(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Зависи колку имаш. Ама ваљда 10-12.Мене толку ми требаа да дојдам до 36/s.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Ајде женска, поддршка сум ти за да те мотивирам да одиш во теретана, we got this! И јас одложував со месеци, со платена програма и теретана и сега почнав од февруари. И не се секирај дека ќе отидеш во крајноста што не ја сакаш, јас верувам во тебе (fingers)
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    1.568
    Пол:
    Машки
    Мислиш од XXL на XL на пример?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Да
     
  5. m.triball

    m.triball Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Леле истата сум и јас :worried: не сфаќам што треба да се случи за нештото озбилно да го фатам со ред. Почнувам и се откажувам, едно пициче е доволно да ме преубеди :?:
     
    На malerozna и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    некој рецепт како да се подготви / комбинира киноата?
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    14.947
    Пол:
    Женски
    Јас мислам има околу 6 - 7 кг разлика од еден до друг број. Ама и зависи градбата каква ти е.
    Зар толку многу? :?: Пошо ја едно 5 броја у минус бев со изгубени 32 кила.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и кј мене има, периоди што толку ми се јаде и ништо не ме најдува. Не знам како да се сопрам. Гледам да поткаснувам нешто здраво, на пр овошје или некои грицки како сончоглед кикиритки или индиски ореви. Некогаш па можам и со една банана цел ден да сум. Но штом вежбаш се тоа се троши. Многу е важно да сме поактивни кога јадеме повеќе
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Толку за 1 број. Имав 70 и носев м/L, па бев М па после уште 8кг и сега сум С. Како секогаш што бев. Да напоменам после втората бременост бев 70.
     
    На marchi-cool и Mrs. right им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Дечки, на работа сум 3та смена. Јадењето ни е во 2 саат ноќта. Претежно е сува храна и се нешто безврска. Што би можела да јадам тоа време? Ќе си носам од дома. Еднаш чикен бургер со помфрит ни даваа во 2 саат (facepalm)
     
  11. Девојка999

    Девојка999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2018
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Дали е здраво секој ден да се јадат варени јајца, и по колку е препорачливо? Да речеме за појадок. Гледав некое видео каде советуваат секој ден да се јадат по три варени за доручек, помагаат за слабеење.
    Ја ги јадам, ми држат ситост, ама да не е премногу по 3 секој ден?
     
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Не е премногу
     
    На Девојка999 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.959
    Допаѓања:
    203.317
    Пол:
    Женски
    Две цели јајца и две белки може да јадеш на пример. Ако мислиш дека е премногу цело јајце. Од протеини никогаш доста.
     
  14. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.761
    Пол:
    Женски
    Кажете ми како после вежбање обавезно тежам плус 600-800 грама. Дали кардио, вежби или комбинирано обавезно е истово. Пијам вода уз вежбање ама нели и трошам, и не е како првичната тежина.
     
  15. Damsel

    Damsel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    2 на ден се сосема доволни, и тоа не секој ден...
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Во едно јајце имаш околу 6-7 грама протеин и околу 80 калории така да ако изедеш 3 да речеме дека ќе имаш околу 18 грама протеин и 240 калории. Така да океј е и плус за слабеење се препорачува внес на протеин; во комбинација со салата, леб од цело зрно тостиран и авокадо ти е топ појадок и и ќе те држи сита.
     
  17. Damsel

    Damsel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Не сите јајца се исти и не треба да ја користиме оваа храна на дневна основа.

    Најчесто кокошките кои ги снесуваат овие јајца, се индустриски одгледувани кокошки. Едноличната исхрана и дозирањето на кокошките со различни средства за максимализирање на профитот, го намалуваат квалитетот на јајцата. Затоа, најдобро е јајцата да се набавуаат од луѓе кои ги познаваме или за фарми кои знаеме дека ги чуваат кокошките соодветно.

    Високата содржина на холестерол и маснотии ги прават јајцата не баш погодни за секојдневна употреба.
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    25.250
    Кои се вашите go-to оброци од 400 калории? И башка од 500?
    На што највеќе вреди да се внесат калории?

    Као, многу лесно е да склопиш 2-3 работи и оп, оброкот е веќе 500 кал. Па ако целам до 1500 дневно, тоа значи можам да имам или 3 оброци по 500 калории; или 3 оброци по 400 калории, плус или 1 ужинка од 300 калории или 2 ужинки од 150 кал. (или една 100, друга 200).

    Па така, најтешко е протеин да внесеш. За мене стандард се јајца за појадок и месо за ручек или вечера, како главните извори на протеин. Па поради тоа, оброците ги досклопувам вртејќи се околу јајцата и месото. Ама тие по секако се пола од калориите на 400-500 калоричните оброци, што значи нема многу простор за останата храна. Малце јх, малце масти, повеќе зеленчук. Некогаш е стварно мачно да се направи комбинација, а да не е едното те исто.
     
  19. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98

    Погледни ги видеата од девојчево

    https://youtube.com/@LiezlJayne?si=Ao8CNvOgZotpPdoP
    Мислам дека ќе најдеш доста идеи ,многу има и веге опции за внес на протеини за да не ти е досадно само со јајца и месо,доста едноставни оброци детално објаснети
    Долго време ја следам , навистина е супер мотивирачки
     
    На simoncelicius и MissChievous им се допаѓа ова.
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.272
    Пол:
    Женски
    Тука сум и јас, ама чекам резултати од испитувањата и најверојатно ќе ми ја менуваат терапијата која ја пијам веќе 10г поради ИР, се надевам дека нема да тапкам во место со новата терапија, да изгубам само вода и толку да биде од слабеењето...
    Бев во Центарот за обезност, ме мереа, чекаме резултати, план за исхрана и нова терапија, така да, од среда кога ќе завршам се ова, ви се придружувам пак :D
     
    На malerozna и Ariel им се допаѓа ова.