Не се мериме веќе Барем јас не се мерам. Симнав што симнав, сега треба ептен строго да диетувам за да симнам уште А најискрено, не ми се купуваат нови алишта. Уште е ладно, ќе диетувам кога ќе се стопли малку. 3 месеци сум си на истата килажа иако скоро секојдневно се гоштевам Тука сум за поддршка Појадок чиа семе со протеини и банана Ручек КФЦ Вечера пуканки ќе си направам
Уште тераш без масло? Браво! Браво за резултатот! Јас периодов сум ептен неорганизирана, не успевам да се измерам сабајле од брзање . Најверојатно имам -1кг, според фармерките . Среќа што постам, како се стрвам на благо деновиве, лошо ќе беше .
@malerozna Доволно што си ни поддршка Дали вежбаш сеуште? Припазуваш некогаш, како одржуваш килажа? Далеку сум од одржување ама секој совет добредојден @Ariel И -1 е одлично, така да продолжам да слабеам арно ќе е Он топик, за денес чиа пудинг, овошка за ужинка а за ручек не знам Можеби пилешко, или туна Уплатив и на фитнес да се пофалам Од 1ви започнувам Конечно најдов теретанче што работи подоцна за од ко ќе заспијат децата да одам да повежбам колку толку
Многу сакам да ослабнам ама нешто не ми оди важно желбата е тука.. Периодов немам време за ништо,запоставив вежбање,диетата на пауза, дома реновираме и кречевме,во хаос живееме моментално Да досредиме уште некој ден па да се враќам во колосек. Убав ден на сите и браво за резултатите кај вас
Уште немам почнато со вежбање, 2 месеци одлагам Настината сум, времето е крш, не ми се излегува по дождот. А дома не дека не можам да вежбам, ама ете мрза светска сум си. Среќа па оддржавам килажа и не ми е приоритет. Симнав 30+ кила и сум презадоволна од кето диетата. Кај и да е ќе се вратам во нормала некој ден. Кето се знае, месо, јајца и зеленчук Денес појадок моето омилено чиа семе со протеин. Ручек кфц оти вчера не го изедов Вечера протеин бар Зеленчуци ич не јадам периодов, за стап сум Не е ни чудно што не можам да оздравам. Не сум на некоја диета за одржување, уствари си јадам исто како кога си бев дебела Ама некако се воздржувам од јадење благо, протеин баровите од Бога ни се дадени Постов каша попара, ама ќе мине ајде
Даа сеуште постам и не можам да ти опишам колку поубаво се чуствувам. Верувам дека е и поради вербата и поради здравата исхрана, ова маслото мислам дека многу штета ни прави и сакам целосно да го исфрлам од употреба. Ем поздрава ем по креативна сум со рецептите, ем денес се изненадив вагата покажа пониско иако мислев дека не сум во калориски дефицит. Денес за поручек, пола кесичка од муслите, 40 gr негде, со овесно млеко и неколку јаготки, не бев нешто гладна. Ручек, си направив тортиља со вегански ќофтиња (ги направив од наут, кромид, тахини мн малку, ленено семе, зачини и сусам и ги печев во фраерот), салата, сосот со тахини, сенф и лимон цеден. 1 таква тортиља изедов и салата од домат со печени пиперки, мојта нова омилена. За вечера исто како за ручек, ќе видам колку би била гладна. Денес останав во кујна, ама пресреќна и презадоволна си сум од јадењето
Јас до небо ти се извинувам, кога одговарав и поентирав го немав прочитано твоето мислење воопшто, така да ништо лично. Требаше да се земам себе си за пример и да напишам дека бев свиња што имаше висок крвен притисок на 23 години и предијабетно стање. Ти посакувам многу успех во справувањето со околностите, и помалу лично да ги сфаќаш работите, посебно на анонимен форум Апропо темава, праќам огромна поддршка пред викенд, убаво ќе биде времето, пробајте 10-15 километри испешачете викендов Слика 1 - 2018 Јули, 82кг Слика 2 - 2021 Јули 53 Денес - 60, без никаква естетска цел, само сила и ендорфини (со холестерол ) You can do it ladies
прекрасна промена,но најдоброто во тоа е што е трајно и на долги стази, те молам ако можеш за да ни е појасно напиши ми пример за дневно мени, какви ти се оброците
- овесна каша - овошка/јатки - гравче и салата @ThiccFit јас би сакала да те прашам друго, гледам во теретана вежбаш, би можела ли планот да ми го кажеш? Почетник сум инаку, имам одено во теретена во средно (пред 10 години ) Ајде кардио ќе си завршам на трака, степер итн, знам тој дел Како да ги вежбам другиве справи? Две недели прво целосна ротација после за одредени делови или? Во теретанава за жал немам кој да ми покажува... најдов и online едно планче, ако можете општо сите да го ѕирнете што вежбате дали е ок, би ви била благодарна, оти не знам како и од каде да почнам, изгубен германец сум моментално https://www.muscleandstrength.com/workouts/8-week-womens-beginner-fat-loss-workout
јас така почнав да слабеам. Една недела со салати овошје и од ручек секако готвено без леб. Блако ИЧ. И тоа одма покажа резултат. Телото се чисти од токсини најпрво. Јас денес за појадок омлет со малку спанаќ и кокар за ручек на работа ќе има гравче секако со многу салата и без леб. Вечера обично ништо ама после работа некогаш дома си каснувам по една банана. И да напоменам денот секое утро ми почнува со лимонада или цеден лимон со портокал
