Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    Значи кај тебе прво стомакот се топи, шубаво. Кај мене обратно е, нозете, долниот дел поточно, нагоре и стомакот последени се, а најтешко се топи стомакот.
    Таква ти е градбата. Одлично што немаш подуеност.

    И полека, сеа си почнала, не планираш ваљда за една недела или колку и да држиш да се стопиш.
    Што поспоро тоа подобро. Ако одма и нагло ги намалиш, знаеш дека уште побрзо би ги вратила, затоа уживај.
    Не се замарај само тоа ќе ти кажам, и со вагата не се оптеретувај, глеј се на огледало, мери обем, најдобар показател ти е огледалото. И кога тогаш, ќе почнат и другите да приметуваат ама тоа најмалце битно е, ти глеј сама да си се свиѓаш и да си задоволна.
    Резултати мора да има штом се придржуваш.
    Па првпат у живот онака баш да иам физичка активност редовна беше у 2021 год. пролетта, мај месец мислам беше негде. И ја ко почетник шо појма нема од ништо нормално и без кондиција и сила, почнав со оние апликациите шо се за вежбање на Play store, разни имаш таму, неколку сменив, ќе извежбав една па друга и така. Прво почнав со 10 или 12 мин на ден, премалку ама толку можев шо да праам. :|

    Потоа почнав и една апликација која имаше и склекови, се заинатив дека мора машките склекови да ги совладам па шо сака нека е и бидна ете, коа ја можев, секој ќе може.:D Ама нормално како набивав сила и кондиција више преслаби станаа тие вежби (не склековите, тие секад се тешки:D) и ти здосадува па решив после Клои да ја почнам, има доста програми.
    И ги извежбав не сите ама голем дел, до крај. https://chloeting.com/.

    Мотивација искрено не знам од кај имав, и ја се чудев, абе тренинг не сакав да пропуштам, се знаеше тоа, се подразбира, ќе се извежба и точка. Исто ко шо имав потреба да јадам, пијам, спијам и за ова така, ми годеше ептен. И си викам будала колку сум била шо порано не сум почнала, избегавав многу вежбање порано.

    И Клои после долго време ми здосади па се префрлив на Хедер после месеци и месеци вежбање со Клои.
    https://heatherrobertson.com/. Ама ова не траеше долго, почни па застани, си имав некои проблеми и нервози после мрза ме фати, и баталив вежбање долго време. Знаеш она, се накануваш денес, утре и никако не моеш да се вратиш на старите навики, не знам шо ми беше.:^)
    Фала Богу помина тој период и пак се вратив од кај шо застанав и еве да не се подречам, повторно си практикувам редовно, зависи, некад 3-4 пати неделно, некад и 5 ама битно се вежба. А и правам еве веќе може има месец дена, стомачни, оние класичните, после вежбањево и нив, почнав со 100, сеа 150, до 200 планирам, доста се.:lol:
    Ептен разлика има кај стомачните ама меше сепак има уште, :|нема да ми рамен, го знам тоа, па ќе си се прифатам таква. Смрт ми се кардио вежбите, не можам да ги смислам и не можам, тоа е.
    А да ги праам, сигурно поголем ефект би имало околу топењето.

    Ако немаш ич мотивација за вежбање сама дома, теретана или не знам вежбање у група дали у сала, дали онлајн? Сеа бар има такви опции милион. Ја се навикнав дома, не ми е проблем.

    Инаку секако би ослабела и без вежби ако стварно си дисциплинирана со исхраната но подобро е да имаш некаква физичка активност, еве не мора ваков тип вежби, нека биде и пешачење, ефективно е и тоа и помага.
    Преку фитнес и тотал боди се вежбаат разни мускулни групи па се зацврстуваш и оформуваш најубаво така ама ако ти е за слабеење само, би ослабела и без тоа.
     
