Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Јас пијам кока кола зеро и ептен ми одговара, ми го одвлекува вниманието да не мислам на храна.
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.318
    Допаѓања:
    13.288
    Пол:
    Женски
    Ок ама зарем стварно има 0 калории и 0 шеќери? :?:
    Не знам, не ми е верно некако и све мислам дека е маркетинг само. Не е блага до толку исто ко обичната, ама пак мене ете бљантав вкус ми има и мислам сепак има од тие засладувачите вештачки, не сум обрнала внимание на декларацијата.

    Друга работа е што не е здрава ич.
    Ја па среќа нејќам такви типови на пијалоци, поготово тие црните газирани, гадни ми се скроз, ме дујат, не ми се погодени.

    Ако не ти праи проблем добро но сепак не претерувај.

    Уште се чудам како некои можат по 2 литра да локаат без проблем, од 2 чаши па се мислам ќе пукнам.

    И во цедените сокови домашни што се секако има фруктоза од овошјето но бар природен шеќер ти е тоа и има некој витамин бар малце у него. У овие газираниве ништо корисно и хранливо за организмот немаш.

    Иначе, тебе како ти иде, се придржуваш ли, има некој резултат?
     
    На malerozna и christinnn им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.116
    Пол:
    Машки
    Чувствуваш постојанано глад зошто јадеш многу јаглехидрати без разлика дали е чист бел шеќер или житарици итн. Постојано го вивнуваш инсулинот преку таква храна и кога тој ќе се стабилизира во крвта по неколку часа, се јавува повторно глад и желба за јадење, ама тоа нее глад туку паднат шеќер кој бара повторно да биде вивнат зошто претходно бил кренат, и така цела ден и цели денови се додека се храниш на таков начин и јадеш таква храна и затоа ќе трупаш и вишок килажа, зошто постојано ќе си гладна, не внесуваш ништо друго од нутриенти освен јаглехидратна храна.
    Клучот е да го доведиш апетитот во нормална состојба како што е пригодно за човечкиот организам.
    Апетитот е параметар кој лесно паѓа под влијание, а најголем дел од луѓето го сметаат за меродавен. Апетитот не треба да се намали, ниту да се зголеми. Тој треба да се нормализира. Правилната исхрана, физичката активност и спиењето овозможуваат телото да дојде до својот природен и нормален апетит.

    Нема таква храна "да јадам а да нема калории". Секоја храна има калории, зошто храната е енергија и влегува во крвта и истата се транспортира низ целото тело. Почни да јадиш ниско калорична храна, зелени салати, здрави масла и масти, месо, риба кои се добар извор на протеини и масти, овошје во нормални количини. Мастите не дебелат, туку јаглехидратите и шеќерот. И не мора да се гладува за да се ослаби, доволно е да се храниш правилно.

    Кашвакалот иако е калоричен, не предизвикува дебелееље. Кашвалот е еден од најдобриот извор на протеини и здрави масти, исто важи и за путерот. Шеќерите и јаглехидратите се тие кои дебелат, висок инсулин дебели, кога ќе се заситат резервите за шеќер во мускулите и црниот дроб, вишокот шеќери се претвора во масти и се таложи како сало низ целото тело.

    Кока Кола Зеро и Пепси Макс се далеку поштетни од обичните верзии.

    Не е доволно само да се избегнува шеќер и благо. Не е доволно да се знае дека шеќерот е штетен. Потребно е да се знаат штетните последици и зошто настануваат.
    Еден пример како, избегнуваме шеќер (нели заради неговите штетни ефекти, дебелеење, висок крвен притисок, оштетување на нервите и видот, срцеви заболувања, дијабетес…).

    Избегнувајќи шеќер се затрчуваме по производи на кои пишува „БЕЗ ШЕЌЕР“.

    Купуваме освежителен пијалак кој нема шеќер но има 3 (ТРИ) вештачки засладувачи, аспартам, сукралоза, ацесулфам-к, или малтитол. Малтитолот на пример го ставаат во кремови и слични производи и ги нарекуваат „Без шеќер“ а аспартамот во Кола Кола Зеро и Пепси Макс и истиот е канцероген, има многу научни истражувања за штетноста на вештачките засладувачи, прочитај. А малтитолот го крева шеќерот во крвта исто како и обичниот шеќер дури и 3х повеќе во некои случаеви.

    Покрај тоа што повеќето вештачки засладувачи го попречуваат варењето на храната, односно нејзината апсорпција и ја уништуваат цревната флора, нели после мастика за џвакање со аспартам ви кркорат ли цревата или пиење на Зеро или Пепси Макс? А башка се ставаат во ризик и бубрезите, прв можен ризик е појава на бубрежни камчиња.

    Потруди се да пиеш вода и само вода, 2л дневно. Некогаш гладот може да исчезне само со чаша вода ако се има дисциплина и самоконтрола.

    Илк евентуално за освежување, тоа нека биде јогурт, ајран кон е еден од најдориот извор за електролиза на телото а и е ниско калоричен. Исто и овошја во умерени количини.
     
