во твоите години на твојот организам му се потребни сите хранливи материи.
Слабеење до лето Porano bev super,mozebi i preterano slaba.Tezev 47 kg. No koga napolniv 18 god se mi se poremeti. Od 48 kg sega sum 57 i imam celulit nasekade,strii,stomakot mi e kako na bremena zena.Ponekogas se kaam sto sum tolkava,a porano bev super.Nikako da pocnam da vezbam,samo jadam.Sakam da oslabam 7 kg.
Слабеење до лето И јас си ветив да ослабам,само што си дадов некој месец плус,т.е.додека не тргнам на факултет едно прашање,можеби малку оф:дали палентата помага при диети?Или баш спротивно,ќе те здебели?
Слабеење до лето И јас сакам да си се вратам на тоа што бев пред 2 години.Едно 5кг да ослабам,но проблемот е што неможам да држам диети (ги мразам) па сакам кога ке се затопли да почнам да пешачам и ролери да возам на кеј.Се надевам дека до лето ќе има некаков резултат
Слабеење до лето И јас сакам да се спремам уште од сега за лето. Претходното така згрешив,се во последен момент,ослабев 7 кила но,со огромно мачење!! Постепено,без да го измачувам телото ќе си почнам со вежби од Cindy Crawford што ги имам симнато - Next Challenge (1993) - Shape your body workout (1992) ќе го активирам Орбитрејкот секој ден и мислам дека ќе немам проблеми овој пат. Имам волја и мотив.Сакам да си се восхитувам на телото за некое време. Не ми треба мене многу али не сум како што треба.Не сум затегната. И да не заборавам да кажам обавезно стомачни,секое сабајле и секоја вечер.. Aх.. сликава
Слабеење до лето Ема, ах, кај ја најде сликава! Е ова ти се вика мотивација - нејќум да сум тенка као манекенка, сакам да јадам бурек и плескавици и да се затегнам ко цурава над мене! Така да можеби вистинската цел би гласела не толку слабеење колку затегање на телото. Сепак, нема поубаво нешто од спортско, стегнато тело. Сакам бре да кршам оревчиња со газов Плус ин хелоу бади, хелоу спирит, движењето е општо убаво и здраво А да, предлогот на Енца е добар, исто така, јас секогаш си имам дома семки, сончоглед, леблебија, и кога ќе ме фати криза ноќно време кога не сакам да си го оптеретувам стомакот со тешки јадења - си грицкам нешто вакво.
Слабеење до лето Јас почнав и дома да правам стомачни пред легнување, мора да имам ептен цврст стомак до лето Ма кога ќе видам некоја ваква слика си викам какво јадење бе, ова задоволство е дупло поголемо Spoiler
Слабеење до лето Карина,помал предизвик,поголемо задоволство,поголем успех,помало разочарување.Јас имаВ у план да правам коцки,НО за нив,бара 3 месечно навикнување на телото да функционира со претерано малку храна,затоа што во суштина сите ние ги имаме,но се под слој од масти кои не се лоши и не прават мафин меше,туку ете така си ги има,а треба и тие да се кркнат,освен она вишокот сало.Бараат посветеност,многу работа и правилна исхрана (правилна,не здрава,правилна во смисла правилна за правење стомачни). Така што,моја препорака,тргнете од малку,ќе добиете многу,кога ќе го добиете тоа,поставете нова цел.Затоа секое слабеење или затенување,треба да има свој официјален почеток,здраво задржување на правилата и официјален крај,кој нема да биде навистина крај,туку завршеток на етапа и почеток на нова во која се поставуваат нови правила на игра и нова цел со одреден период на траење.Само така ќе ја задржите мотивираноста и желбата за слабеење. Јас за себе зборам.Во прво време,реков опасна рестрикција,ама во тој период имав многу слободно време во кое мојата нервоза,криза за јадење,зашеметеност ја средував со спиење.Втората етапа,беше внес на мааалку повеќе храна,вежбањето стана поинтензивно и третата етапа се насочив кон топење на целулитот ( е тука,успеав,ама се врати,така што не се разочарувајте,маме му негово,вечен е ко времето и промените!!!),се потоа беше придржување кон правила за исхрана и инсистирање да станат навики,но воопшто не е тешко затоа што вие веќе претходно сте се навикнале,а за да се навикнеш или одвикнеш на нешто не знам дали знаете,потребни се од 21 до 27 дена.Не сум светица,има отстапки,но затоа си следат рестрикции од ден два потоа. Моите коцки ме чинеа 5 гб интернет! Ајде секој со свој план тука и кризи и све,тука да пишувате,да ви маваме чврги ако потфрлите,лапнете благце,фастфудче и така натака! Сериозна сум...