Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    @Mrs. right секако дека генетиката е клучна, има луѓе што пушат цел живот, па не добиваат рак на гради. Меѓутоа огромен процент од здравствените проблеми и хроничните болести се случуваат поради нездрави навики. Има една изрека "прво ние ги прави навиките, после навиките нас нè прават". Треба да се размислува на подолгорочно.

    Не е прашање на ѓеврече 2 пати во месецот, туку на појадок од пекара 5 дена по ред, со години. Благце после секој оброк. Смоки или чипс секој ден. Сок секој ден. Прженици редовно на мени. Теста редовно на мени. Седентарен живот. Излези во парк, седи на клупа. Заврши со работи, лежи на кауч. Дошол викенд, седи на кафе или во кафана. Така со години и години. Тоа се навиките за кои зборува ТикФит, секојдневие од декада-две кои и те како влијае на здравјето што го имаш и ќе го имаш.

    Како и да е, да си свесен за што му правиш на телото, да внимаваш на исхраната и физичката активност можеш само корист да имаш, ништо не губиш посекако.
     
    На Mrs. right, Vanilla15 и ThiccFit им се допаѓа ова.
  2. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Не е лесно лошите навиките да ги замениме со нови, подобри за нас, но со доволно волја сè е можно. ☺️
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Јас не се согласувам дека калорискиот дефицит е клучен кај жените, особено кај многу подебели жени/девојки, меѓу кои за жал спаѓам и јас. Затоа нема многу да паметувам, но ќе го кажам моето мислење после години и години едукација во врска со исхрана.

    Нема шанси да може секоја особа да внесе колку е висока, стара и активна и според тоа дури само отрпилика да се искалкулира колку калории и требаат на таа особа. Сите имаме многу различни организми и шаблон нема никогаш да функционира. Ниски особи не се направени за да јадат само 1500 калории дневно, фала богу не се хрчаци туку возрасни луѓе со метаболизам.

    Тие калкулатори се направени од мажи за мажи, на кои навистина калорискиот дефицит им е the way to go. Жените имаат хормони што скроз ја менува целата слика. Освен жени кои се веќе прилично здрави и имаат да изгубат само отприлика 10 кг, многу е побитно што се јаде отколку колку. Фокусот треба да биде на одржување на што е можно постабилни левели на шеќер во крвта.

    Не знам колку е паметно пропагирањето на тоа јадите што сакате во склоп на Х калории, попаметно е да кажеш јади што е можно повеќе избалансирани оброци, не јади чисти ЈХ, јади многу протеин итд. Јас сум сигурна дека една жена која има лоши навики и јаде 2500 калории дневно од нездрави работи, би ослабела да почне да јаде 2500 калории од здрави работи. Ако можам ќе најдам некоја студија во врска со ова, порано следев тиктокери кои ослабнале на ваков начин.

    Ова е само накратко мојата критика на калориски дефицит, поточно на калкулирање на истиот кога фокусот треба да е на здрави навики. Кога имаш здрави навики телото ќе ти дојде во баланс онаму кај што треба да биде.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    @Srckata28 не дека не слабеат некои со дефицит, туку не се во дефицит и кога мислат дека се во дефицит. Тргни од тоа дека не знаеме точно колку ни троши организмот без активност. Не знаеме точно ни колку трошиме при активност, дури и тракерите не се 100% точни. Не знаеме ни точно колку калории внесуваме, имено дури и табелите може да се до 20% грешни (ако пишува дека има 100 калории, може да има 80, а може да има и 120). Самите ние правиме грешки во рачунање и на внесени калории и на потрошени. И така може да сме скроз грешка околу дефицитот.

    И уште едно нешто многу битно е дека некој треба 5 пати повеќе да работи за да биде во дефицит од друг. Јебига, различни организми и предиспозиции.
     
    На Vanilla15, Amellie13, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Не. Исти имаме. Да бевме различни, немаше да постои медицина.

