Д урда со јајца и кришка ржан леб. Р свинско со зеленчук У парче пита со јаболка В грицкам пуканки да не и појдам на питата да ја дојадам
Ден 164 Појадокот го преспав Ручек јајца со котиџ сирење Вечера линдор чоколадо Голема грешка, ама гледам подкаст и се заборавив 650 калории за 2 минутки
Добро утро Ништо не пишав викендов ама и што да пишам.. Саботата по правила,неделата тотална утка. Ајде денеска понеделнички ќе бидам поозбилна
Ајмо сите понеделнички на рапорт. Ден 165 Појадок чиа семе со протеин Ручек варени јајца Вечера варени јајца Мора чоколадото од синоќа да си го одгладувам денес. БМИ 23.3 Сум го симнуела за 10 единици 26 и кусур килца намалени
Ааа не. Јас понеделнички не се мерам никако. Таман работа, после јадењето и пиењето за викенд . Во среда ќе си пишам . @malerozna
П: капучино, малку овес со какако и малини Р: чиа оброк, капучино В: сендвич со пилешко. Требаше да е врап, ама снемало тортиљи Ми опаѓа ентузијазмот жени. Ајде дајте нешто мотивација…
не се мерев денес со завршени 3 недели осеќам ке се демотивирам и ке застанам вака арно си терам ден бр 22 п 0 р Пилешко месо со зелка салата в исто од ручекот
Лелелелелелеле кој успех @Ariel еве мотивација ама ај бар на пола од ова да е... Јас се држам, почнав некако да гладувам повеќе, почнувам со доручек во 11 за последен оброк ми е во 18...се мислам за 24 часа фастинг па ќе видам уште го студирам овој тип на режим... За денес Д јајце варено и малку ајвар У јаболка Р и В ќе бидат прасечко печење на слава од сега го мислам..
Ден 166 Појадок две црни кафиња Ручек зелка со сланина Вечера старбакс кафенце Не можев да му одолеам. Се почесто се огрешувам значи. Никако да се вратам строго на диетата. Ама ќе морам Да исушам коса и излегувам на шетање Мора барем 10 000 чекори да направам
Ден 14. П: капучино Р: овесни со јогурт и малини В: компир манџа и зелка салата Утре мерење Се плашам, ама ќе стегнам заби . Spoiler: Да се насмееме малку
си каснав уште една чинија зелка Супер промена од вообичаеното месо кое го ждерам секојдневно Нешто сте тивки. Удрив доза вежбање, склекови правев Нема прошетка, ме мрзи Изговори, изговори, изговори...
Два дена сум: Д кафе (со малу млеко и пола лајче шеќер) Р овес со јогурт и овошје В на слава од се по малку(без газирано без кифлички и само со 1 блакце) Џабе и да се мерам осеќам немам мрднато Ќе мора многу построго а слабо сила и мотивација
Втора недела -0.5 кг. Вкупно за две недели -2.7 кг. Секогаш втората недела ми е најтешка. Тогаш ми опаѓа ентузијазмот, почнувам да релативизирам, да се убедувам дека не е ништо ако каснам едно колаче. Едно може стварно да не е, ама едно по едно, се собира . Вчера не издржав, изедов една палачинка вечерта, откако веќе пишав што сим јадела. Среќа преку ден не јадев многу, па некако ок беше, ама не е убаво што се настрвев и не издржав. Не треба така, мора повеќе самоконтрола. Оваа недела е многу важна, ако се издржи, ќе терам понатаму без проблем.
Поминаа деновите кога гледав помалку килограми на вагата. Гладувај, гладувај, вагата варира секој ден. Исто кг од претходната среда. Појадок сендвич со шунка и кашкавал Плус ладно старбакс лате со шеќер Пак зарадив грешки секој ден. Ама ми треба малку одмор. Ајде од петок турбо диета Денес ќе сум грешница
Ден бр 24 П банана Р зелка манџа со месо свинско В пола од ручекот ако сум гладна Вчера не пишав оти ја утнав Вечерав паштета леб и сирење
Извинете што ќе се замешам, на која диета сте? Може сте пишале ама барам назад на страниците ништо неможам да најдам
Кој каква сака . Повеќето не следиме некоја конкретна диета, туку се водиме по сопствено убедување или насоки од нутриционист, а тука сме за поддршка и давање отчет за тоа што сме изеле . Затоа тука има само оброци и резултати, за најпознатите диети дискусиите се во соодветните теми.
Се мерив и ужаас. Пола кг плус сум од викендот и тоа. Не се откажувам . Но морам скроз да исфрлам бело тесто и шеќер а и пијалок секаков. И да фатам ред на неколку помали оброци во ден.
П: капучино Р: овесни, какао, малини В: грашок манџа, цвекло Само да издржам да не каснам уште нешто до вечер .