Физичката активност е клучна за метаболизмот ама заедно со сите овие други параметри кои ги спомнав, значи и исхраната, и сонот, и изложувањето под стрес се битни. А само физичка активност е еден голем плус, еве пример 30 минутно пешачење може да согори и до 50-60 калории, ем ќе ја забрзаш и циркулацијата на крвта, имаш доста аплилации кои бројат чекори, калории, време, надморска височина итн. Дури и да не се прави ништо, само мрдање на рацете и нозете се смета за физичка активност. Еден проф. д-р мислам на загребски универзитет беше што го слушав предавањето го потврди тоа, физичката активност и кислородот што го примаме и испуштаме го убрзува горењето на калориите. Организмот и онака гори калории и само да седиме, за да работат органите од телото му треба енергија, ама тоа е минимално само, базален метаболизам е 2000-2200 калории а денешниот човек внесува многу повеќе и затоа 80% од населението во светот е со прекумерна тежина или се гојазни ради високо калоричната храна што ние достапна на секој чекор. Факт е дека метаболизмот е најбрз на млади години како ние што сме, и мора да го одржуваме а не да си го успоруваме сами плус. Метаболизмот се успорува после 40-45та година, особено кај жените. Наше е да живееме здраво, особено ние младите лица. Оти колку е поразително да прочиташ, пример 20годишник починал од срцев удар...
Жени и јас да ви се приклучам . Почнав од вчера да пазам ама овој пат си реков дека ќе бидам истрајна затоа што имам придружба со која се бодриме. Вчера доручкував две мали двопекчиња со сардина домат и пола краставичка и турско кафе. Ужина:јаболко и нес со млеко Ручек салата со пилешко нешто какп цезар само поздрава без сланина. Ужина: јогурт и шака корнфлекс Вечера: половина од мало лиснато со една зденка. Да сум дома не би имала волку оброци ама на смена од 12 саати денот ми трае по 18 часа така да гладна сум Денес:доручек-другата половинка од лиснатото со малку сирење и турско кафе Ужина:банана и нес со млеко Ручек-зелка салата, гравче и телешка плескавица на скара. Ужина: 150 мл јогурт. Вечера -не каснав ништо ваљда нема да имам потреба веќе. Е сеа на некој што бил навикнат последниве месеци да јаде тесто и леб ми паднаа тешко овие два дена затоа што ваљда ми паѓа шеќерот и буквално пред ручекот си осеќам тресење на рацете и вртоглавица. Ќе се мерам утре-да ве дружам и бас со вагите во среда. Знам дека се само два дена во прашање ама ми треба мотивација
-1.8кг - 0.4 BMI Баш сум позитивно изненадена. Само да продожам без благо, леб и теста. За денес доручекот ми е планирано да е кајгана од 3 јајца на маслиново масло со двопек, домат и краставичка и обавезно турско. Ужина некое овошје најверојатно банана затоа што ќе бидам излезена од дома. Остатокот од денот ќе видам. Дајте препорака за некоја тава што не лепи? Затоа што би сакала кајгана и стекче да спремам без масло...
Трета недела: -0.5 кг. Вкупно за три недели -3.2 кг. Со оглед на тоа што не сум на некоја ригорозна диета, добро е. За вчера не пишав, ден 21. П: капучино, јогурт со малини Р: супа, парче леб, чај со мед В: турли тава, цвекло Бонус: две пива. На роденден бев, што да се прави… Иде декември, како ќе се издржи со сите прослави…
Денес; - немав време за доручек, јадев мандарина, банана јаболка - зелка салата и стек - до вечер јатки овошје или моркови ќе де гризаат
Ден 22. П: капучино Р: овесни, јогурт, малина, капучино В: месо, зелка салата, сенф и кечап Како ми се јаде денес, сѐ сакам да изедам. Ај, ќе се издржи…
Ден број 173 Пмс пуштено на најјако, се частив КФЦ Килажата тргна нагоре, ќе корнам коси цела недела. А подобро е да не се качувам на вагата
Реков ќе се придружам,а ништо не пишав овие денови. Утре е 1 мислам дека е крајно време да почнам со вежбање, од редовно вежбање до пред некој месец и јога 1-2 во неделата преминав на вежбање 0.Барем Орбитрек за почеток ќе почнам секојдневно па ќе видиме.. Исхраната ми е горе-доле ок ама ќе почнам да пишувам тука за да не правам грешки..
