Со помин нека му е. Изгледа треба да почнеме да си припремаме мени за цела недела, како сум и јас навртена на јх деновиве, вчера јадев макарони и денес нудли ми се пријадоа, ништо од овошниот ден. Ама бев многу активна цел ден, само со бананата и гевречето бев. Дали земаш редовна терапија за хипотироидизам?
Да да, обавезно не промашувам.Не знам зошто ама се мислам од кога проверив тироида и почнав терапија јас повеќе се здебелив и не можам да симнам ни кило. А отидов да проверам тироида затоа што многу ми прерипуваше срцето. И така ми излегоа вредностите многу високи. И еве веќе 2,5год пијам терапија.
Да хипотиреозата го забавува целиот метаболизам, но со редовна терапија очекував дека не би било проблем губењето на килограми. Обично луѓе откако ќе ја почнат терапијата дури и слабеат ненамерно. Дали имаш зборувано за тоа со твојот лекар?
Треба негде во јуни да одам на контрола. Последните резултати со новата терапија се покажаа подобри, ама еве јас пак не симнав барем 7-8кг со ун диетава. Секако кога ќе одам на контрола ќе прашам.
@Espadrila не се срами, доаѓај овде, те чекам Оди вагата надоле, постот ок..ама некако немам ни апетит па така му доаѓа ептен дека калориски дефицит терам. Сега за сега сум ок, има уште важно мотивирана сум @malerozna уживај и не се замарај веќе, само баланс не ти треба диета веќе супер си Специјален поздрав до @mareane те чекам и тебе да знаеш да шкртнеш овде @Ariel
Аааа нема уживање. Малерозна знае 2 и 200 Еве денес готвам месо и зеленчуци за наредните денови. Мора да се придржувам до диетата оти инаку одма кажувам 2-3 кила за 2 недели. А далеку подобро се осеќам кога не јадам благо. Не знам што ми требаше пак да почнам со глупости Уште не сум излечена од бинџање благо. Одам во маркет и купувам 2-3 кила благо. Абе ненормална сум
Женски имам едно прашање. На калкулатор израчунав дека минимум потребни калории за базалните функции на телото во согласност со моите килограми и висина се 1450 калории. Е сеа, за да бидам во калориски дефицит, колку отприлика калории би требала да внесувам? Ако одземам 500 калории од овие 1450 би дошло да конзумирам помалку од 1000 калории а тоа не ми паѓа на памет да го правам, премалку се. Некое советче?
Ако 1450 ти се БМР, тоа значи дека ти цел ден да лежиш толку ќе потрошиш. Калориски дефицит се пресметува од maintenance calories или калории што се потребни за одржување телесна тежина. А за да пресметаш maintenance calories треба да внесеш и БМР (тие 1450) + ниво на физичка активност. Пример (лупам) вежбаш трипати неделно и пешачиш секој ден и со тоа имаш бмр од 1200 и maintenance calories ти се 2000 и калориски дефицит од тоа би било 1500 (ама не пониско од ова) оти до 25% треба да кратиш, не повеќе. Оти 75% од 2000 се 1500. Не кратиш секогаш 500 калории туку максимум 1/4.
Вчера немав да се пофалам со некое здраво мени па затоа не ни пишав. Ама од денес ќе се фокусирам на поразновидна и здрава исхрана. Вагата за сега застана на една бројка и не е потакната, е како ме нервира. Сакам грам барем по грам да гледам разлика. А јас не се чувствувам воопшто ослабено. Почнувам да се нервирам. Денес јадев здрава ветзија на пица, со ипровизирано тесто тенко од пченкарно брашно, со зеленчук одозгора.
Сабајле измерив 65.4 кила, -2 кила откако почнав поозбилно да си ја сфаќам работата. Ајде овие два месеци уште 7/8 да симнам и ќе биди топ.
А да смениш диета. Оваа УН е супер диета ако сакаш да го збуниш метаболизмот. Еден ден протеини, па еден ден шеќери бутај, па еден ден преполни се со шеќер, па живеј на вода. И да не ти е збркан метаболизмот ќе ти се збрка, а не па со некој проблем. Цел живот ќивеам со ПЦОС и знам дека вакви режими луди што немаа врска со реална исхрана не се за луѓе со здравствен проблем туку за некој што се здебелил зашто премногу јадел.
Ун диетава ја држам скоро 25години и секогаш сум слабеела 10-12кг, и ми одговараше, но никогаш не сум го држела водениот ден. Е сега веќе не сум толку млада и сега потешко ми оди, башка сега имам проблем со тироида и веќе влегувам во перименопауза. Сум пробала и без леб некое време и ништо. Извини не ти го разбрав што ти е тоа ПЦОС?
Од денес пак се трудам да пазам. Минимално леб и путери од јатки за појадок, другото ок ми е. Си купив денес овес, го враќам на мени од утре. Ручеци: П: спанаќ со ориз, салата од моркови В: компир со копар,, модар и тиквица во сос од домати, супа од печурки С: грав, зелка салата Ч: немам кога да готвам, ќе купам фалафел врап, супа од печурки П: наут во доматен сос и кари
Полицистични јајници е ПЦОС. Во принцип метаболизмоѕ е чуден кај такви јајници. Ако цел живот си одела горе/долу со килажа грешна ти била диетата. Со УН си слабеела ама и си враќала очигледно. Од аспект на метаболизам тоа воопшто не е добро Ти треба режим на исхрана со кој ќе слабееш ама и ќе биде одржлив на долг рок. Јадење се во комбинации и во одредени количини и секако физичка активност.
Вчера јадев и бадеми, две киви и црно чоколадо еден ред, ама не пиев смути... За денес, - овесна каша - јаболко - пилешко и салата - смути ќе испијам се надевам