Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Денес направив и крвна слика, очекував искрено ниско железо или низок хемоглобин, мислев дека многу малку јадам и ако ми се подслошеше одвреме на време мислев дека ми е низок хемоглобинот. Железото и хемоглобинот во одлична форма и холестеролот и триглицеридите на долна граница. Се испостави дека сето тоа ми било во главата само и дека се е во ред со моето здравје. Се си мислев дека сега премалку јадам и се прашував како ќе издржам со толку малку храна, и како ќе ја добројам секоја калорија внесена. Но, испадна дека всушност не сум навикната на нормална количина за мојот организам, чим го сфатив тоа пола работа е завршена.:clap:
    Преубаво се чувствувам, имам енергија дури и сама не можам да се изнарадувам, некои денови нормално немам ако прескокнувам вежбање или ако јадам макарони или нудли. :doh:
    Одново и одново се враќам на здравата исхрана и почнувам да се заљубувам во грижата за себеси. :inlove:Засега целта ми е да смалам килограми па потоа ќе се билдаме повеќе. Многу ми е мило што ве има вас, каде што можам можеби и да мотивирам, а и самата се мотивирам од вашите успеси. :l:

    Денешното мени,
    Сабајле чаша вода со цимет и после пола саат поручек.
    Поручек овес со протеинско соино млеко и пола изгмечена банана.
    За ручек палента и ленено семе измешани, со кокосово сирење. И салата со домати и пиперки.
    Од ручекот си оставив пола и за вечера. (lalala)
     
    На marchi-cool, Ariel, malerozna и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    @FierceFemme_
    и јас кога јадам макарони/шпагети тестенини што и да е, обавезно после ми се јаде нешто плус :x
    не се осеќам воопшто најадена, освен ако не се со мелено месо пример, инаку не можам да се допрам после тоа :(

    За утре ќе пишам девојчиња

    - омлет и салата
    - јаболко
    - гравче и салата
    - детокс смути


    (ужасно ми се каснува благо :rock: )
     
    На malerozna, hello-kitty.90 и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  3. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Луѓе, купив plant-based protein млеко од соја со вкус на чоколадо, преубаво е млекото. Но, откако ќе го пијам почнува да ме чеша устата и денес ми отекоа усните но после некое време се повлече отокот, претпоставувам дека имам алергија на соја, но сакам да верувам во спротивно бидејќи вкусот на млекото беше многу добар. Дали некој од вас има слично искуство?
     
    На Ariel и malerozna им се допаѓа ова.
  4. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Хелоуу; извештај за денес и утре да пишам :D
    За денес;
    - интегрален леб со намаз и краставица и морков
    - јаболка
    - бургер тортилја 8-|
    - детокс смути

    За утре:
    - чоко кокос овесна каша
    - овошка/јатки
    - салата со пилешко
    - детокс смути


    @FierceFemme_
    или е до сојата или некоја друга состојка не ти одговара.. консултирај се со лекар, не знам друг совет :(
     
    На marchi-cool, malerozna и FierceFemme_ им се допаѓа ова.
  5. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    @Vanilla15 од сојата ми било ;( Ништо веќе нема да консумирам.

    Денес си направив посна пица, до калорија ја избројав де што додадов колку ќе има. Денес си се почастувам :inlove:
    За вчера, поручек овес и ручек палента со сирење и салата.
     
    На penelope10, Ariel, Vanilla15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И јас 5ти ден.
    Веќе се навикнувам.
    Немам направено грешка. Ми се јаде, не дека не, ама издржувам :muscle:.
    Па и по благо никогаш не сум била, сега мислам дека ќе умрам за благо :emo:. За чоколатка :l:.

    Денес за доручек - 3 кебапчиња
    Ручек- салата и батак
    Вечера 1 пржено јајце и малку димено домашно месо.
     
    На marchi-cool, penelope10, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.
  7. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Завршува и 5та недела :inlove: Најдолго што имам издржано во последниве 10 години, ќе ја биде овај пат си велам.

    Денес исто така си се посветив на убаво јадење, си направив две тортиљи од овес со зеленчук.

    Нешто слабо ве има за викенди, кај минсе губите (waiting)
     
    На marchi-cool, penelope10, hello-kitty.90 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Еве сум јас (highfive)
    Ем во циклус, ем на диета.
    Ми се јаде благо та ми се плаче, имам дома пола кило нутела бисквити, ама одолеав :clap:
    Барем засега.

    Деновиве сум добра, не се огрешувам и одма се познава на вагата а богами и на стомакот, даска е :wasntme:
    Е сега имам по нешто салце, ама за тоа треба турбо гладување и вежбање едно 8 до 10 недели :angel:

    Денес на мени супа со зеленчук и пршута 8)
    После имам телешки стек за ручек :P
    Одоцнив со појадокот, ама јбг, недела е, до касно спиев :drunk:
     
    На marchi-cool, penelope10, hello-kitty.90 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Јаас тука сум и за викенди :D
    Дојдов да пријавам промена за ручекот, напраив на пареа компирче малку и брокула, карфиол и морков, со салата ќе е.
    Не ми се јадеше месо 8-|
     
    На hermosa, Ariel, FierceFemme_ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.415
    Следнава недела, за доручек пак чиа главно ќе биде. И некогаш овес за промена. Ама не ми е убав без јогурт, само со какао и вишни може, ама тоа е само една комбинација и ми се здосади. Ќе му се вратам после постот.