    1500 калории се океј за некои луѓе.
    Генерално под 1500 е веќе проблематично, и не би требало да се оди.

    Едно од најсмешните работи што ги имам прочитано во животот.

    Мажите и жените имаат исти хормони, само во различни концентрации и на различен начин делуваат на -некои- органи.

    Нормално дека е така. За здравје, секогаш е побитна здравата храна. После на следно место е количината.
    Но во поширока смисла, и здравата храна во поголеми количини станува нездрава.

    Што се чисти јаглехидрати?

    Теоретски да, ако си физички активен. Ако не, protein does shit.
    Јади протеини во калориски суфицит, пак ќе се дебелееш ако не се користи за градба на мускули.

    Никој, никогаш, никаде не успеал да ги направи ова.

    Сподели ако најдеш, ме интересира и мене.
     
    Последна измена: 24 март 2024
    На christinnn, ThiccFit, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.835
    Пол:
    Женски
    @ThiccFit браво девојко за објаснувањето, твоето мислење во темава ми беше јаготка на шлагот за мотивација. :inlove:
    Цел живот сум со вишок и варирам со помалку-повеќе, сега имам некои 20+ кг вишок иако можеби не изгледа дека имам толку и крвната слика ми е стакло чиста со сите параметри во нормална граница, сепак свесна сум дека треба многу работа на себе. Секакви глупи диети сум пробувала што на крај завршило со враќање на стари навики.
    Кога либе дојде од друга држава да се видиме пред две недели, најмногу сфатив колку сум се залежала и неправилно сум се хранела. Кондиција скоро 0, тој оди напред јас задишана се влечам. Тој е повеќе во процес на одржување здрава тежина и многу движење (а јади сѐ што сака, само умерено), со него пешачевме не помалку од 10км секој ден додека беше тука, и кога бевме во ресторан се научивме да јадиме една порција заедно, за него беше културен шок колку всушност големи порциите ги прават кај нас. И..пак бевме сити и на крај на ден се чувствувавме одлично.

    Сега додека сум сама планирам секој ден да имам некаква активност (најмногу од сѐ сакам и ми одговара пешачење), повеќе за викенд бидејќи работам втора смена. Исто и да си ја подобрам исхраната, лебот за почеток сакам да го заменам со тонус, и секако нема никаков леб ако во јадењето има ориз или компир на пример. Мојата најслаба точка е благото, нема целосно да го исфрлам но доволно ќе намалам да не ми надминува дневни калории шо треба да ги внесам.

    И да, јас сум сосема согласна дека калориски дефицит is the way to go ако сакаш стварно да намалиш и тоа да се одржува. Морам само да си пресметам колку калории ми се потребни мене за мојата висина и тежина за да сум во дефицит.
    Време е да се сфати дека големиот вишок не е шала и стварно се умира порано од тоа. Баш ми излезе едно видео некни како многу обезни "fat positive" инфлуенсерки умреле млади. Ако тоа не ти кажува нешто, не знам што треба..

    Секако и секој совет е добредојден, уште еднаш девојко навистина си инспирација за тие што сакаат да слушаат. :bow:
     
    На H.VAGA, christinnn, ThiccFit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Мислев секогаш да се балансира јадењето, ако јадеш тестенини да не биде само со сос туку и со некој протеин.

    Секако дека е направено. Ако некоја жена има проблем со инсулинска резистенција, а повеќето дебели жени имаат, може да јаде и многу помалце калории, ако храната и го дига шеќерот нема да ослабе. Затоа пример кога ќе почне кето, многу калорична и масна храна, но без ЈХ, сепак слабее. Инаку не сум за кето, само како пример кажувам, истото би се случило со балансирана храна.
     
