Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Здраво диеталки.
    Јас силно мотивирана почнувам со Кето диета.
    Имам 66 скоро кг, на 173 цм висина. Идеално би ми било да паднам под 60,ама колку и да имам битно ми е да намалам. Ептен почнав да одам нагоре и нагоре.
    Ако има некоја што ја држи да сподели што смее да се јаде, ама сигурна информација. Некаде читав дека смее и сирење, некаде не.
    И дали диетава се сведува само на јајца, месо и салати?
    И колку време се држи?
    Диетава ми е потребна да намалам кг и да влезам во форма и да бидам дисциплинирана кога е храна во прашање, да престанам да грицкам само нешто и кога треба и кога не треба.
    (fingers) Одиме напред...

    Се надевај ентузијазмот нема да го снема уште утре :rofl:.
     
    На christinnn и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  2. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека на 173цм висина треба да паднеш под 60 кг? Јас мислам дека тоа ти е малку, не верувам дека би било здраво толку да намалиш.
    Ако ти е целта да воведеш дисциплина, можеш на поинаков начин, не да си играш со килограмите, да почнеш да вежбаш редовно да накачиш мускулна маса, ете тука можеш да се дисциплинираш. Ако толку сакаш да ослабеш, би ти препорачала максимум до 60, а ништо под, ама и 60 ти е многу малку. Зошто размислуваш така и мислиш дека толкава тежина на толкава висина треба да имаш?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Кето грл тука 8)
    Најлесна диета до сега, живеев на јајца, пилешко и брокули :angel:.
    Јас обично сирење не јадам, ама јадев моцарела и бурата. И едни бејби кашкавалчиња, од што морав нешто друго да јадам, а ич не ми беше под ќеиф. Симнав 35кг :bow:ама над 4 ипол месеци не направив ни една грешка :wasntme:
    Еве сега пак се мачам да влезам во кетоза. И јас ко тебе сакам да паднам под 60 :makeup:
    Нешто тешко ми иде :rofl:
    Моментално сум на -32кг од врвот.
    Добредојде во темата, ајде да видиме која прва под 60 :$
     
    На H.VAGA, christinnn, andrejko82 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Уф знам дека треба и да вежбам, ама мрзлива сум ептен по тоа прашање. Цел ден сум со деца на нозе и некако само гледам да приседнам, и ич не ми се вежба. Почнав еве и да вежбам ама ова само загревање е. Ќе побарам некои вежби за задник, стомак и нозе за вежбање дома, или ако има некој линк пратете со проверени вежби.
    @malerozna без прекин ли ја држеше 4 ипол месеци, нели штетна е на долг рок да се држи?
    И мислам дека во 40ка те читав и дека плус вежбаш или не?

    Јас почнав кето и планирам да јадам во период од 10-18ч.
    Денеска јадев за доручек 2 варени јајца и мало парче димено месо. За ручек 300 гр печена риба и марула салата.

    И по што се познава дека си во кетоза и после кој ден почнува обично?
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Да, без прекин ја држев. Не е штетно кога имаш доста килажа т.е сало за симнување. Мит е тоа дека е штетна.
    Јас веќе година ипол читам на редит искуства од диетата, има луѓе кои по 7+ години се на кето и си функционираат најнормално, уствари повеќето ја почнале диетата заради висок шеќер и крвен притисок, кои многу бргу се регулираат.
    Па и бодибилдерите се на кето по 20тина недели пред натпревари.

    Во кетоза влегуваш после 3 до 6 дена, ама треба ептен строго да се држи. Некогаш и еден залак од "забранетата храна" те вади од кетоза и џабе си трпел со денови :D
    Моја препорака ти е првите две недели да јадеш повеќе храна, не гледај на калории, оти обично кога ти паѓа шеќерот, почнуваш да се тресеш и ја прекинуваш диетата.
    Не прашувај од кај знам :tmi:
    После две недели намалуваш на храната, ама веќе нема да се осеќаш гладна и можеш и 24 саати да тераш без јадење.

