Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    Јас терам со постот, да не ме мислите :D.
    Сабајле чиа со путер од јатки и овошје, попладне манџа, супа, салата или некоја комбинација од трите :D
     
    На Vanilla15, andrejko82 и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Никој нема да ти даде критика зошто секој знае дека ова е вистината, ама повеќето ја избегаваат, наоѓаат разно разни оправдувања и само глумат дека демек нешто праат. Така да, џабе се замараш да пишуваш во темава. Да имаше вистински интерес, дискусијата ќе тераше во оваа насока. Ама нема вистински интерес, ниту храброст која е потребна за да се соочиш со себе и лошите навики, и да превземеш да го смениш тоа што е во твоја контрола.
    Како и да е, браво. Браво за постигнатото и браво за пишаното. :bow:
     
    На christinnn, Damsel, ThiccFit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Ова да им го кажеа омилените инфлуенсери, ќе го прифатеа и споделеа. Ама од обичен смртник доаѓа и ирелевантно е.

    Се додека имаме нација шо јаде геврече за доручек и пилешко у кари, ќе имаме ужасни крвни слики на млади тела шо треба да се у приматот на здравјето.

    Колку толку имаме океј храна за разлика од остатокот од светот, безбедно е пешачењето и имаме планинче на 2 км од центар, греота е човек со интернет да ги има СИТЕ-МОЖНИ-РЕСУРСИ како информација на изволте а уште да промовира УН диети. Леб и компир човече ма иди одма купи си и инсулин (ќе ти се најде).
     
    На chadorche16 и Damsel им се допаѓа ова.
  4. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Поручек овес со овесно млеко и кафе
    Ручек макарони со сос од таан, сенф со мед, лимон и малку кечап. И две чаши сок од праска.
    Вечера салатка некоја и уште малку од макароните што ми остана :inlove:
     
    На Vanilla15 и Ariel им се допаѓа ова.
  5. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Ден 4/40
    Поручек: кафе, овесна каша со соино млеко,алва,урми,банана
    Ручек: супа со зеленчук, макарони со кечап, ананас
    За вечера не јадам ништо. :)
     
    На marchi-cool, Vanilla15 и Ariel им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    Велигденскот трае 48 дена, за Божиќ се 40 :)
     
  7. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Мала грешка сум била во пишаното.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    Ај жити се, шо му фали на пилешкото у кари? Пилешко бе, нели викаш вежбање со тежини, како ќе качуваме мускулна маса без пилешко? :?: Протеини само ќе суплементираме ли вештачки?

    Па треба сила, енергија, треба и масти и јаглехидрати одредена количина да се внесува, не е работата да се исклучат, туку да се ограничат само, го знаеш тоа.
    И ништо лошо нема ако повремено ѓеврек се јаде. Нит мораш да буташ не знам колку количински, не претерувај.

    Со шејк, овес, мусли и чија ли да се помине доручекот?
    Или па јајца само секој ден? Месо ич да не се јаде или еднаш у неделата и само на салати да сме? :|
    Здосадува, и не сме роботи, некад и чит деј треба да има ама секако без претерување.

    Не сфатив стварно, дека пиша нели да не се гладува и да не се држат диети, туку СВЕ да се јадело шо ти се јаде, само со држење до одреден калориски внес и секако физичка активност, а сеа викаш зашо нездрава нација бута гевреци и пилешко?

    Инаку и вака коа јадев што викаш за нигде, не ми беше онаа обичната крвна слика ужасна, добра ми беше. :?:
    И при бутање замисли благо и јаглехидрати, инсулинот не ми беше понизок у живот. :drunk:
    Еве и ја не знам како. Не дека се оправдувам, воопшто не и сеа еве избегавам и се држам до калориски дефицит, дури благо сакам да исфрлам и само повремено ептен ептен ретко да се деси да земам.
    Поише да го заменам со овошје и некои поздрави варијанти на десерти па еве се навикнав, значи се можело.:)

    Ти све фино си пиша, се на место, браво што си држиш до себе и викаш дека за сиот тој период ни грам не си стаила и скроз си водиш еден здрав животен стил.
    Ноооо, забораваш кај живееме сепак.
    Си иаме храна горе доле ок, си иаме планини, патеки за трчање, пешачење, ама просечно Македонче ај размисли дали може и у состојба е исто буквално ко тебе да се храни и да води идентичен лајфстајл? :?:
    И во поглед на исхрана и во поглед на вежбањето?