    Последна измена: 27 ноември 2023
    На andrejko82, QweenSM и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  2. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Најзафркната реченица и уништувач на мотивацијата на оние со вишок телесна тежина кои немат доволно цврста воља конечно да се решат да почнат со физичка активност е изговорот: ќе почнам од ппонеделник, а понеделникот гледаш седат на некој тепих во домашна комфор зона , а околу нив ќеси со чипсови, трослојни намзаи за пуканки, кофи со сладоледи и еурокрем ко за увертира.а за main course не сакам ни да замислувам..битно show must go on со други екстра-калорични и ненутритивни оброци:) затоа треба појаки и различни мотивациски примери за успешно завршен процес на спуштање на тежината и разно-разни начини кој како се справил со тоа за да има појако полезно влијание врз сите што се уште се нерешителни за слабеењево зошто на крајот на краиштата, работите не можат да станат полоши..само ќе се подобруваат...не е битно каков е методот за да ослабиме се додека не ни го нарушува физичкото и ментално здравје, ако се работи за иста цел....како викаат: во здраво тело-здрав дух
     
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    77.507
    Пол:
    Женски
    Ден 171 :$
    Сабајлево само 300 грама потешка од вчера, добро е :wasntme:
    До католички Божиќ не планирам да грешам 8)
    Последниве 30 дена (со неколку грешки) 3 кила сум намалила. А сум на 2 кила од целта. Додуша јас би сакала салото да го конвертирам во мускул, не ми е гајле колку би тежела на вагата, па макар била и 90 кила мускули :emo:.

    БМИ сабајлево, 23.07 ми покажува :l:
    Во последните 3 месеци
    10цм намалени на стомак, 8цм на нозе, 10цм на колкови , БМИ над 3 единици намалено, а вагата само 9кг помалку :^)
    Ајде да видиме дали за овие 30 дена ќе симнам уште 2 килца :inlove:
    Се побавно и побавно иде (facepalm)

    За денес сум на план
    Појадок пржени јајца и кашкавал
    Ручек свинско со зеленчуци :worried:
    Вечера пилешко со салата ;(
     
    На penelope10, simoncelicius, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    @QweenSM и јас Клои би ти ја препорачала, ок е и за почетници.. не ти треба ни којзнае каква опрема за нејзините вежби, и страната е баш океј, можеш да си ги штиклираш вежбите за деновите и да знаеш до кај си како си..
    Инаку ако си само 10 дена на диета не можат да те приметат од страна, не се демотивирај заради тоа, после месец ќе се приметува разлика.
    Исто така, кој дел прв слабее зависи од градба од се, јас прво во лице слабеам пример, после стомак, бутови на крај :D
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.003
    Допаѓања:
    33.809
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right @Vanilla15 дами фала ви премногу за одговорите и одвоеното време за да ми објаснете :inlove:

    Ќе гледам да пробам некоја вежба со Клои, ама ако не успеам тоа ќе пробам со пешачење. Минатиот пат вежби никакви не правев, се придржував само на УН и многу ослабев.
    А стварно сакам повеќе да се движам, не дека дома сум седната, цело време нешто сум во покрет и работам, ама верувам дека не е исто.

    Ајде со Господ напред , немам намера да се откажам. (fingers)
    Се надевам за 1 месец ќе ви кажам дека и на друго место сум ослабела освен во стомак :)

    Со лесно да ни е на сите , ве гушкам :hug:
     
    На Mrs. right, Vanilla15 и sani99 им се допаѓа ова.
  6. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    Која апликација е ова? :)
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    272.548
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас.
    Грешам по малку ама се трудам да не е отповеќе...
    Многу славја собиранки кафани периодов.Максимум што можам се воздржувам.
    Не сум ослабена сигурно но полесно ми е во стомаков посплакнато некако се чувствувам.
    Д кафе со млеко и пола лажичка шеќер
    Р некој мал тост или сендвич со тонус јадам.
    В некоја манџа или месо со салата
    Ова ми е воглавном периодов менито.
     
    На andrejko82, Vanilla15, QweenSM и 2 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    77.507
    Пол:
    Женски
    Samsung health апликацијата, ама имам галакси часовник, и на него ми го покажува истото срце.
     
    На zemzela91 и Ariel им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Ден 20.

    П: две капучина

    Р: чоколаден чиа пудинг со путер од кикирики. Може е многу калорично, ама упм вкусно :D.

    В: зелка манџа со ребро, едно чоколадно бонбонче

    Чоколадното бонбонче беше вишок, ама не е страшно, задоволна сум.
     
