Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам дали некој лененото семе го користи мелено? Ако да, прашањето ми е количински колку додавате во смути
     
    На malerozna и Ariel им се допаѓа ова.
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Јас имам неколку програми од нутриционист и комбинирам, плус бројам калории..

    Една лажичка ставам во детокс смути, исто и наутро во вода со лимон, половина лажичка.. ова од нутриционист ми е вака останато.
     
    На malerozna, marchi-cool и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.875
    Добредојде и со лесно диетата.
    Јас бројам калории, т.е главно гледам да не јадам благо бидејќи од таму ми се вишокот калории.

    Јас користам само кога имам проблем со нередовна столица, 1-2 големи лажици во мусли.
     
    На andrejko82, malerozna, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.875
    П: овесни, ленено семе, јогурт, банана, вишна, капучино
    Р: овесни, јогурт, банана, вишна, капучино
    В: шпагети со морски плодови, чаша бело вино

    Нема физичка активност, уморна сум.
     
    На malerozna и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  5. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Поручек немаше, за ручек гордон блу едно парче со 2 кришки леб и зеленчук. Потоа 2 портокали изедов.
    Денес прв ден (fingers)
     
    На malerozna, Ariel и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  6. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    - лебче и хумус, морков
    - овошка/јатки
    - марула, компир варен со кромид, туна
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    П: овес со јовита
    Р: макарони со зденки
    В: макарони со здрнка пола чинија
    :inlove:
     
    На malerozna, Vanilla15, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    П: овес со активиа, потоа еден ѓеврек со 2 зденки |(
    Чаша свежо цеден сок од морков, спанаќ, портокал, лимон и јаболко
    Р: 2 јајца со салата и 2 кришки црн леб, парче сирење
    В: нема, или некоја салата или овошка некоја ќе изедам :*
     
    На malerozna и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Денес ќе се простам со вагата и ќе се гледаме еднаш неделно, оти ако продолжам секој ден да се мерам ќе добие крилја :D

    - овес со грчки јогурт и ситно овошје
    - јатки/овошка
    - јајца и салата за денес
     
    На malerozna, penelope10 и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Благодарам.
     
    На malerozna и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  11. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    П: овес со активиа и една кива
    Р: пола парче лазања и пола парче гордон блу (мораше делба :$), салата и варени јајца.
    В: нема вечерање, ќе се оди со intermittent fasting :lol:
     
    На marchi-cool, malerozna и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    - сендвич со интегрално лебче, краставица, домат, пилешки гради
    - оризови галети со путер од кикирики и јагоди
    - гравче и салата
     
    На malerozna и penelope10 им се допаѓа ова.
  13. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    Јас сум на ун диета веќе 60 денови.
    Пред многу време бев на Дајмонд диета.
    И двете се добри, се слабее. Кај мене исто делуваат.
     
    На malerozna и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  14. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Понеделник започнувам со постот, веќе мислам дека е доволна веганска исхрана. Сепак, ќе внимавам да не јадам леб воопшто и благо. Мислам дека доволно е постот за наредниот период, потоа можеби ќе започнам и некоја диета.
    Сакав да ве прашам девојки дали имате пробано да консумирате јаболков оцет наутро, дали сте имале некаков резултат?
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    Лесен пост, тоа е повеќе од доволно.
     
    На malerozna и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  16. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Дојде и тој ден кај шо собирав сила (и храброст, пошто ќе наидам на ТОН критики) да ви споделам на сите, онака до срж искрено, дека половина од вас (а читав 10 страници наназад), никогаш нема ТРАЈНО да ја намалат килажата и доживотно да го изгубат салото.

    Како знам?

    Не сум нутриционист, не сум инфлуенсерка, не сум промотер на она срањето Хербасрањ, не сум воопшто поддржувач на диети, и не сум некој што ќе дава лажна надеж наоколу Ејј браво си изгубила 10 кила за 1 месец, ај ќе те видам догодина овој ден колку кила ке имаш..

    Цел живот бев обезна. Од кога памтам за себе. Со ужасна конституција, најмногу таложев на стомакот грбот рацете и лицето. Имав таканаречено moon face. На мои 23 години, конфекциски број 40/42 носев, за на 28 да стигнам до 44.

    Висина - 158 сантима. Најмногу килограми во живот, Декември 2018 - 80.