Денес за поручек овес со овесно млеко и јаготки. Ручек, чорба од спанаќ и друг варен зеленчук 2 чинии и потоа едно чинивче сутлијач. Вечера исто, чорбата мора да се дојаде. А пустата не ме засити воопшто, не беше нешто којзнае колку лоша, ама не би ја правела пак
Спанаќ и ориз само следно, вкусно е така ептен Динстај на вода кромид морков со зачини, после тоа спанаќот и на крај додади чаша мала ли ориз зависи колку сакаш густо да е, јас вака правам со спанаќ за денес: - варени јајца со намаз од авокадо на интегрално лебче - овошка/јатки - да се дојаде гравчето + марула кромид салатичка
Во последно време не го сакам ама ич спанаќот со ориз, веројатно ми е траума од пред некое време што пробав многу лош. Инаку сум била голем обожавател на спанаќ со ориз. Затоа барав некоја друга алтернатива со спанаќ. Денес дечки се чував за посна пица, нели денес може со масло. Така да и ручек и вечера ќе ми е посната пица
Денес немав многу избор и време за храна, изедов пола тиквичка пржена и 2 лиснати со маслинки и некоја чаша сок домашен. За да не ми се повторува ова решив да си направам meal-prep за цела недела. Овие два дена забушавам со соковите, иако си ги бројам сите калории, не сакам да пијам шеќери, многу сум зависна на нив и подобро да не консумирам воопшто. Се мерев на вага денес, малку се разочарав дека си ја видов скоро истата бројка, ама ќе се препуштам на трпението и фокус кон здрава исхрана И да уживам во процесот, малце и mindset да променам. Дечки почнав секое сабајле на гладен стомак да пијам чаша вода со цимет, читав дека имало многу придобивки во процесот на забрзување на метаболизмот. И пченичната трева сакам да ја набавам, поради поголемото количество на хлорофил хранливите материи помагале во детоксикација и отстранувње на токсините од телото и ги врзуваат тешките метали во крвта. Богата е со витЦ и витА, по некој витБ. Дефинитивно го купувам утре. Како ви оди вас девојки?
Јас обавезно спремам во недела за неколку дена. Секогаш правам и супа, ја јадам ако ме фати глад навечер или во комбинација со ручекот. Планот за оваа недела: П: грашок со ориз В: грашок со ориз (ми остана од денес) и супа од печурки С: бамја во сос од патлиџан и кускус Ч: хељда со печурки и моркови П: варени компир, морков и брокула со бел сос од овес Во среда ќе гледам да не заборавам се измерам, ама гледам дека фармерките ми се полабави, т.е можам да дишам кога ги носам .
Браво! Колку време си на режим и дали имаш некои резултати? Јас не можам да не сум нестрплива, ќе пукнам додека да помине времево. Да видам барем 7/8 кила минус, помирна ќе сум, од оваа килажа веќе можеби 3 години немам мрднато и се излудувам. Убава ти е храна и после неколку дена? Некако имам чувство дека би ми изгубила на вкус. И денес не успеав да направам ништо од плановите оти се бев на трчање, не ни успеав ручек да си спремам. Овес и грисини само денес околу 200гр. ама калориски сум таман.
Hello, би сакала да прашам како се пресметува колку калории треба да внесувам за симнување тежина? И колку посебно протеини,јх,масти,шеќери?
@FierceFemme_ Искрено јас од ко сум со инсулинска резистенција цел живот ми помина во пазење Овој пат најтешко ми оди симнувањето, ама и забушавам, не сум нешто најдисциплинирана.. ама после година ипол имам видено 8мица прва на вага па повеќе мотивација имам Планот ми е така полека, до крај мај да видам и 7мица прва на вага значи си рачунам килце неделно, ништо повеќе, ништо екстремно Од ко ќе почнам со вежбање сега мислам и ќе бидам подисциплинирана со исхрана (барем претходно така сум била ) Не брзај и не се откажувај, пази на калориски дефицит и тоа е тоа.. Он топик за денес; - интегрален леб со авокадо и јајца - овошка/јатки - туна или пилешко со салата Како да вклучам протеин во прав? Во шејкови?
Најубава е истиот ден, нема збор, ама јас не можам преку недела да се организирам да готвам, освен нешто брзо ако се спрема, до пола саат (тестенини, бурито, ориз). Или ќе јадеме готвено од пред неколку дена, или нешто суво, тоа е изборот . Инаку почнав малку да припазувам една недела пред постот, ама од постот малку посериозно. Само постам и гледам поздраво да јадам. Најголем ќар ми е што не пијам алкохол, затоа што вишокот калории од алкохол и јадењето со него ми се. За појадок јадам чиа или овес, а за викенд леб и путер од јатки (ова ми е гилти плежр). За ручек што имам направено, гледам да е разноврсно. Навечер гледам да не јадам, ама ако сум гладна јадам супа или овошје. До сега имам околу 2 кг ослабено за три недели, проценка според облеката е ова, утре планирам да се мерам.