Девојки, еве ме мене повторно после не знам колку долг период, ден нездрава исхрана, ден здрава исхрана. Повторно сум назад, на истата килажа, и не знам веќе што да правам. Знам дека треба дисциплина, истрајност, и сето тоа, но еве не знам зошто ама се испуштам од раце секогаш после 3та недела, и после тоа уште 3 недели се кандисувам да почнам одново и претешко ми започнува нов циклус на диета. Пробав да вметнувам нови навики во исхраната, да јадам мусли на сабајле, демек повеќе држеле ситост, заменив некои навики со добри, лебот го исклучив, но а дојдам до еден момент на голем глад, и толку се исклучувам, не мислам, само јадам и гледам да уживам во тоа што го јадам. Дали може да ми помогнете, да ми кажите каде грешам, дали има нешто што не го гледам, нешто што може да ми помогне? Веќе почнав да се плашам за своето здравје
@m.triball Дојди до коренот на проблемот. Односно, што е причината поради која се исклучуваш и јадеш неконтролирано. Обиди се да ја елиминираш или мининизираш. Исто, започни да пиеш вода и да вежбаш. Па макар биле само 20 минути на ден за почеток. Само ти можеш да си помогнеш. Кога на човек ќе му скисне од самиот себе и кога ќе пресече, тогаш може да очекува долготрајни резултати.
Губиш масти и ставаш мускулна маса. Мастите фаќат поќе обем за кило, мускулот фаќа помалку обем за кило. Ова е целта, обемот да намалиш. Килата се бројка и многу фактори зависат околу неа и зато не вреди да се опседнуваш околу вагата и килограмите кога јасно гледаш дека имаш резултати. П.С. Видов дека и на тренер не му се верва. Најди си нов. Треба да ги знај овие работи ако веќе е тренер.
Он ако е вистински тренер ќе ти укажел кај грешиш ако грешиш воопшто иако штом толку видлива разлика во обем има, не би требало да грешиш па уште таков однос од негова страна.. Не се фрустрај, ете има напредок и тоа голем како што викаш. На прав пат си. Знам дека сакаш и различна бројка да видиш, те сфаќам и ја сакам. Точно. Но ако е во калориски дефицит нели би требало и на вага поише да има намалено? Не драстична разлика ама поише од 500 грама. Знам дека мускул тежи поише од сало но сепак.
Не знам како да дојдам до коренот на проблемот, верувам дека ми е сето тоа од психичка навика поради изминат голем стрес. Но, не знам како да го променам тоа, не знам од каде да почнам и дали стварно е тој коренот на проблемот. Пијам вода одсекогаш многу, но од вежбање, само пешачам често, но потоа со јадење ќе надокнадам.
Ако почетна килажа има голема, да. Ако има помала, и не баш. Оти не е ни исто нивото на горење калории на поголемо и помало тело. Така да ако резултатите се видливи, шо значи бројка на вага? Па то е. Бројка на вага. Тргам од себе. Посреќна сум ко ќе се видам на огледало како шо сакам да личам, безразлика колку дава вагата. Оти телото е то шо се гледа, шо кажва вагата никој не можи да претпостави ако не кажам.
А ти нели баш убаво пазеше, на диета/режим или на што беше, зашто вака дозволуваш цел труд да пропадне ради слабост? Големи шансите се да ти е на психичка база, поради емоционално прејадување. Може и треба да побараш психолошка помош, да поработиш со психолог, заедно да го откриете проблемот. И не си изгледа упорна и истрајна, се откажуваш брзо. Или па уште не ти дошол моментот, да пресечеш ете, ама стварно да пречеш и да речеш дека доста е веќе. Ако имаш одредена цел, се трудиш да ја постигнеш, даваш максимумот од себе и не застануваш. И да згрешиш некој ден, потоа се враќаш како да немало грешки, си продолжуваш по патот, си тераш. Верувај не е тешко, треба да се сака само. Ајде дај си шанса од 1 - ви пак, од почеток почни и сериозно сега. Најди си мотивација некоја, пример не знам, ако имаш некоја облека што сакаш да ти е точна и убаво да ти стои, стреми се кон тоа да го постигнеш, да видиш горда и задоволна како ќе бидеш на себе. После друга наредна мотивација и уште поголем успех. Да, апсолутно така е. Па и не си давам и не ми ни даваат волку кг колку што ги иам, еве и да си се допаднам скроз, да си помислам тоа е тоа и да речам " не ме занима вагата" пак коа ќе видам некоја бројка што не ја сакам одма ми мути вода. А нејќам да е вака. Ко да сум се опседнала малце, или малце поише со ова.
