јас што 20 год на точак не сум се качила минатиов месец скоро 1 саат сум го поминала на точак ко за почеток после залежување зимава тоа е супер. Околу храната од вчера: Д. Чај натура вита со куркума портокал и цимет. Чаша лимонада. У: смути од лимон јаболко и морков Р. Салата зелка и морков со парче сирење. В. Банана
Здравоооо . Као ќе почнев од денес, ама ја утнав работата. Не знам што ми се случи, изгледа притисокот ми падна, ми се стемни и имав ненормална потреба од нешто солено, па се дадов на чварки и лешници . Ич не ме радува ваков почеток, ама што е - тука е. П: капучино, овес, јогурт, банана Р: капучино, чварки, лешници В: месо, малку компир и сос, салата, капучино Морам да редуцирам на едно капучино дневно, многу калории се ова. Не можам да се движам денес, ептен сум без енергија.
П: капучино, рибја чорба, парче леб Р: капучино, 2 лажички мед В: бурито Денес намалив едно капучино. Ама ничем озазвана изедов 2 лажички мед. При крај на работа ме фаќа глад, треба да си купам некое овошје.
П: капучино, јогурт, ленено семе, овесни, банана, малини Р: капучино, 2 мандарини В: грав со колбаси, ајвар, вишни.
Не може ручек да ти биде капучино ☺️ а и вечерните оброци ти се појаки од ручеците а треба да е обратно, нормално не со капучино, туку со балансирани оброци. Со оваа исхрана нема трајни промени и резултати sorry
I'm back - варени јајца, кришка леб, салата - овошка - туна и марула и кромид - детокс смути ќе е ако сум гладна
Проверено со повторно враќање на килограмите за жал, и вртење во круг, тоа е се зашто нема баланс во исхраната, пак ќе кажам ☺️ Сигурна сум дека цело време варираш со оваа исхрана и никако да ја одржиш долго целта...
Како конкретно треба да се избалансира подобро? Не разбирам што е погрешно. Инаку варијациите се мали, тоа што го симнав после бременост, не сум го вратила. Има простор за подобрување, ни 2-3 кг да не варирам, ама не верувам дека ќе стигнам до таму, поинаков пристап бара…
- овесни со грчки јогурт и малини - овошка - интегрални тестенини (ако имате рецепт за сос кој е low calorie, некој здрав сос пишете ми ве молам да не ги јадам суви ) - детокс смути
Сос од домати со зачини - на пример рузмарин или оригано. Во него можеш да ставиш маслинки или печурки, нискокалорични се двете.
Прв чекор за здрава исхрана е разновидноста. Обиди се да вклучиш широк спектар хранливи извори во својата исхрана, вклучувајќи овошје, зеленчук, производи од цело зрно, млечни производи со ниска масленост како фета или грчки јогурт на пример, риба 1 до 2 пати неделно, мешунки( грав, леќа, наут, грашок...) Киноа, овес, хељда.... Помалку познато, но многу важно е и да се пие доволно вода. Водата помага во одржување на хидратацијата и есенцијална е за брзиот метаболизам и здрав живот.
Јас почнав да пишувам во апликација, па сѐ мислам дека и тука сум пишала - вафла со путер од јатки, мед и малини - 2 капучина - пилешко со ориз, брокула и сусам Недела е ден за уживање Почнав секој ден да играм џаст денс, колку-толку да се раздвижам. Болките во кичма веќе ми се намалија, скоро и да ги нема.
Авокадо сос (за 2 порции) Главица кромид се пропржува со пиперка. Се пасираат брокула, морков, маслинки, малку спанаќ и малку томатело со половина чаша вода. Се додава во кромидот и пиперката и се динста додека не испари течноста. Се зачинува по желба. На крај се додава половина пасирано авокадо.
MyFitnessPal ја користам. Доста добра е, стварно освестува за некои јадења. Веројатно премиум верзијата е многу подобра, ама не ми се плаќа . Јас ако не се раздвижам, сѐ ме боли, не е за слабеење, не се некои напорни вежби.
Фала тии! Скапа е премиумот некако Он топик, за денес; - леб и хумус, краставица и морков - овошка/јатки - грашок манџа и марула - детокс смути
Здраво на сите! Јас сум нова на форумов. Сакам да започнам диета, но не знам каква, дали вие држите некоја диета или се водите по сопствен режим?