    Јас веќе 4 месеци како не вежбам (знам за стап сум) а богами и си јадам малтене како претходно, а килажата ми е иста.
    Сега сакам уште малку да намалам, претерав со благо последните 2 месеци :whew:
    На два ума сум, де доста ми е слабеење, де уште малку.
    Сега сум во фаза дека ќе слабеам(lalala)
    Еднаш се гледам дебела в огледало, друг пат слаба |(
    Таман имам 2 месеци до годишнината :wasntme: да заокружам на 40 изгубени килограми (fingers)
     
    На Vanilla15, andrejko82, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Иии среда, моментално стојам на 88.7, или по мое, уште 18.7кг за симнување :D
    пред недела бев исто, ама викендов имав дооста грешки + алкохол, а и сум 3 дена пред циклус :wasntme:
    Ама идеме понатака, додека не ми собере сета облека од плакар, оти моментално само хеланките ми се таман, тажно :D

    - овесна каша со банана
    - јаболко
    - риба и брокула + салата
    - детокс смути
     
    На FierceFemme_, hello-kitty.90 и malerozna им се допаѓа ова.
  7. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    56.677
    Пол:
    Женски
    @malerozna зарем од 90 стигна на 60??? леле алал да ти е девочје :bow: вежбај си само таман ти е ова..

    @hello-kitty.90 за вежбање почни со ова има за почетници, се има, многу е добра цела веб старна, ќе се снајдеш , јас пред 2 години ја почнав ја дознав од форумов и е топ за домашни услови..кога не одам во теретана или имам дома слободно време секогаш и се навраќам на Хедер..
    https://heatherrobertson.com/programs/

    Ај добар ден
    Терам пост, супер ми оди..килажава ок е сега за сега паѓа постепено :D

    Убав ден диеталки
     
    На Ariel, FierceFemme_, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Јас за малку 100ката ќе ја фатев, на 2 пици бев од неа 8) :rofl: (facepalm)
    98 бев :$ благодарение на ковид локдаунот во 2020та качив 18 кила за 2 месеци, после ела ослаби ако можеш :worried:

    Сум била на многу диети, симни, качи, откажи се, пак почни :wasntme:
    Симни 10, качи 7, симни 5, качи 10 :drunk:
    Ама кетово највеќе ми одговара, јас сум си месождер.
    Имам глутен интолеранција и секогаш кога јадам бел леб, без разлика на калориите, се поправам со брзина на светлината.
    Е сега знам како се слабее, месо, салати и движење :muscle:
    Сабајлево бев 66 :x
     
    На Ariel, H.VAGA, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    56.677
    Пол:
    Женски
    Супер бројка , не се критикувај , само запомни дека некоја ја сонува таа иста бројка :inlove:
     
    На H.VAGA, Vanilla15 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Ама бев и 63 ]:)
    Ја сонував и јас со години :angel:
    Некогаш не можам да си поверувам колку бев упорна, де пешачење, де вежбање. А сега само одлагам.

    Кога паднав под 80 бев пресреќна. Викам ајде сега под 75.
    Оп, паднав и под 75.
    Си реков 6ка напред да видам и престанувам.
    Вагата покажа 69 8)
    Прославив со КФЦ :inlove:
    Пак се качив над 70 (facepalm)
    Ајде пак диета, пак падна.
    Си викав 65 да паднам и престанувам.
    Ама... уште не сум излечена од бинџање. Пак почнувам иста песна и морам построго да се држам оти можам лесно да се вратам на старата килажа |(
    Сега сакам 5ка напред, па што сака нека е :$

    Се распишав фалејќи се :$
    Поздрав до @Espadrila
    Ајде враќај се да пишуваш на темата
     
    На Ariel, andrejko82, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    @malerozna исти сме биле ептен со килажа.
    И јас сакам 5ка да видам :$.

    Тиквичка може во кето, пример мусака од тиквичка и мелено месо да правам?
    Или кисела зелка со месо како растурена сарма без ориз?
    Кисела павлака исто читав дека може, количински колку да е?
    Печурки, маслинки?
    Денес 2 ден, ми се вртеше и глава ме болеше од сабајле, се надевам кризава брзо ќе помине.
    Ќе држам само диета 2 недели па после ќе почнам со вежбање, да не се префорсирам, да омалаксам, па и диетава да ја баталам.
    За диета само цврста волја и упорност треба :muscle: јас сега за сега ги имам.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Секако дека може тиквички :D
    all-about-zucchini-nutrition-benefits-side-effects-1440x810.jpg
    Јас од овие јадам.
    Павлака, сирење, печурки, се може.
    Брокули, карфиол, зелка, ехеее, има многу опции.
    Ама јас дека немав време за готвење, јадев пилешко и брокули скоро секој ден (facepalm)
    Не ми се готви мусака за еден ;(
    А и не сум фан на мелено месо.

