http://torrentz.eu/aa733e35627cbbaa3abe ... e0d6d2e9ee Еве девојки,ако сакате симнете си го торентов,иначе ова е епизода од Опра каде даваат жени што успеале да ослабат. Before&after. Мене емисивее на Опра посветени за слабеење ми се многу мотивирачки.
Неколку дена не сум дала извештај на темава, но тоа не значи дека не внимавам што јадам! Не знам точно што како беше, само знам дека направив еден посериозен прекршок, односно во голема горештина од денот испив чаша (од малите пластични) сок газиран Срамотаааа,знам! Се мерив пак вечерва и уште сум 52кг па да бидам искрена не се ни надевам дека ќе ги тргнам тие вишок 2 кг што останаа! Можеби од кога ќе се вратам од одмор,но пред одморот нема ни шанси ни време! Сепак си се допаѓам во купачот !
Поздрав за добрите резултати и ти посакувам да ја достигнеш посакуваната килажа, НО првенствено внимавај на здравјето, тоа е најважно, а со вежби и здрава исхрана секако ќе ослабнеш.
Појадував кафе и чаша сок! Ручав смоки и чаша минерална вода! Вечерав малку бело месо од печено пиле,салата (од домат и пиперка) и парче интегрален леб! Толку за денес! Може до после да се напијам сок од грејпфрут или малце јогурт...друго нешто не иде у предвид да каснам! Ни солено ни балго не ми се јаде,поточно благо ретко кога ми се јаде,но овој период воопшто не ми ни текнува на чоколади и слатки ! Туку сега друг проблем ме мачи , да не се вратам од одмор здебелена бре?!?! Ќе мора да внимавам и ќе мора да му одолеам на грчкото пилешко гиро кое ми е превкуснооо Аххх маки...
Се заборавам да пишам што и како. Јадев кај 14ч, планирав диња а ми донеле кифла со кашкавал. И тоа го ручав. После, кај 20ч јадев две патлиџанчиња со сиренце. Сега имав гости, па покрај нив јадев пуканки и малку наполитанки. Се изнервирав за наполитанкиве, ама ај. Стандардно вежбање од 30 мин. Душава ми излезе денес, дали оти вежбав пред јадење, па немав нешто посебно сила.
Среќна поради тоа што ослабев неколку килограми последниве два дена си се опуштив некако.Јадев благо,и вчера и денеска,сок газиран.а плус денеска и не вежбав.Утре овошен ден,мора да се вратам на стариот режим,и да продолжам со симнување на килажата
Последниве неколку дена од скоро секој кој не ме видел во изминатиот период добивам комплименти дека доста сум ослабната Голем дел од облеката во која не можев да влезам или ми беше тесна сега добро ми стои. Задоволна сум бре! Посебно затоа што се уверив дека не се потребни "надчовечки напори" за да се намали некој кг. Внимавам на исхраната според режимот на Ирена, и правам многу стомачни и вежби за нозете. Имам време до 20 август да изгледам барем навидум она што бев пред да родам!
За диетава на ирена - нели може за ручек да се руча баничка со виршла, баничка со врат и кашкавал бидејки е дозволено мешање на протеини и јагле-хидрати? Така повеќе ќе се најадете а и има до 300 калории.
Еве веќе неколку дена се придржувам до диетата. Со редовно вежбање и внимавање на исхраната досега имам симнато 3 килограми. Дека не бев излегла една недела, па некни кога ме видоа сите забележаа дека сум била ослабеaна. Приметувам дека и апетитот веќе ми е намален и не осеќам потреба за благо. Тоа второто поголема препрека беше но еве сега полека и тоа го надминав. Задоволна сум си за сега што имам постигнато, па одиме понатаму.
За неколку дена 3кг како бре така успевате да намалите 3 кг, искрено алал да ви е! Јас изгледа тапкам во место, едвај успеав да симнам околу 3кг ама за две недели (а можеби и подолго време беше )
Долго време ја читам темава,и честитки до тие што успеале да си дојдат до посакуваната тежина ај да си кажам за мене:значи почнав со диета од 20 Јуни односно ги набавив апчињата Slim line и ги пиев само 3 дена пошто почнав да се осекам вознемирено и ем фати страв и ги остаив,после тоа си почнав еден вид на моја диета односно јадев само овошје,зеленчук пиев многуу водаа и така издржав можеби 1 недела после тоа ме фати криза за блао и морав да каснам сникерс еден,и да ви се пофалам од тогаш па до сега леб немам ич јадено и внимавам на исхраната колку што можам повеке овошје,многу вода и до ручек си каснувам.И почнав да вежбам на Орбитрекот еве веќе 8 дена и да си се пофалам имам ослабнато се вкупно 5-6 кг за тој период и сега сум 58 а сакам уште 3 кг барем ама нешто тешко ми иде ме фаќа криза за јадење и си каснувам нешто благичко
Кај сте бе диеталки? Што сте се срамувале, дај пишете како оди... Јас сум срам на веков! Ама нека пукне ѓаоло, дојдов за поддршка да ви дадам. Да ви кажам со ова моево, нигде не се тера. Мама е крива, кој и дал одмор беее...?!?!?! И... Хранете се здраво, бидете физички активни, дневно чаша црно вино која можела да ја замени физичката активност, помалку седење зашто се шири задникот и повеќе љубов зашто дава енергија за да ја користите за вежбање. И така. Јас се здебелив. Нека се пусти. Другото лето ќе имам пак 23.
Па јас многу лесно слабеам, само треба строго да се придржувам до правилата . Но веднаж после диетата ако се вратам на стариот режим на искхрана ќе ми се вратат истите килограми. Па потешкиот дел ми се состои во тоа да ги здржам.
Долго време ме немаше на темава од пусти срам да кажам колку калории внесував , но од утре пак се стегам не ја бива вака. Ете така само од утре и јас ја продолжувам борбата со килограмите
Ху, ху, ху, Санта Клос ис каминг ту таун. 3 даун, 5 ту гоу. Ај наздравје, сега ќе одам да си каснам една шопска.
Ме примате назад? Јас си качив три кила, отиде се во спојлерите и задникот И така денес сум на овошен ден, си се вратив на мојата непреболена љубов, зумбата, ама веќе не запирам со диетава, ќе си терам нон-стоп. Ун диетата ќе ја комбинирам и здраво ќе си се хранам. Инаку, не знам што се не изедов, месишта, скаришта, фаст фуд, сладоледи, благо, газирано... И продолжува списокот Мислев дека едно 5,6 кила ќе качам на толку јадење, ама добро е, со овие можам да се справам некако
Знае некој како е со калории киселто млеко? Oвие странциве немаат такво нешто, незнаат што пропуштат ваљда нешто слично ко павлака, м?