Бројот што го повикувате привремено е недостапен, Ве молиме обидете се подоцна. До јануари не постојам. Ме спопадна некоја депресивна епизода периодов па и не пазам нешто многу веќе 2 месеци. Заглавена сум на тежината во април што ја имав и никако да симнам под 70. Ај бар не оди ни нагоре, така се тешам. Цела среќа почнав инвисалајн во октомври, па не можам да гњетам по цел ден. Моментално целта ми е да останам вака до некои подобри времиња, па имам уште некои 5-6 кила да се вратам до оптималното.
Да се пријавам дека до сеа имам - 3.2 кг, -1.2 BMI А срам ми е да пишам колку глупости јадев периодов. Плус прекинав да вежбам....
Бми 23.4 Што ти значи кило ипол у пм нек појде се. Ама јас сум си крива, неколку дена по ред кифли јадев и еве ми сега Важно алиштата се пошироки и пошироки ми се
Кифлите се јаглехидрати, а јаглехидратите задржуваат вода и затоа и на вага а и бми ти покажало повеќе, намали со јгх како претходно што тераше и ќе се стабилизира килажата, не значи дека си ставила кила одма, волуменски си поправена преку ова задржувањето на вода. Јас имам БМИ 20.5, имав и 18.8 И јас си почнав да јадам јгх, калориски суфицит и еве сега +6кг а цел мие и сакам да си го имам најниското бми оти е вака има грешни денови хаха И од вчера реков денеска почнувам по старо понеделник плус хах, земав риба сабајлево со париве што ни ги пуштаат за студентски оброк, и на одење дома специјално застанав со колава во продавница да се затрчам кон пченкарни производ Тоа тие кога ќе се опуштиш еднаш тешко после, самоконтролата е најбитна ама си викаш "ај за еднаш" а тоа еднаш е секој пат хаха Не ги слушај другите, терај си по твое. Ако си слаб/а, ќе ти викаат костур си се направил, ако ставиш кила, ќе ти викаат намали што си се направил/а толку. Ако ги слушаш другите само ќе ти ја уништат мотивацијата. Вагата може да не мрда од повеќе причини, една е од тие како што пишав погоре е од јадење јгх да ти задржува вода и си стоиш тука, не складираш сало ама вода ти држи, ако ги зголемиш јгх ќе почни и да складираш масти. Дисциплина треба, трпение и време. Нема "сакам да се откажам", треба истрајност и трпеливост и секако труд.
Знам затоа и кажав не ги качив преку ноќ ниту пак ќе ги симнам преку ноќ ми требаа добри 9 месеци за качувањето
Убаво што ме потсети стапот кај ти е за ќотек сум Тука сум, психофизички нестабилна... Ќе се вратам кај и да е
Како да ослабам 20кг за 1 месец? Црна магија, вуду муду, саси вода со крастајца и магично нешто за ослабуење нешто знае ли некој?
20кг за 1 месец е не возможна мисија, макар и најстрог и екстремен калориски дефицит да правиш. До 4-5 месеци со строг калориски дефицит и висока физичка активност постои некаква шанса, ама за 1 месец не. Башка тоа е и шок за организмот и за целото тело и алудира врз здравјето, секоја нагла промена носи и одреден ризик, особено тироидната.
Ден 33. П: лепче со хумус, капучино Р: капучино В: супа, посна сарма, грав, капучино Можеше и подобро, ама ок е.
Леле кај отворив страм ме фати. Ми е страв на вага да се качам оти се осеќам подуено а се трудам многу се трудам да пазам. Пр.денес Д баварско ѓеврече Р подварок со кришка Јаус леб(онај германски на големи кришки) У јаболко и мандарина Не вечерам освен ако сум некаде излезена или по гости но и тогаш ептен пазам да не претерам. Ама подебела не сум била. Онака само свратив на прозивката на малерозна.Инаку не сум за овде наместо да слабеам јас се дебелеам
Од хормоните ти е @mareane. Веќе мора повеќе да пазиме, овеќе салати пред оброк му е мајката, ама без ракија (мојата слаба точка ). Нема кој не се здебелил овој период од животот, ама колку можеме, да пазиме…
Невозможно е стварно дури и на вода да си цел месец што не бива нормално, ќе паднеш некаде не дај боже, многу кг се во прашање за еден месец да ги симнеш.. најмногу што имам ослабено за месец, т.е. 3 недели било 7кг.. со строго придржување на мени од нутриционист, со мерење грамажа на храна, со сите салтанати де исто вака 20кг вишок имав, после првата бременост ова Оди полека, поубаво за тебе... по 4-5кг на месец е најок... Вчера ручав манџичка со ориз и суво месо, две кришки црн леб, имав изедено две јаболки и 3 бомбици што си ги праевме со ќере (банана, путер од кикирики, урми, кокос, сончоглед), а да, и две колачиња на нутри со кокос што се, ме спопадна желба за благо За денес; овошјецж, јатки, салата, иии ќе јадам туна за ручек или палента со сиренце и јогурт
20 кила за месец дена може ама само ако не дај Боже имаш здравствен проблем и се стопиш буквално ама не по своја воља. Инаку со диети па и гладување нека е - нема теоретски шанси. И не заборавајте дека гладувањето е најлошо и кога тогаш негативно ќе се одрази по организмот, а и што побрзо ги симнеш, уште побрзо ќе ги вратиш па размислете дали би го сакале тоа. Едно здравје имаме.
Сабајлево се вратив на истата килажа од пред некој ден Е значи ќе ме полуди вагата Денес на карнивор диета. Ручек два телешки стека, толку за денес Да видиме утре дали ќе се симнам на рекордно ниска килажа Почни кето диета, јајца, месо и зелени зеленчуци, 10 ти гарантирам дека ќе симнеш. Јас толку симнав првиот месец.
Да се пофалам,веќе три дена вртам орбитрек И планирам да продолжам секојдневно па ќе видиме дали ќе даде резултати или сепак попаметно ќе беше да си платив теретана.. Доручек тост со печеница,кашкавал и тонус+маслинки Ручек спанаќ со ориз Попладне само некое овошје.
-800гр оваа недела со циклусов вкупно -3.6 за две недели Вчера ручекот беше туна ама и палачинка од леќа, зелка и кромидче Денес истото ќе биде оти ми остана половина и туна и се, + овошје
Ајмо девојчици, среда ден за мерење е Ден 187 Како лета времето значи. 6 месеци на диета, -27кг на вагата. Сабајлево најниска килажа во последните 8 години Бми вика 22.7 Презадоволна сум од себе, заслужувам шопинг А заслужувам и да се вратам во теретана Мрза светска сум станала последниот месец, изговор до изговор
Леле браво, губеше ли мотивација на моменти кога стагнираше? Јас тогаш најчесто се откажувам а знам мора и тоа да има а и некако потешко ко да ми оди сеа, после две бремености, ко бев помлада побрзо одеше симнување кг