    За главоболките ќе си потрпиш некој ден. Пиј апче и уживај.
    Кафе без млеко, оти и во него има многу јаглехидрати.
    Јас едно време бев на диета, ама пиев по 3 кафиња со млеко на ден и слабеење јок (facepalm)
    Кога го исфрлив млекото, почнав да се топам :P

    Со диетава нема да омалаксаш, напротив ќе добиеш наплив на енергија после десетина дена.
    2 недели не се доволни.
    Таман ќе намалиш две три кила, кога ќе почнеш пак со јаглехидрати, одма за 3 дена ќе си ги вратиш изгубените кила, затоа што телото пак ќе почне да задржува вода (facepalm)
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    А не, не планирам 2 недели да ја држам, ќе ја држам повеќе од месец сигурно, туку по 2 недели од почнување со диета да почнам да вежбам, вака ми е страв да не припаднам, од сабајле ич немав сила.

    Кафе со млеко не пијам, само турско горко или еспресо.
    Ама па како може павлака, сирење, а млеко не? Или повеќе јх има во млекото?
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Млекото има лактоза. Ферментирани млечни производи имаат помалку. Сирење, павлаки и слични работи се скиселуваат кога бактерии (или габички) го јадат шеќерот од млекото. Чиста хемија/биологија е.
    Ако сакаш телото подовбро да ти изгледа, а да не го изгладниш треба да вежбаш не диети да држиш. Барај на Youtube вежби 15 minutes HIIT. Кратки а ефикасни вежби. Да не мора да двоиш многу од времето на вежбање. Полесно се издржува ментално да се фокусираш и да не се откажуваш.
     
    На hello-kitty.90 и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  15. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Јас и ти на ист journey сме, јас имав пред некој ден иста килажа, денес се мерев 87.5.
    И мене ми е мотивација старата облека 8) одиме јако :muscle:

    Супер ми оди постот, се навикнав целосно.

    Поручек овес со банана и свежо цеден сок од јаболко.
    Ручек варен ѓеврек со салата од пиперки и домати и посно сирење (од кокос).
    Вечера нема :?:
     
    На Ariel и Vanilla15 им се допаѓа ова.
  16. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    И со кг сме тука :D
    Ајде заедно до 70 :muscle:
    (после ќе бараме 65ка, сега рано ни е :rofl: )
     
    На Ariel и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    За енергија знам како е, јас бев ки полжав. Ама пишав пост на редит и ме посоветуваа да пијам електролити. Порачав на амазон и силата наеднаш ми се врати.
    А на почетокот од диетата, првиот пат кога ја почнав во Јануари 2023та, нон стоп ми беше ладно заради недостаток на електролити. Тогаш и кока кола зеро ми заврши работа 8)

    Најди во аптека електролити и пиј неколку дена.
    Јас имам едно десет вида на суплементи, де магнезиум, цинк, железо, колаген, уште вар што не почнав да пијам :rofl:.
    Сега далеку подобро се осеќам кога јадам кето исхрана отколку обична :drunk:
    Верувале или не, овие два месеци ме фатија анксиозност и депресија.
    Може дека бев на одмор и затоа се осеќам бескорисно 8-|
     
    На andrejko82 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  18. Mim1mi

    Mim1mi Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    104
    Протеински шејк
    250 мл млеко со 1.5 масленост
    20 гр сурутка во прав
    70 гр јајце (сирово)
    100 гр јагоди (може и банана)
    2 гр ванила ( може лажичка какао или нес)
    Се блендира.

    Нутритивна вредност:
    342.2 ксал
    33.63 гр протеини
    24.1 гр јаглехидрати
    13.7 гр масти

    Го конзумирам еден саат после вежбање како последен оброк. IMG_20240417_195735.jpg
     
  19. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Денеска скроз сум без енергија, ама па добив и верувам поради тоа е :devil:

    - овошен јогурт
    - круша и праска ќе јадам
    - врап со пилешко
    - детокс смути
     
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Јао и јас денес станав со 0 енергија. Мислев дека ќе паднам некаде.
    Среќа па се оправив.
    Затоа кога станав ептен ми се пиеше вода. Додека да доручкувам испив 3 чаши вода.
    3 ден денеска.
    Д - марула со туна салата
    Р - мусака од тиквички и мелено месо
    В - салата ќе е или како ужинка ќе грицнам малку месо.
     
    На Vanilla15, FierceFemme_ и andrejko82 им се допаѓа ова.