Ох луѓе не мислев дека ќе е толку тешко. Како од почеток да почнувам. Само на храна мислам. Планот ми беше денеска што помалку да каснам за да се оправдам малку за вчера, вчера изедов пилешко месо, салата, и 2 парчиња питулички. Не беше лошо ама сепак многу изедов. Денес имам едно кафе испиено, чаша сок, мало парче трилече (колку да го пробам) и јајце со кифличка. Толку за денес. Си викам ако јадам не здраво барем да биде пак калориски ограничено, океј сум денеска. Од утре со салати почнуваме. Вагата ми е заглавена на 84 кила. Како сте вие девојки со диетиве?
devojki ajde eden sover. koj ima oslabeno najefikasno so koja dieta? porodena sum pred 2 meseci i sum momentalno 92kg. sakam da stignam do 70. help. koja dieta spored vas e najefikasna?
Јас сигурно денес и вчера ксчув едно кило. По фармерките гледам. Ама ај од утре на работа, повеќе имам ред така…
Најефикасно ти е да си бројш калории и да си јадиш што ти душа сака, само сето тоа добро искалкулирано и секако физичка активност.
Како студент на ББФФМ би ти го предложил она најлесното, поточно само да исфрлиш благо, газирани сокови, бел леб, тостови, процесирана храна и тоа е тоа. Јади месо колку сакаш, пожелно пилешко. Наместо чоколада, земи си малини или едно зелено јаболко и разлика ќе приметиш уште првата недела. Јади варени компири, јајца, ориз, воќе и се друго што ќе ти посака душата. Исто така, пиј многу вода, околу 3 Литра на денот, не само што ќе те држи најадена цел ден туку и пиење по 3 литра вода на ден помага многу за кожата на лицето, помага на бубрезите и уште многу бенефити имаш од ова. Оваа "диета" не само што ќе ти помогне да ослабнеш туку и многу ке ти помогне психички, ќе се осеќаш многу по убаво а и воедно и ќе си многу по здрава. Јас на оваа "диета" сум веќе 4 години и сум некаде околу 10% bodyfat.
Женски, добро се држам, не е лошо, но мораме подобро! Засега ја пробав нездравата храна што ме мачеше, во минимални количини, и за мое изненадување воопшто не ми недостигала! Ме мачи вечерта, многу чуствувам глад, како да е 10 пати поголем од претходно. Јадам без ред, но ги бројам калориите, не јадам благо, пијам само вода и не вечерам. Ама ова вечериве ме изморуваат, @Vanilla15 ваниличка ти ме дружеше во слабеењето, каде си како ти оди? И вие другите што постевте, дали и вас ви е вака после постот? Се чувствувам како одново се да почнува. Мислам дека е вака поради тоа што не внесувам здрава храна што ќе ме држи сита.
Нова пријавена за слабеење до сега ве читав и само собирам идеи за оброци, почнав од денес официјално после сите изминати празници за доручек чиа пудинг, ручекот ќе биде печено пилешко со салата и туна за вечера. целта е -10кг па да видиме до каде ќе стигнам си броите ли редовно калории и што користите за броење? мене многу ме мрзи за тоа и најчесто јадам интуитивно ама изгледа заради тоа и не слабеам.
Јас ја користам MyFitnessPal, си имам кујнска вагичка и си ги мерам некогаш јадењата за точно да знам. Сега ја инсталирав и FastingApp за пост без јадење. Ајде топло те примаме и да ти посакуваме со нас да дојдеш до посакуваната тежина Девојкиве ми ги нема нешто по празников, јас сум преплашена да не почнам да си јадам ко порано Денешното мени Кафе едно и милкшејк од јагода. Ручек салата со варени јајца, грчки јогурт, зеленчук и колбаси. Тоа е за денес
Здраво феминкии Уште една пријавена за диетување. Најпрво ќе кажам дека ве читам многу долго време, но слабеев без да пишувам план и прогрес тука. Под ‘слабеење’ подразбирам осцилации помеѓу скроз здрава храна без прекршоци, што обично трае 2 недели, па враќање на нездрава исхрана и бинџање наредни 2 недели. Но, како што викаат little progress is still a progress, така во рок од 2 години симнав 13кг. ама заради постигнување на лична цел и намалување на целокупното салце сакам да сум минус 7кг. со што би била полесна цели 20кг. Мислам дека споделувањето на дневните оброци тука би ми помогнало за мотивација. Во врска со исхраната имам доста истражувано и знам што му годи а што не на моето тело, така да беше само ствар на донесување одлука. Од утре почнувам 50 дневен челинџ и ќе гледам да не забушавам овој пат. Ни посакувам лесно диетување *се извинувам на оф топик
@FierceFemme_ ти благодарам за пречекот инаку ја користев и јас MyFitnessPal ама немав многу трпение да внесувсм, ќе мора изгледа пак да си ја инсталирам @cvetche. Каков е тој 50 дневен челинџ ако може да споделиш? денес ми излезе некаков нутри готвач со здрави рецепти и на мисла сум да го нарачам заради идеи за оброци Синоќа си направив план за неделава и се надевам ќе издржам. Денес времето не ми е во прилог ама од утре се надевам ќе можам и да пешачам по малку. Плажа ме чека за некој месец
Секако Нема ништо спец во челинџот освен тоа што ми преостануваат 50 дена до одмор хахаха. Иначе ќе бројам калории пошто од лично искуство кога си во калориски дефицит килограмите летаат. Значи, шкртам од листата газирано и било какви пијалоци, грицки, бел шеќер во било кој облик исто така и бело брашно. И тоа е тоа!
Тешко оди после постот. Па и на празниците никако да им дојде крај, ден-два на работа и сега еве пак иде викенд. Се чувствувам здебелена, ми фали ред. Се надевам дека од понеделник конечно ќе успеам да се држам до некој ред, цела работна недела има .
Ако имаш преголем апетит, провери си шеќер и инсулин. Мене од бременоста хаос ми се деси, срам ми е да кажам колку јадев. Ја имав уплатено Мама фит и ослабев 2 кг ама морам да кажам дека бев прегладна со таа исхрана. Најбитно е да не се оставаш без здрава опција дома за да не потпаднеш. Печурки замрзнати, оние миксовине зеленчук замрзнати готови ме спасуваа пошто со бебе немав време да стојам над шпорет, кинески миксови, хроно, свашта има, и нема да се залажеш да јадеш глупости. Он топик, таман симнав 10кг, прекинав терапија и пак се враќам на старо, 3 кг качив. Нејќам да заглавам цел живот на лекови. Ќе се почастам трака за пешачење наскоро па планирам да балансирам така…
Менито за денес: тостирано парче леб и омлет, ручек леќа (не можам да смислам месо после сите празнични собирања, пилешкото ми се враќаше назад вчера) вечерата веројатно салата или јогурт
Денес на мени, салата со јајца и кокарче (ќе ја јадам салатата додека не ми здосади и додека снема јајца од велигден) и парче пица. Следно јадење утре
Ден 1/50 д: пола банана р: 2 парчиња тонус, грав и зелка салата в: компир пире и варена пченка И 2 литри вода, се надевам Се на се околу 800 калории денес. Плус пешачење 4km
Не знам дал треба да се делат совети во темава ама лош ти е распоредот на храната. Пире навечер никако не е добар избор. Па ни пченка. Пола банана за доручек исто не е ок. Нема да издржиш со волку малку храна ни една недела.