    Последна измена: 27 ноември 2023
    На andrejko82, Vanilla15, QweenSM и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    девојки, да ве прашам ако некоја од вас ја држела УН диетава, сте успеале да го постигнете максимумот на ослабени кила колку што се предвидени ако строго и без ич кривини фаќање се придржувате до менито? плус ветуваа и дека ако си ја издржел без забушавања морало задолжително да дојде до промена на цел метаболизам..епа јас уште пред 5-6 години ја издржав до максимум без ич искушенија и на крај ни метаболизам ми се смени ни бутур...и разочарување на велико...
     
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Вчера се огрешив со крекери, демек интегрални де, 250 калории секако си ги лапнав, интегрални не интегрални, тие се :D

    за денес;
    - овес и чиа
    - јогурт и палента (ама појачана :rofl: , да ме држи) , ставам и јајце во неа, сиренце
    - ужинка јатки/овошје

    иии планирам на трака да попешачам/потрчкам барем 40мин :D
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.003
    Допаѓања:
    33.809
    Пол:
    Женски
    Денеска можам да пробам од тортатаааа , многу сум среќна :wasntme:

    11/90
    Д: јаболко и кафе
    Р: перек со малиџано и салата
    В: 2 тенки парчиња торта, ред црно чоколадо

    Се слабее многу со диетава и плус ако имаш грешки пак се слабее, а тоа дека ветува ,,задолжително” промена на метаболизам, не верувам.
    После диетава ако не пазиш и ако се враќаш на стари навики, пак ќе ги вратиш, еве пример сум јас. Ич не пазев па си ги вратив тие што ги ослабнав од УН, така да сѐ ни е до мозокот и организмот :)
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2023
    На Pacifist, Mrs. right, Vanilla15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Брат ми ослабе 30+ кг, сиот вишок во рок од 6месеци, 3 месеци диетата и после одржувањето
    Ама и многу вежбаше тогаш..
    5-6 дена, ден или два одмор во неделата и тоа беше тоа
     
    На simoncelicius, Pacifist и Mrs. right им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    @Pacifist
    3 месеци ја држев, како што пишав, не се придржував строго воопшто 100% да ја следам туку и си забушавав малце, што не треба ама сепак имав резултат и тоа убав. Не знам колку бил максимумот на изгубени кила кои ги ветувале, ја намалив тогаш 22 кг. Е после и ковидот го фативме дома па може и некое кило отишло и поради тоа.
    Тогаш ја никад послаба не сум била од коа знам за себе.
    Ама како што и напоменав и физичка активност вклучив, и тоа тогаш 6 пати неделно терав, како што рече @Vanilla15 за брат и. Битна е физичката активност и те како. Иначе, сите не сме исти, имај го тоа у предвид, играат улога многу фактори овде, така да нема шо да се споредуваш ти со било кого.

    Метаболизам дека ќе сменелa мало морген, така ако се мењаше лесно..
    И не е поентата држи строго, придржавај се, трпи и после тие 3 или колку и да си држел, земи настегај се, опушти се и врати све. И ја напраив грешка што почнав доста калорични работи да јадам, и количински многу па среќа што сите не ги вратив, веројатно ради тоа што вежбав и трошев плус некоја калорија.

    И на диета не можеш ти цел живот да си, да се лишиш и ограничуваш, не иде ни така. Треба откако ќе се постигне целта да се трудиш да ја одржиш тежината, ќе си јадеш и нешто од "забранетото" ама со усул, без прејадување и претерување и да пробаш да имаш некое движење бар минимална активност ако више не си у можност да вежбаш. Вака не би требало да има големи осцилации во тежината.
    Зашо стварно нема смисла да намалиш толку, да успееш да напраиш голема трансформација и после цел труд во вода да отиде, греота е спрема себе сѝ.
    Убаво викаат, да ослабеш е полесно ама да ја одржиш килажата, тука треба ептен цврст и јак карактер да си, со голема самоконтрола. И тука никој не може да ти помогне освен самиот себе, џабе е се, ако сам не пресечеш и да речеш дека мора да се внимава, ништо, ни мотивации ни не знам што не ти помага.
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    епа ете потврда на констатацијата дека хартија трпи се...што сакаш ти пиши...

    ја буквално се издржав од условите и дури и водните денови ги истерав ама метаболизмот си остана истиот и спуштив 15 кг за 3 месеци ама без грам физичка активност..не знам дали тоа може да се смета за успех или не...

