Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Уште боледувам па затоа пак исто мени, овошје, зеленчук и некој ручек полесен (facepalm)
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    Побрзо да оздравеш :hug:

    Оваа недела, појадок главно ќе биде чиа пудинг со путер од јатки и овошје или овес со какао и овошје.

    За ручек, спремам во недела за до петок, па веќе ми се подготвени или испланирани:
    - наут со кари и спанаќ
    - киноа со печурки и брокула
    - бурито
    - грашок
    - шпагети со песто (или остатоци од киноата од која ми излезе за 10 души :D).

    Викендот не ми е испланиран за ручеци, ќе се смисли нешто. Ама затоа за појадок знам - најголема радост ми е парче тазе леб со путер од јатки. Гилти плежр. :lol:
     
    На kuc, Vanilla15, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Сте се фатиле ко баби за стап за калкулаториве за калории кој ли ги измислил срам да му е.

    Значи никој не го прави калкулаторот - Господ на слабеењето.

    Комотно може да земе некој и да експериментира со калории - со недели, за да си го најде својот sweet spot и да види со колку калории слабее или не.

    Единствената функција на калкулатор ви е да го скратите тоа време на максимум 5-7 дена.
    Бидејќи ОТПРИЛИКА ќе ви каже колку калории ви се потребни ЗА ДА ПОЧНЕТЕ ОД НЕКАДЕ, и потоа да си направите сами промени во склад со резултатите.

    И не, не е точен.
    Може да утне и со 100-150 калории.
    Ама од тука е многу полесно за работа, отколку да ТеСтИрАтЕ со недели.

    И бтв, ни калкулатор не мора да користите.
    Ако ви иде математика, има три различни формули шо се користат во ЦЕЛ свет и се направени од луѓе шо цел живот го посветиле на тело и организам, па кој не го мрзи може рачно да си пресмета ОТПРИЛИКА.

    А ако сте толку хардкор слободно тестирајте си со недели.
    Пак до исти резултати ќе дојдете, само некој поспоро, друг побрзо.

    Може и нешто ново ќе откриете успат.

    И џабе се напињате за организми и метаболизми.
    Батерија на телефон коа се полни, доаѓа до 100% и телефонот престанува да се полни, бидејќи нема каде - нема слободни келии.

    Епа со телото не е така. Нема врска дали сте 2000 или 3000 ампери, кога го полните телото со енергија (или калории) доаѓа до 100% (онолку колку што ЛИЧНО вам ви е потребно, сеедно) и НЕ престанува да се полни како телефонот туку почнува да си создава нови келии и да си го складира вишокот енергија за во иднина.

    Кога сте над 100% - складирате.
    Кога сте под 100% - слабеете.

    Епа секој може вака или така да си ги најде тие негови 100%.
    Нема потреба во навлегување во детали кај ЗДРАВО лице.
     
    На Munchmallow20 и Polyincognito им се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Многу многу е битно дали збориме за здраво лице или не. Ако сте со успорен метаболизам ради хипотироидизам многу тешко се слабее, па и уште ако е комбинирано со ИР.

    Јас немам тироидна пијам лекови за хормоните, и постојано ми се прилагодува дозата за да ми се нормални хормоните и меѓудругото да не качувам премногу килажа или да не слабеам премногу(да бидам искрено ова не ми се има десено), почесто одам во хипо што е опасно за мене. Нејсе поентата ми беше друга. Вежбам активно подолг период, од 2020 навака имав ослабено 12+ кила и стигнав до стагнација периодот баш кога ја оперирав тироидната. И тука заглавив. Бројам калории со години веќе, иако и од око веќе препознавам ама попрактично ми е апликацијата да си памти и да си пратам така. Имам внесувано и 1200 калории(што нагласувам НЕ Е ЗДРАВО), и 1400 калории, и 1600. Пак не слабеам. Иако сум во дефицит и вежбам со тежина плус секој ден пешачам. Зошто? Многу едноставно, здравствените проблеми.

    Ако гледате дека броите калории(и да нагласам правилно, и да не биде она еј јадев шака бадеми, ништо не е тоа шо ќе го бројам), и сте во дефицит и не губите килограми можеби треба да се обратите на доктор.

