Па јас општо толку се движам, а и не можеш да се потпираш само на тоа, мораш да бидеш во калориски дефицит со исхрана и плус да движиш вака ако претходно не си се размрдувала воопшто. За мене лично сметам дека ми треба повеќе од ова за да слабеам видливо, ама моментално не сум во можност да вежбам плус..
Јас го имам истиот проблем, се фокусирам на резултатот цело време, наместо на тоа да водам здрав начин на исхрана. Остави го резултатот, ти биди си доследна на процесот и верувај во себе. Овие се зборови и што си ги кажувам самата на себе. Девојки јас многу добро се држам, задоволна сум. Вчера си го приуштив мојот омилен сендвич, но останав цел ден на тоа, бидејќи ги изедов дневните потребни калории Денес сум на веганска исхрана, една голема тортиља со зеленчук ја поделив на ручек и вечера.
Се нервирам оти 20кг имам вишок, не е малку, да сум пред крај поинаку ќе размислував Мислев оти набрзина ќе симнам толкав вишок, првата недела 3ипол кг, сега еве цела недела стојам во место
Диетата ти е исто како работата. Работиш цел месец а ти плаќаат еднаш. Зошто тогаш би се мерела секој ден? Терај си ја диетата, јади си нормално, не е страшно дури и екстра салата да изедеш, 150 калории максимум е тоа. Прави што е можно повеќе чекори, килажата постепено ќе се намалува.
На салата не штедам, и за време оброк и кога сум гладна онака знам да изедам морков, краставица или зелка, ненаправена, да грицкам Очекував да оди ко претходно слабеењето (на два пати имам симнато доста големи килажи), затоа и сум со вакво мислење Ама ќе ве послушам сите, ќе тргнам вага и тоа е тоа
Јас сум 30кг вишок, затоа те разбирам многу убаво. Се убедувам себеси да си ги контролирам емоциите и трпението за да го добијам тоа што го сакам со истрајност. Сега веќе не се фокусирам на бројката на вага, се фокусирам само на број на калории внесени од ден за ден, не правам повеќе пресметки колку ќе ослабам за една недела за месец или за два. Килата верувам дека не се симнуваат наеднаш, некогаш има успони некогаш оди побрзо, се оди по некое непишано правило, како твојот организам ќе се прилагоди на калорискиот дефицит. Само упорност е решението, и да се воведе во рутина здравиот начин на исхрана. Сега знам, ќе си речеш можеби не сум некоја што треба да кажувам како треба бидејќи еве ме и јас сум со исти проблем, но мислам дека овај пат си ја научив грешката и покрај тоа имам ослабено порано 25 кила, што значи дека можам, и морам! Денес за ручек имав макарони со брокула, со пармезан и пилешко. Со една чаша цевитана, и за вечера чаша јогурт со смоки, моето омилено јадење од детство Тоа е тоа за денсс
Изгледа на никој не му се диетува Поминаа сите празници, време е да се вратиме во темата. Деновиве слабо јадев, затоа изедов пола кутија протеински барови. Ми се јадеше благо та ми се плачеше. Имам неколку чоколади дома, за црни дани, кога бев во маркетот се мислев дали да си купам една голема тегла Нутела, ама не купив Денес сум добра, уште ми се нема пријадено благо Појадок подварок зелка Ручек свинско со зеленчуци Вечера чиа семе со протеини Два месеци како се врткам околу истата килажа, а јадев и благо и леб и што ли уште не 8 месеци сум на здрава исхрана, 30килца во минус. Сега планирам само да одржавам килажа, не ми се купуваат пак нови алишта. А се ми е широко
Добредојдр во клубот . Лани си купив панталони наново, и пред некој ден бев пак да купам. Си земав ист број да пробам како тие од лани, и шо да видам.... како вреќи ми беа. Два броја помали земав и пак ми клапат. Денеска баш ги пробав и тие од лани и ми висат . Незнам дали да се радувам шо иам ослабено или да тагувам за панталоните шо ќе неможам да ги носам .
Јас моите ги раздадов, ама како тргнало и овие ќе треба да ги донирам, а таман купив топтан се. И униформата за работа што купив во декември ми е голема, за неа највеќе се нервирам, пак ќе треба нова мме
Секој ден правам по 12000 чекори зашто тоа ми се точно 500 калории. Вежбам 3 пати неделно, благо не јадам, леб си дозволувам во мали количини и веќе неколку дена вагата ми покажува +3кг
Правиш некаде грешки во внесената калориска вредност наспроти потрошената. Мора да бидеш во калориски дефицит плус да трошиш повеќе отколку што внесуваш и така ќе слабееш. "Јадам малце" ама уствари тоа малце зависи и што е. Благо не јадеш, од јаглехидрати брзи шеќери не внесуваш, но затоа од други јгх кои брзо го вивнуваат инсулинот, внесуваш леб, океј малце ама сепак на 100гр леб имаш 270-300 калории и 35-50гр јагх, башка ако во измеѓу грицкаш и нешто друго калорично а не го сметаш за оброк, и тоа си има своја калориска вредност. Плус ако внесуваш највеќе јгх, не мора да е тоа само благо, или пак доста солена храна, тогаш телото задржува вода и нормално ќе покаже фазла на вага. Најидеално е да се мериш на сабајле, стануваш, физиолошки се празниш и потоа се мериш.
@malerozna ја не се откажувам еве ме само ќе си се вратам на програма од нутрционист, оти само месо и јајца не можам да издржам веќе - смути - оризови галети со pb - пилешко и салата - детокс смути - палента и јогурт
Сок од еден лимон, банана, 3-4 брикети замрзнат спанаќ (или рака свеж) и 1/4 лажиче ѓумбир во прав, може и свеж...
Ќе напраам мал детокс деновиве, само салати овошје и смути, оти сум пред циклус и се осеќам подувано ептен
Јас така почнав. Првите 3 дена само сирова храна. Потоа следната недела за појадок овошје ручек нормално како секогаш а вечера салата. И после месец резултатите беа за радување.
Женски што јадете за да внесете повеќе протеини? А да не се оние чоколадцана и пудинзите? Нешто природно...