    Ко прво не е толку едноставно баш ко што се мисли, еве од денес ќе почнам да пазам, второ не можат сите да си приуштат, трето не го спомна аспектот на дебелина или вишок на килограми поради здравствени причини и четврто, па не е баш така, дека ако скроз пазиме не би можело во иднина нешто наопаку да тргне. :| Непредвидлив е животот и некад и не е све до нас.

    Инаку дека треба да внимаваме, треба, се слагам тука, за физичката активност највеќе се слагам, само нема секој време да издвои да пешачи по 5-6 км секоја вечер.. И пак ќе речам секоја чест што толкав период воопшто не си вратила и си го сменила комплетно твојот мајндсет. :) (y)

    Ти си се научила вака и супер за тебе но еве на друг ептен замарање ќе му биде и психички ќе го исцрпи тоа броење калории на све и свашта.
    Еве мене пример. :sweat: Секоја ви чест како можете ова да го праите. Пробав еднаш и ќе го скршев телефонот, од такт ме извади и го избришав профилот на MyFitnessPal.
    Не е тоа за мене. :shake:
    Попрво на количината глеам и така се ориентирам и се водам според логика и нормално кое јадење е покалорично, а кое не.

    Може и моево е погрешно не знам. Може вака да пазам до овој степен ко тебе би намалила побрзо стомак и би ми бил скроз ко што сакам. :( Сегде се намалува, a таму и да и не..
    Многу поспоро. И упорно не праам кардио. :x
     
    Последна измена: 22 март 2024
    На marchi-cool, firequeenn, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    57.305
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро..тука сум, ама не стигнувам да пишам.. терам пост, супер ми оди, мислев ќе немам сила во теретана ама ок е таму, сега за сега сум ок..
    На апликацијата која ми мери калории пишувам и почнав да пазам количински помалку да внесувам, уште да издржам и фастинг со 6 часа отворен прозорец би било супер... ќе се потрудам наредниов период :D
    Важно мотивирана сум:)
     
    На ThiccFit, Ariel, FierceFemme_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    И денов ќе го минам исто ко вчера, на овошје, цеден сок, зеленчук и супа, може и некое јајце, оти лош вирус ме има фатено :(

    Вагата стои, претпоставувам оти сум еден ден пред циклус, нека, ќе мрдне и таа :D
     
    На Ariel и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  11. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Најпрво ФАЛА ти што го прочита целото мислење, некои стигнаа до трета реченица. Долг е патот кон успехот ама не е тежок и не е финален, јас учам нешто ново секој ден, и за себе и за храна, и за фитнес, и за хормони.

     
    На Polyincognito, Damsel и MissChievous им се допаѓа ова.
  12. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Поручек, овес од виталиа со јаболка со овесно млеко, многу беа убави, да пробате.
    Ручек, гравче со црн леб со семиња, и мноогу салата.
    Вечера, исто од ручек, но помалку.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Браво девојко! Одржа чиста едукација. Многу ми се допаѓа се што пиша бидејќи за да дојдеш до ова знаење потребни се години труд, ама луѓето обично сакаат да го одберат полесниот начин за се во животов и да се оправдаат за погрешните избори... така им е полесно за жал... затоа и имаат и летна и зимска килажа... и се подложни на трендови и диети кои само го загрозуваат здравјето
     
