Вчера изедов Пита со праз и салата со компир и пиперки и потоа едно ѓеврече кувано и 1 вива смути. Бев многу активна вчера, на нозе бев од сабајле до вечер, ми требаше енергија. Денес Поручек овес и свежо цеден сок од морков, јаболко и лимон. Ручек една полна чинија грав и многу салата. Вечера нема.
Јас оваа недела некако без компас сум. Денес шпагети, утре може печурки, среда ориз, четврток грав, петок бурито… Сега смислив, додека го пишував мислењето .
Ариелке како смислуваш секоја чест, мене секој ден ми е мака што за ручек - овесни вафли со какао намаз - јатка/овошки - ќе јадам туна можеби
Значи јас решив годинава да постам за Велигден со цел нели да се прочистам духовно, но и да ослабам. Еве веќе трета недела од постот, вагана НЕ МРДА. Ни грам немам симнато. Барем јас на мене се осеќам многу полесно. Веќе почна на психа да ме мава, сите од постот слабеат само ја тапкам во место...
Клучот се калориите, ако си на пост не значи дека сигурно ќе ослабиш. Тоа зависи од ѕоа колку јадеш и што јадеш. Јас постам повеќе од 10 години редовно и никогаш не сум намалила килограми којзнае колку, ама секако не сум внимавала на тоа што внесувам. Особено на пост тежнееме да јадиме леб, тестенини и сл. со кои можеш да внесеш доволно калории за да одржуваш тежина, а не да намалиш. И посната исхрана може да биде штетна ако не се насочиш кон овошје и зеленчук, особено во денешно вфеме каде што имаме пристап до разни замени, посни мајонези, кашкавали, сирења и сл. Ако целта ти е да ослабеш, почни да водиш дневник за тоа што внесуваш и да го преточиш тоа во калории. Не заборавај да внесуваш и доволно суплементи со постот оти знае да направи недостаток. А девојки, за мојто дневно мени не знам што да ви кажам. Настинав, и сега ми е многу лошо, немам апетит, постојано се мачам и со алергии и свашта. Изгубив волја и храброст. Постојано ми се спие, очите ми се на пола копје, само лежам, мозокот не знае што да мисли попрво. Хаос се чуствувам, без ред. Поручав овес со кокосово млеко. За ручек си направив тиквички печени како компирчиња, ама немам апетит да ги изедам.
@FierceFemme_ побрзо да оздравиш За денес, - овесна со малини - јатки/овошје - гулаш и салата Ми се изгаси мејлот ги изгубив сите програми на Ирина, а со нив најдобро ми одеше, ќе си каснам од газов од нервоза Уплатив уште една
24 ден Денес си направив макарони со сос од тиквичка печена, зачини, таан и кечап. Сакав денес нешто различно од обично, да сменам малку. Така да тоа ќе биде за поручек и ручек денес.
Ајмо цурице, ајмо дечаци Време е за нова диета. Малерозна успеа за 2 недели да качи 3 кила Ама за тие 2 недели изедов 3 кила благо. Не, не се зезам Плус којзнае колку бургери и пици. А блиску бев да ја бакнам 5ката напред. Јбг. Више срече други пут. Од понеделник наваму сум на моето кето 90% од времето де. Имав протеински пудинг, ама еве го изедов, нема веќе шеќери јадење Бми 22.8 Циљам на 21 5 килца до целта
Јас не слабеам кога постам, напротив. Јадам повеќе леб за да се заситам и ништо од слабеењето. Со истово искуство се многу мои колешки
Сите ми кажаа дека за време на пост се дебелеат ради тоа, сите навалуваат на јаглехидрати, особено леб. Јас освен тонус за доручек и тоа многу ретко, друг леб не јадам. Пасти, компири, ориз исто така одбегавам
Денес, банана, варено ѓеврече и планирам остатокот од денот на овошје да сум. Девојки, вагата покажува намалени килограми, ама јас воопшто не се чувствувам ослабено. Стомакот ми е намален, ама нозете ми се чини ни грам.
И јас периодов паѓам во замката на јаглехидрати како најбрзо решение во постот. Супер ми одеше, ама периодов на сопругот сум фокусирана, имаше операција и се трудам за него да има сѐ што треба, а за мене прикрпувам. Ама мора и на себе да мислам. @FierceFemme_ нозете обично покасно слабеат, само продолжи така, сигурно ќе има резултати.
Пред 2дена ја завршив ун диетата. За 3мес само 1кг,а толку се придржував. Јеби га што ти прави ова хипово. Сите ми потврдија дека малку сум се лизнала па реков кој ја врти вагава. Денес почнав нешто по мое и вака ќе терам едно 2 недели, па пак се враќам на ун. Денес појадок чиа пудинг и напиток за слабеење, за ручек палента и ајвар. А ако ми се вечера сигурно ќе биде овесни снегулки.
Да бре, од кога влегов во перименопауза и проблемов со тироидната многу тешко симнувам. Сега додека ја држев само 2дена направив утки зошто имав поводи. И водениот ден не го држев, ама како и да е очекував едно 7-8кг да симнам. Точно вагата ми покажува само - 1кг,ама во огледало кога ќе се погледнам малку се гледа дека сум се лизнала
Ех, перименопауза и хипо, тешко ќе биде. Ама барем да не качуваш. Со годините тоа станува главната борба. Секоја година сѐ потешко се симнува…
Консултација со нутриционист? 2 дена во 3 месеци не е ништо. Јас мислам дека треба на одрдено време да се направи некоја "утка", во спротивно мислам дека и шок се прави на организмот, нагла промена одеднаш. Еве нека кажат поискусните јас немам многу знаење, така мислам дека треба.
Уф да знаеш. Па кога ќе ми речат не јади леб, газирано не и благо не. Па ја за време на коронава кога беше 1,5год леб не ставив во уста, газирано и онака не пијам, е сега благо јадам, не викам не ама и тогаш јадев може секој 2ден ама пример 2реда чоколадо или ситни колачи 4-5парчиња и пак не симнав ни грам тогаш. Дефинитивно ми е до климаксов и хипово. А и слаба физичка активност имам. Едноставно не сум по никакво вежбање. И порано како помлада кога ја држев ун диетава немав физичка активност ама бре слабее 10-12кг.
Искрено не ми се даваат пари по нутриционисти. Ќе си терам ваков режим т. е ќе си ја држам цело време ун диетава. А и така има за јадење и ми одговара.