    Последна измена: 1 декември 2023
    На Pham, malerozna, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Кај мене резултатот е два чекори напред, три назад. Некако ме мрзи да пазам на исхраната, гледам да не се дебелеам, ама и не слабеам.
     
    На malerozna и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Ден 24.
    П: капучино
    Р: капучино, некои остатоци од сѐ по нешто
    В: телешка чорба, месо и печурки.

    Почна така малку да ми се здосадува…
     
    На malerozna, Vanilla15 и mareane им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Ден 25.
    П: капучино, солено стапче
    Р: капучино, пиво
    В: 5-6 ракии, салата, месо

    Викенд…
     
    На malerozna, Vanilla15 и penelope10 им се допаѓа ова.
  7. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Ме отепа настинка девојкии, што ќе беше ова :drunk:

    - денеска само една банана и половина врап со пилешко :(
     
    На Ariel и malerozna им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    77.506
    Пол:
    Женски
    Ден 176
    Screenshot_20231202_230552_Samsung Health.jpg
    Се частив хамбургер денес, плус коктели :makeup:
    Еднаш јадев ама којзнае колку калории испив. Јбг.
    Последните денови редовно грешам. Ќе мора 48 саати на вода да се испостам да се извадам од гревовите :emo:
    Ама пусто пмс ;(

    @Ariel нема откажување, види јас на кој ден стигнав :P

    Дечки, слабеење само без шеќер и јаглехидрати.
    Јас добри 4 месеци скоро и не грешев и симнав над 20 кила. Најискрено, најлесната диета е кето. Знам дека е тешко, ама максимум 2 недели е тешкото. После те фаќа таков голем мерак кога гледаш дека алиштата паѓаат на тебе што сам бираш да јадеш месо и салата, а не да ждереш јаглехидрати.
    Барем кај мене беше таков случајот.
    Сега околу божиќните дружби малку се опуштив, ама ќе се вратам пак на нормалната исхрана, т.е кето диета. Далеку подобро се осеќам отколку сега, плус алкохолот ич не ми годи.
     
    Последна измена: 3 декември 2023
    На mareane, boomsleng, quattro и 4 други им се допаѓа ова.
  9. m.triball

    m.triball Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Долго време имам проблем со вишокот тежина, постојано се обидувам одново и одново но никако не успевам да истраам и да бидам упорна во процесот. Кога ќе дојде во прашање да изедам нешто што не смеам, не размислувам едноставно го јадам, без разлика колку и да сум се убедувала себеси дека ќе почнам со диета и дека ќе се трудам да бидам доследна на диетата, едноставно не успевам. Мислам дека лесно ме преовладуваат емоциите, не можам да се воздржам и едноставно подлегнувам на желбата во моментот. Но, мислам дека е крајно време да се превземе одговорноста во раце, но не знам од каде да почнам, се плашам дека нема да успеам. Сакам за промена да пишам тука, дали постои некоја која поминала низ истиот проблем или моментално поминува низ истото, за да сме си поддршка една на друга.
     
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.410
    Пол:
    Женски
    Кај правиш по 30000 чекори да ми је знати, секоја чест.:handshake: Јас од едниот до другиот крај на градот ќе пешачам и пак едвај 8000 чекори ќе направам.
     
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Јас сум таков човек, ама најчесто јадам при стресни ситуации, не можам да се исконтролирам..
    ако имаш можност плати програма од нутриционист, ќе ти биде криво за парите да ја зезнеш работата, а и грдо ко ќе треба да даваш неделен извештај цм и кг ако си ко мене :D
    друга работа, и да се почестиш еднаш неделно не продолжувај да јадеш на тој начин, мене ова ми е најголема грешка, ќе изедам нешто што не треба и после си викам абе не бива, зезнав ќе го зезнам цел ден сеа, и готово толку, цела недела испаѓа да јадам безвезе :x
    трета работа, пишувај тука, ќе ти кажуваме ако грешиш колку што знаеме и ние де :D
    и да, не се изгладнувај, гледај да имаш редовно оброци и ужинки за да не јадеш тоа што не би требало да јадеш, среќно :sun:



    ииии конечно 8мица на вага видов, одамна ја немав видено, цела година скоро :D
    за денес;
    - овошје, јатки
    - месо и салата (свинско :tmi: )
     
    На m.triball и penelope10 им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.003
    Допаѓања:
    33.806
    Пол:
    Женски
    Не сум цело време вака, ама има и те како моменти кога можам да изедам мнооогу без да размислувам. После ми е тешко на стомак и се карам самата себеси зошто толку многу изедов.
    Значи не си сама, немај гајле, сите имаме вакви испади некогаш.

    Мораш прво да тргнеш од нешто што ќе те мотивира.
    Еве мене ме мотивира да почнам другарка. Беше многу покрупна од мене, а сега која ја видов е многу послаба, и искрено ме фати некој срам, и реков доста е, до тука беше.
    Тешко е не велам не, 16ти ден сум од УН диета, навечер ме фаќаат кризи, ама кога сакам нешто да си каснам веднаш ми текнува на неа, како успеа она, па зошто и јас да не. Мотивација голема ми е.