    Друго што сакав да спомнам на темава. Премногу рестрикции водат кон прејадување. Ако имаш крејвинг за чоколадо, ама одлучуваш да јадеш нешто поздраво за да го заситиш тој urge, пример не знам урми, и на крај пак ти се јаде благото што телото ти го бара, во примеров чоколадо, има големи шанси на крај да се предадеш на крејвингот и после урмите да изедеш цело чоколадо и да внесеш многу калории, наместо да си го дозволеше тој еден ред чоколадо in the first place. Мора да има баланс, подобро некогаш да си дадеш на душата тоа што ти бара ама нека биде ограничена количина.
     
    На Srckata28, christinnn, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Little_girl

    Little_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Здраво. 10 дена како внимавам на храна и одам да вежбам на секои три дена. Резултатот од сето тоа е 1 кило кое варира и пак се враќа, така што резултат нема. Не разбирам која би била причината, зошто не можам да ослабам. Маж ми исто така внимава и вежба со мене и ослабе 5 кг, но јас стојам во место. Можеби некој знае да ми каже во што би бил мојот проблем?
     
  6. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Што подразбираш под "внимавам на храна"?
    И што и колку вежбаш?

    И уште нешто, 10 дена е премалку време за било какви резултати.
    А флуктуации од 1 кг на дневна основа е нормална појава кај секого, без разлика на физичка активност.
     
    На arontt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    За 10 дена ли сакаш ти 5 кг да намалиш? Кај се брзаш? И невозможно е секако ова. Не се ни споредувај со друг, во случајот маж ти. Он зар за 10 дена толку намали?

    Ако и покрај одреден период немаш резултат, или нешто погрешно праиш или со хормони си имаш мака па оттаму и тој застој во слабеењето. Дај си време сепак, мислам дека прекратко време е поминато за да има било какви резултати.
     
  8. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    1.644
    Пол:
    Женски
    Колку овошје е доволно овошје во текот на денот?
    Јаболко, банана, портокал најчесто сабајле со кафе (околу половина од се') а после 2-3 часа и прв оброк ми е т.е доручек.
    Дали е во ред?
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    - јогурт и овес
    - овошка/јатки
    - интегрални тестенини
     
    На FierceFemme_ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски

    Ти и НЕ ТРЕБА да се согласиш со нешто - за да биде вистина.

    Јас ЛИЧНО не се согласувам дека земјата е тркалезна :D и да прикачам овде слики од пред и потоа, пак ќе се најде некој (како тебе, ништо лично верувај) шо до крај ќе наоѓа и откопува 1001 шоркат и утехи.

    Калорискиот дефицит IS THE ONLY WAY TO GO. 2 и 2 се 4. :headbang::headbang::headbang::headbang::headbang:

    Тие калкулатори се направени за сите за да дадат ПРИБЛИЖНО ТОЧНА проценка затоа земаат во обзир ПОЛ, ГОДИНИ, ВИСИНА, ТЕЖИНА И АКТИВНОСТ. Ако за 2 недели преминеш од скрос седечки, во средно активна, ќе ти покаже поголема потрошња.

    Дури ни калориите на храната у маркет не се до бројка точни. Тоа е приближно точен параметар за ЕНЕРГИЈА ВО ТАА ХРАНА. КАЛОРИЈАТА Е ПАРАМЕТАР ЗА ЕНЕРГИЈА. Ништо повеќе. Не се сатанa.

    Тоа е СТАРТНА ТОЧКА водилка, за да ти покаже кој е базалниот метаболизам на телото.

    За ова дека си сигурна дека една жена ако јаде ЗДРАВИ РАБОТИ за двеипесто и ќе слабее, ако е ДЕФИЦИТ ДА. Ако не е, може и маде од еднорог да јаде пак ќе таложи.

    Зошто бре луѓе негирате математика?

    https://edition.cnn.com/2010/HEALTH/11/08/twinkie.diet.professor/index.html

    Ќе ти заштедам 10 минути, човеков е доста познат со експериментот шо го напраи. Ништо не смени, освен СООДНОСОТ за кој зборував погоре, БАЛАНСОТ. Премина од 80% чиста храна на 80% процесирана храна, и тоа не јаде бургери, него ствари шо секојдневно се прават у нашите домакинства.

    Правилото му е, јаде САМО кога ќе осети глад (ко о кажав погоре).