    Ручеци:
    П: зеленчук и наут во сос од домати
    В: наут во сос од домати (голема количина излезе)
    С: бурито
    Ч: ориз со печурки
    П: тестенини со печурки

    Викендите ми се подекадентни, за доручек некое тесто, за ручек компири, негогаш риба…

    Не сум гладна, доста јадам, ама сепак мислам дека има напредок, барем така се чувствувам. Немам вага, ама мислам дека многу ми годи тоа што сум растеретена од бројки.
     
    На hello-kitty.90, Vanilla15, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Ајде понеделнички рано да пишам, да тргне неделава :D
    (вчерс паднав психички и каснав тро повеќе)

    - омлет
    - јаболка
    - тестенини во сос од домати
    - детокс смути (често го заборавам искрено :drunk: )
     
    На FierceFemme_, christinnn и malerozna им се допаѓа ова.
  12. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Е значи ќе ја фрлам вагата преку прозорот (facepalm)
    Како можеше вчера да сум 65.5, а денес 66.7 (facepalm)
    А така ми се јадеше синоќа благо, а не каснав за да не покаже плус вагата (facepalm)

    А цел ден изедов само 2 чинии супа со зеленчук и месо :drunk: и малку пистачио де ]:)
    Ајде денес е нов ден, сончево, ладно, ама ќе излезам да шетам.
    Појадок супа :rock:
    Ручек, телешки стек :P
    Вечера нема :rofl:
     
    На FierceFemme_, penelope10, hello-kitty.90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Си вози вагата надолу. :inlove:
    Поручек овес со протеински прашок и оризово млеко. И една чаша свежо цеден сок од портокал и јаболко.
    Ручек green goddess salad. :*
     
    На malerozna, Vanilla15 и Ariel им се допаѓа ова.
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Дали друг е опседнат ко мене со вага? Секое утро се мерам, едно време не го правев ова, сега пак :drunk:

    - овес со боровинки
    - јаболка
    - цезар салата
    - детокс смути :wasntme:
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, FierceFemme_ и 2 други им се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    И јас сум од тие што се мерат секој ден
    Почнав со 66,вчера се мерев 62.5.
    Вака сум ослабната, стомакот скоро рамен е, ама фали уште.
    Со бројки многу не сакам да се оптеретувам, и многу ми се гледА намалено 3.5 кг за 7 дена, што претпоставувам дека е само вишок течности или што и да е, и да прекинам за 3 дена ќе се вратам на 66,ама годи да видиш така пофина бројка на вагата.
    Денеска доручек марула со туна
    Ручек Стек со печурки
    В:обично немам или салата некаква или ако останало од ручекот.
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, penelope10 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.415
    И јас порано се мерев скоро секој ден, ама периодов привремено сум на друго место и немам вага. Така ќе биде уште околу еден месец.

    Многу сум порастеретена што секое сабајле не ми е првата мисла колку кг имам. Колку и да ме интересира дали сум ослабела (а ме интересира :$), мислам дека поздраво е човек да си тера некоја разумна исхрана и не се замара.

    Кога ќе се вратам дома се мислам вагата да ја ставам во подрум, затоа што дури сега сфатив колку сум се оптеретувала.
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  17. FierceFemme_

    FierceFemme_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам ослабено, и сум на вага, многу сум задоволна од себеси и ги приметувам бројните разлики и во менталитет и во физичко здравје. Многу подобро се чувствивам, некако мака ми е шѕо не сум почнала порано, но подобро сега отколку никогаш. Повторувам секојдневни афирмации дека ова е последен пат кај што ќе поминувам низ ова и дека нема да дозволам да се случи пак истото туку ќе внимавам на себе.

    Денес за поручек овес со протеин и оризово млеко.
    Ручек рижото со зеленчук.
     
    На marchi-cool, Vanilla15, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Можно е да сум излегла од кетоза од едно парченце лубеница?
    Морав да го изедам, ако не ке требаше да го фрлам во канта, а со оглед на тоа колку ја платив, не можев да ја фрлам во никој случај :worried:.

    Претходните денови го имав тој некаков киселкаст вкус во устата, денеска не 8).

    Нема везе, јас продолжувам, и по облеката познавам дека сум малку ослабната, и тоа фармерките кои ми беа тесни, после перење сега ми се баш комотни. И стомачето ми личи како подослабено, ама оно си сака и вежби.

    Утре изгледа јајца ќе се на мени, месо ич не ми се јаде, ама ќе видиме.
    @malerozna таратор смеам да јадам? 8-|
     
    На Vanilla15, malerozna и Ariel им се допаѓа ова.
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.179
    Допаѓања:
    77.346
    Пол:
    Женски
    Смееш бре :D
    Јади си, не се замарај со влез излез од кетоза.
    Нормално дека нема да седнеш да изедеш 300 грама Нутела бисквити како Малерозна де, ама со контролирани порции и без јаглехидрати се слабее
     
    На Vanilla15, Ariel и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Е оваа среда сум во минус конечно, убав минус :D
    86.4кг, уште 16.4 за симнување :sun:

    Менито за денес,
    - овес со банана
    - јаболки
    - риба, брокула, салата
    - детокс смути
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, FierceFemme_ и 3 други им се допаѓа ова.