Обавезно . Јас мислам дека би се откажала од пиење, само да не вежбам . Ама е калоричен алкохолот, не е фер .
Пак зезнав, пак еве почнувам Ќе комбинирам оброци од неколку програми, а понатака (ако издржам и сега де), ќе си ги држам како што треба целосно програмите Мене уствари секое стартување да ме простите маж ми ми го заебува Де во кафана, де ај да напраиме пица дома, па и малава ќе ја набоцка, ма шо ќе ти е диета, нас убава си ни и така ја само јадам и стојам уште со 20кг вишок, баш му фала - оризови галети со путер од кикирики и банана - мандарини - ќе напраам пилешко и ориз тавче
Ден 168 Вчера ептен грешница бев, денес цел ден ми е лошо Толку веќе грешење, осеќам дека стомакот ми е ептен издуван, јадев леб а не треба да јадам. Плус и ориз јадев и пиво пиев Појадок зелка со сланина Ручек свинско со зеленчуци Вечера пола од ручекот или исто толку, ќе видиме
Ден 15. Пола месец, а имам чувство како да е пола живот . П: капучино, овесни, какао, калинка Р: печени костени, капучино У: чај со мед В: спанаќ со ориз, павлака и цвекло Медот во чајот ми е вишок, ама ликсур, видов, па да не ми стане нешто ако не пробам . Добро, можев и едно капучино да испијам. Ама можев и три .
Ден 16. П: капучино, овесни, какао, малини Р: капучино, овесни, какао, малини (го поделив доручекот на два дела) В: гиро, маргарита, аперол Викенд, што да се прави… Денес може и кафана да падне, ама ќе пишам до после…
Луѓе здраво еве ме пак мене со многу борби и јас почнав диета 16/8 8 часа јадам 16не и од 93 дојдов на 85 но вчера вечерта коа си дојде мм од втора смена имавме повод за славење годишнина ни е и јас синока со него јадев благце еве денес пак ај демек да се почастиме јадев чоколадо и сега имам грижа на совест се нервирам незнам па решив да ви кажам можеби малку ке ми олесни но од утре пак без благо пак јово на ново ама многу се нервирам вела ноќ не спиев плус и бебко како да осеќаше па и тој беше ноќта нервозен инаку пд пораѓај до сега имам 28кг минус но ми фалат уште 10тина 12кг до велта планирам до март да ги сумнам тие 10,12,15кг зависи како ке се одвиваат работите и моите кризи незнам што мислите ке успеам ли мн се нервирам зошто јадев благо не да е една коцка или туку буквално 3 ипол реда чоколадо изедов сабајле офф
Ништо страшно де. И јас со месеци бев на строга диета, една вечер со брзина на светлината изедов ЦЕЛА линдт чоколада, па ништо. Наредните два три дена јадев само јајца, месо и салата и килажата си стои. Искрено, од време на време ок е човек да се почести. Ден два е ок, гледај од утре да се вратиш во нормала, оти шеќерот ствара голема зависност.
Ден 17. П: солено стапче и капучино Р: сендвич со сирење и зеленчук В: риба, таратор и два саати подоцна - капучино Сендвичот ми беше вишок, ама како што знае да се случи, ручекот каснеше, а јас мртва гладна. Ама добар беше, упм. Исто и соленото стапче. Секоја сабота поминувам од таму, два пати ги прескокнав солените стапчиња, ама денес бев со план да земам. Па ми се погоди и тазе извадено од фурна. Сон . Со колку љубов пишувам за храна, не е на арно .
Ден 169 Ручек телешки стек Вечера телешки стек Ден 170 Појадок супа со зелка Ручек свинско со зеленчуци, конечно го изедов Вечера ќе видам, се надевам ништо Две недели без теретана. Стапот кај е? @Espadrila да се пријави на рецепција, какво е ова ескивирање
Здраво друштво, примате уште еден член? Јас сум на УН диета 9ти ден, таму пишувам ама не е многу активна темава па да не испадне дека сама си пишувам, решив тука да ви се придружам. И секако, кога сме повеќе е поголема мотивацијата 9/90 Д: банана Р: пржени јајца со пиперки и маслинки, кришка интегрален леб, салата В: варени ќе ги направам за вечера со оцет, бибер, малку масло и салата Сега за сега приметувам во стомакот само дека ми е намален, друго не сум приметила, најверојатно е уште рано. Важно се држам строго кон правилата на диетата, па ајде ќе видеме што ќе биди.
ден бр 27 вчера п кафе р полнети пиперки со киноа и урда и благооо денес ден бр 28 п кафе р мусака в исто вчера јадев благо ем ми е лошо на стомакот ем на психата во исчекување на циклус ршум направив не верувам да имам симнато ништо од страна на кг ама ако не пишам тука осекам дека скроз ке забегам па боље ишта него ништа
Ден 170 Појадок суши и старбакс кафе Ручек зелка манџа Вечера свинско со зеленчуци 27 кила намалени Не ми се чека понеделник за мерење. Сигурно утре ќе сум кило плус
Ден 18. П: капучино, сендвич со сирење и патлиџан Р: свинско со праз и сува пиперка, зелка салата В: капучино, чај, мандарина Задоволна сум од денот, ама знам дека резултати нема да има. Метаболизмот не ми е како што треба од железото што го пијам. Ќе пробам да регулирам со овошје и магнезиум, се надевам дека ќе се среди. Ај што не слабеам, па и подуеноста нервоза ми прави.