Мое мислење е дека си на погрешен режим на исхрана. Ти треба повеќе храна, по тоа што пишуваш дека јадеш ми се гледа ептен малку дека е, затоа и огладнуваш. А муслите ич не се добра идеја за слабеење, како прво имаат премногу шеќери и затоа огладнуваш нагло. Јас неделава бев грешница Пред некој ден си се видов преслаба, си ги видов коските од колковите како ми се подаваат и преку фармерките. Јадев леб отеков квалитетно и сега пак сум на диета Сепак ќе мора да купувам нови алишта, фармерките ми се големи иако вагата покажува неколку килограми плус. Мора да се вратам во теретана, а ме мрзи, ми се плаче мме. Бми најниско ми беше на 21.8 Ќе мора нешто да променам. Деновиве планирам да јадам многу протеини и конечно да почнам да вежбам по малку. Како прво, качување по скали
@Mr. Right @theowndemon уплатив за 3 месеци а вчера заокружив еден месец... Ми вели дека не сум тренирала доволно и јадам и сега ми појача тренинг 1и пол час дневно. А имам вишок 15 кг за слабеење. Точно е да за обемот ама како што рековме кога ќе видам кг не мрдаат се разочарувам. Ќе видам пак за две недели, оти се убивам од вежбање и гладување уште не ми е навиката толку малку калории да јадам
Ни ова не седи добро со мене. Колку поќе го измачуваш телото ќе оди во шок и ќе почни да прај задршка максимално, башка мора да има паузи. И ко ќе не одржуваш исто темпо на вежбање и исхрана ќе имаш јо-јо. Секош ми велеле не поќе од 50-60 минути ефективен тежински тренинг тренери. Ама еве за то ќе го повикам @Ajronmen постручен е. Моето е лаички кажано.
Да провериш да не имаш инсулинска резистенција па контрапродуктивно да е сето ова. И женските хормони исто така. Плус ако внесуваш многу малце калории исто нема да слабееш
Ти благодарам на мислењето. Мислам дека можам повторно одново да почнам и сериозно да истраам. Знам дека еднаш се имам успеано и можам повторно. Денес се разбудив со нова надеж и мотивација и храброст.
Како што ти рече @theowndemon, можеби имаш добиено мускулна маса. Што е сосема нормално на почеток на вежбање, па дури и нормално е да качиш кило-две. Сепак, има многу аспекти во твоите коментари шо ми се чудни, па затоа и може друг проблем е, пошто за мускул да расте сепак се потребни калории. Основна работа: 1200 калории дневно + напорни тренинзи = смени си го тренерот. Ова не е нормална работа. 1200 калории се премалку за живот на човек што лежи цел ден во кревет, а не па за активна личност. Што се однесува до калориите кои ги трошиш на тренинг - не постои начин на кој може со сигурност да се измери колку калории трошиш. Така да, не се потпирај општо на тоа. Прво, како тренираш со тренер а тој не ти верува дека имаш намалено во струк. Онлајн тренинзи? Не те гледа во живо? Не приметува разлика? Не те има на почеток на тренинзи измерено? Ко, 10 цм треба да е прилично приметлива разлика... Мене ми мириса на тренер без некакво искуство. Искрено, не сфатив дали си уплатила теретана или тренер 3 месеци. Ако е второво, жал ми е стварно. Оти тренеров ти е делулу. Ме интересира, колку денови неделно вежбаш/те? Не треба да се убиваш од вежбање и гладување. Ги немам сите факти, ама ако ова шо го кажуваш е целосната приказна - не е до тебе, до тој шо те води е. Рестриктивна диета и претренирање само ќе ти ги поремети хормоните, ништо друго.
Онлине е ме нема видено само побара мерки пред почеток и потоа бара мерки секоја недела. И кога ќе искоментира за минатата недела се базира само на кг тотално не ги коментира мерките. И сега затоа испаѓа јас лажам и јадам а јас се убивам и гладувам. Пробав од појсчаниот тренинг ми се слоши оти освен ова јас работам и по 9 часа дневно и имам и бебе и дете. Вежбање е 6 пати неделно од кои трипати наутро нагладно 40 мин и плус попладне 1 час.Храната е:наутро чија со овошје и чаша протеин, ручек туна или стек со ориз или мешавина, и вечер белки или протеин плус матено смути од зеленчук кога сакаш во денот. Сликата со разлика во обем од ден 1 до денес е очигледна ама тој смета дека лажам, затоа реков да прашам как грешам и оти кг не одат надолу....
Да, со тоа што за инсулинска резистенција треба повеќе време да одвоиш. Прво те боцкаат еднаш, па пиеш течност, растворен шеќер, па се чека околу саат и те боцкаат пак.
Не грешиш ти. Накратко вежбаш со човек кој не е доволно добар во неговата работа. Жал ми е дека си фрли парите ама не се фиксирај на бројката на вага за почеток, и најди си нов тренер. Идеално во теретана/во живо, кој ќе можи вежбите да ти ги покажи и да те прати како вежбаш. Ова за твое добро, пред дотичниот да ти направи повеќе штета.
Дефинитивно не е до тебе. Повеќе грешки има направено тренерот. Звучи ко тотален gym bro со познавање на маалски фитнес митови. Прво и основно, претренирано ти е телото. Премногу е ова, особено премногу е во однос на внесените калории + твоите останати дневни активности. Немам коментар колку не е нормално. Дали плус се уште доиш бебето? Пред колку време се породи? Дали сериозно ова е храната шо ти ја има дадено тренерот?
Не ја дојам а породена дум пред 9 м. Имам уште 2 м претплата кои неможам да ги откажам за жал. Го избравоти има огромен успех кај луѓе со повеќе кг.. Инаку да ова е храна за секој ден е иста