  8. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Јас чистев до вчера без масло. И се причестив ама ќе продолжам да постам со масло. Па последната недела ќе постам пак без масло.
    Се знае дека постењето е убава душевна работа. Ама кој како го издржува индивидуално.
    Јас пак ќе продолжам со одбележување затоа што јадам во текот на денот и со ограничена количина. Сѐ до крајот на постот.
    7/48
    Поручек: бисквити со млеко
    Ручек: зелена салата со наут, ротквици, шпагети
    Вечера:ајвар
     
    На Ariel и penelope10 им се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Генерално коа збориме на ваква тема, првично ја опфаќаме генералната популација на луѓе која нема некои здравствени проблеми.
    Така да, пример со некој со одредена здравствена состојба во никој случај не е репрезентација за функционирање на нормално и релативно здраво тело.

    Нејсе, кај луѓе со инсулинска отпорност, здравата исхрана и редовната физичка активност ќе му помогнат на телото да ја минимизира или надмине резистентноста - и со тоа да му помогне на телото да се врати во нормалната состојба и полесно да троши вишок масти, односно да не складира толку лесно.
    Ако лицето што ја средило инсулинската резистенција, продолжи да јаде 2500 калории - нивен извор и нектарот на боговите нека биде - пак нема да слабее и евентуално пак ќе качува тежина.
     
    Последна измена: 24 март 2024
    На ThiccFit, Polyincognito и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  10. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Грешка имам јас чистев *јас постев :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    @ThiccFit

    искрено јас и немам многу лоши навики, сок не пијам од ко знам за себе :D
    пијам кафе црно, чај, се тоа без шеќер, само со лимон..
    Проблем имам со благо, ама деновиве, ко што кажа ти, две коцки сум изела и сум застанала тука, на две коцки, што мене ми е искрено успех, иако може за некого не е ништо тоа, мене ми значи што сум успеала да се контролирам :)

    За спиењето ќе почекаме, оти со две деца, немам сон повеќе од 5 саати, некогаш денот ми почнува во 4ипол сабајле, а не можам да легнам во 22 оти имам обврски кога ќе легнат децата (по дома, имам и мало хоби што планирам да е плус приход здравје, или едноставно затоа што сакам чај да испијам во тишина :D ) , ама тоа ќе се среди, ќе пораснат и они :)

    Дневно имам над 10 000 чекори, оти на два пати дневно излегувам со деца, шетаме, пешачиме по саат ипол, може не е тоа тоа, ама повеќе не можам моментално, можеби и не сакам оти сум преморена, цел ден кревам мали човечиња :D
    А и работата ми е час седечка, остатокот сум во движење...

    За психолошкиот дел, не сум размислила до сега така, ти благодарам ептен :$
    Може нема да најдам кој дел од душата е гладен, ама ќе најдам друг издувен вентил, а не храна...

    Во главно, не се мрдам од мртва точка оти бинџам, јадам при стрес, исто оти ќе симнам 3-4кг и после не мрдам па се откажувам... немам проблем со одржување килажа, така сметам барем, оти имам качено при проблем здравствен ете и ко сум била бремена два пати, инаку си ги држам цело време 68-70кг..
    Бројам инаку калории :D

    Ти благодарам уште еднаш :)


    Он топик, од последната недела февруари до сега се -5кг, што сметам дека е здраво изгубена килажа ^_^
    за денес;
    - подоцна станав, само јаболко и чај од нане
    - зелка и краставица салата и риба
    - за вечера ќе видиме, може салата зелка морков сирење и индиски ореви 8-|
     
    На H.VAGA и Ariel им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Кога ќе се фатите за генетиката ко слеп за стап значи...
    Мислам ако више до генетиката е баш све, ваљда не правите комплетни генетски тестови пред да јадете.
    Лично се имам сретнато со такви тестови кај што на пациент му се анализирани околу 50тина гени, што за метаболизам на јх, добар и лош холестерол, за калциум, железо итн итн. Па бараш секоја промена во генот што значи за тој ген, рецимо дали треба да конзумира повеќе калциум или железо или колку метаболизира одредени аминокиселини па според тоа се прави некој план за исхрана.
    Али вакви тестови се скапи и фала богу нема потреба од толкаво замарање освен ако е присутна некоја семејна историја.
    Мислам ако ви се замара со генетика и сакате според неа да се храните, само така можете. Ама не можете. И затоа чил.

