Не сум пишувала во темава, ма да имав неколку кг за слабеење кои и со вежбање така споро се намалуваа. Добро, салото се заменува со мускулна маса која што има помал обем а тежи повеќе. Не дека формата на телото не ми се смени. Е сега, декември ми беше така напорен со вируси, бактерии и настинки, и со самото тоа од 68 стасав до 64 некаде на 176 висина. Сега битното е да си ги контролирам поривите за грицкање меѓу оброци. Кога сум премногу зафатена не ми текнува на јадење, така да треба да бидам многу зафатена очигледно. Доручек: чиа семе, овесни, јатки, путер од кикирики, млеко Ужинка, ваљда: две нес со шеќер и млеко Ручек: ќе видам што има во Руми, ама обично зеленчук и некој протеин Вечера: планирам варени јајца со салата некоја Денес на мени и вежбање, 1 саат со личен тренер. Ако треба ќе вежбам секој ден ама не бројам калории
Zdravo, decki Ne znam dali pisuvam vo soodvetna tema, bez bel leb ne mozam da si go zamislam denot. E sega radi zdravstveni pricini moram zdrava ishrana, koj bi bil najdobriot leb za mene ?
Прво замени го со интегрален па со ржан. Од ржаниот најмалку се јаде.. Денес Д овес со урма и банана У јаболка Р риба и салата В салата @mareane ајде каде си???
Тука сум тука... Од вчера построго почнав иако цело време се трудев и за празнициве да не претерам .Едино успеав да не ставам плус. Вчера : - овес со јогурт и капини -Ребро, малку ориз и салата -Една палачинка Вежбам умерено по пола час по дома со вежбите на Клое До 1 февруари навистина не можам да одам со здрави и правилни оброци (оти во село мое само се слави и прослави дотогаш) но после почнувам попосветено .Еве давам чесен пионерски збор.
какво е тоа мапа кафе?? На муабетот мала има мала во прав и се мислам да ја земам па дали нешто би имала корист од неа?
Не е мапа туку мача. Во суштина тоа ти се листови зелен чај само фино сомелени. Поради кофеинот се смета како кафе.
Вчера супер денот извежбано и таман изедено се по списокот без ниту една грешка.. морам две недели да бидам без грешка после ми е полесно.. За денес Д урда и 2 јајца варени У јаболка Р гравче со салата В ништо
Вчера: Д само кафе Р сарма и 2 -3 лажици грчки јогурт В супа ,запечена брокула и морков но и кришка тонус Денес(во план) Д 1 кришка тонус со путер и 3 маслинки Р подварок со 1 кришка тонус В 2 ќофтиња(домашни плескавички)а може и ќе ги оставам за утре
Еве сум и јас, ќе се враќам конечно во колосек качено имам сигурно за време празнициве ама ќе почнам па здравје во среда ќе пишам на што сум и до кај сум Мени исто, овошје, салати, јатки, и за ручек имам мусака
Време јас да почнам да постирам дека веќе доста се поправив од празнициве ДЕН 1: - врап со пилешко (купечко беше, не сум сигурна но за сваки случај ќе го бројам како 800 калории) - пуканки (без масло) (65г, 300 калории) - пудинг (175г, 150 калории) Вкупно: 1250 калории Од каде купуваш мача кафе?
ДЕН 2: - тортиља со пилешко месо и павлака (600 калории) - ред чоколадо (150 калории) - кафе со млеко (150 калории) - кифла со сирење и кашкавал (500? калории, не сум 100% сигурна но мислам тоа е добра предпоставка) Вкупно: 1400 калории Моментално само пробувам да намалам со јадење/колку калории внесувам. Знам дека не е најздраво тоа што го внесувам и сакам да пробам да се префрлам на поздрави алтернативи (сепак имам порано изгубено 10кг само јадејќи благи и карбохидрати бидејќи бев во минус со калориите, секако дека не е здраво за здраво но дефинитивно се најбитно само бројките кога доаѓа до чисто слабеење и ништо друго.) Според онлајн калкулатори треба да внесувам околу 1900 за да си ја задржам тежината и затоа јадам минимум 500 помалку.
П. Овесна палачинка со грчки, чварки и лажичка мајонез Р. Брокула на пареа и мисиркино. В. БГ пита со пара и грчки
Мене ми е купено од Германија од една продавница за здрава храна Denn's markt околу 10 евра, не знам точно колку гр. Но го има и во Зегин, 70гр 485 ден. Направив период пауза, се опуштив малку за празнициве и дека постот заврши. Ми се чни дека деновиве си ги вратив и тие 5 кила што ги имав ослабено, многу имам изгубено надеж, многу брзо се откажувам Паѓам во депресии и веќе не знам како да си помогнам самата, стварно сакам да ослабам, ама некако не сум доволно цврста за да истраам. Почнувам повторно утре, со нова надеж
Хајмо цурице, хајмо дечаци, поминаа празниците, се враќаме на диета и секојдневно дружење тука. Денес на мени Појадок свинско царско месо со свит чили сос. Ручек пилешко и брокула. Вечера нема, на зорт ќе се јаде чиа семе со протеин За празниците си јадев апсолутно се и за недела дена накачив 5 кила на вагата Сега сум на +2 од најниската килажа. Време е да се вратам на вежбање, ама ме мрзи дека ладно е надвор.
И јас решив да ве дружам на вага +8кг .. Сите алишта ми се тесни, мислев до машината е ама неее до мене било