Ариелке, посен сладолед освен замрнзата вода ??? ме боли грло, ти пишав па избришав постот не го гледш во 40ка..
Руменко, цедевита и сличните на нив на стапче. Има вегански сладоледи во кутија и по маркетите, само не ми се пробани. Само на Скуп сорбето од јагода ми е пробано, ама вчера на пример го немаше во Веро Тафталиџе. Spoiler: Scoop
Како се справуваш со иснсулинската резистенција, само со балансирана и здрава исхрана? Се мислам да не имам и јас инсулинска резистенција. Пазам на калориите, си внесувам се што ќе изедам, ама ме нервираат некои испади што ги имам. На пример, на вечер ми е најлошо, сето на глава ми тежи, и тогаш попуштам. Претходната недела многу добро се справив со тој момент, ако нешто ми се јадеше си оставав простор со калориите да можам нешто малку да внесам. Ама вчера, не знам што ми требаше изедов пола паковче колачиња од O,cake со портокал (посни се и тие). Некако уз муабет со другарка, уз чајчето и ги сомлев пола колачиња. Кога се сетив што сум направила ми беше многу криво, ама тоа е тоа веќе згрешив. Инаку и јас имам ослабено некаде 2/3 кг до сега, па значи сум супер, добро ми оди, не треба паника. Да и јас така почнав недела пред да пазам, на некој начин да го припремам организмот на само зеленчук. Мене многу ме плаши што кога ќе заврши постот, искрено сакам да си продолжам вака супер се чувствувам, само да вметнам млечни производи. Без благо, леб, сокови можам, немам проблем, ама млечните производи многу ги консумирав, и главно проблемот ми беше количинското јадење и прејадување при стрес. Многу се плашам дека ќе се вратам на старо и ќе си ги вратам килата. Ми се случило милион пати, ама овој пат сум сериозна и посветена, ама ме плаши само тој момент.
И мене најмногу ми фали јогурт во постот. Ама не ми се проблем млечните производи генерално, туку јадење благо под стрес и кафаните со друштво. Да не се прејадувам под стрес ми помагаат две работи: 1. Да немам дома благо и 2. Да вежбам или пешачам навечер. На исто се сведуваат двете, да сум зафатена со нешто и да немам искушенија на дофат. Ако сепак се здебелам, никако да не купувам нови алишта, туку кога ќе почнат да ме стегаат одма да почнам да внимавам. Тоа се некои 3-5 кг и не се симнуваат тешко.
@FierceFemme_ јас сум и со терапија Метформин 850х2 + Спиронолактон 100 Не сум само со исхрана и активност за жал...
@Ariel најдов сладолед во Тинекс (400ден беше), ама некако шпараџијата во мене инстантно реши дека калориите од сладолед ќе ми бидат вишок а грлово ќе го лечам со прополис
Мудра одлука . Претераа со цените на сладоледот, а реално, вишок калории се. Јас јадам замрзнати вишни и се преправам дека се сладолед .
Ако отвориш профил на MyFitnessPal мислам дека сѐ ќе ти пресмета. Најдов и некој друг калкулатор, сум го користрла за бми и калории, сега гледам дека има и други интересни работи https://www.calculator.net/fitness-and-health-calculator.html
Ден 16 П: овес со пола банана Р: салата со морков, краставица и кромид со сос од индиски ореви, таан, сенф и лимон. В: домати и печени пиперки салата.
Среда денес, ден за мерење. Сум ослабела 2.5 кг за еден месец од прилика. Задоволна сум затоа што воопшто не гладувам, јадам нормално и со постот сум многу покреативна, правам јадења кои не ни се вообичаени дома. Минатата недела малку ме фати криза, втора недела на пост, на кој било режим втората недела ми е најкритична. Ама мислам дека ја надминав кризата, од сега натака треба да е само полесно. Следниот период нема да имам пристап до вага, така што следно мерење ќе биде најрано за еден месец, може и повеќе. Ама ќе видам според облеката како ми оди, тоа ми е најдобар индикатор.
Денес се разбудив малце отпоќе испаничена, не знам, во последно време многу се стресирам за килограмите, се опседнувам себеси веќе, премногу сум решена и се ќе направам за да не прекршам режим. Деновиве ме фаќаат такви некој јаки енергии и желби за вежбање, си се радувам. Вежбав предходниве дена дома, барав секакви изговори претходно, немам облека, немам справа, немам место, сега на ништо од тоа не размислувам, станувам и вежбам што ми душа сака, само да сум активна да се потам. Денес пешачев, брзо пешачење. Задоволна сум за сега многу, па ќе продолжиме вака. Олку се стресирам оваа недела дека секогаш овој период, односно 3 недела од диета ми било време кога сум се откажувала, мал милион пати последниве години сум терала до 3 недели и сум се откажувала, и сега едвај чекам да ја поминам најздраво и најактивно што можам за да си докажам себеси дека можам и дека полека полека ќе дојдам до целта. Заборавив да напоменам, секое утро пијам чаша вода со цимет, и лимон. Поручек - овес со какао Ручек - истите две салати од вчера и плус пола печен сладок компир, па луѓе, каде бил до сега овој компир да го пробам, преубав ми е. Вечера - салатка некоја и какао може да се напијам. Тоа е за денес
Бидејќи вчера скроз помешав денови, се мерев денес, уште 18.7кг за симнување, се тргнав од 20+ битно Колку долго ја гледав 9кана напред на вага, ми се смачи од нејзе За денес, - овесна каша со банана - овошка или јатки - ориз и пилешко + салата
Поручек: овес со 1 банана Ручек: палачинка од црвена леќа и киноа со многу салата и 2 смокви Вечера: од ручек исто, и протеински бар еден
- овес со малини - овошка/јатки - супа и ориз Вчера јадев само супа и подоцна вечерта бадеми, ни ориз ни пилешко, така да денеска ќе дојадам
Поручек овес со јаготки и малинки протеинско барче потоа Ручек палачинка од леќа и киноа со зеленчук и мало парче палачинка со мармалад Вечера не јадам најчесто ништо, ама ако ми се јаде нешто малку ќе каснам
КОНЕЧНООО, видов 8ка на вагата Пресреќна сум луѓе, готово видов 8ка повеќе не се мерам, ќе си терам како до сега, мерење здравје после неколку недели. Супер ми оди и презадоволна и пресреќна сум Планот за денес: Поручек овес Ручек пржени печурки и некоја салата и мора некое протеинче да внесам, барче најверојатно Вечера салата ако ми се јаде некоја ако не не
Вчера бев на роденден, па грешев, крем салата, кифличка, пола парче торта ама идеме понатака - смути со банана - овошка/јатки - за ручек немам идеја од сега, можеби јајца и марула, немам одамна јадено јајца