    По 4 недели, праи скен и неговиот хормон на глад (за кој зборев погоре), Грелин, рипнал за 30%.

    2-40 - Now, I find myself craving food much more often (ултра процесирани ѓубриња од храна не те нахрануваат никако, ти го појебуваат Лептинот - за кој зборев погоре, и те тераат да јадеш уште).

    Постабилни левели на шеќер во крвта е возможно да одржуваш само ако те хранат преку цевче.

    СЕКОЈА ХРАНА, па и авокадо, ќе го помести шеќерот нагоре, тоа е нормален одговор на телото. Чим го помети нагоре, го активира инсулинот, ТОА МУ Е РАБОТА. Најнормален процес, исто како што од секоја чаша вода ќе те тера да празниш бешика.

    https://edition.cnn.com/2010/HEALTH/11/08/twinkie.diet.professor/index.html

    Ете ти друга тачка од човек, што исто ја менува исхраната кон ултра процесирана, и еве како завршува. Да ти скратам време, јадеш џанк ама нон стоп околу 1800 калории или слично, и по некое време параметрите како холестерол добар лош се намалиле, а он ослабел.

    И на крај си ја чеша главата и вика не знам дали е до тоа КОЛКУ јадеш или до тоа ШО ЈАДЕШ.

    "When you lose weight, regardless of how you're doing it - even if it's with packaged foods, generally you will see these markers improve when weight loss has improved".


    "There seems to be a disconnect between eating healthy and being healthy," Haub said. "It may not be the same. I was eating healthier, but I wasn't healthy. I was eating too much."
     
  11. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Калкулатор не е Господ на слабеењето, ама е стабилна појдовна точка за да видиш мобилниот колку батерија ти троши на дневно ниво, и да не ти е нонстоп на пуњач. Како иначе ќе знае Фросе колку јаде а колку трои, мора некако некаде да пресмета. Само да не си го врзе у крпче. (Ако више стигнала до ТДЕЕ нека чепне малце и со која стапка на грешка е тоа. Бодибилдери на натпревари исто тракаат, мора да има некоја појдовна точка иначе од каде таа естетика и симетрија ако не си ги знаат бројките.)

    И после, почнваш од тука, и полека градиш знаење за сопственото тело. Многу пати кажав, секој-пристап-е-индивидуален.

    Секое тело ИСТО РЕАГИРА на воспален крајник, тонсилитис, ама не секое тело ќе пие ИСТ антибиотик. Битно е да пие антибиотик за да го намали воспалението. Исто е и со слабеењето.

    Никој, никаде не рече дека е точен. Дека е неопходен за почетници - е. Калкулаторот е приближен, ИСТО КАКО ЕТИКЕТИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ У МАРКЕТ :handshake:

    3. Трите различни формули ќе функционираат за мене, но не и за луѓе шо имаат преку 15 кила вишок и сакаат да ослабат и да останат слаби. Затоа не ни помислив да го посочам тоа - ќе се створи масовна конфузија на темава, а темава е за МОРАЛНА ПОДДРШКА, не за Левел 3 слабеење. И у тие формули има калории.

    Она со батеријата, џабе пробуваш..

    Луѓе мислат дека ако јадат чиа пудинг со 50 грама путер од лешник ДОМАШЕН ЗДРАВ и тон овошје - дека тоа е "здрав појадок" и по дифолт, зошто е здрав, не дебелее. Језда е здрав, капа доле, тоа јадам и јас, ама ако го удавиш у маст негде ќе јави. Некаде нешто ќе поебе.

    Отровот е у дозата.

    Се ставаат над 100% полна батерија до 3 саат попладне, и после тоа се шо јадат СЕ ТАЛОЖИ. Посебно па кај женско тело со тон репродуктивни хормони шо прават колапс со таков начин на живот, и после имаме девојчиња од 28 години без тироидни.. Легнување у 2 и станување у 9, не е исто шо и легнување у 11 и станување у 7. Многу, многу работи влијаат директно на целокупната потрошња..

    Слабеењето е ПРОЦЕС. Слабеењето е многу, многу ПРОСТО но ЗАХТЕВА МЕНТАЛЕН НАПОР. Слабеењето е математика на одзимање и додавање, и ништо повеќе од тоа. Тој процес ТРАЕ и бара ПОСВЕТЕНОСТ, ТРПЕНИЕ и ПРОМЕНА НА ЖИВОТНИ НАВИКИ за да не стагнира, а паралелно да не одржува во добро ментално и физичко здравје.