    На ThiccFit и Polyincognito им се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е време да ја однесеме дискусијата во друга насока, без да се препуцаваме...
    @ThiccFit , како да се справиме со јадење при стрес?
    Еве мојот проблем е повеќе психички отколку да кажам физички (не осеќам јас глад, не ми кркораат црева де), ама ако се најдам во стресна ситуација, посегам по јадење се и сешто, а свесна сум што праам, ама не можам да се сопрам, како да си помогнам сама на себе ? Како да пресечам?
    Друга работа, бидејќи си долго во ова кажа, што праиме со одредени состојби? ИР, ПЦОС, проблеми со тироида итн?
    Мислам дека вреди да се споменат и овие работи...
    Јас на 17г се здебелив 20+ килограми, а бев активна доста, тренирав ракомет, со чиста исхрана, вегетеријанец тогаш, испадна ир и пцос, за 3 месеци се вратив кај што бев со терапија, ама после тоа многу тешкo ми оди губење кг, а сум качувала кога сум била бремена, симнувањето мнооогу потешко ми одело..

    Сакам да кажам не е секогаш до патент на уста да се стави, мора да се разгледаат и други работи...


    он топик за денес иако сум сеуште болна, ќе пробам да каснам барем интегрален леб со хумус и домат, супа, овошје...
     
    На Ariel и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    Не сум пробала со овесно млеко, ќе пробам обавезно. Јас со топла вода ги правам и ставам цимет, со јаболкото оди многу добро. Или круша наместо јаболко. Ама циметот асоцира на зима, здравје, во ноември пак… сега колку сум навлечена на вишна и какао, не е нормално.

    Денес правев наут со спанаќ и кари, многу добро излезе. Добро, малку претерав со карито, следен пат ќе се држам во рамки на препорачаните дози :D.

    Постот ми е за откривање нови рецепти и комбинации, кои во редовни услови не би ги правела. Ептен уживам, сѐ си правам за своја душа :inlove:.
     
    На FierceFemme_, andrejko82 и penelope10 им се допаѓа ова.
  16. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Девојко, препувацање и контруктивна дискусија се две дијаметрално спротивни работи. Со многу почит и трпение орбазлагав, мене ми чуе дали некој ќе се најде засегнат или не.

    Ми чуе да мотивирам барем ЕДНА од членките да смени БАРЕМ нешто, затоа мора малку и страст да се убаци при изразот. Балканките се ватрени створења :inlove:

    Вака сега, иста сум. Емотивното прејадување ретко кога има врска со храната. Гледаш шубаво рече, не осеќаш глад, значи телото е нахрането.

    Знаеш што не е нахрането? Некој дел од твојата душа.

    Некаде начекав една девојка на интернет даваше совети и рече, пред да почнете било каква долгорочна промена, посетете психолог. (знаааааам, скапи се, користете алтернативи како дневник, shadow work, guided meдidations, долги прошетки и запишување на емоциите во ноутс на мобилен ако не можете терапија).

    Само и ДУРИ откако ќе прокопате малце во односите со вашите најблиски, ќе дојдете до тоа да го анализирате односот и со себе си, за најнакрај да ве насочат новодобиените информации кон вистинскиот корен на емотивното прејадување.

    Еве за да знаеш дека не си сама, и дека НИКОЈ па и јас не е совршен, и јас имав и сеуште имам периоди на бинџ, Знам од каде доаѓаат, знам кој дел од мене останал гладен, да не речам празен, и знам да бидам нежна со себе после тоа, и одма сместа да се вратам назад во рутина. Ретки се до душа, и секогаш вклучуваат околности кога не сум сама. Значи нормално е да се деси во одреден период под влијание на многу фактори, ама бинџ еднаш у 2 месеци и бинџ секоја недела нема ист ефект врз телото.

    Пробај анализирај се себе си, знам дека е чудно да си излезеш вон себе и да се гледаш у трето лице еднина, ама шо треба да постигнеш е да допреш до коренот на проблемот, а не да лечиш симптоми.

    ИР е релативно лесно да се стави под контрола, ама нема да навлагам во процесот кој функционираше за мене, за да не наведам случајно некој да проба па да се зеезне. Запамти, шо функционирало за мене може да биде фатално за тебе. Затоа разговарај со доктор. По можност, со повеќе од еден.