Каква грешка во кораци, значи за стап сум. Јадев лиснато со нутеличка најомилена највкусна . Бев во теретана, 120 склека направив, со тегови вежбав, ама не верувам дека ја поправив грешката. Мора фластер на уста Арно си реков утре кило плус Аааама тоа ееее. Жив се човек на се навикне па и јас на огрешување се навикнав последниве недели. Многу тешко симнувам сега, ми иде да се откажам и да се најадам КФЦ со помфрит, плус милкшејк, плус чоколадо Дрим он малеру, од утре само варени јајца за тебе Сори дечки, морав сама да си се скарам, ми ја нема @Espadrila Девојче не се криј, пиши збор два на темава "гладување "
@malerozna Ескиварање ептен. Не бев добра цела недела, може и повеќе. И уште не ми е добро. Нити диета гледам, нити се придржавам, чак шо мислам дека и на горе идам. А додуша...по некое правило нели треба ако сум болна- да немам апетит??? Знам оти сум посебна категорија, еве уште еднаш си докажав . Ништо, ваљда ќе можам од денес- утре да влезам во строј. Па не ќе бидам јас најдебела на декемвриските собиранки
Викендов крш со храна и алкохол Лаком газ се вика тоа Не се ни измерив сабајлево оти и заборавив со децава, а веќе имам испиено литро вода, кафе и моментално чај пијам, џабе да и се качам на вагана Не знам зошто продолжувам да ескивирам со диетиве, а викендов, саботата ќе се расплачев дека ништо не ме собираше за в кафана а повеќе се исплаќа да ослабам него да го менувам цел гардеробер за денес; - овесни со банана и путер од кикирики - јајца или стек - ужинка мандарина, јаболко, што дојде при рака дали ќе се види веќе 8мица на вагана, сигурно ќе сум помотивирана
Синоќа колку ми било тешко не знаете, ама издржав храбро да не каснам ништо На свекрвата роденден, направила една торта ама така убаво и вкусно изгледаше, лиги ми течеа, ама издржав не каснав и ќе оставам 2 парченца за утрееее! Љубител сум на торти премногу, така да може да замислете колку само едвај чекам утре 10/90 Д: 2-3 мали мандаринки и кафенце Р: ориз со печурки и морков, кришка интегрален леб и салата В: пола од оривчето со салата
@QweenSM јас ја држев таа диета пред 2 години и нешто и стварно е многу ефективна и покрај што некои ја хејтаат, и се слабее доста од нејзе. Не се ни придржував 100% праев грешки, а ослабев 22 килограми, добро и физичка активност почнав месец дена пред да стартувам со диетата и сигурно и тоа влијаеше. Не се тешки овошните денови, дали дека ја држев преку лето па од топлото не ми се ни јадеше, не знам ама добро терав. Водени денови не држев. И што знам, еве мене лично добро ми одговараше, немав проблеми никакви, баш топ се осеќав, крвна слика исто супер, иако со хормони имав проблеми, сепак ништо не се пореметни дополнително, напротив. А и килограмите бар мене не ми се вратија одма од кога ја прекинав. Дури оваа година приметив дека иам вратено 6 или 7 кг зависи кога и како се мерам ама со опуштање максимално од кога ја прекинав, што не ми беше во ред ич. И сеа се мислев изминатиов период дали пак да ја почнам ама некако не ми идеше овојпат, па одлучив да не држам диета туку да поднамалам на калории и да ограничам калорична храна плус вежбање, па за сеа ко да има резултати, ќе видиме понатака како ќе е. Со лесно нека ти е, и да не се откажуваш, биди си упорна, трудот ќе се исплати секако.
@Mrs. right фала миличка, со лесно и на тебе и на сите дами кои сакаат да ослабат! И јас ја држев лани и многу ослабнав од диетава, не правев грешки. Бев упорна и ослабнав. Ама ете се омажив и пак си ги вратив, мое непазење е тоа. Лапни ова, лапни она и заминаа килограмите. Јас разгледував и други диети ама некако не ми фаќаа око, другарка е по шема на Ана Стојанова и навистина е премногу ослабена ама некако ни тоа не ми фати око. Ми го прати цел план на исхрана на меил ама сепак се решив на УН. Да ти кажам првиот овошен ми беше многу тешко, дека научена на повеќе храна а сега цел ден само на овошки и неколку јатки, стомакот се бунеше ама издржав да не каснам ништо, и еве 10 дена немам никаква грешка, се надевам така и ќе остане. Само еве ако ти и другите членки се разбирате повеќе во врска слабеење, може да ми кажете зошто физички уште неможам многу разлика да видам освен во стомакот што ми е намален и ја нема подуеноста? Не правам грешки, се држам кон правилата на диетата, а сепак уште никој ми нема речено ослабена си? Рано е уште претпоставувам? Нестрплива сум, знам Кои вежби ги правиш ти мила и како ја имаш мотивацијата за вежби? Еве јас неколку пати пробав као дома да правам вежби пуштено со јутуб да гледам и џабе, 2-3 дена и ќе се откажам, за вежби ама ич немам мотивација.