    Најди си нешто/некој што ќе те мотивира да почниш и да не заприш.
    Почни со минимални чекори. Ако ниедна диета не ти фаќа око, почни прво по твое - намали на леб, благо, грицки, газирано.
    Стави си некој ред, испланирај си однапред што ќе јадеш цела недела.
    Гледај во темава, има многу добри идеи за мени во текот на денот.

    Ќе дојде момент и кога ќе згрешиш, ама не е крај на свет. Тука е клучно да не ги правиш секој ден грешките.
    Ако си згрешила еднаш неделно да речеме, никому ништо. Не застанувај и терај напред.

    Ти посакувам среќа и за што и да ти треба тука сме :hug::f:
     
    На Vanilla15, penelope10 и m.triball им се допаѓа ова.
  13. m.triball

    m.triball Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    И јас сум таква, еве денес ми беше тешко, бидејќи се решив од денес да почнам со диета. Бидејќи моментално сум на гости, а ќе бидам и наредниве 2 месеци, бидејќи сум во друга држава кај родителите на дечко ми. Секој ден се готви за сите заедно, и неубаво ми е да не јадам со нив, а да си јадам посебно. Тоа ми е многу тешко, што морам да јадам тоа што го има, и тука ја правам грешката во диетата.
    Но сепак, успеав да ги скратам работите што обично би ги јадела. Го изедов само главното јадење, благо не каснав и кафето почнав да го пијам без шеќер. Се надевам дека ќе успеам да издржам да не јадам ништо повеќе денес.

    Постојано, последниве години се мачам. Откако покачив килажа и достигнав кг што до сега никогаш сум ги немала, почнав и да губам надеж на некој начин. Почнувам диета и повеќе од неколку денови не издржува, како да се слеваат грешки на грешки во исхраната. И се препуштам на тоа и наредните неколку дена како да не ми е грижа за здравјето, си продолжувам со не здрава исхрана. И постојано се врти тој циклус на нездрав начин.
    Но, сега тоа што пишав тука мислам дека ќе го направи овој пат по различно, во план ми е и да уплатам нутриционист понатаму, кога ќе се вратам во Мк.
    :hug:
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Ден 26.
    П: две капучина, пола лиснато со сирење и јогурт, парче и пол леб со крем и млеко.
    Р: супа од кокошка, јунешко месо, салата.

    Декадентен доручекот, ама подобро калории од јадење , отколку од алкохол, како вчера (facepalm).

    Кога покажува помалку вагата, одма има мотивација, ама кој да се стегне две недели за да тргне… Ајде од утре поизбилно (hollest)
     
    На Vanilla15, m.triball, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Ден 27.
    П: капучино, овес, какао, малини
    Р: капучино, овес, какао, банана
    В: пилешка чорба, грав, колбас, ајвар.

    Доручекот оскуден, па морав да го повторам.
    Чорбата беше вишок, ама се вратив дома мртва гладна, плус ме боли грло.

    Тешко оди, ако воопшто оди. Не ми се мери во среда…
     
    На mareane, Vanilla15, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  16. m.triball

    m.triball Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ден 1:
    Не успеав да најдам време за да поручам, меѓутоа си имам направено смеса од 6 лимуни, 250гр ѓумбир и 6 лајци мед од кое што јадам по една лајца на сабајле.
    И само за ручек изедов 2 полнети пиперки и 3 кришки леб црн.
    :hug:
     
    На Vanilla15, malerozna и Ariel им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    77.506
    Пол:
    Женски
    Ден 178
    Појадок сендвич со сланина
    Ручек корејско свит чили пилешко :$
    Вечера телешки стек :worried:
    Вагата ме полуде значи
    500 грама плус од претходниот понеделник ;(
     
    На m.triball, Vanilla15 и penelope10 им се допаѓа ова.
  18. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Ја не се мерам утре оти вечер на слава сум :D
    ќе ви дадам извештај следниот ден :D

    Вчера овошје месо и салата и две кришки интегрално лебче
    денеска ќе јадам овошје и салата дома, вечер на слава ќе гледам да припазам 8-|

    да си пробате морковче рендано, фета сирење и индиски оревчиња салатичка, заситува доста ^_^
     
    На malerozna и m.triball им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.881
    Јас се разболев, така што деновиве ќе појачам на храна и течности.
     
    На Vanilla15, mareane, malerozna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    853
    Не сум пишала неколку дена ама и не се мерам утре,имав грешки :)
    и тоа алкохолни овие два дена.Наредната недела мерење.
    Денес појадок грчки јогурт,малку сув врат и кашкавал и тонус лепче
    Ручек бел ориз со пилешко
    Ужина мала банана а вечера нема
     
    На Vanilla15, Ariel, m.triball и 1 друга личност им се допаѓа ова.