    Не постои живо биче на планетава шо се поправило во дефицит. НЕ-ПОС-ТО-И.

    Вагата ви е најголем непријател. Купете си метро шнајдерско и мерете само обем на струк, ко за почеток. Дури и ако идете кај некој од тренериве што се доста успешни, ќе ви бара метрики неделно. И килажа на вага, но обавезно обеми на тело. Ама тоа е друга тема.

    Направете го слабеењето ТРАЈНА И ДОЖИВОТНА ПРОМЕНА што за 20 години од сега ЌЕ ВИ ЈА ОЛЕСНИ СТАРОСТА. Не дека магично ќе исчезнат сите состојби поврзани со стареење на организмот, туку дека ВИЕ ПОЛЕСНО ЌЕ ГИ ПОДНЕСЕТЕ и ќе се справите со тоа :l:

    Ќе испратам слики за да го поткрепам тоа шо го зборам. Дури и една особа ако се покрене - сум успеала во животот и идам у пензија.

    Најбитното...

    Мотивацијата е срање.
    Не постои такво нешто in the long run.
    Дисциплина и нов ментален склоп. Само тоа ви треба да старт. :^:
     
    На FierceFemme_ и bik93 им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Последниов цитат... оукеј. :D За мене е апсолутно заблуда да кажеш дека личност што јаде здраво, а "премногу" е понездрава од личност која јаде малку, а процесирано. Ко прво, let's be real, никој не е обезен од балансирани оброци, ко второ гарантирам, дека личност што внесува добри нутриенти, е поздрава од некој што не го прави тоа.

    Као, што тогаш е здравје? По секоја цена да бидеш слаб? I don't get it, осудувате луѓе со лоши навики, сега испаѓа единствена добра навика е да броиш калории (wtf).

    Има тооолку исклучоци од ова правило, што веќе не може да се нарече дека воопшто постои некој pattern. Ова не го кажувам за да правдам зошто некој не може да ослабе, туку го мислам во секоја можна смисла - не постои правило.

    Токму така, се согласувам дека кога се калории во прашање се е ОТПРИЛИКА, тогаш зошто во твоето првично мислење мораше да специфираш дека јадеш 1709 калории. :D Затоа јас велам, кога се трудиме да правиме здрави избори, но сепак слушајќи го телото интуитивно, сето тоа се избалансира на неделна база. Некои денови јадеш повеќе, некои помалце и така стигаш до нешто што ТЕБЕ лично ти одговара и представува баланс. Јбг, интуиција исто значи дека ако грицкаш глупости секоја вечер и се осеќаш ко срање пред спиење, треба да си свесен дека тоа не е реална потреба на твоето тело. Се што не те прави да се осеќаш добро, прејадување, глад, не е добро за тебе. Зошто е овој стејтмент контроверзен? :D

    Инаку препорачувам да излезеш од информацијското меурче и да потражиш статии што не го подпираат твоето мислење. И јас некогаш бев all hail броење на калории, потоа го сменив мислењето кога самата искусив дека едноставно не е издржливо да се форсираш да јадеш одреден број на калории и се јавува јојо-ефект кај повеќето жени.

    И ко што реков, јас сум свесна дека калорискиот дефицит функционира, но советот да јадеш што сакаш се додека е Х број на калории е најглупо нешто што сум чула. Има премногу фактори што влијаат кај слабеење и дебелеење, и стварно е индивидуално. Затоа јас имам читано други информации, ти имаш читано други. И така.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ThiccFit

    ThiccFit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски

    Ти пак не ме читаш :l: не јадам јас 1709. Цвета јаде. Цвета!
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ок лошо сум запамтила.

    Набрзинка го прочитав тој дел пак, сакаш да кажеш дека девојка која има 70кг на 164цм треба да јаде 1700 калории за да ОДРЖУВА тежина? :D Т.е. калкулаторот вели така. Абе ајде.

    Мислам дека не сте свесни колку малку храна е всушност тоа. Као сериозно, по примери од реален живот, мислите дека некој одржува килажа од 70кг со околу 1700 калории?