    Е сега, замислете 158 см со 80 кг. Одвратно.

    Имав висок крвен притисок што постојано беше 110/140 и за кој ми дадоа терапија што нормално не ја пиев. 0 физичка активност, склоност кон дијабетес (инсулинска), тахикардија, анксиозност, напади на депресија и несоница.

    Еден убав сончев ден у Декември 2018 на инстаграм ми излезе пост, колку калории има зеленчукот на 100 грама.

    И си викам, зашо ми е мене мобилниов, не е само за да скролам и да гледам туѓи убави тела, дај да отворам Гугл, и да почнам да читам Што всушност се Калории, и како да знам на кој колку му треба во текот на еден ден.

    И луѓе мои, јас сум јадела 2000+ на ден, иако работев стоечка работа и правев 12к+ чекори на ден. Јас уште бев двокрилен.

    Таа вечер земав една црна кеса и ја фрлив нутелата, смесата за готови палачинки, сончогледовото масло, пита лепчињата, едно чоколади шо кај нас ги нема а ги обожавав, и таа вечер си легнав гладна.

    (малку глад чуда праи - тема за нареден пост за Постење).

    Денес сме 2024, јас уште имам 158 сантима. На тоа не можев да влијаам. Тежам 57 кг и се вртам околу тој број во зависност од тоа у каков период се наоѓам. Дали сакам поопуштено да терам, бидејки период на свадби, празници итн, или сакам да пазам попосветено. И во двата периода јадам СЕ ШТО САКАМ. А во дневниот внес тракам и алкохол.

    Сама, самцата со следење на храната и неодложлива физичка активност во теретана СЕКОЈ ДЕН, спуштив 17 кг за 8 месеци, и 25кг за малку повеќе од година.

    Меѓутоа, во последните 5 години (од како ја зедов контролата на животот у свои раце) мојата килажа варираше од 54 до 60. Ни погоре, ни подоле. А варираше затоа што еден период сакав да ми се познаваат коските (глупа работа), а друг период сакав да изградам глутеус (што УШТЕ го градам).

    Од тие варијации, 4кг се ЧИСТ МУСКУЛ. А тоа е одлично за женско. Тоа го "ваја" телото.

    Од 80 на 57 (моментално) - 20 килограми ЗАСЕКОГАШ погребани на гробиштата на игнорантноста и незнаењето, бидејќи таа дебела Јас, седна и направи ДОЖИВОТЕН план и програма.

    Како сакам да изгледам? Што сакам да јадам? Колку ќе јадам? Шо ќе вежбам? И дали МОЖАМ вака до крај на живот?

    И еве ја математиката на крај

    1. Се додека не се научите што е калорија, што е големина на порција, и која е вашата дневна потрошувачка, ќе се вртите во круг секој март пред лето, ќе држите диети кои функционираат (НА БАЗА НА КАЛОРИСКИ ДЕФИЦИТ) и кога ќе ги прекинете за 2 месеци ќе се врати се.

    Ќе се вртите во круг и ќе мислите дека извајано тело е недостижно кога во суштина СЕКОЈА ЖЕНА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВАЈА ДО ПЕРФЕКЦИЈА. Само не секоја сака да поверува дека НЕМА ТЕЛО БЕЗ ТЕЖИНИ.

    Ќе напишам пак, НЕМА УБАВО ТЕЛО БЕЗ КРЕВАЊЕ ТЕЖИНИ.

    Иако сум хибридна атлета (кревам + трчам + пешачам), и секоја физичка активност (точак, планина, трчање, пилатес, и оние глупине интензивни тренинзи) ја поддржувам, на пиедестал за градење на тело БЕЗ САЛО Е ТЕЖИНСКИОТ ТРЕНИНГ и менаџмент на калории. До-жи-вот-но.

    За да работите на губење на сало (пошто јас со 57 кг сега и со 57 кг во 2020 изгледав различно) треба да почнете да ГРАДИТЕ МЕТАБОЛИЗАМ.

    Метаболизам се гради (досадно, зар не?) со КРЕВАЊЕ ТЕЖИНИ. Брз, јак метаболизам Е ЕДНАКВО НА ПОМАЛКУ САЛО И ПОСЕНЗИТИВЕН ИНСУЛИН. Многу рецептори за инсулин се наоѓаат во мускулите ама тоа е друга тема.