Не се качувај штом си в ПМС, знаеш и самата покажува плус За денес; - што се може оти деца се настинати, од на нога најверојатно овошје, јатки, туна и некоја салата
Вчера не ви пишав дека овошен ми беше, цел ден си се дружев со овошки и јатки ама се издржува, не ми е веќе тешко како првиот овошен. 13/90 Д: банана и кафе Р: пилешко со печурки и морков, интегрален леб и салата В: пола од пилешкото и салата
Ден 174 Због ради КФЦ синоќа, денес постам цел ден, појадок чорицо, ручек прескокнав, сега јадев 4 јајца со ајвар и кашкавал за вечера. Вагата денес +1 од завчера Ќе видиме утре што ќе биде. Арно си реков да не се качувам
Ден 23. П: овесни, малини, јогурт, капучино Р: супа од печурки, леб, капучино В: телешка чорба, леб Бонус: едно пиво Претерав, и два пати леб, и пиво. Денес имам ненормална желба за јадење. Баш тешко ми паѓа внимавање на храна деновиве…
Дајте совет како да намалам апетит, знам ќе се попрам уште појќе, ама ги оставив цигарите и нон стоп сум гладна, не ни бирам само мелам нешто, буквално ќе станам во текот на ноќта чувствувам ептен глад, а си јадам вака оброци во денот исто и Цедевита многу пијам а цела е шеќер. Шо можам да јадам кога и да посакам но да нема ич калории.
Освен вода, нема друго такво нешто, немој да се лажеш со кока кола зеро. Скрати на количина, намали, така и на калории ќе намалиш, еве не мора одма да се откжеш од омилената храна ама помалку јади ја и ќе поднамалиш со тек на време, и Цедевитата глеј ако можеш да ја тргнеш, пиј цедени природни сокови и движи се поише. Ако ептен глад осеќаш и жед може треба шеќер да провериш за секој случај.
Ептен, ептен не знам како да се објаснам, веројатно е поврзано со цигарите оти кога пушев ич не бев гладна и јадев од шо морав, вкус не чувствував сега јадам се шо ќе најдам, На малово се шо имаше благо солено се, значи станувам во текот на ноќта три, четири или пет ова се случува скоро цела недела и си прам сендвичи, една глад шо имам, сношти најдов едни крем бананчиња сите сум ги мавнала, ми кажа мм расипани биле ништо не сетив. И така морам да намалам ама како не се додржува, ич не можам вода да пијам ако пијам треба да почнам да ја купувам ич не ми е уба. Сега си напрајв салата од крставички ај да не е леб. За навечер ми е најстрашно оти скроз сум расонета една сила и енергија да слегувам долу и да правам нешто за јадење, вака никогаш не ми било.
Добро, не си единствена што после откажување имаат зголемен апетит и зголемена тежина. Ама реално поарно да јадеш храна отколку цигари да пушиш. Се надевам дека скроз ќе ги баталиш. Само не се прејадувај многу, контролирај се некако или ете кога е касно, салати, некое овошје касни или пак апетисани колку да не си гладна и постепено ќе се навикнеш. Само немој мрсни работи и благо да буташ, тоа сведи го на минимум.
Уф колку знам како ти е,ама мораш да имаш некој ред на јадење бидејќи јас качив 25 кила откако ги оставив цигарите.Што е најтрагично не можам со години да ги симнам,диети,вежбање,што не пробав ама џабе .
@Lisandra можеш да јадеш кога сакаш и колку сакаш, само да е салата. Многу ниско калорична е, а и ќе треба да ја спремаш, па ако си уморна ќе ти се одјаде. Ама само зеленчук, не со еден куп додатоци, и масло ептен минимално ако мораш. Ама можеш да ставиш сол, бибер, јаболков оцет, разни зачини. Сега на пример е сезона на зелка, или морков рендан, цвекло, марули има доста… можеш и со овошје да комбинираш ако сакаш такви комбинации, ама поумерено, колку да не ти е досадна салатата. На пример малку калинка, малку јаболко… можеш и сенф, тој е нискокалоричен, или да го измешаш со оцетот како прелив да ти дојде. Само не ставај јатки, сушено овошје, кашкавал, со тоа веќе колку оброк калории има. И пуканки се доста нискокалорична варијанта, ама ако ставаш путер и кадеш многу, пак дебелеат, а со нив тешко е да се сопре човек.
Јас кога бев бремена ваква желба имав за јадење оти ги тргнав цигарите, зелка јадев, онака листови дури, не да ја сецкам ме мрзеше Бомбони, лути, од оние Fisherman, имаат и појќе вкусови, нонстоп да си имаш при рака и вода, мнооогу вода Нема да ти кажам колку качив ама се вадам на карта оти бремена де Ќе качев и повеќе ко што бев стрвна плус без цигари да бев без бомбони и зелкава за денес: - овошје, салата и гравче за ручек ако можам, оти ме покоси и мене вирусов од децава, ако не, овошје, супа
Ден 1 појадок - тонус,хумус и 3 ливчиња печеница ручек - компир салата и риба ужина - банана Орбитрек 20 минути за почеток