П: овес и 2 киви Р: сирењак со парче сирење и кисело млеко, е ме фати мерак за оваа комбинација В: салата
Браво што се потруди вака опширно да објасниш, штета што ретко кој ќе го разбере ова што го пишуваш и пак ќе продолжи да јаде само мандарина или капучино за појадок...
За денес; - кафе и чаша лимонада со ѓумбир, за појадок ете - салата и поховано пилешко со јајца - вечер ако сум гладна ќе јадам морковчиња со хумус измеѓу може јаболка, јагоди..
Сакам да забележувам за посните денови па така од денес почнувам да постам без масло до Велигден. И со тоа ќе гледам дали сум ослабела бидејќи и тоа е можно. 1/40 За денес: Поручек: кафе турско,лимонада,посна овесна каша на виталиа со соино млеко ,какао и семиња,оризови галети со мармалад и ѓеврече Ручек: посно гравче и салата зелка со оцет и мексикански микс-пченка,грашок,грав,морков Вечера: алва и зелка салата со оцет
Аууу цел месец поминало без да се пријавам на рецепција Здраво, јас сум Малерозна и сум лоша девојка Бев де, од денес сум на строга диета На фитнес групата имаме натпревар, кој ќе ослабее највеќе килограми, добива 60 евра ваучер Имам 3 недели да симнам кг и да ја бакнам 5ката на вага Денес БМИ 22.2 Бев 21.8, ама јбг, цел месец фешта си правам Еве во март почнувам, со пролетта и јас ќе расцутам Каснам со одговорот, ама цело време се гоштевам, од денес турбо диета е пак на мени Нема веќе бинџање, нема бел леб кој највеќе ме дебелее Денот го почнав со чиа и протеин. Ручек корејско ќе да е, вечера нема. Морам да намалам со калориите, наместо 1500 јас со месеци над 2000 терав
Што убаво се објаснето.. ајде сега малку околу храната која се употребува за пост , доколку имаш време се разбира.. дали ако јадам ориз/грав/компир во време пост ќе биде ок или??? Ај добар ден..тука сум, чат пат читам ама и си јадев периодов и пак сум три напред 6 назад.. Постам од денес, оваа недела ми е без зејтин и планирам предпладне да го поминам со овошје, што цедено што така изедено а втората половина од денот со зеленчук.. Почнав и да си водам дневник во myfitness апликацијата па ќе видам до акде ќе стигнам..
- оризова галета, домат и магдонос - банана - печурки и компири печени + салата - морковчиња, краставици со хумус Ќе пробам да постам со масло, не сум постела одамна..
И јас од денес на пост. Некако, ептен му се радувам. Само нема да е без зејтин првата недела, заборавив, а веќе спремив 2-3 јадења со зејтин. П: овес со какао и вишни (не е реално колку е добро) Р: чоколадна чиа со путер од лешник (уште подобро) В: грав и цвекло. Зелка салата ќе беше подобро, ама немам зелка. И тоа ќе биде за постот - појадок овес или чиа, ручек некоја манџа и салата. Сакам да направам работи кои вообичаено не ги правам, како киноа, хељда, наут, па сега барам рецепти.
Овој ден со нетрпение го очекував, да почнам со постот, премногу му се радувам кога ќе дојде денот за постење. Баш ми е мило што читам дека има девојки со кои ќе се дружиме за време на постот. Оваа недела ќе ја постам без масло, сакам цел пост но не знам дали би можела да издржам, не знам што би јадела. Салатата не ми е воопшто убава без масло, не знам чудна ми е. Ако имате некоја идеа да споделите наместо масло, нешто што би ја правело убава, инаку не можам Денес за поручек овесни снегулки од тие на виталиа со соино млеко од ванила , преубаво беше. За ручек, во фраерот си испеков морковчиња и печурки со зачини и со зелена салата, марулка, пиперка, кокарче и зачини, потоа една банана изедов. За вечера што остана ќе се дојадува Со лесно нека ви е постот
Во салатите можеш да додадеш Таан од Виталиа 100%сусам без додадено масло ,со лимон ,некој зачин,сенф и сето тоа како дресинг измешај го и прелиј ја салатата,плус некоја семка ептен вкусно и здраво за овие денови на пост на вода
Вчера супер ден.. денес сум со поголем ентузијазам.. Д овес со банана и лажичка мед потопено со чај У јаболка Р салата со спанаќ и потпечен сусам В леќа црвена , варена со сол само.. Оваа недела леб нема да јадам
Пробав денес како што ми кажа и мислам дека се заљубив во вкусот фала ти премногу Денес за поручек имав овесна каша чоколадна со соино млеко од ванила и пола банана, комбинацијата е предобра. За ручек, компир варен и зелена салата со таан, лимон и сенф со мед. За вечера го дојадов ручекот. И плус две бисквити со мармалад
Леле што убава дружба си имате што убаво друштво се собрало. Јас за никаде сум. Не дека не се трудам пазам колку можам ама вагава дури и нагоре оди. Постам и јас неделава со масло. Ајде ако мрдне вагата надолу може и ќе пишам.
Го прекинувам постот бидејќи е во главно храна што ми го крева шеќерот и не можам да функционирам така... - грчки јогурт со овес и чиа + малини - јаболко - домашни ќофтенца и супа, салата - за вечера се знае хумус и краставици/моркови
Јас да запишам за вчера 2/40 Поручек: кафе,лимонада,тарана посна, обланда со локум,алва Ручек: два ѓевреци, посен грав, салата со ротквица,спанаќ,зелена салата,пченка,грашок,морков,дресинг со оцет,таан и сенф,леб,пиперка Портокал,урми За денес : 3/40 Поручек: кафе, два ѓевреци Ручек:макарони со кечап,обарен карфиол, брокула и морков Вечера: посна пица од палента Урми и алва за ужина
Поручек една банана Ручек веге тортиља со салата Вечера 100гр ф'стаци Не знаев дека толку многу калории содржеле ф'стаците, затоа нема повеќе јадење за мене за денес
За денес овошка некоја, салата и супа ако можам, оти сум настината ептен, не знам што ќе ми се јаде и колку..
Добро утро УН диетата момоентално ја ставив во мирување,ама јадам само во рамка од 8 часа, па ќе видиме дали ќе симнам некое кило или ќе се вратам на диета д - тост со кашкавал и печеница од тонус леб р - ќофте,пире и салата