    Јас шо можам со живот да ти гарантирам е ако од 7 дена неделно, пешачиш секој ден во просек по 6 километри, вметнеш тегови 3 пати неделно, и едно жуствро кардио до Крст (ако си од СК ако не барај ридче околу), и ако комплетно исфрлиш (за почеток) БИЛО КАКОВ леб, шекер (процесиран, не овошје, тоа не исфрлај) и било какви сокови (избегавај цедени ко гавол крст), - ќе купиш нови фармерки за 4 недели и инсулинот ќе стане посензитивен.

    Од резистентен, ќе премине во посензитивен.

    За полицистични јајници - гинеколог и ендо ќе те водат. Јас сум обичен смртник без специјализација, тука не можам ни А да кажам.

    За тироида знам дека многу луѓе имаат реверзибилно стање напраено, преку промена на исхрана и животни навики. Секое тело различно реагира, тироидата лачи хормони шо директно се поврзани со метаболизмот, затоа кога има некоја абмнормалност прво го афектира метаболизмот.

    Или го успорува, па настанува до накачување, или го убрзува до мера до кај шо се слабее нагло. Балансот со метаболизмот лежи во контрола и на другите хормони, не само тироидните.

    Јеби га се е ова ланчан систем. Грелинот е многу запоставен хормон во целата прича, он е хормон на глад. Ако се лачи вон контрола постојано ќе те праи гладна. Он стимулира глад. Лептинот е исто битна карика, он е хормон на ситост, кажува дава сигнал на мозочето кога сме фул. Со држење диета уште повеќе се засилува лачењето на грелин, и си го обрал бостанот.

    Да не се забораи и еден од најголемите негативци у цела прича, за многу работи па и акни, несоница и автоимуни, а тоа е кортизолот.

    Испитај, не е прескапо. Ако праиш нокти секој месец, скипни еден месец испитај кортизол, само види дали треба на гладно или како беше, си имаше шема мислам за него, не сум сигурна. У Рамус е 800 денари.

    Патент на уста ако стаиш - пиши пропало.

    Устава пена ми фати од посочување на контрола на порција, едукација за намирници (од едно до последно), баланс и животни навики. Ако некој спие у просек по 5-6 саата на ден, не очекувај да има нешо многу успех со решавање на сите состојби кои ги наведе, буквално сите до една.

    Темава е многу долга и длабока, студии излегуваат секој ден, затоа почни од имплеметирање една промена неделно, бирај шо сакаш ти. Дали 50 километри изодени у неделата, дали зона 2 кардио, дали легнуење у 10, дали нејадење процесирани ствари, шо год.

    Нагли промени и гевреци за доручек само немој.

    Пак ке кажам, животот е долг, не е само едно лето да се биде стегнат на плажа.

    Еве пар работи за почеток (шо може било кој да ги праи ако сака да почне:)

    1. Почни да мислиш на процесот на ОДРЖУВАЊЕ. Карикирам, еве си ослабела 10 кила, си стабилизирала инсулин, што понатака? Како да се одржи таа донекаде настаната хомеостаза? Пошто прво, знам дека сакаш да ослабеш ама ете почни да размислуваш КАКО ДА ПРЕСТАНЕШ ДА СЕ ПОПРАВАШ?

    Еден од (најдобрите) начини е да почнеш да јадеш само и исклучиво кога си гладна. Не ментално гладна, физички, телесно гладна. Слушај го телото. Само слушај го, ќе ти каже кога е доста.

    2. Раскрсти со јојо ефектите, ако еднашка сум спуштила 10 кила, ќе се стаам на (insert Diet name here) диета и ќе ги спуштам пак. Тоа не е одржување, тоа е колапс. Стој настрана од такви стратегии.

    3. Ако правиш промени, направи само промени за кои ЗНАЕШ дека МОЖЕШ да ги одржуваш во наредните 10 години. Ако не можеш, тогаш немој да праиш промени. Еве не мораш да тракаш калории, ама мораш некако да внимаваш да бидеш во дефицит.

    Не крати од ништо. Цела група на храна се крати, може ли така да се живее 10 години? Еве јас не јадам благо, ама пред пола саат каснав коцка тоблероне. Наредното благо ќе биде наредната недела и веројатно пак ќе биде коцка од нешто. Можам така 10 години, по коцка, редче на недела. Тука таму по некоја урма, домашен сладолед со какао и веј, начини за благо има многу. И во наредните 10 години за мене лично тоа е и возможно, и подносливо. Пошо после некое време без шеќер, телото не ти ни бара. Шеќерот создава зависност исто како никотинот, ама тоа е тема за другпат.