    значи ја и ти подобро да бегаме еден од друг..не за друго ќе се измотивираме да се подуеме ко цепелини при гнетење
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2023
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    Успех е де, како не е. Секое симнато кило е успех, не си симнал малце. Зависи и целта која ти е, дали си ја постигнал, дали планираш да ја постигнеш итн. Цел процес е тоа, не е само ко шо мислиме ние 2-3 месеци и толку после пак по старо.
    Леле бе, мораш да треснеш нешто значи иначе не си жив. :|
     
  17. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    :D:D епа да не биде се песимистично..мора и зракче светлина да се пушти инаку мав ни е работата со таков ум
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    7.116
    Пол:
    Машки
    Овие две работи со третово не се поклопуваат и не идат заедно.

    За метаболизмот многу се битни некои фактори, зависи каква генетика имаш што е еден од поважните фактори, како и на кој начин се храниш и што конзумираш, дали имаш правилен и редовен сон зошто сонот и спиењето е еден од клучните фактори за целиот биолошки систем, дали имаш физичка активност било каква, пешачење, трчање, тежински тренинг, па дури и само мрдење на рацете и нозете, дали си често изложен под стрес, сето ова поткрепено и земено заедно со правилна исхрана, физичка активност и редовен правилен сон, ќе се насочат хормоните во правилна насока и редослед, хормоните ти се еден вид како ланец кој иди нагоре и надолу и битно е како ти ќе одлучиш да работат. Исто така важна тие и тироидната жлезда, тоа мало пеперутче во пределот на грлото обавува многу функции, како и дали ќе бидеш слаб или крупен итн.

    Не знам како го разбираш терминот "забрзување на метаболизмот", зошто некои тоа го сметаат за почесто празнење на цревата во wc што е многу погрешно и неточен факт. Брз метаболизам значи дека организмот не ја складира вишокот на енергија од храната во резерви и храната ја претвара одма во енергија и се искористува во моментот. Затоа е многу битна физичката активност, зошто докажано е кога сме активни физички, кислородот што го примаме и испуштаме помага во согорувањето на калориите. Ама тука е битно од што се примени и тие калории зошто калории од чист шеќер, џанк фуд и калории од правилна исхрана како протеини и масти нее исто и телото не ги третира исто и не ги согорува исто. А и инсулинот е тој што дебелее, кога е вивнат и ги заситил резервите во мускулите и црниот дроб, вишокот го претвора во сало, башка јгх задржуваат и вода и некош можи и на вага да покажи фазла кг заради задржаната вода.

    И мене мие спор метаболизмот, речиси 70-80% од населението имаат спор метаболизам што е поразителен резултат за разлика од пред неколку децении кога сепак храната не беше толку високо калорична и штетна, но тоа е што е, наше е да се потрудиме да се храниме правилно колку што е можно повеќе и да ги насочиме хормоните кон правилна работа, јас тоа и го правам, правилна исхрана, сон, физичка активност и така ја одржувам килажата, еднаш се одреков од високо калоричната и штетна храна и толку, не се ставам во искушение зошто знам дека е штетно. Сестра ми кажуваше, другарка нејзина во 12 вечер во 2-3 саатот ќе стани и ќе изеди цела наполитанка, милка или ресани од кило оние и пак слаба, и други луѓе знам вакви. Е ова е тоа што сите сакаме да го имаме ама е реткост, затоа мора да почниме да живееме здраво и да излезиме од ауспухот буквално.
     
    Последна измена: 28 ноември 2023
    На Mrs. right и Pacifist им се допаѓа ова.
  19. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Супер совет...Фала...Метаболизмот го подразбирам на истиот и најнаучен начин познат за нас досега исто како и ти, а не како оставање на младоста во ќенеф па тука на шоља на волшебен начин да се крои цела судбина на метаболизмот во поширока и позитивна смисла...Значи заклучокот е јасен со тоа што најголемото промашување ми е полното отсуство на физичка активност. и покрај исполнувањето на сите услови..Затоа не се променил метаболизмот..Тука сум ја утнал.
     
    На Ariel и quattro им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    На овие луѓе стварно да им завидуваш ама па и метаболизмот знае одеднаш да се смени со текот на годините, не кај сите ама разни причинители знаат да го променат и не е ретка појава тоа.
    Затоа добро викаш, треба да внимаваме и да не си играме играчки, едно е здравјето. И овие шо гнетат калорично, а ја имаат среќата да не складираат вишок масти, не значи дека здравјето им е топ само зашто се слаби.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.