Репорт од вчера. Појадок - две праски и јогуртче. Ручек - две варени јајца, два патлиџана и сиренце. Не вечерам, затоа што појадоков ми е всушност кај 12-13ч, а ручекот кај 19ч. Денес предвреме ви кажувам да не се надевате на мене, одам на пивофест после и ќе падне многу пиво и малку скара.
Дузи заслужи да се почастиш. Девојки мило ми е што сте ослабнале. Кај мене се е убаво, теретана и протеини повеќе јадам и ТОП
Деновиве ми се исти.Доручек овошје,ручек салата,шопска или таратур. Од средата симнав 4 кила.Вчера ми се сврте па мусли додадов и супер е сеа. Вежбам на орбитрек заедно со Тhe vampire diaries.
Woa Еми честитам! Брзо си симнала. Btw. денеска имав тн. cheat~day.... Не е моја вината, бевме на износ па имаше многу благи работи Од утре продолжувам.
Ај и јас да се вратам на темава.Бев на одмор, па правев малце пауза од слабеењево.Од средата си почнав програма за вежбање-1 саат или саат и пол, пет пати неделно, мешани вежби.На пр.пола саат правам стомачни, пола саат вежбам на точакот, пола саат зумбам, итн...Супер се осеќам после вежбањето, а немам забрана за ниеден продукт, па си јадам и благо, нормално по малце...После месец дена би требало да има некои резултати
Здраво како сте? Ајде дојдов и јас на рапорт за деновиве Прво, Кристи во воден ден можеш и чај и кафе незасладени. Јас деновиве од сабајле јадам кроасан, еднаш јадев парче торта што ми ја донесоа оти не бех на роденден, ручам што најдам дома, туна, месо, компири, прсти, макарони, виршли, јајца и слично со кришка или без леб. Вечерам пуканки нескафе и чаша леден чај претежно ... еднаш вечерав кисело млеко еднаш житарици и така. Еден ден слобода си дадов јадев кога стигнав и се што стигнав, ама тешка депресија ме мавна Али наредниот ден зобав јајца и лубеница скоро цел ден. Се на се убаво се осеќам, и сега дечко ми ми рече, мориии си ослабела таков запрепастен А јас така си трепкав со очињата и го дриблав дека сега е подебел од мене а уште малку, месец два (не е баш малку де ама нема врска) ќе може да ме крева како партал Богами одамна тоа не сум го доживеала. Не му дозволувам, не дека не може ама пуст страв да не се срушиме двајцата буци буци како што сме и ете ... Јас сум среќна. Цветам од радости
и јас ќе започнам бар едно 5kg да отстранам,само незнам од кога,бидејќи летото и не ми е баш омилено за да ослабам
Ја меркам темава долго време ама денес собрав сила да ви се придружам Ми требат едно 4-5 килца да ослабам а летово дури 1 симнав И зато решив да ви се придрушам па можи со вашата морална подршка ке симнам уште некое Иначе физички сум доста активна еве веќе направив 1 месец од кога почнав да трчам и стомачни секој ден но деновиве ке треба да одморам од трчањево оти ноџето си го повредив и не можам многу да се движам Иначе храната си ја имам драстично намалена јадам само мусли,јогурт,љубеница и такви ми те тие работи и секако и јас си имам некој грешни денови кога душичето не можи да одолеј од нешто Е така феминки ке се дружиме во ова тема а искрено се надевам дека на крајот од летото ке ги имаме симнато непосакуваните килца и заслушено ке си јадиме тората
да се пофалам дека ослабнав 4 кила и тоа без некоја диета само помалце јадам,ама сепак тука е мешето :/
И јас решив да ви се приклучам..Имам вишок некаде околу 5 килограми и сакам да ги симнам. Вчера за доручек јадев овошна салата од кајсии, праски и банана ; за ручек пилешко и ориз ; за вечера варен башак и кисело млеко. Денес во 8 часот јадев млеко и житарици, во 12 овошна салата исто како вчера ; во 5 јадев летна манџа и едно парче сирење.За вечера ако почувствувам глад ќе јадам кисело млеко и од тие соленките стапчиња. Исто така вежбам зумба по половина час, правам 100 склекови, ги вежбам вежбите на Ким Кардашијан, џогирам одприлика околу 40 мин и сега ќе возам ролери.Така секој ден. За 2 недели одприлика колку би требало да ослабнам ?
Го издржав мојот прв воден ден.И многу сум хепи.Немав некој потешкотии,единствено кога мораше на татко ми да му направам јадење опдвај се воздржував да не каснам.али успеав и продолжив со шишето вода во рака....Се чуствувам убаво,сега уште малце ке си леганам и така.
Еве ме накратко мене да дадам изјава мислев дека ке се здебелам во Македонија но всушност ослабнев уште 5 кг,имам преголема физичка активност и за храна-знам кога ми е доста,се на се од средината на април до сега ослабнев 12 кг сега имам 77 кг- но одам напред сигурно но полека
оваа диета ја држав околу нова година и ослабев околу 6-7кг од 59 до 53 стигнав и многу ми се забележуваше, ама после тоа од се по4нав да јадам и дојдов дури до 62 па сега сум 58 и сега ми е џабе што бев толку упорна. и сега се трудам да не јадам благо и да ја држам диетата, но никако не ми успева а за целулитот да не зборам.. дупло повеке имам сега. Единствен спас е да ја држам цел живот инаку ништо
Денеска беше навистина тежок ден.Како резултат на вчерашниот воден ден денеска на работа ми се слоши,ми се чинеше ке се онесвестам.Потоа дома кога појдов каснав две три тиквички колку да си ја вратам силата и да го почекам ручекот.За ручек правев мазник,и каснав две парчина по мали.Потоа имав гости и каснав две тортини од Винчини што се.Вежбав како и секоја ден и така.Но среќна сум што ги добивам првите коментари дека сум ослабела и тоа бајги.Денеска ми рекоја луѓе што не ги гледам многу често и од кој не очекував дека ке ми речат
Јас вчера, денес и утре ќе одморам од теретана. Не дека ми е тешко, ми недостасува но другарите со кои одам имаат (тешки) проблеми. Што се однесува за јадење, внимавам на калориите но си јадам се.