    Значи, да сумираме, едукација за калории во секој вид на храна, што е low dense што е high dense calorie храна, па читање на декларации на сите можни производи.

    Досадно, зар не? Читање декларации ќе ви помогне да одгатнете дека една шака кикирики има калории колку ЕДЕН ОБРОК на дефицит. Од кои, повеќето се масти (а пази, има и заситени, ужас за холстеролот)

    Дека една шака кикирики има приближно калории колку едно варено геврече.

    Дека една шака кикирики има исто калории колку скоро 200 грама стек!

    И со целото тоа знаење за храната, се префрлуваме на потешкиот дел. Одиме на втор чекор.

    Следењето.

    2. Под претпоставка дека дома имате дигитална вага и сега веќе добро знаење за секоја можна намирница у Кам, Стоко, Веро и у кафана, отварате најпрост можен калкулатор за калории, и тука веќе се е термодинамика.

    Пол - женски
    Години - 28 (на пример)
    Висина - 164см
    Тежина 70
    Активност - бидете искрени со себе овде, ако работите работа со седење и правите под 10к чекори на ден СЕКОЈ ДЕН, вие сте во скоро неактивна група. Little to no exercise.

    И фала курцу на интернетов, за секунда ќе ви даде колкав број на дневна база ви треба за да ОСТАНЕТЕ 70 кила. Колкав за да намалите.

    И почнува следење на храната додека самите, после 2 месеци веќе не станете спремни да правите приблина проценка на едно парче сирење, на еден домат, на парце леб. Проценка на грамажа и проценка на калорија на нештото.

    Јас од око знам кога ставам овес дали е 10 гр или 20 гр. Ми требаа ГОДИНИ да можам да правам добар guesstimation. Пошто вага со себе у кафана не можам да носам, затоа знам кога ќе седнам одприлика ШТО и КОЛКУ да ставам.

    И математиката е следна:

    1 килограм сало има 7700 калории.
    За да изгубите 1 кг сало треба да ПОТРОШИТЕ 7700 калории. Ако правите кардио СЕКОЈ ДЕН ОД НЕДЕЛАТА (што е невозможно), треба да бидете во калориски дефицит од 1100 калории што е неизводливо ни само преку храна, ни само преку тренинг, а некогаш и комбинирано.

    Тоа што ВАГАТА иде надоле не значи дека отишло салото. Ама тоа е тема за друг петок.

    Значи, треба да направите план и програма, како да изгубите пола кило сало на недела. Значи, цирка 3800 калории дефицит неделно, за да тргне работава надоле.

    3800 / 7 дена неделно - тоа се околу 550 калории на ден.

    Ова е веќе И ТЕ КАКО изводливо.

    Се креира дефицит преку А) одземање на 300 калории од дневен калориски внес (особата со горниве параметри има потреба од 1709 калории за да остане на таа тежина) + Б) 250 калории од физичка активност (е тука бирај што ти душа сака, пешачење е секогаш број 1 најдобро кардио, за почеток)

    Математиката е направена, калориите се пресметани.

    На Стојка шо сака да ослабе до Јуни, ќе и требаат околу 1400 калории на ден, тежински тренинг 3 пати неделно, и 10-15к чекори на ден СЕКОЈ ДЕН. Не и треба кардио.

    Кога Стојка ке допре до нешто што се вика плато - илити застој, ќе направи реверс во калориите постепено, и ќе почне да има нова математика. Кога ќе има нова тежина од 56 кг, пак ке ги внесе новите метрики и ќе направи нова калкулација, и ќе продолжи да јаде во Мејнтененс, или ти одржувачки број. За да го покрене метаболизмот и одмори и телото и главата од дефицитот. 12 недели е сосема доволно за дефицит.

    Ако 3 месеци Стојка редовно тренира со тегови, ќе забележи блага ДЕФИНИЦИЈА (за жал, за мускул требаат години), подобрено спиење, подобрена кондиција, почисто лице, помал конфекциски број.

    А шо е најјаката ствар? Стојка НЕ ДРЖЕЛА ДИЕТА туку јадела СЕ ШТО И СЕ ЈАДЕ ТОЈ ДЕН - пресметано во нејзините дневни калории.

    Како да знаете колку јадете?

    App store -> My Fitness Pal -> download -> create profile

    Мислењата на врвни атлети во светот на фитнесот се подолени околу ова. Можно е да создаде орторексија, нездрава опседнатост со храна, или да ја претвори храната во бројки.