    4. Ако веќе еве почнуваш да работиш на инсулинот, направи план како ќе ги внесеш полека назад во исхраната работите кои целосно ги одбегнуваше. Од нејадење јеб рецимо, до враќање назад преку тонус, парче или две, или двопек натопен во кефир и ленено. Направи стратегија тука како, кога и колку ќе се јаде.

    Јас кога идам на прослави немам стратегија, сакам да кснам се. Ама од тоа СЕ кснувам доволно за да знам кога е во граници на нормално. Свадбено сценарио: една кифличка, пола поховано, цел тањир полн салата без сончогледово, најдебелото парче месо, и пола парче торта. Еве ти виножито од порција шо ќе те држи и сита и среќна.

    5. Диетата ќе ти помогне да ослабиш.

    Но создавањето НАВИКА Е она што ќе ти ја ОДРЖУВА НОВАТА ТЕЖИНА (ЛИНИЈА). Собери колку што е можно повеќе навики и промени од луѓе кои го поминале тој пат.

    6. Научи се зошто и како се поправаш. Ако си се поправила преку 10 кила, тоа е само затоа што континуирано си внесувала ПОВЕЌЕ од колку што трошиш. Континуирано. Не е возможно во чаша што собира 200 милилитри да сакаш да ставиш 300 милилитри.

    Математички и логички, не е. Ќе прелева. Исто е и со телото. Ако има вишок го складира. Нашето тело е преинтелигентна машина, не може да го излажеш.

    Копај да ја најдеш причината зошто, и пробај да го контролираш тоа.

    7. Фокусирај се на движење. Пробај движи повеќе одколку сега. Колку повеќе? Повеќе! Ако пешачиш 7к на ден, почни 10. Ако возиш точак два пати неделно, вози 4 пати. Движи, качувај се по скали, за дестинација до 3 километри не пали кола, скокај на јаже у двор 10 минути интервално, движи. Нека биде нешто шо ти носи среќа, пошто нели ќе треба да го правиш у наредните 10 години.

    8. Мораш да бидеш освестена за тоа ШО Е КАЛОРИЈА (мерна единица за енергија). Просто мораш да имаш позадинско и минимално знаење за храната што ја консумираш. Мораш да знаеш дека еден просечен ручек на балканов се готви со 30-50 мл СОНЧОГЛЕДОВО масло (смрррррртттт за телото), и тоа се 250-500 калории САМО ОД МАСЛО. Мораш да ја научиш храната, која држи ситост, која бара контрола преку лажиче мерица, која КОГА се јаде.

    Еве не мораш да тракаш калории секој ден. Ама знаење за храната мораш да имаш. Кога ке јадеш пица треба да знаеш дека у едно паче имаш од 250-400 калории. Исто како шо знаеш дека просечна цена на бензин е 85 денари.

    9. Нааајбитно од се е да слабееш ДОДЕКА ги јадеш работите шо те праат среќна. Баклава ли ќе е, геврече ли ќе е, сарма.. небинто. Во целиот тој процес на трансформација ИМА МЕСТО и за таа храна.

    Клучот за деветтово е се останато шо пишав погоре :)

    Праќам позитива и едно ракивче витруелно, запамти, нема нешто шо не можеш да постигнеш. Се можеш, апсолутно се.
     
    На Mucika, christinnn, FierceFemme_ и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    @ThiccFit супер ти се мислењата, продолжи да пишуваш. И браво за резултатите Многу мотивира кога некој пишува сопствено искуство. Затоа и постои темата, за меѓусебна поддршка.

    Се согласувам со сѐ што пиша за калориите, и јас така ослабев. Проста математика е, треба да трошиш повеќе од што внесуваш. И дефинитивно многу помагаат апликации. Тогаш кога ослабев внесував на еден сајт calorie count. Штета што престана да постои, ги изгубив податоците од тоа време, а имав навика да се навраќам повремено.