    И она - секој организам е различен па спомнување луѓе со ИР ама не се само тие.
    Еве ако више мешаме генетика и болести има луѓе што имаат болести ради кои мора да избегаваат протеин, други да јадат 20 пати на ден, трети да избегнуваат некој јх. И вака крај нема да има.
    Оти ќе рече некој (саглам) нутриционист не знам јадење 3-5 пати на ден, ти му викаш ама има луѓе што не складираат масти и гликоген па они јадат по многу повеќе.
    Или ќе рече 2 литра вода на ден е доволно, ти се убацуваш со луѓе со дијабетес инсипидус што пијат и по 10 литра на ден.
    Така да генерално на темава и слични се збори за луѓе без посериозни метаболопатии, освен тук понам некоја лесна интолеранција.
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Спомнав жени со ИР затоа што е многу битно - тоа е уствари проблемот на дебелината. ИР се јавува кога подолг период јадеш нездраво односно подолг период носиш сало на себе. Значи се случува ИР затоа што си дебел, не си дебел затоа што прво си имал ИР. Затоа негативни ефекти на дебелина се дијабет 2. И затоа е многу битно фокусот да е на правилни макронутриенти наместо калории, дигање тежини наместо HIIT тренинзи и други интензивни кардио тренинзи.

    Да се надоврзам уште малку, денеска немав време. Јас немам ништо против броење калории, јас имав фаза кога интензивно броев калории и сметам дека секој треба да има некое инфо, кои храни се калоријска бомба, кои се полесни. Факт е дека со два сникерса може дневниот внес на калории да ти отиде баш у пичку матер и убаво е да се има претстава дали со некоја храна претеруваш.

    Она што не ми е океј е дека некој измислен калкулатор може да определи колку калории треба да јадеш. Ако постојат луѓе што јадат огромен број на калории и се слаби, а ги има многу, тогаш не може некој да тврди дека е толку едноставно како да укуцаш висина и години и то је то.

    Од друга страна, знам луѓе кои интуитивно јадат малку, и тоа ми е искрено океј, за нив. Али ако на некоја личност калкулаторот и дава да јаде 1600 калории, а она/он си кубе коса од што е гладен, тогаш таа исхрана не е за таа личност и точка. Не треба никој да се форсира да јаде Х број на калории. Треба тука да постои некоја интуитивност, и да, ОСОБЕНО кај жени кои нормално е да јадат повеќе или помалку во однос на циклусот. Да беше сеедно, пример немаше да има правила за жени кога не е препорачливо да применуваат ИТ фастинг. Црвено знаме е тренер да мисли дека исто функционира телото во однос на исхрана кај мажи и жени. :)
     
    На penelope10 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Тоа ако некој јаде одреден (или доволен) број на калории и пак е гладен не значи дека е само до калориите проблемот.
    Може внесува "скриени" калории преку грицки и сосови што нема да го најадат ама ќе придонесат да се надополни тој калориски број.
    Затоа е битно да јадеш храна која во голем волумен не е тумач калории.
    Оти повеќе се заситуваш од волуменот на храната (и макро составот до негде) него од калориите.
    Ама ако сакаш да одржуваш тежина, тогаш ќе гледаш и калории.

    И интуитивно јадење не е за луѓе што немаат контрола врз глад, ситост, што не осетиле глад никогаш, што не знаат кога им е доста кога јадат.
    Ако некој сака да воведе некакво си интуитивно јадење, мора прво да научи овие работи.
     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    Е ајде де, докажи им го овој феномен.
    Исти сме биле сите, ист метаболизмот, исто све.
    Ок, така е. :)

    Исто ко со бми - то шо се колнат у него.
    Од толку до толку за ЗДРАВА тежина дури и ИДЕАЛНА, после тоа е прекумерна тежина или обратно underweight ама не, ќе се праиме дека не зависи тоа од многу фактори. И килограмите ни стојат исто на сите, така си е. :nod:

    Ова па ептен. (y)
    Ама штом слабееш, значи си во калориски дефицит.
    Е сега колку сме внеле точно, ја на пример појма неам.
    Реков, не можам да се замарам со броење, ме изморува тоа страшно.
    Ете, глеаш како значи различни организми, функционираат на различен начин. Сите не сме исти. :)
     
    Последна измена: 24 март 2024
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    21.167
    Луѓе што се на граница или луѓе што се мускулести, да, за нив може да не важи.
    Ама еве да речеме за мене што сум 160 висока може 65 да ме покажува overweight и тука да греши ок, оти на почеток би била од overweight. Ама 80 ако имам, а не сум боди билдерка више спаѓа во прекумерна.
    Или ако имам 40 веќе тоа е мала тежина.
     
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    Секако дека тие што се набилдани, и со солидна мускулна маса се исклучок, него сепак и од градба зависи мислам.

    Толку различни градби има нели, да се запрепастиш како различно изгледаат луѓе со идентична килажа и идентична висина. А не се билдери ете, ниту пак имаат некоја особена мускулна маса барем видлива не е. :?:
     
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.835
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека тие сепак некако ги трошат тие калории, факт е дека има побрзи и побавни метаболизми. Сѐ е во тоа колку внесуваш и колку трошиш. Но тоа не значи дека е ок тоа што го прават. Можи човек со наводно нормална тежина да има ужасна крвна слика во споредба со некој со вишок килограми.

    Не мора да значи. Некој можи и со 2500 калории да е гладен, но не значи дека треба да внесува повеќе. Многу често е бидејќи сме научени да јадиме повеќе отколку што реално ни треба. Кога ќе го намалиш внесот на калории по некое време и стомакот ќе се прилагоди. Ако му даваш многу ќе ти бара многу, кога ќе му даваш помалку, помалку ќе почни да ти бара.

    Ова е точно, телото троши и бара повеќе непосредно до менструација. Што сепак не значи дека треба да се прејадиме со нездрава храна. Една пица или хамбургер е сосема во ред според мене во овој период за да се зауздаат тие cravings. Ама после тоа пешачење обавезно, на пример.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Интуитивно јадење не значи само да не правиш рестрикција туку и да не се прејадуваш. Затоа се учи свесно јадење - полека и без дистракции, да ги следиш своите hunger signals. Како што рековте, многу често не осеќаме реална глад, туку навика. Вистина е дека таа навика се менува, но ако навистина си гладен (а не само стрвен) со одреден број калории, никогаш нема да се навикнеш на тоа, туку после одреден период ќе бинџаш. :D
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Да, тоа велам и јас, ако не слабееш значи не си во дефицит.

    Различни сме бидејќи некој е 175 цм висок, некој 160. Некој има 80 кг, некој 60. Некој седи во канцеларија 8 саати смена, некој се растрчава на работа. Некој има 25 години, некој има 45. Некој обожава сè да јаде, некој е прибирлив. Некој има деца, друг бизнис, трет е студент и го има сето слободно време во денот. И така натаму. На тој начин сме различни и некој треба да се потруди многу повеќе од друг за да ги смени навиките и да постигне нешто. И обично тука доаѓа моментот на наоѓање изговори.
    Или просто кажано, некој е во дефицит со 1800, некој со 1500, а некој и со 2000. Епа ако си во дефицит со 1500, а ти се јаде ко за 2000 и не сакаш да ја жртвуваш храната, тогаш ќе си истрошиш 500 калории со активност. Е ако те мрзи или немаш време да трошиш 500 на активност, и не ти се крати ни на храна, тогаш ќе се прифатиш таков каков што си. И секако, побитно е да се храниш квалитетно и да си здрав, отколку тоа дали имаш спојлери.
     
    На Ajronmen и Mrs. right им се допаѓа ова.