    Уште паѓање во несвест со 1400 калории за да ослабе. Премалку е тоа. Никој никогаш не треба да јаде помалце од 1500 калории, па дури и тоа е stretch според мене. Потешко е постепено да се зголемат калориите после толкав дефицит, отколку да бидеш стрплив и споро да губиш тежина само преку менување на некои мали навики (односно преведено по твое, некој мал дефицит).

    Кога ќе укуцаш на интернет, општите препораки за дневен внес на калории се околу 2000 кај жените, околу 2500 кај мажите. Дури за девојки 19-25 години се препорачува 2000-2400 калории. Тоа е голема генерализација, и има разни извори но го споменувам затоа што според луѓе што ги гледам околу мене и како изгледаат, има смисла. Као да, така ни функцира организмот. Не знам ниедна ЗГОДНА :*: особа околу мене што се замара со тоа колку е висока и колку треба да јаде според тоа. Ќе останам доследна и ќе речам дека приметувам и дека на некои другарки им треба многу помалце храна дневно од тоа, и тоа е океј. Ама природно така им доаѓа.

    Исто, ако толку веруваме на TDEE и на глупи калкулатори онлајн, зошто на слабите луѓе кои сакаат да се здебелат им е толку тешко? Само на форумов има луѓе што се во 833838 калории суфицит и не можат да се здебелат, ѕирни ја темата. Само во една насока функционира калкулаторот или што? :) Видиш колку е се индивидуално?

    И се надевам сфаќаш дека е insane некој да јаде 1400 калории за да слабее. :?:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Само да напоменев дека калкулаторите функционираат на база на тие три формули.

    За да не пресметуваш рачно, во позадина ти прави пресметка.

    Така да исто е потполно.
     
  16. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Се изначитав преубави работи, се сложувам со @ThiccFit, кажа многу вистини. Калориите се све, тука е таа проста математика шѕо треба да се навикнеме да ја правиме. Знам дека на некој им е тешко, некој веќе вози со таа калкулација, ама таа е вистината, нема бегање и лажење на организмот. Јас лично ја користам myfitnesspal, додавам се што внесувам, малку ме изморуваат сите калкулации, ама ако не за свое здравје за чие, ќе се навикнам со тек на време.

    Е сега за мојто дневно мени, феминки што постите, си открив уште едно пренајубаво јадење без масло и преедноставно.
    Пиперки печени и потоа исецкани со рендан домат и посолени. Многу е важно да не ги миете пиперките додека ги лупите, да си го задржат онај свој вкус. Ова е всушност макалица, или толчени пиперки некаде го викаат само што вие нема да му ставите загреано масло, ама нештово ми е преубаво.
    Поручек овес со овесно млеко и банана.
    Ручек 2 чинии посен грав без масло со многу зеленчук и салатичката од домат и пиперка.
    Направив и бомбици од урми, 1 банана, овес и ленено семе. Изедов две бомбици денес.

    Толку за денес, 9ти ден завршува :$
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.924
    Пол:
    Машки
    Колку малку е?
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Ова нешто индиректно пробуваш да ми кажеш? Бар тагни друг пат. Карцином на тироида најчесто се фаќа од радиоактивност, земјата кај нас беше озрачена поради бомбардирањето во Србија, па така и храната што ја садевме беше буквално радиоактивна. Затоа за жал кај нас има многу со заболувања на тироида како и рак.

    Патем знам и луѓе што целосно здраво се хранат и вежбаат цел живот па пак имаат за жал фатено карцином.

    Исто така ќе те замолам во твоите следни обиди за докажување поента да го исклучиш мојот личен пример, ти благодарам.
     
    На H.VAGA, Ariel, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    - овес и чиа со јогурт + малини
    - јатки/овошка
    - тестенини интегрални пак, со домат :emo:

    Оти е среда ден за мерење а јас не знам кај и што бев претходна среда, ќе пишам само дека имам -4.6кг за еден месец симнато, следна среда ќе знам веќе оти запишувам на myfitnesspal :D

    Кај сте другарки со мерењата? :D
     
    На Ariel и penelope10 им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не е изгладнување, но калории се насобираат ко ништо, два оброка од 500 калории и еден од 700 не се премногу храна и сакав да кажам дека така се храни некој што пази на исхрана и е фит, нема шанси некој што има малце вишок да одржува тежина со само 1700 калории (според примерот на ThiccFit зборам). :)