    Лично, секоја храна ја гледам како број и макроси, бидејки 5 години 80% од она што го имам изедено го имам и измерено, и истракано во дневен калориски внес. Ама не ми смета ниту ми штети на било каков начин. Само што не можам пак како порано да изедам цело чоколадо. Пошто ЗНАМ што има у него сега.

    5 години неуморно идам да пешачам и кога сум болна, и кога е минус, и кога не ми се оди, и кога ми е срцето искршено - зошто тоа е начин на живот.

    И вака, со ваква активност и следење на порцијата можам да живеам до крај на живот.

    Можам 80% од храната да ја следам, да ја мерам, можам да продолжам да се едуцирам за манипулации со калории, можам 4 пати неделно да грувам у теретана, можам да идам на Водно и кога не ми се иде, можам.

    Ама сфатив дека не можам да држам диета 3 месеца, и после 6 месеци да изгледам исто како кога сум ја почнала. Сакам да знам дека можам да јадам СЕ секој ден и дека тоа нема да се врати како сало туку како зголомена енергија за тренинг, како додавање нова плочка на шипката, како мускул, или просто како една награда за убавиот ден.

    Без преобразба на главата нема преобразба на телото.

    Учете, читајте, не гледајте инфлуенсерки, не слушајте луѓе родени со добра генетика. Хакнете го споственото тело - она што функционира за Цвета НЕ ФУКНЦИОНИРА ЗА ВАС.

    И најбитното за мене не е изгледот, туку тоа што 5 години циклусот ми е точен до минута, хормоните избалансирани, кортизолот низок, притисокот НИЗОК, пулсот низок, сонот секогаш во исто време по 8 саата, тироидната океј, шекерот океј.


    Ако нешто ве покрене денеска да направите една измена, нека не биде тоа нова диета. Ве молам нека биде секоја вечер пешачење по 6 километри, секоја недела качување и спуштање на Водно, секој ден јадење барем една џамбо салата, секој ден пиење барем 2 литра вода..

    Една измена неделно, тоа се 52 промени годишно. Така не само што се слабее, туку се станува ноц човек и физички и психички.

    Направете го нештото начин на живот, направете го игра, направете го забавно, направете го дисциплинирано, посветено. Направете го како предизвик што ке трае додека сте живи. Направете го успешна животна приказна.

    Догодина пак ке биде Март, направете да не морате да држите диета наредниот Март!:hug:
     
    На Zfer, Mucika, Amellie13 и 23 други им се допаѓа ова.
  17. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Денес на дневно мени пилешко полнето, со кашкавал и кулен, и помфрит веџис.
    Thats it girls for today :inlove:
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    Апсолутно се согласувам со тебе. Секое враќање на слатки, бело тесто, брза и пржена храна, не балансирана храна, изгладнување и прејадување во текот на еден ден значи враќање назад и вртење во круг. Внесување балансирана храна со повеќе влакна, протеини, јаглехидрати и здрави масти и нема потреба од броење калории, а килограмите ќе бегаат. И ајде да зборуваме за здрав начин на исхрана, а не за диета.

    Јас искрено го користам поимот диета, затоа што ако им кажам на луѓето начин на исхрана, не ме разбираат за што зборувам. Никогаш не ги следам диетите (читај нечиј начин на исхрана) слепо, туку ги прилагодувам на мојот животен стил и ритам и на потребите на моето тело, затоа секогаш ми успеваат и не се откажувам во првите 10-15 дена. Треба добро да се знаат потребите на сопственото тело за да се изгради сопствен начин на исхрана (диета).

    Честитки за тебе, што имаш сопствен начин на исхрана.

    Внеси салата за ручек и вечера, намали на количината макарони и зденка и внеси некоја овошка за ужина
     
    Последна измена од модератор: 16 март 2024
    На malerozna, Damsel и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  19. Mim1mi

    Mim1mi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    120
    Избегнувај пржена храна, внеси салата и овошје
     
    На malerozna, Damsel и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    - јаболко и банана
    - јатки или пак овошје
    - пак гравче и салата :D
    - вечер чаша бело вино или џин тоник, на роденден сум, ќе се напијам една чаша алкохол
     
    На malerozna, FierceFemme_ и penelope10 им се допаѓа ова.