Бравооо Иста килажа сум и јас, исто сме симнале Многу ме израдува и измотивира да одиме до посакуваната цел . И јас опседната сум со мерењето и се мерам скоро секој ден кога сум дома, оти си имам пренајточна вагичка, на други не верувам . Одиме јако до лето Денес поручек овес со оризово млеко и протеин и 4 киви. Ручек палента со кокосово сирење и салата.
Искрено кога ја видов вагава ептен се мотивирав, оти 2.6кг ме делат од симнати цели 10кг, оти со неверојатни 94кг започнав иако до сеа ги криев, сега ги кажувам гордо Да не сум офф топик, ќе пишам и мени за утре - овошен јогурт - јаболка - гиро со пилешко - детокс смути (кое често го заборавам )
Јас почнав со 95, исто ми неше срам да кажувам, скоро никој не знаеше колку имам, сега сите знаат Денес овес со протеин и овошна салата за ручек, тоа ми беше најлесно
Браво Јас вчера не го испочитував менито, па денеска ќе биде пак истото Ама цел ден бев по патишта и јадев надвор, пола порција ама сепак Тоа е, идеме понатаму
Не кажувајте вакви работи, ќе каснуваме за Велигден За денес на мени, - чоко кокос овесна - јаболка - пилешко со салата - детокс смути
Денес си наоравив мали тостчиња две со кечап и посно сирење, и една лимонада. Тоа е тоа за денес, утре се радувам риба ќе се јаде Вчера многу ме фатија кризи, малку имав јадено и обично ко ќе јадам нешто ко леб не ме најадува и многу сум гладна потоа, премногу ми беше мачно од што бев гладна, се напив вечерта еден цеден лимун, ама издржав не каснав ништо. Два пати јадам еднаш за поручек и еднаш за ручек и после на интермитент фастинг до нареден поручек, калории колку базален метаболизам да покријам, ама вагата си шиба надолу. Денес пробав фармерки што прскаа на мене и не ме закопчуваа, денес ми беа широчки Абе прерадосна сум, конечно дојде денот
Денов ми е тежок некако и утрово не бев ни -100гр на вага, не знам зошто, јадев се како што треба... идеме понатака - чиа пудинг со банана и бадеми - јаболка или јагоди - пилешко и салата Нема да пробам веќе пилешко од ко ќе симнам килажа
Јас денес 100 грама само минус ама ќе се надокнадат денеска. Денеска риба се знајт со лепче, го дочекав денов. Не штедам на калории денеска
Ајде девојкии 3 дена стојам на иста килажа, ни 100гр немам горе долу, ама ај трпелива сум за денес на мени; - омлет - банана или јаболка - тестенини во сос од домати - детокс смути
Последна недела од постот. Морам да признаам дека ми здосади, не храната туку да смислувам што ќе јадам јас посно, а што мм со месо, дека без месо не било ручек . Ќе бидам и со обврски попладне, немам ни идеја, ни време за готвење. Среќа па само три работни дена се. Денес најверојатно ќе биде нешто готово, утре мaкарони, четврток пак готово… за повеќе немам ни време, ни енергија…
Ох девојки, денес останав само на овес со оризово млеко и протеин, цел ден ништо друго не каснав, немав ич апетит само кисели води тупав и по ресторани не можам ништо да јадам убаво вкусно, сето хаос и плус цел ден на нозе. Малку ми се вртеше прееска ама доброе се издржа некако. Утре ќе гледам да јадам барем повеќе овошје колку да не сум без ич.
Среда е, а никоја не се пријавила на рецепција Еве сум јас прва. Килажа иста, исхрана иста, си каснувам што сакам, ама со усул јадам . Само да ве размрдам
Јас немам вага. Ама ме стигнаа обврски деновиве и одма повеќе си каснувам . Малку ми е страв дека завршува постот, да не се опуштам… А од друга страна, едвај чекам да заврши, ми здосади. @FierceFemme_ во ресторан салата и печурки се најдобар избор, или барем најмалку калоричен. Едвај чекам утре да јадам чоко чиа со путер од лешник, зависна сум .
Апдејт: Капак на приказнава останав трудна, се поправив некои си 10 кг плус и дојдов до 90 кг. После пораѓај видов на вага 82 Моментално си качив 87 кг со доење и бутање на се што ми дојде при рака и очи... Бебушка е 2ипол месеци, имам огроомен апетит, не можам да престанам да јадам. Да помине Велигден, од понеделник нешто сериозно ќе се превземе. Ја уплатив мамафит на ана стојанова божем ќе се натерам. Што ме кочи не знам, сакам овие месеци што сум дома да ги искористам во мој бенефит. Никој нема да дојде и да ми каже ајде почни, треба самата ама тоа е. Се мислам да се запишам некаде. Ако има некоја што вежба нешто близу Бисер, Аеродром нека ми пише. Може токму тоа ми треба. Ама обврски со две мали деца како ќе се натерам па и да вежбам. Преуморна сум и ненаспана и некогаш си барам утеха во храната. Ах, ама па вака ако се самосожалувам и не превземам ништо... лесно можам да видам на вага 100!!! Следен пат пишувам тука со план
Јас бев таква. Колку повеќе јадев повеќе ми се јадеше. Е така беше додека не го сменив режимот на исхрана и не почнав да вежбам и верувај од тогаш немав потреба ни од толку јадење ни па имав апетит. може да споделиш состојки од детокс смутито?
И рижото со зеленчук, имам каснато преубаво ама и прегрдо. Исто и јас се плашам многу за после постот, ама некако се навикнав на гладувањето и ми годи кога гледам како се приближувам до посакуваната килажа. Се надевам дека ќе се држиме заедно да не скршнеме од патов што сме го почнале. Јас девојки многу добро се држам деновиве, дури и некои денови од премногу активности во денот останував и само на овес и протеин. Вчера првомајски си направив брускети од багет со вегански намаз и зеленчук. Денес рижото, кафе, локум 3 парчиња, лебче со вегански намаз и домати.
Христос воскресе, за многу години да ни е празников Луѓе, ми почна стравот. Вчера се омрсив со јајце и каснав 1 кифличка, 2 мали парченца пите со салата со павлака. Денес каснав од истото а веќе е 12 часот Многу се плашан да не ја изгубам контролата, не сакам ни ден да прескокнам. Таман ми тргна после 10 години мачење, сега не сакам да си го зафркнам трудот. Помагајте луѓе Како се држите вие? Како ви оди?
Христос воскресе, за многу години. Мора да се држиме сега јако, продолжуваме со пазење, само со мрсна храна. Месото не е калорично, добро е за диета секако. Исто и јајцата, супер доручек се, долго држат ситост. Само подалеку од сирења и калорични сосови, многу калории, а се може и без нив. Преку глава ми е од готвење посебно за мене, тоа најголема малтретажа ми беше… Леле со каков мерак изедов јајце и испив јогурт, како да немам видено