    Јас имам проблем со два вида прејадувања - емоционално (кога сум под стрес) и социјално (кафани со друштво) :D.
    За првото најмногу ми помага да немам дома благо кое ќе сакам да го изедам. Или ако имам, да се прашам дали навистина толку сакам да го изедам. Ако сакам, тогаш да биде мала количина.

    Второто е од континуирани дружби со пријатели. Софрата распослана, тешко е да не посегнеш. Ај со храната се контролирам, секако јадам многу салати, па се најадувам од нив. Ама со алкохолот, послабо.

    Ако не успеам да балансирам, качувам неколку кг и фармерките почнуваат да ме стегаат. Тогаш доаѓам во темава, ги слабеам и тоа е тоа. Никако не купувам поголем број облека.

    За движење, верувам дека две работи се многу важни:
    1. Да ти се допаѓа тоа што го правиш. За некој е теретана, за друг дома, за некој е фитнес, за друг аеробик, за трет пливање, или зумба.
    2. Не треба да се престанува. Навиката не се стекнува лесно, ама лесно се губи. Е овде редовно паѓам, најчесто кога ќе се разболам. Борбата продолжува, со сите пречки на патот…
     
    Последна измена: 23 март 2024
    На andrejko82, Vanilla15, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Giiiiirlll :D алкохолот! Како го забораив! ИСТО! :bow:Последнава година многу, многу контролирано, ама исто, ако е друштво, и убав муабет, и лезети, од едно стануваат три чаши..

    Му најдов цака и на тоа. Џин или вотка исклучиво со кисела вода (Skinny bitch се викало чудово), тон лимон и само додавам кисела вода и го лигавам. Кога почнував да слабеам работев у хотел, замисли колку слобода у поглед на храна и алкохол има, сепак дисциплината беше поголема од ненаситноста.

    Коктели сега пијам ептен, ептен ако е некој вреден за проба во ептен контролирани услови и само ако знам дека дента сум оставила простор. Планирани ми се и пијачките веќе, ама јас сум у старосна група кај шо не сакам многу социјализација како порано, па се намали и консумацијата.

    Најголем проблем у живот моментално ми се кикириките. Барав да видам зошто некој толку би крејвал, посакувал кикирики. Самоконтролата околу кикириките ми е за у канта ;( бадем фстак се друго си бројам по 10 парченца, ова кикириката абе ко збудалена (недостаток на микронутриенти е).

    На времето у мајфитнеспал си ги внесував и коктелите и се шлогирав! Еден white Russian има 300-400 калории а јас по 2 пиев (и слабеев). Сега треба на дереџе на своја свадба да дојдам за да испијам пак два.

    Ама затоа кикирики човече....:l:

    Тиквеш става калории на етикета на Тга за југ тоа знам, така шо еве олеснителна. Смедеревката исто, по црвено сум повеќе. Има цаки како да се вметне и тоа ама ефектите отпосле просто не се вредни за претерување.

    Наредниот ден те тера да ждереш и така почнува кругот на "ај од Понеделник"
     
    На Vanilla15 и Ariel им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    @ThiccFit
    Ок де, затоа умерено, никој не вика да земеш секој ден да јадеш ова и неконтролирано ко да не си видел храна.
    Секако.

    Ај пошо го потенцира ова глутен, тоа значи дека скроз го имаш отфрлено ти лично или? Доколку ти пречи и не ти одговара секако исфрлаш, доколку некој нема никаков проблем со истиот, не глеам причина зашто да го исфрли безпотребно.
    Некад здосадува исто коа јадеш, сакам јајца ама ќе ти скурчи ако секој ден буквално на мени ги имаш.

    И добро ова не ти е малце храна?
    Сита си? Имаш ужинки помеѓу оброците или како?

    Знаеш некои од овие хелти оброци малце се бљадуњави бар мене ми се, посебно овес, јаболко и цимет. :|
    Не сум баш по благите доручеци, ова поише ко на ужинка и десерт ме асоцира јбг.

    Веј мора зар? Е не зиам веј, реално неам баш потреба за ставање мускулна маса, доволно и ја иам според мене.

    Лол бургер од Ројал вика бе. :D
    Неее, знаеш од коа неам јадено такви купечки работи, реално и не ни сакам. Вајда згадено ми е више, ни потреба ни желба иам. :^) Друже. :rofl:

    Е кога е тоа кога и како? :?:
    Ок е, го хејташ ѓевречето, те сфаќам. :)Штом не го сакаш толку секако никој не те тера да јадеш но дека до толку страшно е и ќе ти смени нешо у животот ако каснеш два пати месечно - не мислам.
    Да, има логика но ти викам еве, преддијабет и дијабет може да се појави и ради генетски предиспозиции, како што рече дека е и те како битна е и генетиката.

    Пример иам со член во поширокото семејство, значи никад дебел не бил чоекот, ниту прекумерна тежина имал, за обезност па да не збориме, дома секад си внимавале што и како јадат, се движи, значи активен и ете, више години е на инсулин плус и терапија прима орално и го заебава шеќерот.
    Апсолуто дека обезноста е болест, многу добро знам и не го негирам фактот.

    Зборам за обезност поради хормонално пореметување на пример (не поради неконтролирано ждерење и силување на фрижидерот) и тоа да е причината за поебување на инсулинот и тоа да ги повлекува и другите хормони у дизбаланс, правејќи општ хаос у организмот. Викаш значи стриктно ради храната и немање физичка активност доаѓа до ова?
    А стресот? :^)

    Пошо и луѓе кои воделе нормален живот стил и имале релативно нормална килажа одеднаш може све да им се поебе, па така не знам како тука храната имала влијание. Конкретно у тој случај, батали тие што си јадат количински многу и живеат за да јадат. Ко да не знаеш дека и поради самата состојба, у случајов хормонален дизбаланс, доаѓа до абнормално зголемување на тежина, и дур не се регулира со медикаментозна терапија (ако мора веќе), слабеење курац ќе има колку и да се трудиш и да даваш се од себе. Си го знам ова, искуство лично иам за жал.
    И не знам како дебелината сама по себе беше причина за инсулинската резистенција и ПЦОС што спомна @Vanilla15, коа истата пред неколку години ми се појави, следствено со пореметените хормони.
    Полесниот вика бе. :D
    И од кај знаеш погрешен ли е исправен ли е?
    Сеа ќе си претпоставуваме ли?

    Иначе не бе, еве ја неам летна и зимска килажа, не ни слабеам ради мочано лето и плажа, не сум од тој тип на луѓе, без гајле.
    А еве и да качиш некое кило плус у текот на зимските месеци, мислам дека не е смак света или сепак е? :?:

    Секој за себе нека си глеа сепак и како му е најдобро нека си праи. :)

    Иначе ништо лично кон тебе ниту кон @ThiccFit, си дискутираме, немој да мислите дека се препуцавам. :)
     
    Последна измена: 24 март 2024
    На Vanilla15 и penelope10 им се допаѓа ова.
  20. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски


    Ќе ти кажам само две работи, кратки и концизни, зошто се спремам да истрчам па да кснам ѓеврече.

    1. 2 и 2 се 4. Не познавам и не постои човек што се поправил од јадење во калориски дефицит. Те молам, за поширока и појасна слика, читај ми ги мислењата бавно, со интерес, ако треба на некоја реченица навракај се два пати. Посебно последното, кај шо зборам за кортизол, доктори, сон од 8 часа дневно и индивидуалност при случаите на пореметувања.

    2. Ако од Веј се ставаа мускули, немаше да ме собере низ вратата. Те молам отоври Хром и ако навистина сакаш да имаш мислење за нешто, мораш да имаш и знаење за тоа нешто.

    Бонус - не постои such thing as храна шо мора да биде ужина. Ако сакам ќе изедам денес 5 "ужинки" или 3 "доручеци" - as long as it works for me, gives me all the nutrients I need, puts me in caloric deficit and hits my macros for the day.
     
    На Polyincognito и Vanilla15 им се допаѓа ова.